Абе ај Нина не давај вакви глупи совети, сакаш да заглави ли? Како не размислувате малку пред да пишете. Нека позајми од некој ама не од вакви лихвари.
Ама не е решението ова, многу лесно се заглавува така после проблеми ќе си има. Нив не ги боли шо како, камати, извршители, главоболки само. Затоа нека не си игра никој со такви работи посебно ако нема добра причина за тоа. Не е детска играчка.
Брз кредит не се зема ни за сериозни ситуации, не па за поклон за роденден за дечко. Сериозно некогаш не размислувате што пишувате.
На крај краева битен е гестот, не цената на поклонот. Ако те сака нема да ти замери што си му купила поклон од 300 денари а не од 300 евра.
Здраво на сите. Се гледав со едно машко 11 месеци, јас од самиот почеток кажав дека барам сериозна врска, али тој не го бараше тоа затоа што му требало време за да го изживее животот, сметал дека не му е изживеан животот се уште затоа што краток период пред да почне да се гледа со мене раскинал од 3 годишна врска. Јас му реков дека ќе му дадам време, додека да го смене мислењето па прифатив да се гледаме само. Се беше супер, бевме среќни кога поминувавме време заедно, не излегувавме со други луѓе, ме запозна со сите негови пријатели, со брат му, па дури и мајка му и татко му знаеа за нас. Дури и тој сам признаваше и покажуваше дека се чувствува среќно и сигурно со мене, дури и сите мислеа дека сме во врска, затоа што така и се однесувавме. Али на крајот му реков дека премногу време помина, дека не можам повеќе вака, нашите ставови за врска не беа исти, па тој рече дека во овој момент од животот не може да ми пружи сериозна врска и да престаниме да се гледаме, а мене не ми е сеедно ни најмалку ова што тој го сака. Баш мислев дека ќе биде вистинскиот за мене, затоа што се беше убаво и на крај вака испадна, сега сум изгубена, не знам што да правам и како да поминам низ тоа. Секој совет би ми бил добредојден.
@Cacii123 Не сакам да звучам сурово, но вообичаено кога некој така ќе ни каже, дека не е спремен за врска, тоа всушност значи дека не сака врска со нас. А не дека не сака општо врска. Па така, верувај кога некој вистински ќе те сака, нема да има никакви изговори и нема да добиваш мешани сигнали. За твое добро е да не си даваш понатамошна лажна надеж. Се ќе помине, само дај му време на времето
@Cyclop Знам дека е easier said than done, ама за да се избегнат вакви ситуации, потребно е човек многу да работи на себе и љубовта кон себе. Во спротивно, својата среќа и вредност ја ставаме во други раце. И така, никогаш нема да сме ниту среќни, ниту пак ќе се чувствуваме вредни. Значи кога некој ќе ти рече не сум спремен сега за врска, го оставаш токму таму На тоа се одговара, јас сакам врска, само не со тебе, затоа само се гледаме Just kidding, едноставно не треба да дозволиш никој да те прави да се чувствуваш недоволен за врска или демек да чекаш да те избере. Ако му оставиш простор наводно да се предомисли, тоа само му е зелено светло да те искористи до максимум. Љубовта треба да ни го олеснува животот, не да ни го комплицира. А кој сака, сака уште од почеток
Дали 25 години со 35 е премногу разлика? Комуницираме на професионален начин, приватно ретко. Го познавам повеќе години, но некако ми е чудно бидејќи до сега не сум комуницирала со некој 10 години разлика од мене. Страв ми е дане ме гледа како дете, плус мајка ми е 42 години и е помалку разлика со него, отколку јас
@*oli* Според мене е океј, онака не е екстремна разлика бидејќи станува збор за двајца возрасни. Важно е да знаеш што сакаш и да ти одговара човекот.
Пишував и пред некое време.. Блокирав пораки од тој што ме замараше, повторно ми пишува, не можам вишееее, џабе и блокирани пораки пак ми стигнуваат пак ми пишува, што ако пријавам во полиција, ќе има ли некое решение или баш ги заболе и нив?
Imas opcija za blokiras sekoj nepoznat broj sto ti e da zvoni, bar na iphone moze …iskreno ne veruvam deka ke gi boli .. ama sekako opninprijava moze ke se isplashi