Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Znачи Дона...Не избрзувај со реакциите околу овој проблем, оти кажаните зборови се памтат долго и болат повеќе од рана ! Сите правиме грешки а другаркати порано или покасно ќе свати дека со него што заминала било една грешка. Никој не е светец.
    Само да знаеш ако дојде некогаш да те моли да и простиш, да и простиш.Не и да заборавиш .
    Тоа е она што не прави големи во душата , простувањето .
     
  2. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    јас сум таква личност што можам да истолерирам се и на крај за најмала ситница да избувнам. Ова не е прв пат другарка ми да ме разочара или издаде. Не за дечко општо за се. А и не само мене туку и на другите две останати другарки. И тоа не за обични за посериозни работи за кои имало и последици.

    Исто така не сум таква за некој да молам или да му се извинувам а да знам дека тој тоа свесно го направил знаејќи што може да следува понатаму. Значи ако неа доволно и значело нашето пријателтво немало да дозволи да се родат чувства туку навреме ќе прекинела. Па не сме деца таа е 20 години бре а се заљубува со некој што 2 дена интензивно си пишува на фејсбук.

    Значи спремна сум до крај да останам против нив двајца. Таа викендов излегуваше со нас а потоа продолжуваше со него во друг кафич сосема изигнорирана и отфрлена од другарите негови. Ако тоа и одговара сите да ја гледаат "настрана" и никој освен ТАА И ТОЈ да и се радуваат на нивната љубов алал да и е. Јас тоа не би го издржала.
    СЕПАК... Фала ви на сите што ме сфативте и што ме поддржавте. :) :*
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.084
    Пол:
    Женски
    И? Ова беше проблем за решавање? Ти секако си решила да го прекинеш другарството, кога знаеш веќе каква е, не гледам што беше проблемот и што всушност советуваа сите тука. Ајде небитно :)
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Уствари таа веќе си донела одлука а ние тука се отепавме од пишување и советување па и сочуство изразивме :lol: е браво бе битно дознавме што ти се дешава :D
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Еј па што, колку девојки дошле само за да се истушат овде, ќе си ги кажат маките и ги снемува. Можеби потврда и требаше на девојкава во моментот или некаде да се искаже :)
     
    На mysterious и femina90 им се допаѓа ова.
  6. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Jас во ниеден мој пост не спомнав дека сум решена да го прекинам другарството. Кажав дека ќе си останам на мојот став дека сум против и готово.
    А дека ќе останам во добри односи и дека се ќе биди како порано е за тоа малку ќе размислам
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.084
    Пол:
    Женски
    Насловов на темава не е искажете се, туку е љубовни проблеми и совети. Можела во темата испукајте се да ја исповреѓа другаркава и никому ништо. И ти Офи изгледа се поистоветуваш со проблемов па си толку фина, инаку ќе врштеше сарказам на сите страни,а и прва ќе рипнеше :)

    И Дона, не си ја мачи душата да се гледаш со неа, да се храниш со горчина. И не знам како ќе останеш другарка со неа, а ќе бидеш против неа и нејзината врска. Good luck with that.
     
    На sesilija, Gea, firequeenn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Dona просто ти се чудам на паметот.Можела да не ти каже ништо околу тоа и да си тера како знае.А таа испаднала фер и ти кажала.Се гледа дека не сака да те загуби па наога изговори да дојде кај тебе.
    И самата велиш дека не си го сакала.Кого лажеш?нас или самата себеси?да немало ке ти било сеедно и ке си била срекна за другарка ти и за него.Во овој случај ти не си другарка а не таа.И забрануваш нејзе да биде срекна.Со кое право? :!:Да бев на нејзино место по сето тоа не би ти обракала внимание.А таа сакајки да испадне добра и ти признала па и пак бунтуваш.Плус не вреди за машко да се караш со другарка.Не вреди.
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Битно е да се дружиме и љубов и сочуство да си пружиме.. :rofl: :rofl:

