Речи му се омажив, не реагирај само пиши му пријавен си во полиција и јави се во операторот да ти стават забрана за било каков контакт од него, или пак ич не реагирај сам ќе се откаже кога ќе види дека не го фермаш
Не е важно дали е вистина или не. Не му пишувај ништо, ниту ги отворај пораките. Како ќе стигнат така ги бриши право. Ќе му здосади ќе види дека не враќаш и ќе престане.
Ама зошто не го блокираш? И пораки се блокираат, да не може да ти пишува. Или па од разни броеви те замара? Некој опседнат со тебе е овој, пријави го за вознемирување ако продолжува упорно. И ич ништо не му враќај, само бриши и блокирај. Вака пишал? Овој некој манијак психопат можно е да е, внимавај.
Бев во иста ситуација кога имав 19-20години и тогаш многу сакав да имам дечко и многу се трудев ама ништо не се дешаваше. Сите околу мене другарки си имаа по некој и така еден ден решив повеќе да не се замарам со тоа и си реков ќе дојде еден ден. И после тоа три четири месеци случајно се појави еден дечко и бев со него еве веќе 5 год. Прв озбилен и сега за жал не сме во добри односи и посакувам да си го вратам. И јас имам 25
Татко му не е мртов и не треба да си го кршите грбот подлегнувајќи на секакви изрази што ви се кажани само да бидат предатори на вашите чувства. Очаен кур ќе ги спои двата краеви на светот за да добие нешто физички од вас.
Ни јас немам среќа во љубовта. Не можам да најдам нормален дечко. Или пак таман некој нормален ќе се најди, одма некоја друга ќе му се заврти во животот. Се чуствувам како да сум проколната, како во најсериозна смисла. Не знам веќе што да направам ништо не успева. Знам дека сум привлечна, паметна, забавна, интересна, ама никако со никого не бидува ништо. Веќе влегувам во сериозни години, другарките ми се мажат, некој веќе и деца имаат, некој се во сериозни врски, живеат заедно, а јас сум сама од сите мој другарки. Притисок од дома имам веќе, скоро секој ден. Се разочарувам секој ден се повеќе. Можеби и да е до мене, ама не знам каде грешам?!
Море уживај девојче пред се забавувај се, се друго само по себе ќе си дојде. Не слушај коментари твој е животот! Исто и за тебе девојче, не се заглавувајте од притисок, уживајте еден е животот. А верувајте ќе ви се случи.
Ве читам, неколку ова го пишувате, зашо притисок? Шо дозволувате бе вакви работи да ви прават? Ќе притискале од дома, со кое право? Ама пак ќе речам, сте им дозволиле, треба поинаку да се поставите со домашните. И полека, смирено, ништо не добиваш со самосожалување, место да си уживате во животот, вие ко по секоја цена да сакате да најдете некој. Така од страна изгледа. Може кога најмалку очекувате, ќе се појави, тоа никој не може да го знае.
Притисок во смисла кога планираш да најдеш некој години одат..ова она ..да беше така лесно со сила не бива ..
Ама не можам да уживам веќе во животот, сериозен проблем ми е. Каде и да одам, секаде парови гледам. Не можам ни еден викенд да излезам, сите се со дечковците или мажите. И кога искачам со нив секогаш е во некој ресторант и се чустувам лошо. Почнав да се тешам демек треба животот да си го живеам, да си гледам само за мене, и ете поминаа 2 години и само лоши искуства имам од дејтови?! Немам еднаш во животот доживеано љубов на овие години?! Како да им се спротиставам кога и тие се во право? Искрено се во право, време ми е веќе, така си ги трошам годините и времето, како без причина, без потреба. Така се чувствувам. И не верувам дека има било каква сродна душа за мене.
