колку и да сака човек да ти даде некој совет сепак ситуацијата е комплицирана на некој начин ,ти најубаво ја познаваш целата ситуација,мислам според тоа што веке го имаш напишано си имаш прецизен став за вас двајца дека врската ви оди кон позитивно,тие разговори ги знаете ви е двајца најубаво (ти и он) сомнежот што го имаш сигурно со причина се појавил затоа што другарка ти сака да посегне по нешто што и не е баш за неа,сакам да кажам мегу нив има некоја поврзаност тој и е полу брат колку што разбрав (може сум грешка) ,а мое мислење е дека доколку разговараш со неа на таа тема сепак ке има некоја кавга или пак во најмала рака нема да биде веке тоа што било пријателството нема да ви биде исто,но и на него доколку му го кажеш ова во што се сомневаш може да има негативен ефект (на некој начин) но пак ке ти кажам ти најубаво ја познаваш целата ситуација мој совет пробај уште малку да бидеш трпелива и да видиш како всушност ке се одвиваат работите понатака,доколку вниманието го добиваш од него на секој можен начин нема место за паника иако другаркати рипа како прле пред магаре (извини на изразо) ,но ако забележиш (не дај боже) дека и неговиот однос се менува е тогаш ке биде време љутеле не љутеле да си кажеш тоа што мислиш. само не дозволувај да те јаде црвчето од внатре па потсвесно на секое да биде дека и он и обрнува внимание и секој збор кажан од него дека значи нешто повеке (немој прерано да донесуваш заклучоци додека не си сигурна) со срека- за Extraordinary.girl беше ова заборавив да напишам рипкањето на другарка ти околу него може он и да не го забележува затоа што не е заинетресиран за неа oчите му се свртени накај тебе и си брка работа а она нека рипа колку сака нејзин проблем
Здраво драги феминки. Ви пишувам зошто навистина ми треба ваше мислење за ова што го дознав пред неколку дена. Една од најдобрите другарки со која сум заедно откако знам за себе (значи се дружиме околу 14-15 години) се заљубила во мојот бифши ако можам така да го наречам. Тој не ми беше официјален дечко туку само се мувавме околу 2 месеци + јас со него бев интимна. Значи нашето заврши така како што заврши пред околу 3 месеци. Меѓу нас имаше огромна ХЕМИЈА и времето поминато со него можам да го наречам емоционална врска. Значи почна сосема изненадно , со секојдневни 4-5 часовни средби , со телефонски разговори по цела ноќ , со одење по дома . преспивање и сл. Морам да напоменам дека ЉУБОВ НЕМАШЕ. Откако јас прекинав со него дечково ми стана одвратен преку ноќ. Секогаш кога ќе се видевме низ чаршија практикував да не се задржувам туку што поврзо да се разотидеме. Е сега на другарка ми и тргна муабетот со него последниве 2 недели и кога застануваме со него и со друштвото негово имаме здраво како сте што има ново и се разотидуваме а тие двајца остануваат и муабетат. Почнаја со разговори на фејсбук за кои таа ме извести. Имав гадно предчувство и почнав да и го проверувам профилот на фб.Од долгометражните муабети немаше ништо што значи дека ги избришала. Начекав само некоја кратка порака од него што накнадно беше допишана. Во Петокот се реши да ми каже и да побара дозвола од мене затоа што сакале врска. Јас нормално ја истерав у ПМ и реков дека не сум ЗА тоа и дека не и посакувам да биде среќна никогаш. Страшно ми смета нејзиното присуство неможам да ја гледам,а таа нон стоп иди кај мене со причина дека и требало нешто, иди кај мене на цигара, а сношти дури дојде 30 минути пред договореното за излегување. Многу ми е криво за се но не сум јас од тие што попуштаат и не сум емотивна и чувствителна да наседнам на нејзините муабети дека таја имала НЕОПИСЛИВИ СИЛНИ ЧУВСТВА. Ми треба ваше мислење. Како вие би изреагирале на оваа ситуација и дали ме оправдувате што со неа се однесувам како со животно (си земам за право да ја наречам со секаков погрден збор) БЕСНА СУМ !!!
