Ти си пробала и тој не те сваќа за озбилно, зошто му пропушташ Крај значи крај и стој си до тоа. Да не е некој проблематичен да ти прави притисок, да те следи, звони, тогаш имаш поголем проблем од ова шо го напиша, не ќе да е арен.
Реално доволно е што знае дека си поминала трауми од бившите .. Ако тој прави шала тоа е друго Али ако те навредува треби повторно да разговарате Сега другото без разлика дали празници, одмори итн не е лошо и заедно да се здружите со неговите внуци а бидејќи далечината и ако тој не те бара барем на еден празник нема смисла да продолжиш и понатака со него Мое мислење е да НЕ брзаш со запознавање со твоите родители.... Треба малку време види како ќе реаѓира на толку празници и после празници сама ќе си одлучиш. Среќно
Едно нешто кое се покажало најефективно, кога ќе каже некоја невкусна шала не реагирај никако. Само игнорирај го со мртва ладна и убиствена фаца и премини на нешто друго. Со тоа му даваш до знак дека тоа што го рекол е толку невкусно и лошо што не вреди ни да се реагира, и треба да ја свати пораката. Со тоа што одма би му вратила, ако е таков тип, може да му е интересно да те гледа како се нервираш. Имав другарка што кога ја задеваа во школо колку повеќе им покажуваше нервоза и било каков фидбек толку уште поинтензивно продолжуваа. Ако се повтори повеќе од еднаш два пати после оваа тактика, конфронтирај со сѐ што ти лежи на душа, "утепај го" и искрено раскрсти зошто никој не смее да ги пречекорува твоите граници одново и одново. Исто така, не зборувај многу за твоето минато и за тоа како бившите те понижувале, зошто штом дознаат дека некогаш некој успеал да те прегази и ти си дозволила да те гази, ќе мислат дека сеуште си лесна мета за понижување. Понекогаш потсвесно судиме за некоја личност базирано на нејзиното минато.
Ме интересира дали е глупаво ако загледам на инстаграм момче од факултет со кое еднаш имаме на кратко само разговарано? Одиме на исти предавања ама не се знаеме нешто многу многу. Се немаме запознаено, кажано имиња. Што мислите дали е чудно да го загледам? И од машки доколку има добро би било да слушнам мислење. Не знам што би помислил
Како би реагирале во ситуацијава? Да напоменам претходно имав долга врска токсична од која имам многу трауми па сега се однесувам премногу заштитнички. Со дечко ми сме во врска некаде околу 8/9 месеци,врската како врска ни е ок ,следен чекор одлучивме заедно да живееме некое време.... Прашање ми е зошто нема една слика или стори ставено од нас ,иако јас го направив тоа...значи знаат сите и неговите и моите дека сме заедно....иако неколку пати го прашав уште не ставил една слика од нас иако е иницијатор да се сликаме.... Второ пријателка негова прави голема роденденска забава му дала покана на која упатила покана и за мене заедно да одиме...тој тоа не ми го кажа ,случајно низ муабет ми кажа дека и јас сум била поканета,еден пред роденденот! На кое дента кога ја доби поканата го прашав со кого ќе оди, ми рече другарот! Тогаш не ми спомна дека сум јас поканета , всушност тој уште одма кажал дека јас нема да одам пошто работата ми е онлине од дома и дека ради тоа не сум можела..... Јас на тоа изреагирав ,на кое он вели дека сум правела драма премногу за ситуацијава. Мене сепак ми падна криво зашто воопшто ми нема ни спомнато дека јас сум поканета.... А мојот роденден незнаеше да го обележи како треба ,д не кажам ми го упропасти па утредента молеше да му простам! Незнам што да мислам искрено некогаш знам и јас бурно да изреагирам поради причината од погоре... Но сепак овие ситници не ми се сеедни.... Инаку вака е ок од друга страна (нема друга да напоменам сигурна сум во тоа)....
Абе тој можи нема друга, штом си сигурна. Ама очигледно не сака да те запознава со негово друштво. Друго, поканата од пријателката е сигурно со пола уста, те канам да дојдиш ама те молам да не идиш. Јас искрено не сакам мешање со пријатели, што би правела ти таму, не се познаваш со никој? Или ти е криво дека тој ќе оди на забава, а ти ќе бидиш сама? Тоа со сликите, и јас мислам дека не е океј што не те постира. Ама има девојки овде на форумов на кои и онака не им пречи тоа. А ако му имаш кажано за ова (т.е си се понижила да спомнуваш нешто така тривијално) и тој пак си тера, си кажува сам каков карактер е. Мислам овде имаше членка, се пожали дека дечкото по три дена на seen ја остава, па ете ја уште во врска. Како беше она... bare minimum.
Види, зависи на секоја девојка различно и смета и има различни критериуми. Некоја мисли дека е океј и да не ја постира, на некоја тоа не и е во ред. Сепак ти најдобро ја знаеш ситуацијата и тоа колку е активен на соц.мрежи, колку девојки следи итн.. па тоа да има некаква поврзаност. Сепак мислам најдобро да го седнеш и да му кажеш што како ти смета и да видиш што ќе ти каже и дали ќе се потруди да промени.
