Уф, деликатна ситуација... Пробај да го испиташ теренот, не избрзувај веднаш... Сигурна ли си дека и тој чувствува нешто за тебе? Јас би те советувала одоколу да го прашаш за неговиот љубовен живот. Ако сте еден за друг, тоа набрзо ќе се дознае штом толку време поминувате заедно.
Ние зборуваме за се, и за неговиот, а за мојот љубовен живот.. нема девојка, многу е внимателен кон мене, постојано ми се јавува, заедно излегуваме, но се е онака другарски..
Не е другарски! Чим толку се труди околу тебе не е другарски! Има и тој некои намери со тебе, ти гарантирам, ниедно машко за џабе не троши време на некоја девојка! А и да не направиш ништо со него сега, нема долго да ви трае другарството поради тоа што ти имаш некои чувства спрема него. Подобро напрај си го меракот, баш ти е гајле, другари ќе се најдат понатаму
Сум била во слична ситуција и јас како тебе мислев дека има нешто некоја хемија ама на крајот излезе дека не било така дека не чувствувал ништо кон мене, не ризикувај да си го уништиш другарството доколку не се сигурна во неговите чувства .
Mорам да се искажам некаде.Го оставив,не го барам,не ме бара,се вклучувам на нет не му ни текнува да ми пиша.Не знам кој му е филмот.Излегов пред недела дена со едно момче со обид да не мислам на него,не успеав.И кога бев на одмор имав мувач ама јас пак во мислите го имав него Месец дена не бевме во контакт,јас пак мислев на него и се повеке го засакував.Му кажав како се чуствувам,ме навреди,а ја погазив гордоста(како што ми викаа некој да сторам) ама не вредеше ни тоа.Сега кога го немам ми е премногу потребен.Јас не сум истата.Јас само плачам и се нервирам сакајки да го повратам.Не можам ни здраво да му кажам,не смеам ни да му кажам како си.Не смеам ништо.Јас немам храброст да одам понатаму.Страв ми е,страв ми е од се.Од тоа да го прекинам контактот со него а знам дека не е вреден.Јебеш га,чуства,не можеш да бираш кого ке сакаш а кого не.Пред некој ден бев во главниот град,спомените ме уништија,за малку не заплачав на сет глас.Излегувам постојано,се дружам и со други одам во шопинзи ама не ми поминува.Утрово се разбудив во 6 часот и тргнав да трчам некаде,ама плачев додека трчав и чекорев по улиците.Го нема него,да ме подучува,да ми дава воља за се.Го изгубив како другар,како советник како нешто повеке а незнам заради која причина,или постои друга или е тоа што му ја полнеа главата.Не ми е гајле дали има друга,го сакам макар како пријател иако не го гледам така. Последен пат кога ми се случи тоа(пред да го запознаам) од бившиот бев толку лута што самата себеси на сила се натерав да не седнувам на пц 5 месеци.Издржав,кога се средив се појавив пак.Тој не е свесен што се случува околу него,а јас не можам ни да му кажам а исто така пробаа и заеднички пријатели.Толку е заслепен што не гледа повеке што се случува.Некогаш сум рамнодушна на сево ова некогаш анализирам се од почеток и крај ама нема успех.Незнам што да сторам повеке,знам дека нема фајде да го барам зошто би можел да ме блокира,знам дека лесно нема да ми помине.Последната врска ја преболував речиси 2 години,мачно со плачење 24/7 ,не сакам пак така. Морав да се искажам.
