Ти не си дозволила тој воопшто да се потруди околу тебе Стартна грешка си направила шо си легнала одма со него. Сметај го како број Зошто сега ти ако му пишеш по брза постапка ке му го дигнеш егото и ке му паднеш в раце. А тој ако ги земе конците ке си игра како сака со тебе.
Здраво. Како би постапиле вие доколку вашиот дечко заследува некоја девојка со која не се знаат баш онака само , а вие не ја сакате нејзе и да ја следи ? Се имаа заследено еднаш му реков дека не сакам да ја следи и со триста молења ја отследи тоа пред можеби 2 год и еве сега пак го заследува но не сака да ја отследи ? сликите баш и не и се пристојни..си се слика така попровокативно
Ако тебе ти смета тие следење кон девојки или лике а тој не го почитува онда јбг Ако се работи за истата девојка пред две год и сега пак очигледно има нешто , пробај да разговарате
Да истата е. Му реков дека не сакам да ја следи но ми рече дека нема да ја отседи дека јас така му сум викала и дека му сум контролирала кој следи и колку следи и дека ќе ја отследи тој кога ќе сака и дека не можи да напрај ништо со нејзе.
Не биди глупа душо. Одкантај го пред да те среди тој тебе Очигледно штом не ја одследува се надева на неа. Прекини на време да не плачиш после.
Am Па и немора да значи нештото ,во некои случаи да во некои не.... Тоа што и она сака да бидат така во некоја си отворена врска не е ништо лошо... Сепак треба да се утврди дали е за една вечер гледањето или за повеќе..Тука лежи целта.... И јас со мојот дечко почнавме така некоја си врска без обврска да не речам само за секс....Па ете не сега во многу сериозна врска..... Тоа што така ќе започнеш со некој нешто и дали би имал секс на прв дејт тоа нетреба да генерира каков човек е тој/таа. Биди умен и процени го човекот дали вреди да биде до тебе.... Сексот е потреба и за мажи и з а жени да се разбереме... Одглавете се од тоа ако имам секс на прв дејт ке ме мисли лесна итн дека сум само за секс и сл...... Тоа е потреба а не го дефинира човекот каков е .... (Притоа не велам дека треба со секој што ке речи дај и ете одма на изволте).....
Ова што го пиша или не е наменето контра мојот пост или воопшто не си ме разбрала. Главната поента ми е дека ако сама очекуваш нешто повеќе а притоа применуваш само кежуал секс со таа личност, воопшто не ни треба да го имаш ако си свесна дека краткотрајноста ќе те повреди. Ако уште чекаш на него да залепи некоја етикета на вашиот однос, саат е да го шитнеш, пошо ќе се начекаш, или ќе ги врти одоколу дека сака ама само не е спремен му треба време, а ти еби го секоја прилика со надеж дека ќе те фати ко женска, и на крај ќе ти рече упс сори не можам. Во денешно време имаш мужи што месеци ќе те лажат дека сакаат врска, на такво ниво се сведени што и 3+ саати ќе возат за пичка да фатат. Сексот без обврски не е за секоја жена и тоа е факт. Повеќето кои стапуваат во такви неврски не ни знаат што сакаат.
Во врска сум со рзведен маж кој има едно дете од претходниот брак а јас воопшто до сега не сум била ниту мажена, човекот сака да оформи понатаму пак семејство без проблем, од друга страна малку се плашам како ќе биде и што ќе биде а одлучивме и да живееме заедно (да напоменам дека детето е со мајката). Сакам да слушнам ваши мислења, дали би успеало сето ова, дали е правилно не знам
Многу е постабилен од сите што сум била до сега, различно размислување има, го засакав, но сепак потсвесно се плашам за понатаму што ќе биде со детето бидејќи немам такво искуство
Дете е не е монструм!!! Што може да ти направи едно дете? Ако ти сметало детето девојко зашто му го трошиш времето на човекот? Дете е нормалнонке иди викенд,пари од вашиот буџет ке биде одделено за тоа дете ,на одмори со вас ке оди понекогаш... Незнам што мислиш дека едно дете друго може да ти направи... Ако ти сметаат овие работи незнам што бараш тогаш во таква врска...
Ако сакаш со него да останеш, навикни се на тоа дете дека ќе биде дел од вашите животи, навикни се дека ќе порасне па ќе доаѓа кај вас, можеби и ќе си има своја соба, па ќе излегува и доаѓа во време во кое ти ќе сакаш да спиеш.... имаше една членка тука шо се омажила и родила дете од разведен со две големи ќерки и и пречеа ќерките шо си имаа посебна соба, шо доаѓаа од излегување после 12.... па шо и да биде со вашите финансии, секогаш дел од нив ќе оди и на тоа дете, ако треба куќата да се дели ќе се дели на твоето и на тоа дете. Ако се согласуваш со ова, остани со него, али ако не, прекини пред време.
