Секако ако праша и ако го интересира мојата работа или проектот воопшто. Да не биди шо праеше бе денес? Оти бе закасна немаш саат на рака аха шо збораше со него итд..
Па можеш на пример да го известиш дека ќе доцниш, дека ќе одиш на кафе, ручек итн. итн. Некои работи толку просто се решаваат денес, и онака ни се телефоните 24/7 во рака.
Ви благодарам на сите за одвоеното време и советите. Ова дека имал друга ми е најневеројатна варијанта. Типот си имаше психички проблеми чиј удел во врската и прекинувањето јас го потценив на почетокот. Не го молам, не сум го контактирала, ниту пак тој мене. Не можам да излезам од дома а да не плачам, ги срамам сите од друштво. Не можам да престанам да мислам на него, да се опседнувам со причините заради кои ми раскинал. Не можам да отворам camera roll на телефон, да не ги видам сликите случајно. Секоја мала ситница дома, од украс до облека, ме потсетува на него. Секоја песна во телефон. Ми ги уништи омилените албуми, книги и активности. Имам големо искушение да се враќам на стари пораки и да се преправам барем за момент дека се' е по старо. Умот ми оди на места кои ме плашат. Најтажното е што следат празници, што ми е и онака тежок период. Ќе има повеќе седење дома и можности за размислување и прогонување и себеобвнинување. Не можам да заспијам навечер без седативи, чаеви, мелатонин. Прва и последна помисла ми е во денот. Си терам со обврските зашто морам, но секогаш го мислам во позадина. Извинете за rant-ов, морав да се искажам.
Колку години имаш? Скроз е нормално вака да се осеќаш некој одреден период ама гледај шо побрзо тој период да заврши. Што е твое ќе си дојди, ако не бил дечкото за тебе не бил, ќе биди друг. Не е болка за умирање.
Незнам колку време сте биле заедно и на која далечина, меѓутоа врска на далечина е тешко да се оддржува особено ако барем едниот нема повеќе услови за тоа и секако ако има заеднички планови за после некое време заедно да живеете. Иди -дојди без план ми е гледање и поминување убаво време заедно, а не врска. Мислам дека тебе ти фали сликата што си си ја направила за него или он ти ја направил, а по ова што прочитав дека се опседнуваш значи дека си overthinker што значи ти убаво си си го смислила животот и сега си разочарана што е нормално. Ќе помине за некое време, гледај си се себе си, излегувај, дружи се, пешачи, спортувај, само не седи дома. Зошто седење дома е = на депресија. П.с Ќе се смееш за некоја година на ова.
Јас бев таа со повеќе услови зашто типот немаше работа, нема да ми верувате ако ви кажам колку пари потрошив на него. Кога беше негов ред да вложи и дојде тука - ме остави. Инаку имавме планови за во иднина, дури и ми кажа каков прстен ќе ми купи. Не можам да си простам себеси што вака ми врати за целата љубов, поддршка, енергија, време и пари. Не ми се станува од кревет но се форсирам да продолжам со спортовите, хобијата, работа, учење и се' по ред. Епа тоа е уште поголем проблем зошто ти си се вложила премногу и време и енергија и пари и сега неможеш да веруваш дека е за џабе било се. Земи еден лист и напиши што си се направила ти за него и што е се направил тој за тебе. Кога ќе сфатиш дека твојата листа е поголема тогаш ќе разбереш дека не вреди и дека ти се фаќаш за тоа ти што си правела и колку си се вложила. Мажот е тој што треба да е маж, размисли и дали ти треба некој тип кој што нема работа.
Изгледа ти си била единствена што си вложувала во врската. Ти си вложувала време, пари и емоции. Претпоставувам дека само ти си одела во неговиот град. (трошкови за пат и некои ситници ако пазариш....) Он бил само на зборови. Времето лечи се. Ако не е тајна колку време бевте заедно?
Бевме заедно 10 месеци. Знам дека in the grand scheme of things не е голем период и сите тоа ми го кажуваат, ама не ми е утеха. Бев приврзана за него и стварно мислев дека овој е мојот човек кој ќе ме заштити од се' а тој излезе најголемо разочарување. Единствена утеха ми е дека некогаш ќе го стигне кармата. Инаку да, одев во град близу до неговиот и надвор од неговата држава, јас секогаш го плаќав смештајот, илјадници долари се во прашање.
Сум поминала тоа али на крај сватив ако те сака ќе биди со тебе макар и да има мала расправија... поминаа години кај мене и до ден денес не се бараме више ниту се гледаме од негде ради далечината Затоа ти кажувам да не го бараш више затоа што тој си одбра да те остави и веќе не те сака ...