Пеликуна... Зар вреди? Зошто толку ги земаш при срце работите? Луѓето идат и си одат, но здравјето не! Немој да се повредуваш себеси. Те разбирам како ти е, и јас сум во некоја таква фаза, но не губам дечко, туку човек со кој бев емотивно поврзана.. Но не смееме да запаѓаме во депресија, има многу поважни работи во животот, најди барем една на која ќе и се радуваш. се најдобро
Пеликуна, штом бившиот си го преболувала две години со константно плачење мислам дека проблемот е во тебе, а не во прекинатата врска, поранешна или оваа.Сега можеби ќе погрешам, ама веројатно кога имаш дечко целиот свет ти се врти околу него и никој друг, мислиш само на него и воопшто на себе, му го посветуваш цело внимание и сега кога го нема, не дека толку ти фали дотичниот туку си исплашена да бидеш сама, немаш со кого да се занимаваш. Можеби не сум во право, но размисли убаво и ако сум, на твое место не би барала друг дечко се додека не го решам овој проблем, зашто инаку секогаш вака ќе се осеќаш, па дури и кога дечко ти нема да е во можност да ти посвети внимание заради друштво, работа и било што.Мораш да научиш да живееш сама со себе, стави се на прво место, најди си хоби, дружи се со другарки, излегувај и мисли само на себе.И онака имаме само еден живот.
Пеликуна правиш грешка од сам старт ... Твој најголем проблем во моментов е што немаш расчистено со себе ... Мораш да го кажеш тоа ГОТОВО Е ОДАМ НАПРЕД !!! Знам течко е навика е , љубов ли е и сама во моментов не занеш да одговориш зошто брзините ти се смешале , спомените те болат ... Ќе помине се , не знам колку време сте биле заедно очигледно си се врзала за него . А ако мене ме прашуваш штом би се нафатила да го гледаш т.е да го имаш до тебе макар и како другар макар не го гледаш така тоа ти е АЛАРМ да престанеш со секакков контакт . Додека не оладиш ... Ова ти го викам со цел да се почтедиш од уште многу солзи ,болки јадови не кревање акции на негова сметка . Си оценила дека не е вреден ? Тогаш ? Напред бе душо си пробала се . Нели кажа остави прави работи што не те потсеќаат на него а не да се гушиш во минатото јас да сум на твое место од инает би го заборавила ! Главата горе ... Некој надвор те чека уште 100 пати поубав , повнимателен и повреден И ај пред тв Манчестер почнува со играње ....Со кого ќе се карам на темата
Пеликуна можам да разберам како ти е... Ужасно е тоа чувство, истовремено и празнина и болка во градите, помешаност на чувствата и мислите, мислиш дека целиот свет се руши врз тебе. Очигледно е дека си премногу емотивна личност, но верувај ми дека самата треба цврсто да застанеш на нозе и едноставно да им дозволиш на други луѓе да влезат во твојот живот. Нема да го заборавиш одма, ама ќе ти биде подобро. Тргни се што те потсетува на него, не слушај песни што те потсетуваат на него, излези со другарките, кога си дома читај книга, занимавај се со нешто...и ќе видиш дека ќе почнеш да го забораваш. Разбери дека не е единствен, и се се случува со причина. Со среќа!