Бреј ама и се уфрли на членката, никаде не напиша дека е чудовиште, туку дека немала таква ситуација во животот до сега па логично е да е малце загрижена како ќе се одвиваат работите со човек кој веќе има фамилија зад себе. Најдобро е да пише некоја членка што веќе го поминала тоа, не дека е исто, секој си е случај за себе ама јас искрено не би, не е детето чудовиште ама секогаш ќе биде со него за било што, ако можеш да го прифатиш и како твое дете и покрај тоа ако имаш свое утре ден, терај, ако не откажи се пред време, ама штом прашуваш значи не си сигурна.
Јас и се уфлив ? А замисли дечкото нејзин како ќе реагира .... Овие работи се мислат пред време,а не со прашување Рајко Трајко шо мисли.... И одговорив во ситуација каде што сум јас ,само во спротивната.... Не би сакала утре други ден да има проблеми за моите деца кога отпочеток се игра со отворени карти. Ние тие деца не сме ги криеле ја знаат самата ситуација од старт... И сега кога веќе треба чекор напред да се иде ...ааааама детето шо ќе биди? ...Алооо тоа дете постоело од секогаш кај ти беа очите.... После Цацко не е крив....
Нема зошто да не е правилно. Самата ситуација е покомплицирана а со тоа и потешка, што не значи по дифолт дека не може да успее. Најмногу зависи од тебе, колку ти можеш да го прифатиш тоа дете, дали би била отворена за близок однос со него, дали би можела да делиш од твоите финансии за него, да се грижиш, едноставно дали би го прифатила како дел од твојот живот? Треба да знаеш дека во иднина кога ќе имате ваше заедничко дете, не би требало да има поделба меѓу двете деца, бидејќи за него и двете ќе се исто. И не само тоа, туку секако треба да знаеш дека бившата сопруга секогаш ќе биде присутна во неговиот живот, дека ќе комуницираат и ќе се гледаат за потребите на детето. Не е едноставно, затоа и сметам дека треба сериозен пристап кон сите одлуки кои ги донесуваш за заедничка иднина. Немој наивно да прифатиш се ако не си сигурна, со помисла дека детето е со мајката а со тоа не е ваш "терет". Ако ја прифатиш ситуацијата треба да знаеш дека ќе биде активно присутно во твојот живот, дека ќе треба да се грижиш за него, дека ќе доаѓа со вас на места каде што ќе одите, можеби и летни и зимски одмори, дека ќе треба да одделувате од вашите финансии за него, не само за џепарлак или основни трошоци, во иднина можеби и за факултет итн. И ако се ова ти звучи добро и сметаш дека можеш, тогаш ви посакувам се најубаво.
Види, за работава реално ти треба да бидеш подготвена за компромиси, финансиски издатоци, разни сценарија каде детето утре може да биде со вас, ќе треба вашите заеднички деца да делат со него итн. Ако си човек кој ова може да го прави, тогаш нема да имате "проблеми". А, ако сметаш дека ќе ти претставува пречка, тогаш не навлегувај подлабоко. @New live ај полека. Работава треба однапред да се размисли и баш е ок што членката сака да разговара подетално. Не е работата дека детето и прави нешто, но има други фактори кои влијаат, што рипаш
Ах, зарем не знаеш дека најголема гордост на Балканска жена е да каже дека фамилијата на бившиот толку ја сакале, што никогаш не прежалиле што не била крајниот избор. Секако, ова е веројатно лага. Стварно, немаш слушано вакви муабети? Колку ме сакаа тие ама јас глупа испаднав и се омажив за магарево. И после се тешат, како си ја избркале среќата од животот. Јас имам слушано и пресмешно е.
Абе да, ама и сеа помладиве истово размислувањето го имаат? Глупо е некако ако така мислат. Шо има да се замараат со бившите „свекрви“ и целата фамилија што и какво мислење имале, кое поверојатно е да е фејк, ко шо кажа. Да се омажат, да им влезат у куќа не, дај Боже у заедница, е тогаш друга песна се пее. А вака секогаш си се фини и добрички од страна и се најнај си посакуваат.
Може да ми дадете предлози за поклон за роденден на дечко ми? Студент сум па немам многу финансии, до 1500 макс. Не сакам да е парфем само. Слуша музика, се мислев за плоча ама нема грамофон. Сака автомобили, не чита книги. Сака шах и планирав да земам шах, ама убавите се премногу скапи. Немам никаква идеја.
Па до 1500 ден сигурно ќе најдиш зимска јакна или блуза ако ти остане парите можиш да си земиш еден спреј мирис за автомобил или привезок зависи која марка вози (ауди, бмв итн) чоколатче...