Хахахахахах кои црни години бе, 25 ги имаш само, аман со затуцаниве ставови на стариве у кој век заглавиле, дај ако не стројници нека ти бараат ццц, глупости. Одјеби ги таму, не им се замарај, терај си ти животот. Па и да поминуваат години твоја работа е тоа кога и дали ќе се мажиш и фамилија ќе створиш, мажењето врвно достигнување им е, алал да им, шо да кажам. Не ви е лесно и вас со такви родители. Може и затоа ти се фрустрираш цело време вака, ради нивните амбиции и хирови. Ти викам, не се оптеретувај до толку, остај спонтано да тече се, вака коа е усилено не бива ете за инат ко непишано правило и само ќе се разочаруваш. Секако мора и да вложиш труд и ти ама не да очајуваш, тоа никако. Абе времето е релативно, не може ти да знаеш дека баш сеа у моментов ти е време, не знаеш среќата и судбината кога ќе ти го покажат правиот пат и кога ќе ти се поклопат коцките. А они со притисокот воопшто добра услуга не ти прават, напротив. Знам дека сакаат да си среќна, сигурно најдоброто ти го посакуваат но помалце да се мешаат подобро би било и да олабават. Со очајување не праиш ништо, да си знаеш само. Се уште не дошол моментот, не губи надеж. Дур сме живи треба да имаме надеж. Не е утеха ова, стварно вака мислам. И дај Боже најголемите маки и проблеми да ви се ова. Со што све не се соочуваат луѓето..
Проблемот е што и јас сакам веќе и сериозно ми е проблем. Не знам како не разбираш дека ми е проблем веќе и на свадби кога одам, и на родендени на другарки на деца кога одам, и на веридби кога одам, секаде сум сама. Секаде! Ниту еднаш немам прославено нова година со дечко, ниту еднаш немам доживеано да се заљубам. Ниту еднаш немам објавено ни слики со дечко,... Ете и оваа година моите другарки имаат организирано да одат на патување за Нова Година и кога гледам сите се парови, а јас и оваа година сум сама? Кажи ми што да правам јас со нив? Мака ми е што не можам еден нормален дечко да најдам. Се некој идиоти, некој што имаат минато на варање, некој што се коцка, некој што се дрогира, некој што не одржува лична хигиена,... Каде грешам?!
Ауууу леле тешко вас, неам шо да кажам више. Живеј тогаш за другите, за нивен мерак, омажи се ради реда за да не си стара мома.. Не е дека не те разбирам, многу убаво те разбирам. Они ќе си го живеат нивниот живот, ти твојот, секој со своите приоритети, нема лутење тука. Ќе се вклопиш и ти, штом ти се блиски луѓе и ги сакаш нема што глупо да се осеќаш. Тоа сама треба да го увидиш, дали и каде грешиш, дали стварно таква ти е среќата и налетуваш на типови кои не ти одговараат или пак преголеми и нереални ти се очекувањата, којзнае. Треба сама со себе да си расчистиш. И среќа неаме сите иста, тоа е факт, што да се прави, да бевме сите идентични немаше интересно да биде. Твое е да не се стресираш и оптоваруваш себе си, ако мислиш дека грешиш, соочи се самата и пробај нешто да смениш кај себе, па покушај пак, можеби ќе има напредок, откажување и помирување никако, само работа на себе, можеби имаш проблем и со самодовербата, комплекси некои, многу од нас се соочуваме со тој проблем. Поентата е да не бидеш негативна, барем малку оптимизам имај и надеж дека би можело да биде подобро, а не одма со црни мисли, никој не е за тебе, сродна душа нема да најдеш. И види, баш сродна душа ако бараш, тешка работа, ретко се наоѓа тоа, да не се лажеме ама некој кој би бил компатибилен со тебе и вистински би можеле да функционирате заедно, да се разбирате и да развиете љубов и почит, сигурно има некој таков, само уште не те пронашол, а ни ти него.
Моите очекување се нормални за секоја врска. Многу нормално дека сакам партнет што ме почитува, многу нормално дека сакам партнет што си ги искажува чувствата и не ми врти грб или не сака муабет да ми прави за најмала ситница, многу нормално дека сакам да сум му единствена. Можеби и да имам проблеми со самодовербата што сега пред некое време ми се појави како проблем, ете дека ми минат годините, ама сепак најнормално е, сите така се чувствуваат. Очекував до сега да сум ако не барем во сериозна врска Секогаш пробувам да се надоградувам со знаење, со некое ново хоби, на работното место да сум унапредена и во позицијата и во платата, да патувам, да создавам нови контакти,... Имам еден куп хоби, секој ден работам на себе, ама ете пак немам среќа да запознаам некој нормален. Ете на пример ќе запознаам некој, ќе ми се допадне, гледам дека ми дава сигнал со неговото однесување дека и јас му се допаѓам, стапуваме во контакт и тоа трае скоро еден-два месеци и испарува после тоа. Следно што го гледам девојка фатил или така само искача со некоја се мува. Немам среќа во љубовта никако. Самодовербата и комплексите се најмал проблем, колку девојки има со сериозни проблеми, комплекси и уште што не и пак имаат дечко, пак се верени, пак се со мажи.