Зашо имате секс ако знаете дека после ќе го снема. Никој што стварно е заинтересиран за тебе нема да има секс на првите дејтс.. втф. И сами се ставате во вакви ситуации и после се чудите "ама само за секс ли бев ја". Пс. На Јутуб имате многу видеа за тактики, реченици и генерално однесување кои мажите го применуваат за да ви ги тестираат границите психички, многу жени треба да се едуцираат околу ова затоа што ќе ве спаси од идни непријатни и болни ситуации.
Жената сака да се гледа без обврски, нема ништо лошо, само кај нас машките може се затупавеени па не сваќаат дека и жената има потреба, и сака секс само за една ноќ Што е лошо женско да сака да се гледа без обврски. Кај нас ретко машко ќе сфати дека и женска си има потрба од задоволство, да си го нахрани телото и умот.
Не не, тоа секако дека е во ред, туку зборувам за комплетно различна ситуација кога женските имаат потреба од подолга врска и мислат дека ако одма имаат секс он ќе остане. Значи ако самата знаеш дека не можеш кежуал да имаш односи, не влагај воопшто во тие води.
Пишав и пред тоа дека не сме деца, немаме по 18 години. Не мислам дека погрешив што спиев со него на прв состанок зошто од прв пат ко се видовме имаше некоја хемија меѓу нас. Секако е само за секс, неочекувам и не сакам врска, невозможно е. Но не сакав да биде само за еднаш, затоа се двоумев дали следен чекор да преземам јас.
Здраво Не знам дали преувеличувам, би сакала да добијам мислење.. Се допишувам со еден дечко некое време ок се, имаше девојка, раскинаа и ок, не ми сметаше тоа, бидејќи ние кога почнавме да збориме он веќе раскина, случајно во предложени од страна, ми се појави неговата поранешна, гледам ставила нова слика и мајка му пишала преубава си пред 1 месец тоа, а они раскинаа пред 3, 4месеци сигурно, гледам од него нема лике, не знам не сум личност што се замара со вакви работи ама ова случајно скроз . Не знам што да кажам, кога зборев со него онака за ако има девојка не би сакала да збориме ми рече нема и нема да се смири никогаш, е сега не знам ова со мајка му ме стави во мисла а не би сакала да му спомнувам ќе испадне дека се замарам со глупости не знам...
Мајката на мој бивш, и сега да ја прашаш, јас најубава идна снаа бев, а овој е бивш од пред мнооогу години Среќа немам соц.мрежи, инаку кујзнае шо ќе се дешаваше Само како перспектива де, ништо не мора да значи во твојот случај.
Па не е се до изгледот... Иначе, за членката да не се замара многу со социјални мрежи и ако ти е убаво со него, батали лајкови и коментари, додека не се истите од него и он е со тебе.
Другар ми смени неколку девојки, со последната се вери, па мајка му уште и лајкаше и коментираше слики на бивша му со која раскина пред 4 години.
Па не реков дека е до изгледот. Мајката на дечкото ја објаснуваме како феномен. И мајките се луѓе, може да си имаат бендисани несудени снаи, и небендисани исто така. Само што нивното бендисување или небендисување, не треба да е битно
И мене мајките на сите бивши ми коментираат и пишуваат, не мора ништо да значи тоа, сепак еве јас лично никогаш не би се смирила ама се зависи и до човекот и до карактерот, причината за раскинување, чувствата ..
А како и зошто уште ги имате на социјални мрежи ко bff да сте со мајките нивни? Знам дека не ви е крива жената што сте раскинале (претпоставка) ама па рандом да си коментира така опуштено шо знам, не ми иде. Не сте блиски веќе ваљда, само сте познаници. Ако не ви смета, супер за вас.
Во Снаи и свекрви читаш едно, тука сосема друго Или тоа само за бившите (потенцијални) снаи убаво зборат
Не знам ни зошто ни што ни како, цела фамилија многу ме сакале, дури и повеќе од бившите Уште сум блиска со сите, не само со бившите свекрви
Фала Ви на сите на одвоеното време, мене лично не ми смета, жената може што сака да прави, таа мене ниту ме запознала, од дечково не можам да се пожалам, скроз е ок со мене, не би овде да кажувам зашто ама и јас сум сигурна дека нема да се смират, прво затоа што он не сака, случајно му видов порака со другар кај што му пишал нешто за таа и овој му пишал, тоа е минато јас сега се гледам со друга и друга не ме интересира, само ми падна малце онака ова со мајка му, ама нејзино право, мислам дека би делувала како љубоморна и глупаво е да му спомнам за тоа, зашто мајка му и коментира? Па ќе рече ја следам девојката, тешко дека ќе верува дека случајно ми се појавила бидејќи имам некои заеднички пријатели
За некои од бившите, сигурно не за сите. Ама да станеле сегашни, сигурно илузијата ќе се распаднела, идилата ќе завршела- идеална сегашна снаа не постои Едната мајка на бивш, не ме сакаше особено, другата ме сакаше особено. Појма немам што идеи си имале, јас сум истата цело време.
Ова е чиста вистина, ама треба правилно да си одбери жената, а не после да има недоумици. Пример, и пишал три реченици, во кои одоколу си кажува дека му се еби. Таа прифаќа, ни го знае добро кој е, ни пак направиле детален муабет што и како. Дури и ако е секс без обврски треба да се има човечност и правила. А не како на дебил дај му гас и самодоверба, еби се за една вечер, надевај се дека ќе се јави пак за секс, додека тој на други им влегува со иста фора. Во случајов, му дала само гас и сега ако му пиши или ќе ја држи на топло-ладно. Или ќе ја сфати грдата вистина дека има женска која не ја објавува. Ваквите кои дирек улетуваат не се толку гревчиња колку што ние ги перцепираме, полигамни се. Еднаш реков подалеку од фак бојс, посебно од балканска токсична верзија. И не, подобро да си купи дилдо и вибратор, отколку со вакви да губи време, ама тоа е.
Со дечко за една вечер неможеш да си губиш време пошо тоа е за една вечер, сакаш ќејф на сама себе да си напрајш и готово. Туку членката има развиено чуства за него иако не кажува и самата се лаже дека не е така. Да не и беше гајле, немаше да пишува тука и да се двоуми дали да го прашала или не. Едноставно секс за една вечер не е за сите.
Еве членката се изјаснила дека дечкото не ја сака таа девојка, мајка му може до утре да коментира ако он е одлучен и го интересира моменталната девојка, сигурно нема коментарот на мајка му па и другарки да се, да ја промени неговата одлука, така да пиши пропало, не вреди човек да се замара со тоа, додека покрај неа има дечко во вистинска смисла на зборот