Искрено тоа е голема жртва и ид негова и твоја страна. Седни и направи озбилен муабет, преиспитајте се кај сте и што сте. За да нема шврлање;
Ако си имала болни и трауматични искуства голема е шансата дека потсвесно се врзуваш/вљубуваш во луѓе кои те потсеќаат на некој во минатото (backforms) кои те третирале на сличен начин. Мене ова ми личи на trauma bonding и мислам дека најдобро е да се дистанцираш на кратко и да размислиш подлабоко за ситуацијата. Едно е да се вљубиш во некого, а друго е да љубиш, пробај да ја увидиш разликата. Овие две не се исклучуваат меѓусебно, ама второто е побитно за здрава врска. Првото е attachment, а второто се заснова на респект, компатибилност итн. Ако одиш на психолог оди кај некои што стрварно се разбираат, или подобро психотерапевт, зашто мене ми изгледа дека има посериозни проблеми (patterns) во позадина на се ова.
добровечер луѓе. како што кажував еднаш-не знам кој памти, имав несреќна ситуација да се "карам" со мојот бивши за хрчакот кој заедно го чувавме. Се консултиравме со адвокат и старателството-ако може така да се нарече ми припадна мене. Но, од инат или зло мојот сакан бивши дечко пробува да ми го земе. Ги сменив бравите од станот аам се осеќам небезбедно бидејќи е бивши крадец и знае да обие врата. Знам дека е смешно ама многу се поврзав со хрчачето и ако ми го земе ќе треба да се вратам на терапија. прашањето ми е, како да ја зголемам безбедноста? Како да го заштитам хрчакот додека сум 12 саати излезена? Да го донесам на работа не доаѓа предвид иако шефицата е запознаена со мојата ситуација и ми дозволи да го носам во кафез, но се плашам како тоа би влијаело на угледот на нашата фирма.
Дај му го на него. И онака ке те потсетува на него. Исчисти ги сите спомени од минатото и купи си нов само твој.
Јас мислам да си однесеш сепак на работа. Со него и атмсоферата ќе ти биде поубава и ќе бидеш помотивирана. Има во други земји каде што се земаат миленичињата на работа, ништо страшно.
Се гледа дека не пратиш по темите, Врчак се вика. @Celltica јас би барала некој да го чува дур сум на работа, ко во градинка ама за хрчаци. И попуштање на бившиот никако
Се согласувам. @Celltica штом тебе ти е тешко, можеш да замислиш како му е на него без Врчак целото ова време. Не можете некако да се договорите да го зема барем за викенд? Таман ќе можеш и да одмориш од обврските околу него, дека знаеме, обврските се тука негде исти ко да чуваш дете. А и не мора да се паничиш да не ти влезе, пошто ако бил професионален крадец, ќе најде начин.