Па изгледа си му драга и развива чувства за тебе.А за отварање врата значи е воспитан така и плус е со добри манири
Сте биле само на еден дејт, не очекувај веднаш да ти изнесува дневни извештаи каде е и што прави. Глупаво е да очекуваш од некој што се уште не ти е ништо да виси на интернет со тебе. Можеби е зафатен и има работа, обврски или нешто трето. Почекај некој ден и види како ќе се одвиваат работите. Инаку пребрзо ми е мене да збори за секс после прв дејт.
Можеби не те засакал,само си му драга .Гледај како се однесува,говор на тело а ако се сретнете пак прашај го отворено што сака со тебе .Не сте ни мувачи ни дечко и девојка па да ти објаснува но ако тоа трае и понатаму ако продолжите да се гледате а он не кажува ништо може нема да има ништо меѓу вас
Мене па од еден дејт мие пребрзо за слики ,љубовни видеа и односи ..Мене би ме исплашил. Викни го ти сеуште пријателски да пиете кафе и запознавајте се па ќе видите каде ќе оди работата.
Се е убаво што ти отворил врата, бил културен. Амаа уште од прв дејт некој да ме бацува у кола? Малку е сомничаво, од кај го знам може е манијак? Па и праќа љубовни видеа, па односи?? Не ти викам прекини комуникација ама тргни ги розевите наочари! Само затоа што рекол дека убаво си поминал не значи дека тоа е принцот на белиот коњ. И мене ми е чудно тоа што не ти враќа на пораки, и поминале дури 6 дена а не те викнал пак на дејт. Затоа претпазливо враќај на пораки
Некогаш претерувате. Што има чудно да ја бакне на прв дејт - ако моментот дошол во кола, дошол? За тие видеа веројатно мисли пример reels и слики и праќал од парови, што ги има многу на инстаграм, и некоја слика била „као“ за односи. Освен што знае да биде малку кринџ, мислам дека нема ништо престрашно во тоа. Не знам какви ви се тие пријателски дејтови, веројатно е нормално да има романтика на дејт, па дури и сексуална тензија и привлечност ако се работи за созреани луѓе. Сега за сега он нема покажано никакви знаци дека е манијак, според мене. @motoristika_ Дечкото направил многу убави работи за тебе на дејтот, си поминала убаво и мислам дека имаш причина да излезеш на втор дејт, ако он е заинтересиран, а не гледам зошто не би бил заинтересиран. Можеби малце е позафатен. Не знам какво е тоа размислување дека е фин само за да те легне, веднаш си уништувате убави работи со глупави мисли. Ако некогаш покаже вистински знаци дека е плиток, тек тогаш заеби.
Те разбирам и си во право ама мене поголем проблем ми е тоа што од прв дејт се очекува тој да е тој. Се гледа дека девојчето сака да ја покани уште еднаш. И овој го нема 6 дена а знае да праќа рилс за парови, односи што се не. И после ќе испадне ама срамежлив е, затоа не ја поканил по втор пат. А не бил срамежлив на дејтот?? Јас не реков да прекине комуникација нека излезат уште еднаш на дејт, нека пише она прво, ама да внимава на евентуални црвени знаменца!! Мене некој да не ми враќа со саати на порака, да го нема цела недела и после да ме викне коа ќе му се присака. Шанса нема. Си патиме сите женски колективно кога гледаме со розеви наочари. И затоа темава има 2250 страни.
Тоа да, и ги разгледав останатите мислења на девојката, се некои слични проблеми, но и нејзиниот пристап е секогаш ист...
Денојве имам толку работа и шо 8+ саати не враќам па кој сака нека е. Враќање на поголеми интервали не е толку алармантно. Возрасни сме (така?), и како такви имаме обврски и не сме phone addicted children да сме со телефонот в раце нон стоп. Ако не можите да имате честа пишана комуникација - слушнете се. Викање за втор дејт е секогаш по tricky зошто никогаш не знајш дали е премногу брзо или влегуваш во територија на бавно. Крај краева не мора да е дејт и не мора мажот да е тој шо секогаш иницира. Одете на некој настан в парк и кажи му дека си таму, да дојди. Или дека ти се пие кафе сега, па ако можи одете на утринско. Премногу "читате" во некои работи кои се лесно решливи, а често игнорирате работи кои не смее да се игнорирани.
Сте биле само на едне дејт, не сте започнале ништо сериозно па да очекуваш да му го знаеш секој чекор, план.. Може и зафатен е со работа, ама наоѓа време да ти пише не те остава по 2, 3 дена. Не чекај тој да те повика на следен дејт, повикај го ти да излезете. Што ќе се случи ако некогаш ти предложиш да искочите? И да не сака да излезе со тебе не е крај на светот, уште подобро ќе знаеш дали да се надеваш на него или да си ја бараш среќата кај друг.
Може и да сака само да ја легне од кај знаеш и праќал видеа слики ово оно ја бацувал како невиден женска... Кој знае што му е намерата?
Па затоа нека пише она. Башка не знаеме дали не враќа на пораки бидејќи не сака или не може. Тоа он само си знае. Нека му пише членката да излезат. Да види што како. Ама претпазливо. Мене лично не ми се допаѓа некој да има време/енергија да праќа видеа и да збори за односи а еднаш у живо видени. А нормален муабет не знае да направи.....
