@bicycle не моеш ти да ги смениш возрасни луѓе со свој карактер, какви и да се родители ти се сепак, си ги знаеш и си ги имаш прифатено. Сигурно сто пати си разговарала за ова и викаш на крај со расправии завршува разговорот затоа ќе мораш да ги игнорираш колку моеш. Нема друго, некои луѓе не сакаат да разберат, они си имаат зацртано нешто и толку е, никако неќат да слушнат за друго, си тераат како што мислат дека според нив треба. Да ги убедиш не верувам да може, само да не се замараш, остај ги, нека зборат. Коа ќе почнат да ја отвараат темата ти затвори ја и смени тема, дај им до знаење дека не ти се праи муабет за тоа. Да прекинат нема шанси, у прва прилика пак сигурно ќе ти спомнат но ти пак понашај се као да не те допираат нивните зборови мораш така. Се надевам не ти досадуваат 24/7 и само за тоа да напињаат, тоа веќе ужасно е и стварно голем проблем. Ако е така тогаш ќе мораш малку подруго да се поставиш спрема нив и поостро да изреагираш. Никој не е должен да трпи притисок и гњавење.
А си пробала вака да им го кажеш- сеуште не сум сигурна дека е вистинскиот, сеуште нема потреба од запознавање. Дали со тоа што напнуваат да го видат ти прават притисок да се мажиш? Што им менува тоа побогу, дали ќе го видат или не, дали ќе се мажиш или не. Непотребни притисоци и туркање кон избрзани одлуки.
@bicycle тешко е, али ти си таа која мора да им каже на родителите кои се црвените линии. И да, ќе се налутат ама ќе им мине, ќерка си им, мораш да бидеш силна. Уздите на твојот живот се во твои раце, ти си таа која кажува кога и како не тие. Така да, настапи цврсто на земја и кажи кој е главен и немој да си попуштила. За кратко тие ќе почнат да покажуваат поголема почит кон тоа што правиш и велиш и тајничко ќе гаат годост дека ќерка им знае да "тропне" на маса и да каже кој е главен.
Ќе пробам денес јас да ја начнам темата и да им кажам се што имам притоа да ги искористам зборовите од @Biljarkata па да видам што ќе биде. Утрово разговарав околу тоа индиректно со мајка ми, малку мрчеше. Ќе ве известсм пак.
Најбитно е да сфатиш зошто те напнуваат, за да знаеш како да се поставиш. Моите родители сакале да запознаат дечко, за да видат дали ќе му најдат мана и да ме тераат да му раскинам оти не бил за мене. На првиот не му најдоа мана ама мене не ми беше погоден, на вториот истите мани му ги најдоа, што и јас ги увидов подоцна. Ама никогаш не обесувале, ајде мажи се побрзо, ајде не си мала. Мислам многу глупи грешки и трагедии се дешаваат од тоа напнување на родители да некој се омажи/ожени, као помалку гајле ќе му берат или помалку време/енергија ќе им троши во животот ако е во брак? И такви случаи сум видела, ама никогаш не сум ги разбрала, ниту мотивите на едните, ниту потчинувањето на тие мотиви на другите. Фала богу, доволно си возрасна да живееш сама, доволно си возрасна и да процениш, кога е време за кој чекор во животот. Се надевам родителите ќе имаат капацитет да те разберат. Со среќа.
Со дечко ми еднаш сме спомнале запознавања и слично и двајцата сме согласни дека не сакаме и не сме спремни за тој чекор уште. Тој е повлечен, ќутлив и мирен човек, не велам дека нема маани, кој ги нема? И не сакам уште сега да му правам незгодни моменти баш поради тоа што нема да биде опуштен вска набрзински да му споменам а и тие блискости иди ми дојди ми.. Моите сакаат да видат каков човек е, кој и што е, стандард упознавање. Научив од грешките од минатото и тоа е едно од нештата што ќе им ги напоменам. На крајот ако не прифатат, да сме живи и здрави. Ќе најдам начин, само ете сакав мислења. 5-6 глави размислуваат подобро од една. Фала.
