Сите ние тука знаеме дека после 30 години шансите за да имаш деца се намалуваат. Така да не можеш да споредуваш 25 годишна девојка и жена од 45 години и да е океј да е да е сама, а на нејзе првична желба да и е брак и фамилија. Не знам што толку лошо гледате кон бракот? Ете јас лично сакам да сум и жена и мајка во иднина и тоа ми е целта ама ете имам проблем, не ми оди во љубовта.
Па прво поразително е да мислиш дека после 30 шансите ти се намалуваат за да најдеш партнер. Не гледам лошо кон бракот ама не мислам дека треба толку да го идолизирате.
Да се надоврзам на муабетот, имам помалку од 25 али колку и да звучи смешно и јас се осеќам некако старо. Животот поминува толку брзо, а немаш доживено ниту вистинска љубов ниту ништо. Да, ќе кажете животот е пред мене али моментално е тешко кога ете ги гледаш сите околу тебе во врски/бракови, а ти без никого. Ни мене не ми оди во љубовта очигледно али не можам да сфатам каде е проблемот (веројатно е во мене). Со некои типови што сум била сега си се среќни со девојките
Може и на 30 и после 30 човек да си ја најде среќата .. Не сите имат среќа на 17 18 или 20 години вистинскиот да го најдат. Некоја порано некој подоцна мислам.
Колку години имаш ако не е тајна? Иако и годините ништо не значат. Не мора сите до кај 30 години да бидат реализирани во тој поглед, може подоцна среќата ќе ти тропне на врата. А добро ете се супер со тебе во врска со ова што го наброја, а карактерно каква си? Сама на себе искрено одговори си, не мора тука. Со тие што си била карактерно не постоеше бар мало поклопување, или пак скроз различни сте биле па логично ништо не можело да бидне? Се налетуваш значи на такви несериозни кои што си бараат само авантура и ништо повеќе. Ако сите вакви биле, од овој калибар стварно тогаш не е до тебе.
Исто и мојата хахахах ќе излезе еден ден ќе видиме кај е била .. Баба ми некогаш знае да ми каже на шала ..којзнае кај се крие твојот ксмет.
Може и за 2 3 плус години ..од кај знаеш може догодина ќе ја најдеме ...не се знае ....ај догодина да пишеме овде сите кај сме ја нашле љубовта и кај е била скриена. Ај дај боже да се усреќиме шо побрзо ...за 2 3 месеци
Ај можеби и утре на улица ќе се судриш со некој и ќе се заљубите. Многу филмови гледам знам.. Немам 21 ама немам ни 25. Не е важно тоа, важно е дека се осеќам ко 50 да ги имам
А тиe па шо се 50 обратно, се осеќаат ко 30 или помалку. И секоја им чест на таквите, пример се како треба да се живее животот, а не млади, здрави, убави се стресираат и измачуваат со сила.. Треба малце да се преиспитаат некои работи, не ќе е лошо, а да се самосожалува чоек најлесно е, си знам и ја. Лошо ти е ова ептен, под итно мењај го, за твое добро.
Хахахах Ама може ..не знаеме кога и кој ден среќата ќе не најде. Имам роднина 40 години беше ојден никој не се надеваше дека ќе се ожени веќе ...за на крај и работа најде и се ожени и дете има.и стан купи ...сеа и низ европа ќе си се шетат за нг. Среќата му дојде наеднаш и тоа све едно по друго. Камо и мене вака да ме зареедат среќички
Па знам дека е лошо ама така е. Не викам дека не сум забавна личност, напротив али некако не можам да си најдам инспирација, се ми монотоно особено луѓето, сите ми се исти..... Еве за љубовта си кажав што имав али само тоа да беше...
Тоа ми е цел во животот, не го идолизирам тоа. А ти не се трудиш околу твоите цели во животот? Сите ние се трудиме околу нешто што сакаме да ни е реалност. Карактерно, јас би се опишала како релативно добар човек во главно, мирољубив, интересна сум, забавна, шармантна, екстроверт сум, дружељубива сум, не ми е проблем ни со странец муабет да направам воопшто,... Од негативни карактеристики можеби што сум горделива и инатлива понекогаш. Можеби и донекаде строга. Можеби со моите карактеритики ладно делувам, не знам. Имам излегувано на дејтови така, сме се погодувале до некаде, ама на крајот или ќе пробат да ме на некој начин тестират со некоја шала или некој гест што би бил на некој начин понижувачки. Или пак би ми се нуделе од старт за секс, или пак ете некои што сум во секој дневен контакт (слободни колеги од работа на пример) не сакаат муабет воопшто да ми прават и грб ми вртат. Некои пак воопшто не кликнуваат со мене. Еден сам ми кажа дека не знае што муабет да ми направи од срам што му било од мене. Како нешто да ги брка мажите од мене, така се чувствувам. Како страв да имаат. И стрес ми е веќе секој празник, секоја прослава, секој одмор, секоја Нова година,... Секоја година тражам нови другарки за да искачам со нив што се слободни исто како мене, секоја година тражам нови другарки за да одам на одмор, бидејки со овие другово друштво искачам само по места каде што одат фамилии и грдо ми е веќе.
Буквално истата ситуација. И ова истово, како да се плашат од мене машките. Не сум толку страшна, I promise.........
И од мене бегат ќе кажиш хахах како ѓавол од темјан шо бега. Абе ќе ми се усреќи еден ден верувам 50/50.
Едно е да се трудиш друго е да кукаш. Не се трудиш со тоа што мислиш дека нема да најдеш партнер после 30тата година туку кукаш. Животот не доаѓа со упатство за користење па да темпираме време, до 25 ќе се омажам па до 30 ќе родам деца. Во денешно време се поместени границите, така што поразително е размислувањето дека после 30 години имаш слаби шанси да се идеализираш како сопруга и мајка.
Океј, прифаќам дека ова искача како да кукам, ама дај ми совет како да најдам партнер? Што треба да правам? Ете не знам, помогни ми со совет