Процени го со која глава поише размислува и збори во разговорот шо го имаш и помисли шо може понатаму да биде
За ова си во право. Зашто се паничи толку ако не се врати у секунда, па споро враќа.. Многу девојчиња на ова се потресуваат некад и без потреба, може обврски си има нели, се може да биде. Порано не знам стварно како функционирале без телефон, без допишување, луѓе ли биле тоа или што. Многу нежни сме станати бе, не ми се свиѓа тоа ич. Ејј, за чоек кој уште не ти е ништо толку секирации, па и дечко и маж нека е, секој си сака време и за себе и приватност. Ова општо зборам инаку за оние на кои смак света им се дешава ако не врати партнерот одма. Лигаво и размазено ми е скроз. А девојката вика дека демек една недела не ја барал, тоа малку мати вода, као да ја игнорира и си тера свој живот. Да не испадне ја вика повремено коа си е расположен и му се сака. Ама да не судиме пред време, сепак фин бил, културен, љубезен. Времето ќе покаже. Нека не избрзува, нека му даде шанса штом сака но претпазливо и без огромни очекувања.
"Пријателски" дејтови ни се кога ти се допаѓа некој физички, па сакаш да го запознаеш повеќе, тоа единствено на кафе уз муабет, вечера, прошетка и тоа месец дена за да видиме дали сме компатибилни за нешто посериозно од секс или бакнување в кола. Не очекувам зрело нормално машко да ми праќа реелс со деца, фамилии романитки под хитно ќе јади клоца. А не ни очекувам да е 24/7 со телефонот в раце. Шо мајка бара да ми праќа слики од односи во 21 век освен ако не сме на далечина.. Ама џентлмен
Здраво на сите, среќен Божиќ! Сакам да добијам мислења во врска со мојава ситуација, за да знам дали сум јас проблемот... Имам дечко скоро година дена, со мене се понаша океј, ништо страшно не ми згрешил досега. Но "проблемот" е тоа што он е преблизок со неговите, ќе појаснам во подолги црти: Има сестра, 5 години е поголема од него, со неа е некако чудно преблизок, буквално се понашаат како брачен пар. Се гушкаат, бакнуваат, цело време насекаде се заедно, буквално сè што му кажувам и таа го знае, сè си споделуваат. Ја бакнувал и лижел за врат затоа што тоа го мразела, цело време носела танги, заедно си спијат во кревет понекогаш. Не знам луѓе, језиво ми е мене ова. Јас сум растена во дисфункционално семејство и дома не сме блиски толку и досега мислев дека јас сум проблемот и дека не сум научена да гледам блиски семејства. Пред некој ден дознав дека бившиот од сестра му исто така се лутел што се толку блиски и се гушкаат бакнуваат (секако не во уста, ама насекаде друго), и го направија луд и ненормален и демек таа за тоа се скарала со него. Еднаш и рекол те молам да разговараме насамо, а не да се сите околу, и за тоа го направи луд. Исто така јас кога ќе му се јавам, секогаш е со неговите, значи без исклучок. Разбирам, со нив живее, ама ајде ќе направам јас муабет со нив еднаш, 2 пати, 100 пати, ама зарем секој ден ли? Зарем јас сум во врска со него или со нив? Никогаш не посакал некоја приватност со мене, да се тргне во друга соба да си разговара приватно, туку буквално сè што зборуваме е пред нив. Не сакам да му речам ништо од таа причина што бившиот на сестра му рекол, и го направија луд, дека му сметале нивните дома и сакал да ја раздели сестрата од нив. Исто така многу пати ќе ми прати слика каде што си лежат и си се гушкаат со мајка му и сестра му. Има 27 години, уште малце 28. Сестра му има 32 и е немажена. Не е мамин син, ама буквално за се има поддршка од родителите и се премногу разгалени и размазени со сестра му. За летово наместо да сака да испланира одмор со мене, тој планира со неговите и плус и јас да одам. Не дека ми е проблем, ама како млад пар сакам да си одиме со него на одмор, а не со мајка му татко му и сестра му. Исто така имаме разговарано за заедничка иднина и да се земеме до крај на годинава, па после некое време ми спомна како сакале да купат стан со неговите. Тука му реков зошто да купуваш со нив ако планираш да се земеме, ќе си купиме ние наш. На тоа ми рече па ќе земеме поголем со повеќе соби, или куќа на 2 спрата да не собере сите. Не знам, разбирам родители да размислуваат така, ама млад дечко да планира да си живее со неговите цел живот? Не го делам од никого, само си сакам свој дом и приватност. Ве молам кажете ми дали сум јас негативна со моиве размислувања, затоа што не знам како изгледа здраво семејство, или ова навистина не е во ред? Да напоменам дека спрема мене е супер навистина.
@aquamarine- ау што збориш??? Ова е болно, не језиво туку болно. Каква негативна ти, ова е ненормално, нивниов однос, ко забегани. Ја со ваков не би можела никако, ти си знаеш за тебе ама очекувај проблеми да имаш, он нема да се промени, штом таков си е и толку многу зависен од неговите. Сте разговарале сигурно, вака планира секогаш да биде? Нешто ко да не е у ред со сите нив.. Убаво што е супер со тебе но чудно и забегано однесување имаат сите фамилијарно.
Пут под ноге дур не ти отишла цела младост... Ова не е нормално. Ова е ван секоја нормалност... ИДИ ДОК СИ МЛААД. Ај чао сеа.