Знам дека не вреди ама чуства јеби га,не можеш да бираш кого сакаш.Бегам од него некое време,го избришав од мобилен и скајп,ама јас пак мислам на него.Фејсбукот не се ни обидувам да го повратам зошто знам дека ке идам на негов профил и ке истражувам.Не е тоа дека си земам при срце,ама премногу ме згази а јас трпев.Ама ми пукна филмот и му кажав се што мислам а за тоа највеке се чуствувам лошо зошто не сум личност која се кара туку прави компромиси. Желбата ми е да ме побара и да му вратам за се што ми стори,ама знам дека нема да го сторам тоа. @Femina90 бившиот не го оплакував,само една недела,ама имав чуства кон него кои полека исчезнуваа,ама успеав со помош на личноста која ја сакам моментално.Бев премногу поврзана со него,требаше да се верам со него ама сето тоа пропадна заради триста чуда(зборувам за бившиот).Е кога го запознав овој ме промени,јас се вратив на онаа старата која бев,како да бев препородена.Кога бев со него врската ни беше сосема нормална,јас сум навикната да бидам сама,не ми е тоа воопшто проблем и никогаш не сум барала да ми посветува внимание но оваа ситуација ме извади од патики,ме изремети.Оладувам полека,не го барам,апсолутно ништо,но не можам да се смирам од нервози и плачење,навредена и погазена.А тој? Можеби и грешев што барав друг ама од толку очај да ги потиснам бедните чуства не знаев како да постапам.Имам право да бидам срекна. @Да венди пробав се,дури почнав да бидам рамнодушна заради неговиот игнор.Дури прееска си кажав:Јас не заслужувам таква личност туку подобра,не е за мене.Оладувам полека,но не е тоа тоа.Ме плаши помислата што за некој ден ке останам сама а моите ке отидат во странство и ке ме фати потешка депресија.И кога ке одам во главниот град се плашам да не го сретнам некаде,бегам од него,ама од чуствата тешко.Знам дека ке успеам,ама прaшањето е кога? Манчестер го гледам,ама Де Геа заебава @Крејзи фала ти и тебе што ме разбираш,зошто малку има кои ме разбираат,некој ми вика не знам што да ти кажам со што ми ја влошува повеке ситуацијата и чуствата.Измешани ми се чуствата,не знам дали го сакам или не,не знам како да се однесувам,ме боли душата а и срцето.Премногу емотивна сум,во право си,водолиите се такви.Ке дојде време кога пак ке се будам со насмевка.А тој ке биде надвор одмојот живот,се надевам. И мора да успеам. Фала ви на одвоеното време
Пеликуна, сепак мислам дека сум некаде во право, зашто самата вели дека бившиот си го преболела со сегашниот(понов бивш ), а не сама.Можеби и затоа си се приврзала толку за него.Не е тука проблемот дали ќе го бараш или не, туку проблемот е што за да го заборавиш ти требаат месеци поминати во нервоза и плачење или пак можеби нов дечко со кој пак така многу ќе се приврзеш. Сепак си млада, тој ти бил само дечко и не смееш да дозволиш најубавите години толку време да ти поминуваат во нервози и плачење зашто има многу полоши работи Се надевам ме разбираш и не се навреди.
Таман работа,овде сме за да си помагаме и треба да сме искрени...Сеедно ми е веке,што сака нека прави,се покажа каков е.На крајот тој губи не јас
@ Pelikuna Кога цел свет го потпираш на една личност, треба да си свесна за рушевините во кои ќе останеш кога таа личност ќе си замине. Освен ако не се промениш, ти со текот на годините ќе си исплачеш очите. Размислувањето во стил што да правам, таква сум и сите утехи од феминките кои верувам ти го мислат секое добро, нема да ти помогнат долгорочно. Само ти можеш да си помогнеш долгорочно со тоа што ќе го промениш начинот на размислување и однесување во врските Престани да го издигнуваш на ниво на божество и свати дека целава ситуација настана бидејќи тој во твоето заљубено главче е направен незаменлив и неповторлив, а не бидејќи ти си го запознала последниот добар дечко во твојот живот. Следниот тип нека биде ДЕЛ од твојот живот, не ЦЕЛ твој живот. Подобар совет од ова не ми текнува. Ајт секое добро и очекуваме некој пост во стил СДК...ИМАМ НОВА ЉУБОВ, СТАРАТА ОСТАНА ПОЗАДИ МЕНЕ
Пеликуна никој не незаменлив во животот. Само ти премногу се приврзуваш за личностите од твоето минеато и не уживаш во сегашноста,а да не зборувам да мислиш на послевтла иднина. Сите сме имале некој кој што ни значел, но сега сме со други. И ајс го сакам сега дечко ми, со него поминав многу, но гледам дека не оди и сум спремна дека секој момент ќе пукне крај. Во животот сите сме сами, се појавуваат луѓе кои ни значат и кои што се дел, биле дел или ќе бидат дел од нашиот живот. Од сите учиме нешто. Дозволи на некој друг даму дадеш шанса а притоа да не размислуваш -Леле како ќе беше тој да е тука наместо овој. Ти читам и во Совети од машки и тука и премногу ги анализираш работите, дозволи си да живееш без да мислиш на некој. Не сум многу постара од тебе, но 5 месеци да преболувам некој? Многу е. Јас првата моја долга врска ја преболев псоле 3 недели. Правата не излегував плачев, втората не излегував ама кукав зошто и тоа јас ставив крај и имав 18 години. Остави го минатото и заборави на бившиот.
