Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.512
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е океј.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hrita

    Hrita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Не е ништо чудно ако е свесен до кај му е границата
     
    На BlackNight и anaja1 им се допаѓа ова.
  3. Hrita

    Hrita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ќе заминува да вози камион во странство, ќе вози неколку месеци па неколку дена дома и пак исто ќе заминува. Вози и овде, али таму имало повеќе пари. Неговите не велат ништо а мене не ми е сеедно, не сакам да си оди како ќе функционира такваа врска? Сака да одам и јас со него, но не можам јас да оставам сè и да заминам. И јас си имам желби и цели што сакам овде да ги исполнам не размислувам ни малце да јадам и спијам в камион. Дали такваа врска можи да успее ве молам за совет:(
     
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.267
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    Ќе успее ако се потрудите и двајцата.
    Не мисли негативно и гледај на тоа дека размислува за иднината.
     
    На Hrita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Се успева ако се сака,за се има начин ако стварно сакаш нешто да направиш и обратно. Ако има љубов ќе има и среќен крај,нема начин ни виша сила да ме сопре ако некој љубам со цело срце,ако сака и на јупитер нека е качен
     
    На Cyclop, Hrita и simoncelicius им се допаѓа ова.
  6. SupernovaS

    SupernovaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2020
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    37
    Здраво, пишувам за мој малку апсурден проблем.
    Бев во токсична врска која траеше скоро 2 години. Да дадам мал backstory:
    Константни караници, навреди и така во круг, се додека ситуацијата не ескалира во прекин на врската. Јас ја прекинав поради огромна навреда поради која не можеше да биде занемарена. Повеќе не бев заинтересирана за него бидејќи многу ми влијаеше на психата и бев растроена. Иако премногу го сакав, а и сеуште го сакам, сакав да најдам некој комфорт и неколку пати излегов со друго момче fresh out of the breakup. Порано ги осудував ваквите постапки но, додека не дојдов во оваа ситуација не знаев како е всушност реалноста. Потклекнав на моја слабост и ете се случи што се случи. Го прекинав тој однос поради преголемо избрзување од моја страна, воедно и дечкото се однесуваше многу чудно. Потоа повторно го обновив мојот контакт со бившиот и се гледавме. Иако се гледав со него, во мене беше присутен гневот за навредата и бидејќи и моите дома дознаа, не можев да се смирам со него за толку краток период (месец дена). Бившиот ми кажа дека дознал за тоа мое "гледање", иако никому не кажав. Го излажав дека не сум направила ништо бидејќи ми беше страв од неговата реакција. Продолжив да се гледам со бившиот, продолжија и навредите и прекинав целосно. Во себе понекогаш имам тајна надеж дека тој би се сменил и дека би биле некогаш заедно но, се плашам, што ако навистина ја дознае вистината дека сум го излажала и така ноншалантно сум продолжила со него?
     
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    13.727
    @SupernovaS Според мене, не ти треба ни бивш, ни иден моментално.

    Потребно ти е да поработиш на себе и да си ја искорениш токсичноста. Секако, доколку во иднина сакаш здрав однос со себе и со друг.
     
    На A94, sj *O*, Mayaasa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Леле детски постапки…
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Бившиот заборави го. Ако до сега не се успеало, тек сега нема да успе. Тоа што ти мислиш да го скиреш, ќе ти биде огромен товар од кој единствен начин да се ослободиш е да му кажеш. Во спротивно, си ризикуваш да потрошиш некоја година од животот во нешто што нема иднина, а кога и да е, ќе разбере.
    Сфати го овој настан, па и врска, како една лекција во животот, дека никој освен нас самите, нема да ги има бенефитите или последиците од одлуките кои ги носиме.
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.267
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка кај жените е мислењето дека такви токсични луѓе се менуваат.

    Бегај!
     
    На sj *O*, Curious cat, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ~Maca~

    ~Maca~ Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2020
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.768
    Пол:
    Женски
    И самата знаеш дека е токсично, тоа не е здрава врска. Далеку од такви значи не ти треба таков човек размисли ако продолжиш со него, ситуацијата може само да се влоши нема да се смени ништо. Батали не вреди заслужуваш подобро.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.451
    Допаѓања:
    85.070
    Пол:
    Женски
    1. Не се градат врски врз лаги.
    2. Кога еднаш ќе прекинеш со некој, посебно ако имаш добра причина за тоа, зошто враќање назад?
    3. "Ми беше страв од негова реакција" - ако ти е страв на партнер да му кажеш нешто, пиши пропало.
    4. Не мора да се влегува од врска во врска и тоа со било кој, посвети си се на себе некое време.
     