    малце темава отиде во офф топик ама тоа е малце да се нашалиме.:D
     
  10. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    хмм...сигурна сум дека никоја од вас не се нашла во иста ситуација како дона....но еве јас ке кажам дека се имам најдено во иста ситуација....
    како прво...!!она ако ја сметаше дона за другарка немаше ни да започне да контактира со него.....(што очигледное дека неа и е повашен тој од дона т.е од пријателството меѓу нив..!!! )
    како второ...тоа што таа отишла да и каже на дона не претставува ништоо...таа вејќе решила да биде со него...што значи дека дона неа повејќе не и треба..
    како трето...јас потполно ја подржувам дона...луѓе бе...аман од толку машки на светот она го нашла бившиот на НАЈДОБРАТА ДРУГАРКА...мислам стварно нема смисла....
    се имам најдено во иста ситуација....и единствено нешто што направив беше ги викнав двајцата т.е тие не ни знаеа за тоа....и кога дојдоа двата како гром од ведро небо да ги удри кога ме видоа ... и само им реков со среќа да ви е ... се најубаво... фала ви за се...и неа и реков само од утре ние не се познаваме..и си заминав...таа почна да трча по мене да се извинува ..касное само тоа му реков и си заминав....
    значи дона потоплно те подржувам за што и да одлучиш да направиш...па луѓе колку и да немало љубов меѓу нив...пак дона осејќа некоја лутина во неа....другарка ејјј со бивши...од толку машки она само него го најде...ма ајде молимте.....другаркаму е таа што прва покажала дека не и е важно другарството...а не дона со нејзината лутина...!!! дона срцка само строгоо :* :*
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Devojka.19

    Devojka.19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Прва Работа... Јас сум Една од другарките на Дона и многу добро сум запозната со ситоацијава...Луѓе дај малку бидете присебни и со здрав разум гледајте ги работиве...Да се надоврзам на предходниот коментар Зар од толку луѓе на планетава таа мораше да го одбери баш него?? Дечкото за кого знаеше во какви односи е со нејзината најдобра другарка и што буквално киснеше со неа за да си прераскажат како си поминале?? Па стварно треба да си надвор од умот да помислиш на такво нешто...Ни јас што сум нон стоп до неа не можам да и дадам најдобар совет затоа што не сум се почувствувала како неа а камоли да оправдам вакво нешто... И дај ве молам,каква ЉУБОВ може да се роди за 3 дена од само чатување и праќање на песни од типот Rich Girl i Man down??? ЉУБОВТА според мене е силно чувство што може да се каже дека се чувствува тек по некое време а не 3 дена!?! Зарем да си дозволи да се заљуби во човек за кого ЗНАЕ дека имаја многу ноќи и денови поминати заедно со нејзината најдобра другарка! А што ако таа нејзина ФАМОЗНА ЉУБОВ трае само недела до две,па и нека е месец??? КАј одиме подоцна?? Со кое лице ќе излезе пред неа за да дојди со приказна ТОЛКУ ОД ЉУБОВТА НАША САКАМ ДА БИДИМЕ ДРУГАРКИ КАКО ПОРАНО!!! Размислете правилно и со трезна глава а не да пишувате онака на ќоро!! Благодарам!
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Повторно шпанска сапуница |(
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Сум била во таква ситуација како прво!
    Со дечкото се плеткавме цела година па потоа одевме неколку месеци, значи и дечко ми беше, не само мувач кон кој сум немала чувства, како Дона.
    Сега сфаќам дека немало од моја страна голема љубов, ама тогаш во тоа време мислев дека сум заљубена. Како и да е, се разделивме поради сосема други причини, секој на своја страна со љубовта, но останавме добри пријатели.
    По некое време другарка моја, што се дружеше многу со нас, ми кажува дека и се свиѓа и дека планира да го бркне...И погоди што, малку чудно ми падна, знаев дека ако бидат заедно ќе биде малку чудна ситуација ама бидејќи не го сакав, нашето беше завршено, ништо не и реков. Која сум јас да и кажувам, поготово за некој што не сум го сакала баш? Можеби тој и е среќата, која сум јас да ги попречувам?
    Ништо не бидна со нив, ама јас битно не испаднав посесивна, егоцентрична и љубоморна типка.
    И да потенцирам- сфаќам ако си го сакала или уште го сакаш, ама вака не.
     