@ Elemental одлично го разбра мојот проблем. Со дечково не сум во врска, не сме имале односи, му кажав дека сакам постепено да си течат работите, без форсирање и тој ме разбра. Свесна сум дека за некои работи сум blind, нормално поради мојата заљубеност. Пробувам да ги гледам работите трезвено, се консултирав и со неколку другари, и тие го делат истото мислење, дека човек треба да е 99% затрескан во некој за да прави такви работи. Најмалку сакам да си правам филм, секогаш сум измислувала причина за сомнеж, ама сега што да речам кога навистина се труди и ми се посветува. Сите три сценарија се точни, само што таа никогаш не била игнорирана од моја страна, гледам да не се почувствува загрозена, дури ми е непријатно кога и ги кажувам некои работи што ми ги рекол, а тоа никогаш не се случило, сме знаеле се, обострано. Се чувствува некоја тензија, компетиција помеѓу нас, во секоја прилика потенцира како најмногу го сака на светот, и за случки од минатото. Да ок е, сфаќам дека сте фамилијарно поврзано, и неможеш со тоа да ме направиш љубоморна. Кога си одеше тој за странство, колку само потресно ни беше, колку солзи исплака онака, само што замина, смени израз на лице, смени тема на муабет се. И нормално покрај нејзе, јас изгледам како ладнокрвно и безчувствително суштество зошто не плачев. Што сака да постигне и која и е целта не знам, времето ќе покаже.
па доколку врската меѓу нив двајца ти смета, слободно кажи, но немој да изгледаш ко љубоморна кучка затоа што може вие да се искарате па таа да го зборува на други за тебе. (од искуство) а ако не ти смета, ако не си љубоморна кажи и дека тоа сепак не е океј но да прави како што сака.. само да знае дека ти си и другарка а тој сеуште ништо.
Чупе, тука немаш никаков љубовен проблем. Тука имаш само љубомора бидејќи твоја другарка сакала да биде со некојси таму со кој ти не си имала ни врска ни љубов. Е сега од каде тоа право да ограничуваш двајца да бидат заедно, како да имаш некои ексклузивни права над дечкото само заради односите што се ги имале? После тебе ниедна твоја познаничка не може да чувствува привлечност кон него? Шо те знам кој ти е филмот...во магла сум и јас. Конечен одговор: не си во право и нема што да им се мешаш.
Не ти е сеедно тебе за него кукле. Не те обвинувам,ние девојките сме комплицирани суштества може да ни е гајле за некој кој сме го смувале една вечер,а не пак за подолго. Али ти велиш сте се мувале ( мување кое се брои во месеци) и си била интимна со него. Имаше секс така. Прв пат? Ако ти е прв пат,правиш огромна грешка што си се фанала за него ко слеп за стап. Батали,било поминало. Ќе имаш мажи. Ако не ти е,уште подобро. Знаеш што не ти треба сега. Е сега другарка ти. Таа не ти е другарка. Таа не ти е ни пријателка. Меѓу другарките важи ова правило со бивши на другарки никако! Не заради неа или заради него,заради мене не би заминала со бивш на моја другарка. Како јас ќе се гледам во огледалото потоа,од кај да знам дали тој не прави меѓу нас споредби,дали добро сум му мешала кога сум била врз него додека се е*име или не и уште мал милион работи. Да не спомнувам дека секогаш ќе стоиш ти меѓу нив,како нејзина другарка,како дел од нејзниот живот. Пример. Испаднати се тие двајцата на кафе,а таа се договорила после него да се види со тебе. И се испраќаат ова она и таа му кажува дека ќе оди да се види со тебе. Па после испитувај ја неговата реакција,нејзнита,бла бла,па цело време ќе се спомнуваш... Остави ја нека си ја види сама грешката кога на крајот ќе остане ни без дечко,ни без другарка. Тој типот сигурно нема ја жени. Абе,него му е убаво.. Со две другарки,колку му е гајле. Не му се лути него. Подај му рака шо има олку глупи жени како другарка ти,која се фатила на јадицата. Од кај знаеш,може е со неа затоа шо сака пак да си проба со тебе,може извлекува информации,може само ја користи. За тоа што се однесуваш како животно што велиш,па би можела да се смириш. Вака таа ќе знае дека тоа ќе те нервира и намерно ќе те провоцира. Докажи и со некој муабет или нешто ,за тоа колку уствари ти добро го познаваш,а таа не. И после нека иде нека се фрли во Вардар. Во секој случај мислам дека си направила добро шо си прекинала едно такво недругарство. И една таква врска. Сега продолжи понатаму. Не видов колку години си,но за создавање пријатели никогаш не сме доволно стари.
