Дефитивно следи тоа така да направам , типот заслужува на виделина да излезе ситуацијава . Инч од коа се смири со нејзе бев блокирана од кај нејзе на инстаграм , но според моја некоја проценка , мислам дека он ме има блокирано поради тоа што пред скоро време ја сретнав кај нас во фирма изгледаше најнормално како буквално девојкава не ме познава
Што се замараш, немаш потреба да и кажуваш. Она може знае, па си спие на тоа уво дека пак нејзе ќе и се врати безразлика. Едноставно мавни корпа, ако некој од нив те блокирал, земи блокирај го бројот. Игнорирај и готово. Нема долго да замара ако нема фидбек
Секако тоа , можев уште на почетокот да и кажев се , но сепак си преќутив . Се надевам ќе му дојде паметот да ме остави на раат да си терам понатака со животот
Како индиректно би натерале некој да ви пиши или да му дадете до знаење дека сте заинтересирани, прашувам за другарка? Ми срцнува скоро се’ шо ставам на инста, а тој не објавува ништо за да му возвратам, совршено. Претходно се погодивме на исто место да сме седнати на кафе, ме виде и ме фоловна уште истата вечер (со него седеше и еден познаник мој и ваљда од него дозна која сум). И одтогаш само срцнувањс од негова страна и ништо поќе. Од кога мажите станаа толку срамежливи?
Купи му поклон танга гаќи и испрати му буќет цвеќе. Ако прифати, можеш право да клекнеш и да го запросиш. Замисли колку ќе биде среќен, солзи радосници ќе му течат по обравчињата.
Нека му прати другарката смајли или интерпункциски знак. На пример ? Нит значи дека пишала, ниту непишала
Не објавува буквално ништо за да се оди со риплеј, нема смисла така да му пиши другаркава ко со падобран да слетала кај него на профил. Ќе го предложам ова, ми се бендиса идејава ептен, само без тангата. Не сакаме вулгарности.
Да бил еден лајк, ај ќе речеш рандом, ама ако лајкнува се што другарката ќе објави, нема да се изненади од пишувањето, не е неочекувано.
Абе пиши, настргни тоа панталоните и пиши Маче штом толку сакаш срциња , ела да го видиш моето или Маче сакаш да ти бидам НОВА во новата година ?
Зошто кога и да ми се допадне некој или ќе зафатен или не ми обраќа внимание...или ќе си најде друга. Аман до толку лоша среќа да имам. Почнав да се гушам веќе.
Колку години си Јас 25 ..и од кога знам за себе секогаш само сум се разочарувала ...никогаш не сум се изненадила или израдувала на нешто ..ниту пак нешто некогаш ми било возвратено ...вече ќе морам да прифатам дека ќе си бидам сама....се гушам ненормално . Притисок ми вршат уште повеќе дома роднини...си мислиш до мене е ..и јас не сакам вака ама што да правам ..само повеќе се нервирам. Како да престанам да се надевам на се што ке ми се најде на патот и разочарувам секогаш ....НЕ сакам повеќе да сум разочарана....сакам да ми возврати барем еден на чувствата. Секогаш брзо се занесувам и залетувам и на крај само со ладен туш сум полиена.
Тука сме, помлада сум ама те разбирам скроз. Се тешам со помислата дека се ќе си дојде во свое време еден ден иако тој ден никако да дојде ама така е. За жал не сакаме да бидеме со секого, во смисла со погрешна личност и затоа сме сами. Реално подобро е да си сам, него со некој идиот. Мене пак ми се лепат се од тие идиотите што не знаат што сакаат и не се сигурни во себе, а од друга страна има и некои што се океј, но едноставно не е тоа тоа. А, пак тие другите што ми се свиѓаат мене глумат недостижни и така, се во круг секој пат.. Не знам ни јас каде е крајот)))