Не ми е криво што тој ќе иде а јас сама ке бидам ....криво ми падна што не ми ни кажа дека сум поканета и јас ,а тој веќе си испланирал да иде со другар...
Не е глупаво Ја дури ако треба ќе му пишам ха ха Па реално глупо понашање од него, како да се криет од тебе чак да не ојш на роденден за да не го гледаш што прави... друго и дури од стори неќе а 8/9 месеци сте заедно ....сумливо
Па значи си била поканета со пола уста, затоа не ти кажал. На крај од денот, вие пак останувате во врска со вакви. Бесполезно е да се дискутира.
Некој шо се понаша вака може да ти биде само цимер, тоа што живеете заедно треба да оди напред, а не назад. Не ми се допаѓа тоа што после 8-9месеци врска не те постира, не сака да одиш на родендена згора на се сте одлучиле да живеете заедно
Klecni go mori so cekas ja ne znam ... Imas podrska od mene samo napred ... ja malce seljacki ama od srce
Не знам дали е соодветна темава, но ајде ќе пишам тука. Имам еден другар, веќе долги години се познаваме. Ретко се слушавме, бидејќи сме од различни градови. Но сега и двајцата студираме во Скопје, па ќе се видевме 2-3 пати во годината. Секогаш ме прашуваше како е дечко ми, и тие се познаваат (преку мене). Неодамна уз муабет му кажав дека веќе не се слушаме (со дечко ми), т.е. дека не сме веќе заедно. Имам чувство дека почесто ме бара после тоа. Ми пишува и повеќе се зафркава. Не си одговараме воопшто и стварно долги години се познаваме, па јас никогаш ништо не би помислила, но ете не знам да ја проценам ситуацијава. Веројатно нема ништо, но сакам да бидам сигурна. Лоша сум во проценување на намерите на другите, па ве молам некој ако може да ме посоветува како да постапам...
Епа ако почесто те бара, нели ти е чудно? Имаш право што сумњаш. А битно е и какви муабети праи ама обично така на шала се почиња и после да сака да се зближите. Можно е он да чувствувал нешто за тебе и претходно па сеа видел слободен терен и ај да си ја проба среќата. Штом никако не сакаш со него ништо, немој да се зближуваш, држи дистанца. Па и ако почнува да претерува дај му до знаење и културно одјеби го. Ако премногу му дозволуваш може стварно да влезе у филм затоа не дозволувај. Пријателски муабети да ама да се има граници до каде може.
Штом сега почесто те бара мислам дека сака нешто со тебе. Како што спомна членката погоре тој можеби си имал чувства уште поодамна па сега кога си му кажала дека веќе немаш дечко сака да види дали има шанси. Ама види сум била во слична ситуација каде што јас си се понашав скроз љубезно и пријателски, а тој тоа го сфати погрешно па морав да разговарам директно за темата, многу глупа ситуација ми беше. Затоа ако воопшто не сакаш нешто со него гледај ако е поупорен да се дистанцираш со време, да не му дадеш лажна надеж и на него.
Ви благодарам за одвоеното време. Дечко ми инаку не е лош човек, не сакам да изгледа дека го бранам, ме ислушува, ми дели совети и критики, кога ми е тешко бараме решение за проблемите. Не е љубоморен контрол фрик, кај него повеќе преовладуват добрите отколку лошите работи но понекогаш знам да ја барам вината во себе дека можеби избрзувам со реакциите а тој е многу трпелив со мене. Немам јас проблеми со неговите внуци, само се надевав на поинаков план од негова страна. Минатата вечер разговарав со него, му реков доколку се повтори уште еднаш, ќе биде крај.
Здраво. Сакам да слушнам мислење за нешто што ме мачи моментално. Пред некое време почнав да пишувам со еден дечко, очигледно беше дека флертуваше со мене притоа не бев ни јас рамнодушна. Некако се договоривме да се видиме и имавме секс. Да напоменам дека на таа средба беше се како што треба, ми пиша следниот ден дали било се океј од негова страна на што одговорив потврдно и од тогаш го снема. 2 дена ми нема пишано ништо. Не дека го сакам или чуствувам нешто, но мислев дека би можеле да се гледаме повремено без обврски. Инаку да напоменам дека се работи за возрасни луѓе, не сме деца. Не знам што да мислам во глава ми се вртат две работи. Дали го добил тоа што го сака и не го интересирам повеќе или можеби очекува од мене да бидам јас иницијатор за следна средба. Денес сакав да му пишам, но сепак не му пишав, не сакам да излезам очајна и смешна.
Дечкото сака да е со тебе само за секс. Ако и ти си согласна со тоа, зошто тогаш очекуваш дека ќе пишувате нонстоп? Јас со тие шо се гледав за секс, не им ни пишував, само се договаравме кој ден ќе се најдеме и толку.
Се согласувам, но пак сум некако несигурна. И јас сакам да се гледаме само за секс ама никако не стана тема за да се изјаснам. Ко се видовме не праевме многу муабети, а нашето пишување беше само бош муабети и општо. Дилемата ми е дали јас треба да преземам чекор тоест да покажам иницијатива за следен состанок или да чекам на него. Всушност и не би сакала да се гледаме само кога нему ќе му е ќеф и само тогаш да ме контактира.