Далеку од мажење, ама ај да пишам. Прво и основно - доверба во партнерот, нешто, м? Второ - како што и самите сте си кажале еднаш одамна: "нема ништо страшно во дружење со спротивен пол". Важно е партнерот да има активности/дружби и без другата страна. Дали колеги дали други друштва - што има врска? Секогаш кога нешто искрснува, известувам навреме чисто да не се грижи другата страна, а за собиранки со колеги/другари, секако е тоа договорено најчесто со оглед на тоа што секој има свој живот и обврски, па верувам се знае однапред.
Дека не би му пристапила прва на машко, да му се пуштам, не би му се пуштала, не оти сум женско, туку затоа што сум срамежлив карактер. Тоа значи дека би ме привлекле најмногу машки што покажуваат иницијатива, макар што тоа би го генерализирала поопшто, дека за друштво најмногу ми се допаѓаат луѓе со цели и амбиции. Можам да го сфатам и муабетот дека некои мажи се мрзливи и чекаат само на женските да им средат сè и тие само да се појават. Меѓутоа, не ги разбирам останатите коментари со ловци и пленови, па целосни планови сервирани за нас од страна на мажите... Мислам, екстремно лицемерно е, двојни стандарди. Не сакаме ние да им сервираме ним сè, ама затоа тие нас треба оти инаку се „испедерчени“, „немаат муда“ итн . И не, не велам дека не е преубаво дечко ти да ти испланира викенд или патување или што и да е, ама преубаво би се чувствувала и јас да го изненадам така, не би ми бил помалку мажествен, wtf . Сакаме признание за нашата интелектуална способност и независност како жени, да се надминат „општествените очекувања“ од нас, ама исто така кога се работи за романтични врски сакаме мажите да постапуваат точно според општествените очекувања - да ме лови, да ме заведува, да ме моли, додека јас седам како препарирана и судам каква одлука донел за наша следна активност. Со други зборови, да ги имаме социјалните придобивки на феминистичко општество, ама одговорностите на жена во патријархално општество, барем кога се работи за романса. Разбирам романтична преференца за подоминантни мажи, но не и едностраните очекувања, па уште и дополнителни осудувања. Освен ако не сте егоистични и/или сакате патријархат...
Секако дека ќе го известам. Не само ако сум со колеги после работа, туку и општо, ако се задржам од било која причина би го известила, исто како што и јас би сакала да бидам известена.
@NiceBoy од аспект дека останува со некој не би ми сменало, дружење со колеги и пријатели е нормално и прифатливо знаела за нив јас или не. Ама јас сум параноична. Не за изневерување, вервам дека врски се основат на доверба, туку за безбедност. Ако не знам, не дојди во размак 30 минути од обично, памет ќе ми оди на то дека нешто му се случи. Зато јас и имам навика кога се тргам од вообичаените рутини, кој и да ме чека дома - да известам. Пошто истото го сакам назад.
Доколку се работи за често одење на кафе после работа нормално дружење - да би известила и не би ми пречело и партнерот после раб да седне колегијално. Ноо, од мој аспек јас често да останувам на работа уште саат- два за да си правам муабет со колегите тоа не нема шанси. Зашо да седам на работа за да си праам муабет кога може надвор да пијам кафе или да си отидам дома како човек и да си завршам приватна работа. На пауза ќе си правиме муабет. Приота колеги ми се, не другари. Кратко не ја гледам поентата за останување на работа за да си праам муабет.
Види треба доверба. Ако известува дека ќе остане на кафе, океј. Нема ништо лошо во тоа. Ако не известува а се враќа саат време подоцна, можеби би помислила да не се случило нешто. Само не сфатив, дали укажувањето е да не останува со колеги после работа? Или да останува ама да известува? Пошо ако е второто оправдувам, ама за првото малку се граничи со посесивност. Бидејќи ти ги прочитав и предходните пораки (иако од малку поодамна), и сметам дека основата е довербата.
Не е воопшто проблем да остане некој после работа ама барем да извести. Макар било порака, или повик. Да не се грижи човек и да не мисли каде е и со кого.
