Здраво девојки, јас немам проблем само ми треба мислење. Со дечко ми сме заедно 3 години, имаме 25 години. Во последните 5-6 месеци почна цело време да ми праќа видеа од бебиња на инстаграм, да ме прашува каква свадба би сакала, кои гости би ги поканиле. Нешто што претходно не го правел и не го зборел. Вчера гледавме филм заедно и во еден момент ми го извади прстенот од вереничкиот прст (го носам со години поклон од мајка ми бидејќи на тој прст ми е океј) и се правев како да не гледам но го пробиваше на сите негови прсти како да "одбележуваше". Да се надевам на нешто до нова година или да не си правам сценарија? + дали би ви било проблем да ве запросат во 2024 - престапна година ?
Убо де таман 25 год зрели двајцата не чекај с после ќе си дојде бебе Се знаете 3 год тоа е доволен период за да се запознаете меѓусебно.Ако постои љубов таман прилика со среќа
@*sani* aww се опседнал он со бебиња, деца, му се прават. Да, вака очигледно е дека си има мерак и сака да ја забрзате работата и очекувај да те побара ама тоа не можеш да знаеш кога, дали за брзо или не. Може само се спрема постепено, зима мерки и се подготвува. А зошто проблем би било дека е престапна годината? Глупости, нема врска, не се оптеретувај со такви работи. Уживај си во убавите мигови.
Не дека е проблем, само не знаев каде да го сместам прашањево, некако најсоодветно ми е тука. Дечко ми е далеку далеку поситуиран од мене финансиски, јас сум буквално со последни 500 денари во џеб. Работата е што му се ближи роденден, многу сакам да му направам или подарам нешто убаво, ама сум тотално без никаква идеја. Не е дека нешто ќе ми пререче, тотално ме сфаќа во каква ситуација сум, ама пред некој ден сестра му му купила јакна од 300 евра демек за роденденот, и 5 пати ми го кажа тоа. После тоа ме фати многу незгодно јас да му купам нешто безвезе малечко, не знам. Дали можеби имате некаква идеја за поклон/изненадување што би било значајно, а не многу скапо?
Не сфаќај погрешно, како непознати би знаеле што е значајно за вас двајца? Не ве разбирам, повеќето што ќе прашате, ја гуглам, глеам низ инста размислувам што не поврзува нас, не знам, кога си заљубен имаш инспо.
И каква врска има што нема жена со негово презиме? Можеби е потпишана со моминското презиме, има многу такви, а и да има со истото, ништо не значи, колку има со исто презиме а не се во брак или крвно сродство, дури има со исто име и презиме а не се ништо. Така да не ти држи вода ова со презимето, има мажи па и жени не си ги ставаат своите жени и мажи на социјални мрежи.
Dovolno e iskrena pregratka i baknez kako poklon. A ako deckoti e materijalist togas sto i da kupis ako e poeftino malce ke.mu e ...
Романтично изненадување направи му ако живееш сама или имаш услови за тоа. Со свеќички од jumbo имаш пакувани ефтини, тортичка можеш некоја малечка или некој мафин...Зависи колку ти е буџетот можеш некој приврзок да купиш, паричник некој како card holder, шал и капа, пижами... Сега имаш попусти секаде.
Не е битен поклонот, туку честа, не е важно дали нешто кошта 500 денари или 300 евра, можиш да купиш торта мала, свеќи, доволно е, или да одите негде на вечера
Вака, би сакала пред се да се искажам и да добијам совет... Вака сега, веќе 2 години сум во врска на далечина. На почетокот кога се запознавме беше се супер, секојдневно комуницираме, веднаш се зближивме и чувствував како да се знаеме предолго. Се запознавме во живо и се видовме неколку пати, па продолживме со комуникација. После месец и пол од кога се запознавме тој дојде за да се видиме и за да поминимр време заедно и остана 3 недели. Нели иако секој почеток се беше совршено, како од филм (можеби love bombing).Работите се одвиваа некако многу брзо, тој ме запозна со неговите блиски што беше пребрзо, со друштво со сите буквално. После месец и пол ме викна кај него, значи говорам во друга држава, а со тоа ги запознав и неговите родители таму во живо. Заминавме на одмор во трета држава и се беше совршено. Меѓутоа, во позадина се случувале друго работи. Тој тој период имаше проблеми здравствени, меѓутоа и анксиозност. Пробував да му помогнал да го поддржам, бидејќи навистина имавме одлична комуникација и врска каква шо замислував. После некое време мене ме исконтактира девојче, и ми кажа дека и нејзе и бил дечко. Значи се било лага и маска. Ми прати разговори, буквално се, а и се сретнав со неа. Видов се, скоро месец дена пред да одам, таа била кај него на 3 дена. Доживеав таков преголем шок, не можев да се соземск никако. Истите работи, исто се се случуваше.. Меѓутоа нивната комуникација и сите работи не беа како со мене. Е сега, девојчево му беше бивша девојка што пред некој месец пред да се запознаеме излегувале. Го соочив со се и после неколку дена призна. Плачеше молеше итн. После околу 2 недели дојде, па молење Love bombing итн. Меѓутоа дознав дека пишувал