Неколкугодишни врски и цели бракови се растураат а ти за едно мување му се мислиш. Стави крај на комуникацијата, никако не е за тебе тој човек, никаква добра и сериозна намера нема спрема тебе. Од лично искуство ти кажувам дека маж што сака да биде со тебе и планини со голи раце ќе помести. Тој што не сака максимум сигналчиња ќе праќа.
Прво порасни. Па после барај друг. Ти кажал отворено дека нема да биде ништо сериозно, кога ти рекол па ќе се слушаме кога ти сакаш, ама па не сака на отворени места. Девојче не си тепај време. И да нема девојка/жена, не сака човекот обврски и да се врзува. Едноставно е, не си тепај време
Јас бев убедена дека на ова вратив. Ама можи само ментална белешка напрајв. Дали е женет или не во моментов е нерелевантно. Очигледно не е заинтересиран. Од таму не го барај, и кога евентуално ќе те побара - не реагирај. Една недела после лапање некој ич да неќи нигде да ме контактира, нема да ме види жива, исто ако е ладен кон мене и враќа ради ред. Исто така нема шо да ти признај или ти сега да кажиш дека сакаш сериозна врска. Тој не е заинтересиран. Дури и сингл да е, и да нема жена, сеуште не е заинтересиран. И нема шо ти да збораш со него за то дали има жена и дали сакаш врска кога то нема да резонира со него. It's giving desperate.
99-та си, тие што се 93/94 се 5-6 години поголеми од тебе и бумери ги нарекуваш. Ами замисли овие од 2003/2004 како гледаат на тебе, не знам смешно е малку.
Значи, јас сум баба овде @fatalna_plava убаво ти кажал дека не сака ништо сериозно со тебе. Не мора да значи дека е женет. Можеби не сака сериозна врска. Млада си. Ќе си најдеш друг.
Девојки се соочувам со еден проблем. Моментално сум подолгo време кај мојот дечко дома (ради далечина одлучивме да седам тука кај него малку повеќе да бидеме заедно), викендов дојде неговото дете (што тоа не претставуваше проблем за мене) буквално и денот пред да дојдe и од како дојде, човекот го смени односот кон мене, ниту да ми посвети внимание, да ме прегрни, да ме бакне, апсолутно ништо дури и јас спијам во друга соба, апсолутно нема никаква блискост со мене не сака ниту муабет да седи да прави со мене, ништо. Не знам веќе што да правам..
Може му е нова ситуација не знае како да се однесува. Може си мисли да не се осети детето запоставено или му е непријатнод а ве гледа така... Разговарај си со него.
Не можам да разговарам, повишува тон, само се расправа со мене, вика што љубоморна да не си му на детето..
Па одговорот ти е во ова. Кога ќе има време че ти се јави, поточно можеби кога че му се здодаси па да смени да проба нешто друго нема врска тоа до сликите, пример јас слика на социјална мрежа немам ставено 2 години. Privacy matters
Јас би си заминала, најискрено. Јес да е детето таму ама и ти си дојдена на гости или пак да те вклучи во дружбите со неговиот син. За колкаво дете станува збор?
6 години. Јас излегувам со нив ама како да не постојам.. Дури и вчера ми рече кога си таква (као демек за се наоѓаш маани) ќе ти земам карта и оди си
Јас би си отишла, најсериозно. Да, дете му е, ама треба да ти посвети и тебе внимание. Ако не може еднакво, бар да те поканил кога детето немало да биде таму. Вака ми изгледа на сила. Нема ни да чекам да ми купи карта, сама ќе си купам. По кажувањата, не знае ни да води сериозен и смирен разговор. Know your worth.
Замини си бе, шо се замараш. Кај го трпиш и го прифаќаш со дете од друг брак па уште и на глава ти се качува. Млада си, прочитав 26 години имаш, слободна, животот е пред тебе. Не си го троши времето со некој ваков.
Me interesira sto e rabota so zenetive mazulinja sto se vo podem i sto pisuvaat vo poraka i prakaat ponudi za prijatelstvo, zasleduvaat i lajkaat sve. Pa koga ke mu go otvoris profilot zaedna slika so zenata, citati za ljubav sve i svasta
Тоа што ти рекол замини си мене би ми било the last straw, се пакувам и без око да ми трепни си одам. Детето е најбитно да, ама понашањево спрема тебе што му се сменило од нигден никаде ми е црвено знаменце. И не ми се верува дека е само ради детето понашањето, тука нешто друго смрди, па тоа му е како изговор. Млада си, на 26 можеш да си најдеш многу подобар од овој, и без разлика и да има дете или не, ќе те цени и тебе исто како и детенцето.
Кога имаш дечко со дете, треба да знаеш дека вакви работи треба да очекуваш. На него детето секогаш ќе му биде на прво место. Треба да ти посвети внимание, ама очигледно не сака. Ако еден ден се земете, ќе имате посериозни проблеми. Нема да смееш А да му речеш на детето.
Ја поканил, отишла, му иде детето на гости и се однесува лошо со нејзе уште пред тоа да дојде. Не знае муабет да направи и индиректно ја брка. Шо побогу ја поканил ако ја игнорира? Детето детето детето. Однесувај се како маж и прави смирен и сериозен разговор. Го прифатила неговото дете а тој за возврат што прави? Треба да си го организира времето кога да биде со нејзе, кога со него. Ваков однос е крајно безобразен.
Вклучи се во активностите што тој ги има со детето, играјте заедно игри, направи торта или колач, јадете заедно, можеби така се однесува за детето да не помисли дека татко му го заборавил кога си нашол нова девојка, или дека детето ќе помисли дека татко му не е со нив поради тебе и ќе те замрази.. Мораш отворено да разговараш, детето е на прво место, ама треба да се научите да функционирате како целина.. Мене ми личи како ти да држиш некоја дистанца, и он држи дистанца и да не можете да се најдете на среде..