Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде, ви посакувам среќа :l:
    Нека биде оваа ваша година. Зa убаво да ве читаме
    @Nela678 @Spicy Senorita
     
    На Crnookata, Anyshka, Nela678 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Оти не сфатив што ти е фуј да прашам поконкретно. Фуј ти е да живееш во МК, или не ти е погодена средината. Оти јас отворено кажувам, страв ми е да раѓам деца во вакви услови. Од болници, до школи горе-долу се е растур систем овде и не ми се ризикува.
     
    На Mayaasa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Македонија, баш точката кај што се наоѓам. Исто растур систем. Џабе и што сме ситуирани добро, кога надвор е сивило.
     
    На Spicy Senorita и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    Доста кукавме :rofl::rofl: наредната година да пишуваме во други теми :rofl:
     
    На Panicarka21, Spicy Senorita и Malesia им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.444
    Ама чекај да не е проблемот во тебе што не сфаќаш шали и се навредуваш?
    Не те обвинувам коа не знам шо се случило само си претпоставувам. Викаш на некој начин, дали баш понижувачки се испонашале или пак само така ти се чинело тогаш? :?:

    Убаво е шали да има и заебанции на сметка на двајцата но секако дека не смее да премине во навреди и понижувања, тоа никако не смее да се толерира, а и ако едниот не е баш по шалите сарказмот, тоа треба да се почитува и да се земе во предвид.
    Овде секако пиши пропало штом целта им е авантура и искористување за секс.

    За колегиве, не знам со колку колеги си во контакт ама може они не сакаат ништо повеќе од колегијалност, и нејќат да мешаат приватен живот со деловен, си имаат сигурно свои причини, нивна работа.
    Може не си нивен тип, може ете нешто не ги привлекува кај тебе или пак се намќори, се може да е, со сила убавина не бидува.
    Ова е дна дна понашање и не вреди ни да се спомиња. :x Муабет не знаел да напраи, ок.
    Дај Боже, амин. :party:
     
    На christinnn, Nela678, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Зборат, ама никоја од нив не би имала муда да откачи се и да си живее онаков живот каков што сака.
    На зборови сите сме јаки, реалноста е дека од нив повеќето лаат, и си викаат фала богу не сум сама/ каков свет дојде..
     
    На Nela678 и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.529
    Допаѓања:
    33.914
    Пол:
    Женски
    И тоа викат да, али кога би промениле, сакале многу покасно да се омажеле, за да проживееле повеќе. Ова многу постари жени и баби ми го имат кажувано.
    Па и јас се омажив млада, сега со овој акл да сум, на 30-35 би се омажила. Среќа на тие шо си имат фамилија односно сестри, мајки, татковци па да им почуват деца, за да можат да подишат малку. Јас неам ништо од тоа, цело време закачена со децата. Али уште малку да потпораснат па на 30 ќе уживам 8)
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право и не те негирам. Ама ова болдираново е најсмешно, оти Македонец со се нешто се теши, дури и кога е лошо си вели, можеше и полошо. Таков народ сме. :nod:
     
    На Nela678 и Hisha им се допаѓа ова.
  9. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.458
    Пол:
    Женски
    Вака кога ве читам и јас си се тешам си викам добро е не сум само јас. :rofl:

    Инаку што се однесува до прашањето на членката, или разбрал дека не му се допаѓаш или си игра топло-ладно со тебе. Оној кој навистина сака да биде со тебе, ќе се труди околу тебе.
    Јас да сум не би прифатила, ако приметам дека некој се двоуми околу мене, дека не се труди, не му давам шанса. :emo:
    А јас кога ми се допаѓа некој спремна сум максимумот да го дадам, очекувам исто за возврат.
    Може и јас многу грубо постапувам некогаш со машките, па затоа сум и сингл.
     
    На Spicy Senorita, Crnookata и Panicarka21 им се допаѓа ова.
  10. Panicarka21

    Panicarka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    :devil:
     
  11. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет, се распаѓам.

    Ми раскина неочекувано, на далечина бевме во врска, се видовме пред неколку дена, јас уште не сум распакувана. Како причина ми наведе една расправија која ја имавме пред 2 недели, оттогаш тврди дека се сменило нешто и не може да ме гледа како нешто повеќе од другарка. Го натерав да ми признае, рече дека веќе не ме сака. Луѓе, за ништо од ова не знаев, до вчера се беше нормално, се чувствувам дека некој ми ги откорнал нозете и не можам да стојам. Од човекот кој најмногу го сакав, за кој толку се жртвував и направив, на кому највеќе му верував. Цела оваа болка и предавство е од него. Уште сум во неверување.

    Дали некој поминал низ нешто слично? Ве молам, секој совет е добредојден, не знам како со себе понатаму. Ми пополнуваше огромен дел од животот, на него му пишував за најлошо и најдобро, сега на кого да се свртам? Мислам дека нема никогаш да бидам среќна.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.346
    Допаѓања:
    84.403
    Пол:
    Женски
    Има такви луѓе кај кои љубовта лесно се губи. А расправија по расправија ја гасне полека. Дали често сте имале недоразбирања?
     
  13. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Само еднаш имавме една поголема расправија каде што не зборевме еден ден, откако разговаравме се се врати на старо. Се останато биле мали недоразбирања кои секој пар ги има.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.346
    Допаѓања:
    84.403
    Пол:
    Женски
    Можеби се' уште го држи разочарување или лутина и можеби ќе му помине. Можеби... Ако веќе некое време размислувал за крај па сега тоа и го кажал и направил, тогаш ти претстои период кој сите сме го поминале и колку и да е тешко и болно, на крај ќе биде добро.
     