Така и ке направам марама и Елементал.Што се однесува од овој момент тој е мртов за мене.Ке го заборавам за најкраток можен период.Таков кретен не ме заслужува.Слободен е,нека се дружи со кого сака,јас повеке нема да му се мешам.Ако избрал така,така нека биде.
Не знам како би ја објаснила ситуацијава во која се наоѓам во моментов... ни мене не ми е јасна доволно. Со лучноста која ја сакам сум во контакт неколку месеци, ја запознав преку најдобра другарка, а тој ми беше претставен како нејзин небиолошки брат. Меѓу нас има страст, има хемии, физики и се тоа, флуиди летаат на сите страни, секој ден се повеќе се интензивираат и кристализираат моите чувства кон него. Иако е илјадници километри далеку од мене, јас се чувствувам сигурна. Знам дека ниту една нема да ме замени, ниту една нема да му предизвика турбуленции во стомакот, за ниту една нема да ги направи тие работи што ги прави за мене. Како што се кажал и самиот, во секоја женска појава ја барам нејзе. И се е супер, и јас се чувствувам сигурна и сакана, се додека не помислам на мојата/нашата најдобра другарка. Со се што прави се повеќе се сомневам дека го гледа како брат, и дека зад лажните насмевки и солзи се крие страшна љубомора. Се ужаснувам од помислата дека е можно да го гледа на начин на кој го гледам јас, и свесно да ми работи зад грб. Денеска многу се изреволтирав од нејзе, за наши документи кои ги земав јас, таа не ме побара мене, туку го побара него. Секоја прилика ја користи невино да флертува со него, па јас како женско потполно ги разбирам тие знаци, а тој е слеп. Зборот на само, за нас не постои, увек сме боља тројка, и за секоја работа таа е известена пред мене. Многу е комплицирана ситуацијава, не знам дали да му кажам, или да и кажам отворено што мислам, или да молчам, не сакам да се наоѓам во љубовен триаголник. Не знам кого да елиминирам и дали да елиминирам, ги сакам и двајцата, ама неможам да поднесам да го делам, сепак некои работи треба да останат само помеѓу нас.
