Му поминал мерак или се предомислил, исплачи се живот иде даље . Ќе си најдеш друг, зборовите се зборови, делата се дела …
Воопшто не се согласувам со ова, не само што не се согласувам туку и го одбивам целосно. Никој ништо не заслужува во животот, ако не се бори човек за нешто тогаш ништо нема да добие.
Па ако некој бега од тебе а ти трчаш по него само се мачиш. Да е вредно да се бориш ако не е за шо да се бориш?
Ех Хиша, прв пат да не се согласам со тебе. Ова е лимон карактер, да биди по мое, само јас кога иницирам, другиот глас да не се слуша. Пред извесен период, ми пиша еден за излегување, ама буквално таа иста вечер. Му реков не можам, ама би сакала да се одложи за друг ден. Се изнервира кутриот, ми кажа колку планови имал и не можело тоа така. Секако дека лажеше и после тоа не бидна ништо, оти јас не сакам уцени. Однесување како разгалено бебе, ќе биде сега-одма-веднаш или никогаш. Во нејзиниов случај таа не одбила децидно дека не сака, туку дека и треба време да реши, сепак е голем чекор. Овој кутриов, тодлер, мора да биди тој кога сака и како сака. Не разговор, не компромис заеднички, игнорирање на туѓа волја комплетно. И сето ова, под знак прашалник на погрешно воспитување од дома.
Абе види, не знаеме цела прича, можеби за него било тоа тоа, се било совршено. Мижеби она у меѓувреме наприла нешо шо не го бендисало. Зошто е таков не знаеме ние , тоа она треба да седне и праша нели, сепак озбилна врска брак збориме… А за ова твоево апла, такви распрденци шо мислат дека сонцето само околу нив се врти се бљак
Не, види што пишала: Чудно се однесува како да има биполарна депресија. Последната наша кавга беше од чиста глупост и на тоа ме изблокира насекаде и едвај го натерав да ме одблокира и да зборуваме. После нашиот разговор за сите проблеми рече дека не се осеќа добро и дека најдобро е да прекинеме, дека му е мака плаче ама не сака да сме заедно и пак насекаде ме изблокира. Се е кажано, мислам. Ако се отвораат кавги за ништо, а ти треба да бидеш punching bag, пиши пропало и не врти се назад.
Биполарец е многу повеќе од ова. Пак ќе кажам не ја знаеме целата прича, за некој е тоа баналното е нешто, за друг е нешто што го собирал/собирал и пукнал. Не викам дека не држи вода и твоево али тука даваш слушаш и даваш совет од еднава страна што кажала …
Види, јас не знам што е биполарна депресија, ми остави впечаток и ќе прогуглам после. Ама ми делува дека не е само нејзина вина.
Кога вложуваш во нешто не значи дека секогаш ќе успееш во намерата, дечкото не ти ја возраќа љубовта иако се даваш максимално? Прифати го тоа и терај понатаму. C'est la vie.
Како е интересно ова и плус точно. Гледам по темине, машки охрабруваат девојки да трчаат по дечковци. Прва да пишела, прва да закажела дејт, се прашувам како на мажи вака не им е срам. Еден другар еднаш ми рече, абе знаеш ние како мажи имаме само една работа и таа најчесто не знаеме да ја завршиме како што треба. Мислеше на ова со иницијативата. Ако едно женско сосема коректно си се однесува, му дава знаци дека е заинтересирана, не чека само тој да отвора теми, туку и таа го прави истото. Нема тука што да се стресираш, if he wanted to, he would. Другото се оправдувања на немање самодоверба. И таа пуста анксиозност, што не јади внатре.
Кога го видов со друга ...како ладен туш да добијав......а го сакав со години ...што друго да си кажам освен што не бил за мене ...пишано било со друга да си се гушка сеа. Колку само би сакала да сум на нејзино место сега ...не е свесна колку среќа има само. Зошто ли само не беше за мене не знам ..дотолку ли сум немала среќа . Вие сега си се гушкате заедно ок. Сакам да престанам да мислам на тебе веќе...сакам да те блокирам да не ве гледам заедно ..ама неможам .. Зошто господ не те остави со мене ..туку со неа.. Ок ај бидете среќни вие..јас сум навикнала на разочарувања и само разочарувања .. Ме чека ли и мене некогаш обострана љубов вистински некаде или не ...или само ќе се разочарувам одново и одново. Кога ли ке ми се усреќи мене никогаш валда. Ви посакувам убаво да си поминете заедно ..убав викенд...штом сте се засакале уживајте во љубовта толку можам да кажам .....кој си ја нашол среќата нека ужива во неа...кој не нека брои овци. Поздрав до вас уште еднаш нека ви е со среќа во новата врска... мора да ви е многу убаво заедно сигурна сум.
Смени си го мајндсетот комплетно, оти на секое ново разочарување ќе си ја јадиш душата. Ќе си речиш вака, тој дечко ми се допаѓа, одиме на дејтови и се е супер, ама доколку не биде ништо пак нема да се разочарувам, затоа што вредам многу и знам да живеам и без врска. Истото и за работно места, за другарки, познаници. Не идеализирај никого и ништо. Луѓето се полни со мани и недостатоци. Не го споредувај својот живот со другите, никогаш не знаеш дали е така како што изгледа.
De mori ko da e posleden na ovoj svet Eve i ja brojam ovci nekoj period pa nek zivot ide dalje Nema povazno od samata ti u zivot ...Ni toj ni taa (ja kao ljuboven sovetnik)
И јас ги оправдувам девојките да приоѓаат или пишат први ако некој дечко им се допаѓа навистина. Нема што да се изгуби, не е ни срамота. Бар ќе знаеш на што си, од старт. Ако чекате на мажите, ќе се начекате. Реално, круната нема да ви падне, или па можеби поубаво е ледени кралици да изигрувате? Ах деца, деца...
Е токму ради ова, ако не пише знаеш шо да очекуваш од него понатаму. Не работи светот така, денес очекуваат и женската да планира дејтови, да вложува труд додека они седат на гз. Мрзи едни.