    На CoverGirl10 и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Ако после расправијата работите се вратиле во нормала според мене он не држи лутина, туку има размислувано за прекин на врската подолго време. Изговор му е расправијата, ама како што и самиот ти рекол причината е бидејќи не те сака.
    Ќе помине со тек на време.
     
    На BlackNight, CoverGirl10, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  16. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    9.367
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ги немам точните зборови што би можеле да те утешат во моментов, ниту пак сум паметна за истото. Би кажала само остави си неколку дена да ти легне, исплачи се доколку тоа ти е потребно и пробај можеби да го прифатиш фактот дека ќе мораш да продолжиш без него. Пробај да се преокупираш со други работи, некое хоби, работа и слично. Можеби да одиш во теретана, пилатес, на почести прошетки и слично за да се “регенерираш” на некој начин. Би кажала прави го сето она што би ти правело задоволство и пред раскинувањето за да се потсетиш што си и која си и нормално да продолжиш со животот, од причина што не смее да ти застане поради една препрека.

    Не сакам да осудувам не знам колку долго сте биле заедно, ама мене ми се чини дека не ти раскинал поради само таа причина. Можеби веќе долго време се оладил и не бил сигурен како да ти каже па се фатил за тоа како изговор. Пак ќе кажам не би сакала да судам, бидејќи да раскинеш поради една караница за мене е банално.
     
    На CoverGirl10, Billy Idol, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Машки
    "Проблемот" има име и презиме и сето друго е изговор. Многумина играат на таа карта наводно да не го повредат другиот. Е сега како што многу други пишаа, нека си го окупира времето со работа, хоби, други луѓе бидејќи да седиш сам и во тишина во таков период е смрт. Ќе мине ни прва ни последна, ќе се најде друг јунак. Поздрав и со лесно и бргу да мине.
     
    На eliesaab, carangigia и Polyincognito им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    13.485
    @CoverGirl10 Според мене, нашол друга. Тоа што сте биле на далечина мислам уште толку го потврдува тоа.

    Често пати, кога ќе најдат друга, прво седат на два стола. И тек кога ќе се осигураат со другата, раскинуваат за баналност.

    Односно, и јас го делам мислењето дека само ја чекал расправијата како изговор.

    Не го зборувам ова за да те до-повредам, туку едноставно да не се разочаруваш, па да го молиш и слично. Не му го храни и така глупото его.

    Оној кој вистински сака, ги решава проблемите и не раскинува туку така. Штом не му е галје, тебе уште помалку нека ти е.

    Истовремено, премногу ми е жал што така ти направил, бидејќи знам како се чувствуваш. Вака преку ноќ, знае да биде трауматично.

    Но, дај му време на времето. Се ќе се среди, само глава горе :l:
     
    На CoverGirl10, Guns N` Roses, molikaMk и 7 други им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Вака доцна во ноќта собрав храброст да побарам совет.
    Проблемот ако можам да го наречам не е со дечко ми, туку со родителите.

    Со дечко ми сум веќе една година, и доста добро се согласуваме.
    Од него го добив сето она што не го добивав од претходните партнери а повеќе тука знаете низ што поминував со бившиот.
    Е сега околу проблемот...
    Моите се во странство и за празниците се вратија во Мкд.
    И веќе некој период инсистираат да го запознаат дечко ми, имаат некои застарени мислења околу сето тоа и јас повеќе не знам како да ги премислам и не знам како да се одбранам од нивните коментари: одите една година, викни го да го видеме, не сте малку заедно, не сте млади, бла бла бла...
    Ми наметнуваат притисок, премногу форсираат а јас се уште не сум подготвена за таков чекор.
    Не сакам блискости со фамилиите иди ми дојди ми сеуште поради некои свои причини и ставови.
    Кога сето тоа го кажувам добивам коментари во кој што го напаѓаат дека тој не сака да дојде.
    Не, воопшто не сакам форсирања и не сакам толку лесно да ми влијаат и да им исполнувам желбички само за да го исполнам нивното очекување.
    Додека за брат ми важат други работи шо имало врска кога ќе донесе девојка дома, него воопшто не го притискаат околу тоа.
    Татко ми е инает човек а тука некаде е и мајка ми.
    Со нив сум во одлични односи кои не сакам да ги расипам ама една врска не можам да имам без напнување од нивна страна.
    Знам дека ќе ми кажете дека јас така сум се поставила но тие едноставно се такви.
    По претходната врска си ветив дека следен човек што ќе го донесам дома е мојот иден сопруг.
    Сета ова тема кога ќе ја начнат, ме гуши, ме тера на плачење и секогаш завршува со расправии.
     
  20. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    Мислам дека добро постапуваш што не сакаш уште сега по дома дечко ти ..и толку блискост со фамилии .
    Денешно време веќе скоро сите кога се во врска исто ко да се верени ..сум видела некои парови уште неземени нивните фамилии толку блиски станале пред време сватови.
    Девојките по цели недели се кај дечкото дома, знам една колешка кај поранешниот дома кај нив им чистеше..леб месуваше ..што ли не ..за на крај овој да и раскине .
    Јас не сум за толку блискост со фамилијата додека да се венчаме (зборам иако сум сингл).
    Во времето на моите родители од дома не ни знаеле дали имат некој/ а или немат.
     
    На Martka, Dilajla123, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.