Никогаш не сум останала после работа да муабетам со колеги. Колегијалноста и другарството не е исто. И да, ако ти се бунтуваш скроз те оправдувам. Посекако е фер да те извести, па еве како женско ќе ти кажам дека мене не ми се допаѓа ова. Да, во ред е да излезе, да се дружи ама ако веќе сите излезат некаде и јасно е назначено дека после работа колегијално би седнале некаде. Во ред е што ти е гајле, исто така пробај да искомуницираш баш како што и тука напиша, со смирен тон.
Дали сум за осуда ако после 7 години врска, и после еден месец од раскинувањето се гледам со друг.. Потоа неколку месеци подоцна пак почнувам да се гледам со бившиот, со намера да пробаме пак и накрајот ништо не биднува од тоа и губиме секаков контакт.. И јас после 2 месеци почнувам пак со друг да се гледам, и еве сега сме заедно... Као дали е тоа ту мач од моја страна??? Фер ли е спрема негоо?
Не е битно дали е фер спрема него, пошто тој треба да е минато. Ама чим се прашуваш иако немате контакт, тогаш и не е баш. Што кажува дека сеуште емоционално си поврзана со него и не си расчистила самата со себе за минатото. Прашањето треба да ти биде поставено поинаку. Дали е фер кон новиот?
Излегов со колега неколку пати но после месец дознав дека е во врска кој он на социални мрежи воопшто немаше слики со нејзе и бев фрапирана кој не ни знаев кај се наоѓам и што ми се деси и од тогаш крај прича . Ама типот нонстоп ме прати со погледи кој ептен се приметни и на социални мрежи ми лајка слики . Раскина со нејзе и повторно покуша по мене но една голема корпа од мене доби . Повторно се смири и секако следи слики со нејзе , но типот не се откажува од мене дури поздрави праќа прелу други колеги бидејќи јас не сум во тој сектор кај што е он , ид кој следеше сега прашал дали ќе одам на предновогодишна прослава. Јас стварно не знам како да се откачам од кој колку пати ќе се сретне ме здраво здраво тој покушава у стилот како си дали си добра и остало некои прашања . Совет пошто стварно ми смета од кој искрено не можам да го поднесам ( го блокирав од социални мрежи ) и следеше да ми пише приватен број дали заслужив да ме блокираш ...
Па штом сте пробале и не оди пак и немате веќе контакт не си за осуда. Е сега за првиот пат не знам што да ти кажам можеби си мислела дека е стварно крај и си пробала со друг и потоа пак со него. Не си го сакала повеќе тоа мислам дека е причината и мислам дека не треба да се осудуваш
Отворено кажи му да не те замара и тресни му го муабетот дека има женска и неа да си ја гледа а не други
Дефитивно следи тоа така да направам , типот заслужува на виделина да излезе ситуацијава . Инч од коа се смири со нејзе бев блокирана од кај нејзе на инстаграм , но според моја некоја проценка , мислам дека он ме има блокирано поради тоа што пред скоро време ја сретнав кај нас во фирма изгледаше најнормално како буквално девојкава не ме познава
Што се замараш, немаш потреба да и кажуваш. Она може знае, па си спие на тоа уво дека пак нејзе ќе и се врати безразлика. Едноставно мавни корпа, ако некој од нив те блокирал, земи блокирај го бројот. Игнорирај и готово. Нема долго да замара ако нема фидбек
Секако тоа , можев уште на почетокот да и кажев се , но сепак си преќутив . Се надевам ќе му дојде паметот да ме остави на раат да си терам понатака со животот
Како индиректно би натерале некој да ви пиши или да му дадете до знаење дека сте заинтересирани, прашувам за другарка? Ми срцнува скоро се’ шо ставам на инста, а тој не објавува ништо за да му возвратам, совршено. Претходно се погодивме на исто место да сме седнати на кафе, ме виде и ме фоловна уште истата вечер (со него седеше и еден познаник мој и ваљда од него дозна која сум). И одтогаш само срцнувањс од негова страна и ништо поќе. Од кога мажите станаа толку срамежливи?
Купи му поклон танга гаќи и испрати му буќет цвеќе. Ако прифати, можеш право да клекнеш и да го запросиш. Замисли колку ќе биде среќен, солзи радосници ќе му течат по обравчињата.