Колкава арогнатност произлегува од овие редови што ги прочитав- нешто невидено. Комплетно се сложувам со мислењето на Елементал. Најискрено мислам дека тебе ти е страв дека другарка ти со него ќе има повеќе од мување,што може да прерасне во здрава и стабилна врска, а ти ќе си онаа што тој не ја фатил да ја прошета за рака низ град.А забележав и дека сакаш да доминираш и колку гордо си напишала дека другарка ти дошла да бара дозвола од тебе,добро дошла и сега што? Имаше уште еден момент кај што велиш дека ти НОРМАЛНО си ја отерала у пм.Браво за тебе,еј,ама си и кажала,а? Не се врти светот околу тебе,тоа треба да го сфатиш,а кога ќе го сфатиш самата ќе го најдеш решението на “големиов проблем“
Donna зошто ти смета тебе тоа? Да си го сакала,, а он да те откачил, па другаркава прави нешто со него, ај некако, ама ова? Работава коскава ни ја глодам, ни на друг ја давам. Ја да бев на другарка ти местото и ти мене така да ми направеше очи немаше да сакам да ти видам. Освен ако немаш некои подлабоки, а задскриени чувства за човеков, не си во право. Ако сакаш да си ја задржиш другарка ти смени си го односот. Па уште ко животно ја третирала, ццц.
Значи ако до сеа некој не се нашол во мојава ситуација неможе да ме сфати уствари како ми е мене. Мене бифшите од моите другарки ми се забрането овошје. Мене некој од нив да ми се пушти јас ќе го исплукам в лице. Не реков дека го укривувам него. Машко како машко ќе се проба. Само мене болката ми е како можеше таа. Другарка ми што живее 10 куќи над мене,другарка ми што знае се за мене,другарка ми што е со мене секој ден лебот што го делиме. А за тоа дека во постот мој имало ароганција не одрекувам. Последниве денови сум неподнослива со сите околу мене само заради оваа вест. БЕСНА ОГОРЧЕНА РАЗОЧАРАНА И ИЗИГРАНА. Ете така се чувствувам јас. А за моето однесување кон неа, да разграничиме. Воопшто неа не и давам до знаење дека сум повредена туку напротив. Во нејзино присуство сум насмеана до уши. И на секој нејзин збор ја "пецкам" со друг што ја боли и сакам и дадам до знаење дека не сум јас од оние што на нејзините чувства и емотивни муабети ќе клекнам и ќе оставам да ми се посери на глава и на крај јас АМИН да речам. Можам да сфатам се, можам да прифатам се ама ова не.
Чекај, па ако немало љубов што со големи букви ни го потенцираше, зашто тоолку ти смета ако другарка ти излезе со него? Како и да е, не било важно, ти треба да бидеш среќна за другарка ти ако навистина се среќни заедно, бидејќи како и да е вашето немало да успее. Не сте се сакале, сте се задоволувале меѓусебно. Не го сакаш, ама и не го даваш.. епа неможе тоа така. Нека си биде среќен, другарка ти може вистински го сака и треба да ти биде мило. Како и да е,според твоето кажување вашето не било ништо ни сериозно ни полно со љубов. Само страст што згаснала со тек на време.
Дона другарка ти сепак се обидела да ја измазне ситуацијата. Познавам случаи каде бивши и најверна другарка се мувале којзнае колку време а неа ништо не и кажале. Значи девојчето не сака да те изгуби веројатно како пријателка, затоа веројатно собрала храброст да ти признае, а не како идиот да се крие и да си брка ќеф. Веројатно претпоставила како ќе реагираш, затоа те бара. Ама девојко биди искрена со неа. Во ред, повредена си, лута и огорчена, кажи и го тоа. Кажи и како се чувствуваш и нека те остави малку да се стивне ситуацијата. Да не повторувам, со машкото било само потреба, немало љубов. Ај да е некој што ти значел многу, ајде ќе се обидев да те разберам, ама вака... Знам дека нас ни е лесно, и дека колку и да сме либерални да се најдеме во слична ситуација пак нема да ни биде сеедно, но пробај да се ставиш во нејзина ситуација. Не вели никогаш за нешто оти баш тоа може да се случи. Дали ти би ја побарала и би и се извинила? Значи седнете и направете муабет, на крај и да се разделите како другарки направете го тоа како луѓе а не како малине деца да се препукувате и да си створате негативна енергија кога сте во близина.
Абреее, глупава е другарка ти цуро, јас да сум на нејзино место не те шишам ни 2 посто! Никој тебе не те изиграл тука, ти кажала и за муабетите и дури и те прашала за дозвола еј Ај не глуми лудило остави ги на раат луѓето.