Жал ми е што си поминала низ истото. Никако барање, претпоставувам дека ќе ми пише скоро зашто треба некои работи да ми врати по пошта, ама освен тоа нема да има комуникација.
Може да те прашам зошто не одеше кај него туку во град близу него? Од многу разговори со мажи само ќе ти кажам дека ниту еден маж не цени жена за која не се потрудил, не дал, не купил нешто,не излегол од комфорот за неа. На тацна дадени работи никој не ги цени. Брутално искрено тој е некој јак филмаџија, нарцис и ти правел јак love bombing за да добие што сака, а не те сакал, јер маж што сака жена никогаш нема да дозволи таа да си плати ниту па да оди км за него, а вака сигурно нема да заврши. Sorry, продужи даље
Роден е и живее во мојата омилена држава (уште еден непребол - ми ги уништи сите позитивни спомени кои ги имав во неа) и одев во град близу неговиот зашто тој ми е омилен град на светов (или беше), кој го имав посетено многу пати уште пред да го запознам него. А имаме патувано и надвор од државава, и тој смештај го плаќав. Се чувствувам искористено, шутнато, безвредно. Ако дадов се' од себе, го сакав at his lowest, ги вложив сите можни ресурси и пак не беше доволно, што кажува тоа за мене?
@CoverGirl10 И самата си кажа, тој поседува психопатски особини. На кратко, многу психопати се notorious по ваквите нагли раскинувања од неколку причини. Штом не е друга во прашање, тоа може едноставно да го направи бидејќи не сака да те гледа среќна. Односно, знае што сакаш и баш тоа нема да ти го даде. Да те истрауматизира за негова забава. Друга причина може да биде дека повеќе не можел да лаже. Како што велиш и самата, дошло ред сега тој да се потруди за тебе, а немал намера, па ти раскинал. Тоа е дел од техниката future faking. Ти ветувал прстени, брда и долини за да во моментот добро те искористи. Тие се познати по тоа што ги искористуваат луѓето за се. Не е до тебе, не си ти причината, со било која истото ќе го направел. Нема зошто да си бараш вина во себе. Мој совет е: Избриши ги сите слики и пораки. Воедно блокирај го од секаде, со се бројот. Болно е многу на почетокот, но ако не го сториш може само тагата да си ја продолжиш со години, а не вреди. Воедно, побарај и психолошка помош. А и не ги одбивај поканите за дружби од најблиските. Се ќе надминеш, само дај му време на времето
Прашањево беше дали не те покани кај него никогаш или зошто не отиде? Кажи фала што си се спасила од таков, посети си психолог и не се затварај дома. Не ти треба контакт никаков и не ти треба ништо да ти даде како би се уплетила пак во мрежата со него. Верувај никој не е вреден да изгубиш време и да тагуваш по невозвратена љубов...
Никогаш не ме покани да престојувам кај него, во неговиот град. Живееше со мајка му, таа знаеше за мене но не ми спомна да не' запознае. Еднаш бев во неговиот стан додека таа беше на работа за овој да земе алишта. Не се сеќавам дали споменав, ама како една од причините за раскинување наведе дека после таа расправија, ме гледал само како пријателка. Нема да ви се верува ако ви раскажам дека тој период додека типов имал сомнежи после кавгава ми дозволи пак да го посетам кај него во град (јас бев во друг град, работев на проект). Поминавме цел ден заедно, се смеевме многу, ме прашуваше кои ми се омилени моменти со него, се' беше нормално, и на крај ми избега автобусот за назад. Не ни понуди да преспијам кај нив, јас морав хотел да платам. Понуди да плати пола ама веќе ми беше смачено и одбив. Таа вечер остана со мене, спиеше со мене, ме искористи до последно. Неколку дена по ова се видовме за последен пат кога ми заврши проектот и јас си одев, а три дена откако се вратив ми раскина. Дали горенаведениве постапки се постапки на некој кој те гледа само како пријателка? Ме исцица до последно. Се' уште мислам дека поминува низ една од неговите епизоди, мислам дека еден ден ќе се кае, but the damage is done.
Wooow ја би се размислила дали воопшто е вреден за дискусија таков човек. Си имала многу red flags ама си премижувала, сега дошло време кога ќе треба да прогледаш. Ке пројде за побрзо од што мислиш, а дали ќе се кае тоа не треба да те интересира зошто ти се каеш што си била со таков човек.