Здраво. Нова сум овде и ви пишувам за совет. А највеќе да се искажам и да ми олесни. Година и нешто одев со дечко кој многу го сакав и сеуште го сакам, се беше супер до денот кога ми пиша не ме барај повеќе. Човекот исчезна никаде го немаше 6 месеци никој не знаеме каде е освен родителите. Денот кога ме остави по 1 месец јас си фатив друг дечко и еве сега 6 месеци одам со него но цело време мислам на другиот. Пред 5 дена добив порака од него дека сум го заборавила и не сум го побарала да прашам каде е, ми се јави ме праша дали сум среќна со овај сега и дали ми е убаво. Секако дека одговорив да, ми рече дека брзо ќе оладам од него и дека за брзо ќе си дојди бил далеку и ќе ме спаси да не одам со таквии. Јас сега сум навикната на овај живот што е сега за среќна не сум, многу ми фали тој. Дома кај мене знаат дека имам дечко тој иди јас одам кај него и фамилиите ни се блиски. Се фатив со него со надеж дека ќе го заборавам но се изгубив сама себеси. Не можам да го оставам така и да заминам,ме сака,цело внимание и топлина ми ја дава. Не можам да упропастам се за некој што ме остави без објаснување и замина. Стварно не знам како да постапам премногу сум збунета...
Советувам да гледаш напред, блокираш од секаде како што тој тоа ти го стори првиот пат. Запомни, некој што вистински те сака, нема да постапи така, испари без објаснување. Доколку не можеш да го блокираш и ти е тешко, види се и разговарајте, но имај предвид дека е голема веројатноста да не се заврши на тоа и искомплицира. (Ова сепак многу зависи и од твојот карактер). Инаку, ако доволно се окупираш со активности, со тек на време ќе ти помине, можеби не веднаш но за неколку месеци нема ни да се сеќаваш на него. Што се однесува до вториот дечко, премногу брзо си почнала со него, да ги залечиш раните. Само затоа што ти посветува внимание, почитува и ви се знаат семејствата не значи дека е вистинскиот за тебе. Така што ако љубовта не е взаемна и мислиш дека тоа нема да се промени, подобро не се измачувај. Напротив, наместо да рипаш од еден дечко на друг, работи на себе, дај си време да закрепнеш, размислиш, па дури потоа воспостави нова конекција, бидејќи според пишаново моментално не оставаш впечаток дека си на добро место за врска со било кого.
На сите некогаш некој бивш ни пишал, што не значи дека треба да прифатиме нешто. Нема враќање назад. Не може некој еднаш да те остави па после да му текне дека пак те сака. Нема тука сакање туку не нашол некоја друга па нема каде и бившата ќе ја бара. А ти ако не го сакаш дечко ти, подобро некое време среди си мисли и почнувај врска кога ќе расчистиш со багажот од минатото.
Мислам дека човек што вистински би те сакал нема да исчезне туку така. Ако толку бил заљубен и мислел на тебе немал да испари па сега да сака назад. Нормално е да сака назад, од х причини (не си нашол друга, го фатила носталгија итн) ама човек што еднаш те оставил ќе те остави пак. Јас мислам да го ослободиш и сегашниот дечко доколку тој ти е само за да го преболиш другиот и прво да си расчистиш сама со себе што конкретно сакаш па после да си фаќаш дечко. Моменталниот твој дечко не би се чувствувал убаво ако знае дека е rebound само, а и тебе ќе ти е тешко ако го повредуваш а тој има искрени намери какошто велиш.
Многу ми е жал, но како што кажа си се изгубила сама себе. Мој совет и како јас би постапила е: Би му раскинала на двајцата, 2024 да сте ставиме конечно на прво место, би работела на себе, да се вратам вистинската јас, да ја најдам љубовта во себе и кон себе. Хоби, активности во кои уживам итн.. Немора да се има дечко за среќа, а кога ќе бидиш сама со себе среќна тогаш ќе го најдиш вистинскиот. Не брзај, и биди си сама некое време и блокирај го тој што те оставил на најзлобен начин и нека остани блокиран.
ајде женски и момци совет... има еден дечко на работа кај што работам секое утро е во кафетеријата под мојата канцеларија.. си викаме здраво и е пресладок, но не знам како да започнам разговор а многу ми се допаѓа.. возрасни луѓе сме, плус он е со екипа од околу 5 мажи, секое утро се таму. се гледа дека е културен, прекрасен... дури и по малку не сигурен...а јас во мислите веќе полудев. Како да пријдам постапам а да не изгледа очајно..се мислев да им се впуштам во разговор... али само мажи се. пустата ставам три кила парфем за кога ќе поминам да мирисам убаво... хахах инаку има eye contact...што дополнително ми ствара маки..
Симни се и ти кога се они таму. Земи си кафе и на излегување као сопни се и истури го. И речи му од што те гледам тебе не гледам пред себе. Мислам ке го стопиш пред сите другари
Хахахаха ме насмеа Болје немој така Викни го да дојди кај тебе во твојата канцеларија дека ти треба нешто помош и таман да му кажиш шо е работата...
Ако имаш храброст на заебанција кажи му никако да ве видам со женско да пиете кафе у тој стил, па може ќе те покани разбираш онака демек на заебанција . п.с немој да ставаш мн парфем , штосот со парфем е маааалку да му замирисаш ( онака шмек малку ) да сака да те помириса од близу.
Озбилно прашувам.... сите се супер фини со мене, ама нема муабет. дури се случувало и да стоиме еден до друг надвор на цигара со кафето и ништо, тишина... akward e....а такви насмеани си викаме добро утро секое утро.. и мислам дека проблемот е што баш има толку мажи со него..
@sonchevooo Па next time кога ќе стоите еден до друг, започни општ муабет. Почни од времето, сврти на шала нешто за работата. Опуштено, насмеано. Прашај го нешто конкретно него, за да ти одговори тој. После тоа може да го заследиш на социјалните мрежи и онлајн комуникацијата може подобро ќе ти оди да го скршиш ледот
@sonchevooo Де бре First of all, не го идеализирај до толку човекот, па да немаш храброст. Второ, диши. И не ја комплицирај, планирај и до толку размислувај. Значи биди спонтана. И самата рече комуникативна си. Епа утре дотерај си се, чувствувај се самоуверено и застани до него. Почни општ муабет. Рече пушите цигари, прашај од кои си купува, дека демек сакаш нови да пробаш итн Не биди нападна, just relax. Пресечи во умот и започни комуникација како што си правиш со останатите колеги. Но, обавезно провери по социјалните мрежи, можеби сепак си има партнерка, да не се разочараш.
да сме сами може и нема да ми е толку непријатно, но непријатно ми е од мажиштава... ќе се охрабрам деновиве..до петок ќе биде...