    На sj *O*, Anyshka, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elena79

    Elena79 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Да споделам и јас искуство и сакам мислење, имам врска со партнер, кој и сама не знам како успеа да дојде до мене, ме освои за кратко, невина бев кога го запознав, он ми е прв во се, се отворив максимално знаеше се за мене, искористи се против мене при расправии, ме удри кај што бев најслаба, психолошки ми влијаеше, типот физички и интелектуално е ниво подолу од мене, различни светови, како му успеа и сама не знам, инаку сум тип што не е од заљубљива природа, туку ми работи рациото, премногу беше стабилен и ми делуваше дека знае што сака, на крајот испадна дека е манипулатор, дека умее да лаже, дека си има поиграно со моите чувства, дека му сметаа работи кај мене, константно бев критикувана, ми проверуваше телефони ,му сметаше блискоста со моите родители , пријателките ми ги коментираше, и на почетокот постојано ми укажуваше дека мора да постои доверба ,ако настане неверство, дека тоа се проблеми, инаку важам за убава девојка, со доста додворувачи, но никогаш му немам дадено повод за негова љубомора.
    Типот после турбулентен период во односот,се дистанцираше емотивно ама и физички , топло ладно, не се чувствував ценета што и да направев никогаш не му е доволно, постоеше ривалитет од негова страна кон мене, случајно му најдов и во архива стари муабети со жени со кои се гледал во минатото,и кога ми се отворија очите, работам и со психолог, сомнежот не исчезна, знам дека не бил искрен во ништо, можеби ме сакал, но имавме фази ,каде што не покажуваше дека ме сака, немавме секс, ако иницирав јас , знаел да ме одбие и тука првпат се сецнав дека или не сум повеќе привлечна или има некој трет, претходно имавме нормален сексуален живот,потоа постојано е отсутен , знае да е по цели денови надвор со работа и во тој период прв пат се посомневав дека можеби и нешто прави по страна, во период кога е во Скопје никогаш не ми се јавувал со изговор дека е во гужви и сл, едноставно некоја интуиција ми вели дека постои нешто за кое јас не знам, не му верува поради што ми ја има изневерено довербата со други нешта, да напоменам дека сме во вонбрачна заедница, имаме деца, и во периодот на бременост 9 месеци, ниту еднаш не ме погали, не покажа нежност, како супер да му се погоди што нема да мора да сме интимни, после породувањето првиот секс се случи со молење, иницирав јас, он ме одби два пати со изговор дека не знаел дали сум спремна и сл глупости, за на крај да дојде рандом од работа и да му се присака што би се рекло , јас не го одбив тогаш, затоа што умрена бев за еден секс, ама не ми изгледаше како да и он апстинирал во тој период ако ме разбирате, дајте совет, што би правеле психологот ми вели да не избрзувам со постапки, ама мене срцето ми бара љубов ,нежност и се она што од него го немам.
     
  14. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Во право е психологот да не избрзуваш, во суштина, никогаш не треба да се носат поголеми одлуки кога сме под влијание на некои емоции (позтивни или негативни, небитно).
    Вака, објективно, за жал можеби бртутално, но она што ти бара срцето, како што викаш, не верувам дека со овој човек ќе го добиеш.
    Како маж, ќе ти кажам, да те сакал, немало да дозволи да дојдете во ваква ситуација. Следствено, според мене, илузија е да очекуваш да вистинкси добиеш од него љубов, нежност, внимание, а по се изгледа и верност.
    Работи со психологот, и гледај час поскоро да се соочиш со реалноста и да си го фатиш животот во свои раце. Знам колку е тешко тоа, но за жал, нема бегање.
     
    На FridaodaMk, Elena79, Hrita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elena79

    Elena79 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Он вика дека ме сака, ама реално не ми делува на личност што знае да сака,се е површно кај него, јас сум поинаква, сакам длабоки разговори, искреност и топлина, ке видиме не е избрзана одлука, секако давам време ке видиме.
     
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    9.092
    Пол:
    Машки
    Уау многу брзо од нула до сто беше ова.

    Од имам врска со партнер, до иаме деца.

    Инаку супер дека одиш на психолог, ама освен тебе лично да ти се подобри психолошката траума од минатото, нема многу да решите не мислам дека нешто ќе смени.
    Реално за проблемот шо го имате би требало заедно двајцата да одите и работите со психолог.
    Шо претпоставувам нема да се деси.

    Можеби олеснителна околност е тоа што не сте венчани и можеш во било кој момент да станеш и да си отидеш со бебето ако имаш кај да одиш.

    Инаку можеш време да му дадеш на човеков за да седнете и разговарате отворено ако веќе не сте го направиле тоа. Ама со сила да го натераш да збори и да решавате не можеш ...

    Почни да правиш план за излез, за секој случај.
     
    На BlackNight, Selena01 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  17. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    3.189
    Не туку давај време, време што никад нема да го вратиш и само го даваш фор фри.
    Цени си го повеќе и времето и емоциите што ги ставаш во погрешни личности.
    Доволно потроши, оди само напред со друг/и.
     
    На Cyclop и Elena79 им се допаѓа ова.
  18. Elena79

    Elena79 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, повеќе од работиве се веќе направено, ама од моја страна, понудено да одиме на брачно советување, да оди сам, има проблем во последно со алкохолот не прифаќа, објаснето е се ,отворено е се во заедницата наша, сите карти биле на маса извадени, ама јас неговите трауми не можам да ги лечам.
    Секако план си имам веќе две години ,не е тоа туку така, размислувам и за децата едното е бебе а другото е веќе поголемо. Ке видиме ,за брзо.
     
  19. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Без да го девалвирам психологот, ама ако не разговарал барем неколку пати до сега со него, не ми е јасно како дошол до таков заклучок?! Ја слушнал само твојата верзија, не дека ти си измислувала нешто, ама да даде такво тврдење без да разговара и со него, не е во ред.
     
    На Elena79 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena79

    Elena79 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не имаше на почетокот кога почнав јас да работам со нејзе два пати разговарано со него, чисто да го запознае сакаше, што зборувале не знам, она секако сака да се сочува заедницата, тврдеше дека сме супер пар, дека ствари се решавале и сл ,ради децата и се тоа, ама не успеваме да спроведеме се, оти едната страна не соработува :shake: на психолог не се оди, да измислуваш, напротив јас споделувам работи кои мене ме имаат повредено, ситуации кои јас ги имам доживеано како болни и нтрауматични не верувам дека има и такви што плаќаат за да измишљаат нешо.