Значи кога таа дојде кај мене да ми каже да нејзините чувства кои верувале или не траат само 3-4 дена (а другарствово наше трае повеќе од 15 години) ми го започна муабетот со тоа дека бара дозвола од мене а го заврши со "Мене ми е гајле за тоа што мислење ти имаш да ми кажеш.Мене ми е убаво со него и ти сакала или не јас ќе продолжам со него". Цел разговор таа се држеше за глава не ме ни погледна в очи и како што течеше си го вртеше во нејзина полза што е сосема нормално. Во еден момент као почна да ме убедува како ТОЈ мене додека сме се гледале не го мислел тоа што ми го кажувал. Значи тој како и да и ги преведува нашите разговори и видувања ( што му одговара ) јас знам дека тоа не беше така. Тоа мене ми се случуваше и тој со мене имаше се му беше прекрасно и од САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ, МИ НЕДОСТАСУВАШ, ПРЕУБАВО МИ Е СО ТЕБЕ друг збор настрана јас немав слушнато. Колку тоа нејзе да и одговара или не да го знае потсвесно ама да не сака да си признае дека стварно е така т.е. да си прави со умот бајрам и одговара зошто сака така да биде. А ако ме укривувате мене што јас сум против нив. Еве ќе ви кажам дека и останатите другарки се против тоа а и другарите негови се против тоа. ЗОШТО ?!
ќе ја распнат Ај и јас да не останам покуса. Значи како што гледам со огромни букви си потенцирала дека немало љубов. Ако немало љубов би требало да не ти претставува толкав проблем што другарка ти го засвиѓала. Напротив, ако таа би била среќна со него тоа треба тебе да те радува. И неможам да сфатам како можете да си ги ставате дечковците и све остало пред другарството, толку.
Никој нема да ја распне, дискутираме на темава, а ако некој сака да и каже да погледне од друг агол на ситуацијава не значи дека сака да ја распне Дона гледам 18 години си. Дечкото и другарката генерација ли ти се?
Другарка ти моментално не знае што да прави. Од една страна се гледа дека и значиш како другарка, зошто верувај како што ти напишав во минатиот мој пост има некои воопшто не му е гајле дека го прават тоа, си бркаат ќеф и ич не се замараат. Од друга страна не сака да прекине со него заради тебе и затоа таквиот разговор бил комплициран и конфузен. Сака да ти се извини, ама сака да докаже дека и таа е во право, затоа не може во очи да те погледне. А и тебе не ти е очигледно сеедно, штом тука прашуваш дали си ја донела правилната одлука. Да ти беше сеедно немаше воопшто да се замараш, ќе и ги удреше клоците и чаопријатно. Откако ги прочитав твоите коментари, мој совет ти е да оладите двете малку. Сега сте во афект, јазикот е побрз од мозокот. Не можам да речам не те разбирам како ти се јавиле такви емоции во тебе, зошто искрено луѓе сме, љубомора не јади и за најмали ситници, а не пак ваква twisted ситуација. Сепак не е сеедно да видиш некој со кој си бил интимен со најверна другарка, колку и да сме open minded. Лек за ситуацијава искрено нема, или ќе се научиш да живееш со фактот дека тоа е така и ќе си одржиш контакти со неа, или комплетно ќе се оддалечиш. Нема прав и нема крив во ситуацијава, двете страни си имате емоции и чувства во целава ситуација. Оладете малку, нека помине првичната лутина, потоа со ладна глава одлучи си што ќе правиш. Нашата работа тука мислам дека е завршена
Во право си Спаркс, реакцијата на Дона била глупа но мислам дека немаше потреба да и се прават психоанализи Затоа реков... Јас ја разбирам до некаде, затоа што е жена, а сите жени сме такви, криво и е бе ! Била интимна со него, сепак, можеби и е неугодно, можеби имала чувства некои за него а не оставала да испливаат на површина и ги потиснувала. Сепак, жена е, и која и да е од нас верувам дека барем во себе бурно ќе изреагирала. Можеби е поимпулсивна и брза на јазик па и се истурила на другарката. Незнам што совет да и дадам, ама не ја ни осудувам искрено, на секоја од нас може да и се случи и секако дека нема да остане рамнодушна.
Ако не сум го сакала мене ќе ми биде мило да биде среќен и тој и другарка ми ... Што се тебе тиче грешиш и тоа поприлично многу . Да си го љубела онака искрено јас прва ќе те подржев и да не се повторувам се сложувам со Геа и Елементал .