  14. Stefik

    Stefik Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Здраво, ми треба совет или помош што да направам за "проблем" кој трае веќе 4 години. Ќе ви кажам накратко што се има случувано за тој период. Со него сум од 2 година средно па се до сега кога сум 2 година на факултет. Немавме некоја официјална врска но се муваме од тогаш па се до сега... Во меѓувреме тој излегуваше со повеќе девојчиња но со никоја нема останато толку долго.До пред некое време не ми сметаше тоа ама сега последниве неколку месеци кога не сум веќе на факултет и сме постојано заедно почна ептен да ме нервира.Со него почнав колку само да ми помине времето ( не викам дека немав некои чувства за него) и така беше бевме и другари и се остало. Ама ете сега овие неколку месеци постојано мислам на него нон стоп се слушаме на телефон, излегуваме секој ден, бевме на одмор заедно...проблемот е што и после толку време некако немам храброст да го прашам на што сме, не дека ми досадило мувањето ама веќе 4 години не се малце време да си со некој... Кога сме заедно помислувам да го прашам но се плашам да не се го изгубам...
    Ве молам за помош и мислење...
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ало бре!
    Вие се зачленивте нешто да не убедувате или да ширите морал на форумов????
    Или слушнавте за легализација, па чекај ќе вадам имотен лист да докажам дека бившиот мувач само јас го поседувам и никој друг?
    Епа ај ако не и група за подршка на фејсбук направете |(
    Ова е форум и понекогаш ќе налетате и на критика, секој си го кажува своето мислење, а никој не е компетентен да суди,дали мислењето е трезвено или ќоро.
     
    На sesilija, mims-89 и EleMental им се допаѓа ова.
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Модератори, знам дека не ми е местото да коментирам вака, ама би ве замолил да интервенирате и да спречите понатамошни коментари за Донна психо. Почнаа и профили да прават само за да ни докажуваат некои работи. Ние се полниме нотификации на мејл, доаѓаме тука, и нема нова феминка што бара совет, туку само за истиот проблем тупат.

    Тенк ју
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Луѓе .... Дајте веќе ова нема никаква смисла |(

    Доволно беше што за џабе пишувавме и се замаравме мене искрено ми е криво што одвоив минута и напишав 2-3 реченици а камоли остнатите кои пишаа реферати со цел да помогнат !
    Ако пишала тука треба да очекува и совет и критика и мислење и се а не само тапашање по рамо кое очигледно не го доби па тоа не и одговараше .

    Што се однесува до другарката која се зачленила само за да пружи подршка :tmi: |( немој да мислиш дека некој тука вечерва не спиел зошто другарка ти имала проблем ... Се потрудивме , најдобронамерно ама очигледно за ремет е работава ... Бидете љубезни и бек офф од темава на оваа тема ... Доволно време отиде попусто

    Балгодарам ...
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Сум се нашла во многу слична ситуација, само што не дозволив периодот да се развлече толку долго.
    4 години се навистина многу.

    Еве што е јасно:
    Ти имаш некакви чувства кон типот. Можеби се вљубеност, а можеби и Љубов, но не сакаш да си признаеш, ниту да кажеш на глас, затоа што се плашиш. А можеби и си изненадена како се развиле тие чувства бидејќи напомена дека се' започнало колку да си пополниш време.

    Јасно е и дека дечкото не е рамнодушен. Штом толку долго се вртка околу тебе и пред се' велиш дека сте другари, значи дека му се допаѓаш и сака да го поминува времето со тебе.

    Но, повеќе не ти е доволно.

    Советот мој е - следниот пат кога ќе сте заедно да го прашаш.
    Да не се мислиш повеќе ако ти значи навистина, собери храброст и прашај на што сте.
    Уште еден многу ПОВАЖЕН СОВЕТ - не глуми дека не ти значи дечкото ништо. Демек, јас сакам само да знам, а ладнокрвна сум, само да видам он на што е, па после ако сака врска, и јас ќе му признаам.
    Не, не играј така.

    Ние на што сме? Зашто ти ми значиш, не сакам да те изгубам, ниту да те делам повеќе со други.

    И толку.

    Биди си искрена и за возврат ќе бидат искрени со тебе.
    Ако сака врска, ќе си каже.
    Ако не му одговара тоа - ќе рече дека не сака да се менуваат работите. Дека му одговара сегашната ситуација.
    Барем ќе знаеш на што си. Тогаш ќе се решиш - дали ќе останеш или ќе го баталиш.
    Барем нема секој ден да се прашуваш што си мисли и што ќе беше ако направев вака, или онака...
    Ќе си знаеш.