Чуства и солзи за старата љубов Пред се здраво..Се обраќам тука бидејќи сакам совет и мислење.Приказната е малку долга но ќе ја напишам што можам пократко. *Момчето го знаев цело лето но не комунициравме само онака јас одев на кафе кај што работеше он.Од кога заврши летото кон Октомври негде почна да комуницира со мене,пишувавме на фб,и крајот на Ноември излеговме.Поминавме многу убави мигови заедно,многу големи денови,ми покажуваше дека има поголеми чуства кон мене.Да напоменам ние не бевме официјално во врска.Почетокот на Мартот работите се искомплицираа по моја вина,заради мојата огроооомна љубомора.Поради тоа и прекинавме.Потоа следеа молења,досаѓања од моја страна.Повеќето пораки ги игнорираше но на некои добивав одговори.Мајот фати девојка.Ок,го прифатив тоа,седнав и размислив дека готово е,крај е морам да продолжам понатаму,по мојот пат.Тоа и го сторив.Почетокот на јули почнав да излегувам со едно момче.Бев заслепенаа,залетана по него,излеговме и пред јавност,пре пре убаво ми беше со него,но еден период го немаше нигде,престана да ме барат потоа се сретнавме сосем случајно па таа вечер се смувавме повторно и веќе следниот ден замина на одмор(да напоменам дека сеуште е на одмор).Нооо...фали нешто.Пред некој ден помислив на него,на нашите моменти и сеуште траат чуствата за него,сеуште се силни,сеуште имам солзи во очите за него.Сакам да го вратам сакам повторно да биде мој,ноо како ? Двајцата тргнавме по свои патови..а јас сваќам дека со никој нема да ми биде како со него........Девојќи некој совет некое мислење ..Фала ви многу однапред..позз
@ Extra girl "Знам дека ниту една нема да ме замени, ниту една нема да му предизвика турбуленции во стомакот, за ниту една нема да ги направи тие работи што ги прави за мене." Прво, треба да сватиш дека размислувањата што ги напиша на почетокот на твојот пост се 95% последица од твојата моментална заљубеност и хормони кои очигледно се вон контрола. Во таква состојба сите сме преувеличувале по малку (повеќе) и сме избрзувале со апсолутна доверба. Ок, назад кон проблемот. Не ми е јасно сега, вие имате ли врска? Велиш интензитетот на емоциите, искрите и флуидите е толку голем што почнаа да настрадуваат и случајни минувачи на улица, така? Да не изгледам смотано, ама овде се потребни факти, вие имавте секс? Почнавте да се задлабочувате и интимно и емотивно? Ако одговорот е ДА, тогаш на некој начин реакцијата и однесувањето на вашата другарка донекаде е и разбирливо. Сценарио 1: Таа ве запознала и наеднаш вие сте се префрлиле на брзата лента, силно си одговарате, се пронаоѓате и почнувате да создавате, еве, нешто ваше. Таа се чувствува како да е оставена позади и се труди да држи темпо со новите гулапчиња во маало. Сака да биде во тек, бидејќи вие двајца сте и најдобри другари, и сите знаеме како новозаљубените птички игнорираат друштвота & средината. Искрено, и го направивте вие тоа? Сценарио 2: Таа и пред тебе му фрлила око и сега пред очи го изгубила, и тоа најдобрата другарка и го загрозила сонот. Како резултат, го имаме моменталното нејзино однесување Сценарио 3: Во моментот кога видела дека типот се наклонува кон тебе, наеднаш, во препознатлив женски стил, таа почнала да го свиѓа и сега сака да поминува повеќе време со него, да знае се што се случува итн итн. Како резултат го имаме моменталното нејзино однесување. Ти ги имаш посилните карти во играта бидејќи типот ти е тебе наклонет. Искористи го тоа и не размислувај на ова како некој натпревар. Помини си колку што можеш повеќе време со него и не и експлодирај во лице на неа. Сепак, штом сте бест френдс, си имате ваше минато и не вреди да се загрозува тоа за дечко. Ако нештата продолжат по ист правец, за брзо време ќе свати дека тој е твој.
Гледај овојпат да го мислиш ова што си го пишала, а да не биде само иксти пат како го пишуваш! Среќно!
Чуства и солзи за старата љубов А од каде го сфакаш тоа дека никој нема да биде како него? На 16 години донесувш многу погрешни заклучоци! Допрва ќе запознаваш дечковци, допрва ќе се нервираш од нив, допрва ќе го учиш машкиот род... Дури се нервирам кога вакви секојдневни проблеми се претвараат во трагични теми на форумот! И верувај дека многумина овде на форумот поминале низ истото (може и полошо) и многумина мислиле дека само еден е едниствен за нив но со тек на времето го смениле мислењето! Затоа немој толку да избрзуваш со заклучоци, продолжи да излегуваш со другарки и новиот кој ќе те израдува,па ќе те расплаче,па пак ќе те сака наскоро ќе се појави! Со среќа и ова не заслужуваше нова тема!