@franca Слободно пријави. Мислам дека сепак ќе му тропнат на врата, да му дадат усна опомена, ако ништо друго.
Ама како може ако се блокирани пак да замара? Од друг број ли? Пријави ама не верувам да се замараат за жал. Во краен случај број смени што да ти кажам, секакви манијаци ги има упорни и досадни или па да му се јави некој твој другар, брат или не знам друг некој близок нека го заплаши ако до толку прети. Знам ќе речеш може дека не сакаш никој да дознае ама друго решениe не знам дали има.
Немој да си го губиш времето со некој шо не знај шо сака, ако ти рекол дека не е спремен за врска требало уште од почетокот да се тргниш од него оти ти сакаш сериозна врска. Мене ми е чудно зошто те запознавал со неговите чим не мислел за сериозно. Во секој случај, заслужуваш многу подобар.
Колку е чудно некој на 27-28 години да сака да оди на одмор со родителите (секоја година оди) и колку е чудно да раскинам пошто ми е толку чудно? Као, сака и со мене ама јас не можам да преминам преку тие ненормално блиски фамилијарни односи, па воила кажете ако сум токсик. Моите другарки не се согласуваат со мене.
Би било чудно да раскинеш ради чудно. Мислам, има ,,чудно,, weird и ,,чудно,, необично. Мене ми било необично да сакам да одам на одмор со моите, на 28, ама па, не сме биле некое ,,европско,, семејство, кајшто ќе излегуваме заедно по кафичи и ќе пушиме цигари. Гледам овде кај што сум, не е толку необично. И мислам дека е фино, онака баш искрена и лежерна блискост, ама со здрави граници, наместо македонската ,,Ама МораА кај баба ти на ручек да одиме, и кај тетка ти, и кај стрина ти,,. На твои години ради таа македонската сум раскинала, пошто ми било прерано за семеен филм. Кон кој филм тебе ти влече твојата ситуација, не знам.
Не е чудно зашто чудно. Може си се блиски ептен, не значи ако се возрасни децата дека е трагично да идат на фамилијарен одмор. Тука мислам нема шо да се мешаш. Ете и со тебе иде нормално ко што треба. После откако здравје ако ви е судено да се земете веројатно ќе ја прекине оваа традиција. Не е причина за да раскинеш у никој случај посебно ако ви е супер врската.
Па ај еднаш годишно не е проблем. Ама отвори очи, да видиш да не е мамина маза. Мојот бивши и денес, на 39г., секаде се влечка со мајка му.
@Srckata28 Јас би го земала во предвид општо односот во текот на целата година пред да донесам било каква сериозна одлука. Бидејќи, пример, има такви кои не одат на заеднички одмор. Ама за се друго, дио мио. "Мама ми рече да се женам", "мама така ми кажа", фармерки купува па вика "Чекај мора на мама да и ги пратам, да ми каже што да правам". Со мајка му на телефон на секој дејт. "Не може да идеме таму, моите имаат други планови, не може денес, моите така, онака". Е ова не ти треба ако е така
Сум пишувала во август како да преболам врска која заврши поради насилство. И покрај стручната помош и се друго, не можам да се помирам со тоа дека нема повеќе да бидеме заедно. И тој е психички паднат… Не знам што ме чека веќе пола година помина.
Тоа е зашто те направил зависна од него, суптилно ти наметнувал негови мисли и кога си сама едноставно мислиш дека не можеш без него. Верувај, можеш. Минале месеци, си побарала помош. Тебе ти е битно ти да се средиш, значи ти си само битна. Толку. Секоја мисла е небитна, удри една точка и те молам посвети се на себеси. Кога ќе имаш цврста врска со себе, кога ќе се почитуваш и сакаш нема така лесно во иднина да дозволуваш било кој да те повлекува во нешто токсично. Зашто тоа НЕ е врска. Насилство е. Едит. Те чекаат само убави работи. Ако сакаш пиши ми лп.
Сонце, мене искрено ова не ми е доволна причина за раскинување бидејќи тие изгледа си ја имаат таа фамилијарна традиција уште пред да сте заедно. Сега доколку таа блискост ја премине границата у смисол споделување интимни работи, одење секаде заедно ми е веќе црвено знаме. Имав таков дечко одамна, се споделуваше, и кога дознав ми беше ту мач. Цело време беше сестра ми, мајка ми вака така и мене ми беше веќе неприфатливо бидејќи во сите манџи беа и тие. Сегашниов дечко ми е таков, тој е близок со неговите ама до нормала и си имаат некои традиции кои јас самата сакам да ги почитувам. Дали одење на одмор, или посетување на роднини шо мене тоа ми е ок бидејќи тие се таков тип на луѓе што го прават тоа одамна и не сакам да му одам контра или да се обидам да го променам. Сега, останатото е до тебе, дали би го прифатила тоа или не. Ако мислиш дека ти е премногу тогаш тргни се на страна и набљудувај ги работите и не носи избрзана одлука за која ќе се каеш. По кажаново ми изгледа дека ти си во контакт со него? Дали грешам? Доколку да, зошто не го преќинеш тоа? Психички бил паднат? А не бил кога ти вршел насилство па сега ќе се правиме жртви, жалчиња само за сожалување?
Го сретнав пред 6/7 дена, добив порака од него и не можев да се воздржам да не вратам. Тој работи со психолог исто и назад ме враќа помислата дека сум многу врзана за него. Не знам би ми било тешко доколку не го видам пак во животот на само уште еднаш, а од друга страна знам дека само ме враќа во дупка ситуацијава.
@babygurll Не можеш да се излечиш во истата средина во која си се разболела. Претпоставувам имаш развиено trauma bond со него. И сега се чувствуваш дека ако го блокираш, готово, крај на светот. Нешто слично како зависник од дрога. Воопшто не ти помага тоа што си во контакт со него. Така само дополнително ќе потрошиш време до следниот хаос. Најдобро за тебе е веднаш да пресечеш. Кога ќе си многу подалеку од истиот и со 0 контакт, ќе ти се разбистри умот и ќе започне да ти се гади од насилникот. Направи си го потребното за себе, цени се повеќе. Побарај и психолошка помош доколку ти треба
Ќе незнаеш што те чека после неколку години ако продолжиш да се гледаш со таков профил на човек кој што е насилник. Побарај си стручна помош на време, ако не ти одговара некој психолог смени го до друг. На 4 билиони мажи во светов ќе се најде друг за тебе кој што ќе те сака, почитува и ќе се грижи за тебе , нема да те малтретира физички и психички.
Те изманипулирал до степен да си мислиш дека неможеш без него.. Не сакам да сум група ама овде сигурно има психичка аномалија, незнам каков живот си имала и нема врска. Ти треба да работиш со психолог/психијатар како да не го мразиш тој човек како да не си ја труеш душата со омраза, друго апсолутно ништо. Те молам, ќе сфатиш кога ќе сретнеш вистински маж.
Не, можеш и ќе успееш, ако те малтретирал, сам е виновен за таа ситуација, не ти, не некој друг, само тој. Стави се на прво место себе и твоите потреби. И по врската успева со манипулации, не потпаѓај.
Ne voopsto, ubava tradicija e i ja sum odela, i ne bi go promenika za nishto. Sekoj si e razlicen i ne gleam deka ova e strasno.