    Јас исто долго се мислев за мојот сегашен дечко, додека еден ден не ми прекипе и изјавив желба за меѓусебна посветеност, т.е. за врска.
    Подоцна ми призна дека помислил уште од почеток на истото, ама му било страв и срам, затоа што не знаел како ќе реагирам.
    Мислел дека ЈАС не сакам врска, ниту етикети.

    Ете така.
    Со среќа. :)
     
    На Mayyya и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сега почна да те нервира бидејќи после 4 години тој сеуште те третира како мувачица и фура паралелни средби со други девојки?

    Па ти си му ја дала таа слобда уште на почетокот, и дечкото си ужива во околности во кои има една сигурна - тебе, и потенцијални авантури на страна. Го живее сонот на големото мнозинство машки и што очекуваш да ти каже? Не срце, сакам само со тебе да бидам?. Очекуваш машко сам да си ги скрати крилјата? Многу се малку типците што би го направиле тоа, а барем според твојот опис, дотичниот не ми остава таков впечаток.

    И уште нешто. Погоре пишуваш дека со чувства си го започнала мувачкиот процес, што значи дека 4 години си истрпела да гледаш дечкото што го сакаш се повеќе, како иде со други девојки. Абе ти си имала алигаторска кожа штом си издржала такви убоди.

    Еве едно прашање за основна интелигенција: мислиш ли дека во тие 4 години паднал и секс со неговите мувачици? А ти тука се тешиш дека со тебе останал најмногу. Шо си ти во хороскоп? ОВЦА?

    Совет: ЕДНОСТАВНО ПРАШАЈ ГО! Кажи му РАЗМИСЛУВАВ И ДА ТИ КАЖАМ ДЕКА САКАМ СЕРИОЗНА ВРСКА, САМО ЈАС И ТИ ДА БИДЕМЕ. ЗАЕДНО СМЕ 4 ГОДИНИ И ОЧЕКУВАМ ОДГОВОР ВЕДНАШ!! Во никој случај не му дозволувај да се извлече со АМА МИ ТРЕБА ВРЕМЕ ДА РАЗМИСЛАМ. Ромео имал 4 години да размисли.

    п.с. Пиши што биднало, не ни исчезнувај како што исчезнува мнозинството. Да знаеме дали реферативе имале ефект или треба да пуштаме донации да си купиш вкус за машки и карактер за во врски, за во иднина да не ти се повтори истото.

    Поз, секое добро од мене
     
    На sesilija, Phyramide, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. marina11

    marina11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Другарка или љубовта

    Здраво!!!
    Овој ми е нов профил на оној стариот си заборавив пасворд па сега сум во голема мака и неможам да го враќам стариот па направив нов.
    Ми треба совет од вас за мојот проблем. Имав еден другар го запознав преку интернет скопро 3 години бевме како најдобри другари, за тие три години додека траеше нашето другарство јас го засакав, но тој имаше другарка која ми беше пријателка не баш толку блиска но доволно да го уништи моето другарство спрема него. Таа секојдневно ме напаѓаше пред него измислување секакви работи само за да не раздели но тој бидејќи беше близок со неа замина да биде од нејзина страна. Се скаравме и по еден месец му се јавив се извинив доколку сум му згрешила нешто за да ми прости, тој не сакше да ми каже зошто преку ноќ престана да комуницира со мене и реши пак да биде по старо да продолжи со другарството и да заборавам на тоа што били како ништо да не се случило, но напаѓањата и лагите на неговата другарка не престанаа по една година тој пак истото, сега веќе помина 6 месеци а ние сме како странци кога ќе се видеме бегаме еден од друг а причината не ја знам, барам совет од вас дали пак да му се јавам да го прашам дали има некој проблем за да не живеам во надеж дека можеби еден ден ќе свати дека ништо не сум му направила и дека не ми смета што има и други другарки освен мене или да чекам таа другарка да го уништи и самиот да свати дека никоја нема да го сака како мене. :( Однапред ќе ви бидам благодарна за советите што ќе ми ги дадете, верувајте многу ми значи не мошам да го заборавам никогаш. Поздрав.