Здраво на сите, малку е чудно прашањето ама искрен одговор само сакам… дали би ви сметало родителите на партнерот да се “понемоќни” од вашите? Во смисла финансиски? Пример родителите на дечкото се добро ситуирани, добру позиции, факултетски образовани, а на девојката се обични, работат по фабрики и.т.н.? Ама искрено,јас мислам дека цело време од кај дечкото ќе викаат дека им доликува некоја од подобро семејство… можда грешам ама тоа е мое мислење, значи зборуваме за честа работа сепак, не со кражби, нелегални ствари, скромни ама чесни луѓе… Можи ми е само комплекс, не знам…
И мене ме гњават со тој притисок за дечко ... пред некој ден другарка на сестра ми ја прашала за мене ...А сестрата ти имала ли е воопшто дечко некогаш....јас разбирам македонска работа да се брка носот секогаш кај шо не треба..и секогаш туѓо гајле берат. Пак се скараав дома на 30 г.сум одила ..25 не биле малку. Гледам шо побрзо да најдам работа и да завршам еден испит....тука се гушам ..
Не е важно тоа, зависи од фамилија до фамилија, некои семејства на дечкото па не сакаат семејството на девојката да е финансиски помоќно од нивното.
А ти не ли имаш уста да кажеш чил у камено доба со ова модерно време не е исто. Ако ти е по лесно ќе најдам некој што ќе ме користи и малтретира може? Спушти им, каков е тој родител на сопствено дете свои бубачки да му фрлаш.
Тука е битен односот меѓу машкото и женското. Ако двајца се сакаат, а пред сè се почитуваат меѓусебно не гледам зошто ова би влијаело. Многу е побитно како партнерот те доживува тебе, зашто ако нешто му префрлат тој треба да си го изнесе ставот. Од тоа како тој ќе се постави со нив зависат многу работи. Нема зошто да си го доживуваш како комплекс прашањево.
Не би ми сметало ништо од родителите, пошто ниту ги дејтам ниту ќе живеам со нив. Ако треба да живеам со нив, се би ми сметало, и помоќни, и понемоќни, стално ќе има рчки за наоѓање. Наоѓање партнер од ,,соодветно семејство,, ми звучи многу кастински. Ма и утописки. Стално едните ќе бидат финансиски помоќни од другите, и тоа не би требало да има никаква врска со врска и брак, јер двајца влегуваат во тоа, не две фамилии.
Искрено, гајле ми е. Нека се живи и здрави да не ми се секира девојката другото не ми е битно. Што работеле, како работеле, дали ме сакале или не, нека ме сака таа доволно е. Со неа ќе спијам, јадам, шетам и градам иднина, не со нив, нека ја сакаат нејзе, мене не мора, додуша подобро би се чувствувала таа, али за мене не е крај на свет, си имам родители, да ме сакаат и почитуваат.
Мислам дека е комплекс, секогаш кога сум имала контакт на свиѓање со некој кој што е финансински по моќен(фамилијарно по богати да речам) од мене( моите) сум имала мислење дека не му доликувам, и дека не сум негова "класа" Дека неговите нема да прифатат, да им се свиѓа тоа, дека ке ме гледаат попреку.. уште си имам такво мислење.. overthinking
Не очекувам со идниот партнер да сум сијамски близнак. Сакам да има работа, стабилност, исто така и јас и најмногу што мразам е мешање во нечија обврска. Ако јас сум останала и дискутирала за некои проекти со колеги, пријатели незнам каква врска има и мојот партнер со тоа и обратно.
На пример си идиш дома си разговараш како ти помина денот и што си правела, ваљда ќе му кажиш дека правите проект и ете си комуницирала со колеги итн?