Додека мајка му не покажа интерес да ме запознае, не веруваше дека Македонија е вистинска земја и му даваше snarky коментари од типот „браво за тебе“ кога ќе и' кажеше дека доаѓам, мајка ми му испрати милион поклони од тука. Исто и јас, кога шетав низ различни земји, во кој град и да одев, му купував по нешто, макар и ситница. Колку и да не вреди, ме уништи психички комплетно. Не знам како после ова би верувала во некое друго машко. Мислиш дека се' е во ред и оп, те остава и те кажува не те сакам повеќе.
Искористена си и емотивно и финансиски и во секој поглед од гадов. Овој знаел што правел не го оправдувај со неговите психички проблеми. Овој има психички проблем да, нарушување нарцизоидност тоа сигурно. Жал ми е и знам дека ти е тешко мн, но мора да бидеш јака.
Вака многу пати некоја кога ќе пише за раскинување и како што повеќе објаснува во секој нареден коментар, повеќе излегува на виделина колку само врската имала недостатоци и маани и била осудена на пропаст. И колку само не треба да им биде жал, затоа што партнерот бил за никаде, далеку од нивниот идеален. @CoverGirl10 боли затоа што го сакаш, ама човеков ти направил услуга што се тргнал од тебе. Добро за тебе, ќе најдеш некој што ќе те сака и ќе вложува во врската со тебе, овој само гледал да искористи. За таков не се тагува.
Снашке тој да имал чувства ќе ти го бапнел прстенот после толку напори дадени од тебе за да му докажеш колку го сакаш и му значиш. Но тој не ти реагирал на ништо дефинитивно си му потполнувала време само ... Мора да отвараш нов "албум со сликички со некој шо ке вреднува тоа нешто што го правиш за некого" Сите у животот имаме подеми и падежи на било кое поле ама дека до толку треба да се ломиш....
@CoverGirl10 си направила повеќе отколку што треба за лик што не заслужил и биди среќна што е завршено. Ова нека ти биде лекција во иднина, да вложуваш исто колку што вложува партнерот. Глава горе, ќе биде се во ред.
Верувај, да е до мене, веднаш би го заборавила и би престанала да патам. Најмалку што сакам е да ми го уништува и психичкото и физичкото здравје, како што кажав, не можам да заспијам без комбинација од седативи и милион глупости на природна база. Шок ми беше, уште сум во denial фаза, свежо е. Се надевам дека ова е привремено зашто не знам како ќе издржам.
Типов те има гледано како играчка за секс и успат и банкомат. За жал, тоа е вистината. Знам оти мои другари така имаат правено на девојки. Едноставно не се замарај повеќе со него. Не вреди.
Ти благодарам Јас, кловнот, бев убедена дека ќе ми врати догодина, кога ќе се вработи. Ми го кажа тоа милион пати. Дека тогаш ќе ми се испрати влогот. Ама, ете, тоа не било опција.
Секогаш се ставај себе прва, макар последен да е на свет. Биди себична ако треба. Бори се за човек што заслужува, и што ќе има фидбек. Дела, а не зборови. Сега не се навраќај, тагувај, олесни си, но немој предолго, бидејќи не заслужува.
@CoverGirl10 Ова е памет за друг пат, за машко не треба да се трудиш повеќе одколку он се труди за тебе. Имав дечко од друг град, еднаш не му отидов, само он идеше и се осетив лошо пошо не му идев, после раскин дознав што и како лажел и не бев heartbroken затоа што барем ниту денар не фрлив на него. Понекад подобро размислете дали вреди, 9 пати од 10 не вреди да се трудиш за машко. Они се ловците по природа.
Ви благодарам на сите за одговорите. Благодарам и на девојките кои ми пишаа лична порака и го споделија сопственото искуство со мене. Сакам да ги замолам машките членови кои ми пишаа да не ја искористуваат приликава и да ме прашуваат за лични податоци од типот години, Инстаграм, место на живеење и слично. И да немате лоши намери, не изгледа добро, како да ви кажам. Не можев да издржам, ми се плачеше до крај и читав стари пораки. Ќе ме прогонува засекогаш прашањето дали нешто од ова било вистинско.
Да ве прашам сите за мислење затоа што не знам како да ја избегнам ситуацијава. Искочив со дечко, се беше океј ама одеднаш изгубив интерес и немам време да пишувам толку често со него, сува сум како Сахара. Арно ама човеков веќе ми купил подарок онака од ќеиф, иако само еднаш се имаме видено. Прифаќам подароци ама работата е што он не ми се свиѓа више, а ниту подарокот. Како би постапиле вие? Неќам да го прифатам ама неќам ни да му кажам еј неќам ништо со тебе, чао.. Глупо е.
Ако си сигурна во ова, јас би ти рекла да бидеш директна и да му кажеш како стојат работите додека е свежо.
Што е глупото не разбирам. Нема хемија, нема интерес, подарокот е најмалку битен. Ваљда секое човечко битие има право да донесе одлука дали нешто сака или не, па така и ти. Ваљда може и културно не да се каже.
Онака од ќеиф после прво видување мажите не купуваат подарок. Може да те однесе на вечера/ ручек ама подарок од небо не е за џабе. Имаш право да кажеш не и воопшто не е глупо.
Многу причини може да се... Може видел дека се повлекуваш ,па сака да ти го задржи вниманието, за секс, за врска, за да има некој покрај него, може си му се допаднала Многу... тоа ти само можеш да знаеш што е и во кој правец се движело вашето дружење. По мене е too much нападно и одбивно подарок на втор состанок, ми испраќа сигнал дека има скриени и нечисти намери.
@Curious cat знам дека е многу незгодна ситуација. Пошто been there done that, другарки можат да потврдат колку работи сум мерела за да не повредам некој пред да сеќам за да не е безосетно. А вистината е, поќе ќе е повреден ако продолжиш и го лажиш за тоа што (не) осеќаш. Незгодно е, ама помалку боли рано и набрзинка.