со уште една бивша уствари и со една друга и неа и рекол дека доаѓа за неа. Таков шок доживеав не можев да поверувам. Бидејќи не бев психички стабилна и бев премногу ранлива поради други случки и после месец и нешто од случките решив да му дадам уште една шанса и одевме на терапија за парови. Јас отидов пак на 2 недели па се вративме заедно и месец дена поминавме постојано заедно. Имавме многу кавги многу бурни моменти и реакции. Јас од моја страна бев премногу груба и односот не беше во ред меѓутоа се толерираше и преќутуваше. Беше тешко и бурно. Кога се вратив лани зимата дојде тој, пак имавме такви драми и се така во круг. Кога сме заедно кога ќе дојде јас седам кај него и сме заедно нон стоп. Немаше други такви случки но имаше многу бурни моменти и турбуленции особено ако видев некоја од тие шо си имаа пишувано. И се така во круг да не должам. Е сега последниов период бидејќи се преселив во друг град, не се гледаме толку често бидејќи работам се гледаме на 2 месеци отприлика. Јас бев на неколку дена кратко и сега дојде тој. Бидејќи сум во друг град, зедов боледување и останав со него. Требаше да дојде понеделникот меѓутоа не дојде. Месец дена со ред има некоја анксиозност и сл, вчера беше на преглед и денес требаше да дојде, но ми рече дека има панични напади и дека нема да дојде. Јас одам на работа и имам направено многу жртви, и сега сум многу лута игневма. Освен тоа имаме годишнина и мислам дека нема намесжра да дојде.Инаку за родендени, годишнини и со, не е романтичен тип, не си купуваме поклони и сл, за нова година итн.. се договаравме да одиме заедно на некое патување зошто сакам да патувам ама некако периодов не испадна за ништо и не ми купи поклон ... Јас му кажав дека ако не дојде и ако еден ден не сме заедно дека ќе се разделиме. Денес премногу бурно и грубо изреагирав, ми кажува само да се смирам и рече дека најбитно му било сега да се средел.... Бидејќи веќе не сум во возраст да губам време и покрај сите работи премногу жртви направи јас, остадов све, студии, изгубив година за да сме заедно и ова некако премногу ми влијае... Не знам дали претерувам и не знам како да постапам веќе
Да не си тепаш време. Не е тука врската на далечина проблем, проблем е прво лажењето, седење на неколку столчиња истовремено. Па криење. Ако сака да најде време ќе најде макар пола саат време. Се зависи од приоритетите. Имаш изгубено година од факс, сега правиш уште жртви а што добиваш за возврат?
Не знам каков е дечко ти дали е материјалиста или не. Доколку имаш лимитиран буџет и пренизок за да купиш некој поклон, јас би купил торта и можеби мало шише со пијалок, вино можеби? И би излегле негде надвор или дома ако имаш услови да го поканиш.
Торта. Или ако можеш излезете некаде. Ако е материјалист среќен ќе го направиш со стан во Дебар Маало.
@Dark-Lady Според мене, run girl, run Човек што води двоен-троен живот е нарцисоиден психопат, а не жртва со анксиозност. Дефинитвно те манипулира со одредени тактики, па затоа ти мислиш дека си груба и вината е во твоето однесување. Кога уствари само тоа е нормална реакција ("An abnormal reaction to abnormal situation is normal behavior). Ти ги притиска копчињата долго време, лаже и манипулира, ти ќе изреагираш и тој се прави жртва. И згора на се на крај ќе ти рече, јас да си се средам, јас, јас, јас. Тоа е чиста манипулација. Можам да кажам дека he knows what is he doing, ти си му само една од жртвите што поради измешани чувства уште не си прекинала. Last but not least, тоа што те прави да се чувствуваш мизерно на сопствениот роденден е уште едно огромно црвено знаменце. Знам дека не е толку лесно да се прекине, ама во спротивно верувај само уште повеќе време ќе изгубиш. Ти посакувам брзо и лесно да се спасиш и да си бидеш среќна
Какво средување какво чекање озбилно како мушко овде, run as far as you can. Мислам дека доволно време и пари си изгубила со типов. Карактер тешко да се смени, можи пауза да напрај со то шо си пишувал со бивши, ама верувај големи се шансите да се врати на истото. Само многу ми е жал кога че видам некој/а си оставиле успеси во животот како студии, работа заради вакви паразити и патолошки лажговци
Кога му беше на дечко ми роденден бев невработена, па му купив кошула летна. И се така некои поскромни подарочиња дури не се вработив. Не е до вредноста на подарокот туку до намерата. Ако те сака ќе цени и да е минимален труд.
Been there done that. Побитно е што те сфаќа у каква ситуација си, така да не се оптоварувај. Врската/љубовта на прво место, па после поклонот за роденден. Јас на мојот за роденден исто бев куса со пари, му подарив зимска капа во негов стил од некои 300 денари, купив парче чизкејк 100 денари, ставив една свеќичка за да дува и едно шише вино да пиеме. Толку. Ептен скромно Типот беше пресреќен, му било све прекјут, капата не ја симна од глава зимата