Епа или ќе разговараш со човекот со кој си во врска или ќе прашував тотално непознати фаци на форум за мислење за ситуација со која едвај се запознати . Ти што мислиш дека е подобро? Може и да си замислуваш поради страв и несигурност, ама ако имаш реален страв дека дечкото фатил нешто на страна, тогаш разговарај, не чекај веќе. Само не го осудувај уште во старт, па да му експлодираш во лице. Тивко, без агресија, без љубомора, погледни го во очи, поставени прашањето, снимај реакција и дојди опиши ни ја пак, да дадеме дијагноза .
Ти најдобро го познаваш дечко ти, знаеш на што е способен. Дали би или не би ти направил такво нешто. Гледам дека се сомневаш. Не сум била во ваква ситуација за да дадам најдобар совет, но би ти рекла да поразговараш со него, онака општо, не директно да го прашаш за тоа. По неговата реакција ќе видиш.
Феминки ве молам за еден совет.со дечко ми сум скоро година ипол.на почетокот се беше ок,моите го викаа нон стоп на ручек,заедно пиеа,го сакаа..тоа беше на некој начин додека имаа корист(дечко ми имаше хотел).Откако го продадоа хотелот татко ми не престана да збори лошо за него,глупав бил,сељак и не го нарекува по име никогаш.ми вика остај го што ке ти е таков..неможам више да издржам под овој притисок..ве молам кажете ми што да праам ..
колку што гледам тука проблемот е во татко ти (извини вака што ти кажувам) а и нема што да ти се меша он дали да бидеш со него или сепак ти треба да бидеш со тој човек а не татко ти.Јас разбирам дека сите грижат за своето дете ама во овој случај претерува. А да пробаш на татко ти ти да му објасниш дека парите се минлива работа денес ги имаш утре ги немаш,и што има тука трагично не разбирам ако човекот го продал хотелот сигурно си имал причина,башка што ти идеш со човекот и него го сакаш а не неговиот хотел работава не ми мириса на арно,мислам не гледам причина зашто татко ти така реагира,бит и советувала да разговараш со него и да му кажеш дека дали со хотел или без тебе човекот ти значи и го сакаш
Јас би ти рекла да пробаш да дознаеш на поинаков начин, со разговор ништо не бидува. Никој искрено нема да ти каже да те изневерив, или да ми се свиѓа таа. Повеќе пати сум се зафркнала така, за работи што сум се посомневала наместо да најдам начин да дознаам сигурно јас сум го прашувала него, и нормално дека нема да биде искрен, кој би признал такво нешто на девојка си? Размисли.
Ја гледам причина зошто татко ти е таков, и самата кажа дека го сакал додека има корист, значи е материјалиста и користољубив. И на таков човек не можеш со разговор да му објасниш ништо ниту пак да го смениш. Ја да имам ваков татко би му плеснала в лице дека се срамам од него затоа што е таков и да не ме масира, мој живот-моја ствар.
Еј,колку е комплицирана оваа ситуација кога од дома не ти даваат да одиш со некој. Проблемот е во татко ти. Чекај,ако си стварно 21,па спротистави му се мајка му стара. Седни кажи му убаво,прашај го што е тоа што му смета. Повиши тон ако треба ако ти е стварно гајле за дечково. На крај краева,ти решаваш со кој ќе бидеш. Ништо не прајме со молчење.
ако дечко ти сака да има нешто со неа (ако веке не и имал) нема никој да го спречи ,ке најде начин колку повеке покажуваш дека си љубоморна толку повеке ке наога причина да се одлаечи од тебе (зборам ако му се свига таа)гледај да дознаеш без да го прашуваш бидејки секако нема да ти каже
Па од тебе зависи што да правиш. Дали го сакаш дечкото доволно за да му се спротиставиш на татко ти? Ако е татко ти таков тип на човек како што мислам, него баш му е гајле за твојата среќа и мислење. Битно му е да има лова до крова-среќна ти-уште посреќен и тој. Затоа- дали вреди дечкото за да одиш против наравоучението на таткоти. Бидејќи мислам дека ако еднаш не се согласиш со него враќање назад нема. Секако тоа е твој живот и одлуките за тоа како ќе го живееш треба да бидат твои. Затоа најнапред преиспитај се- што е тоа што го сакаш ти??
Нешто што би го погодило в срце Па луѓе искрено кажано сакам да разговарам со дете што подолго време ми се допаѓа. Но има еден проблем, што тој се дружи со премногу лошо друштво, што до ден денешен ме мразат, многу лоши работи ми имаат направено и ми ваѓаат муабети по цел град дека го сакам него. Поради тоа тој ми се скара..Ве молам за совет, односно кажете ми неколку реченици со кои би можело да вратам се ко порано и на некој начин да му кажам дека е влезен во доста лошо (бидејќи нив премногу добро ги познавам)..Well..Help me
Нешто што би го погодило в срце Биди си своја пред се не се прави нешто што не си, тој ако е доволно паметен нема да ги слуша нив ќе те слуша тебе. Кажи му дека ти се допаѓа ако имаш храброст и види како ќе се одвиваат работите, а за тие од друштвото не се секирај такви глупаци во секој град има
Нешто што би го погодило в срце Јас мислам дека ако тој вреди нешто и ако му значиш нема да се однесува така.Нема да му биди важно што другите зборуваат .. И ако тој чувствуваше некоја симпатија кон тебе ,немаше да му сметаат озборувањата ...
Не е тоа само кај тебе,речиси секаде се случува тоа.Мора да се вмешаат трети лица и да уништуваат работи.Очигледно имаат здодевен живот па ајде да замрсат сметки на други а подоцна си гледаат сеир од страна .Не се обидувај ништо да сториш.Ако е толку наивен нека ги слуша другите.Тој губи не ти.Со текот на времето ке сфати дека бил грешка.Не си должна да го трпиш тоа.А и гледам дека имаш 14 години.Доволно си млада да се замараш со непотребни работи.Тек ке почнеш да живееш.
или да се оддели од тоа друштво или цело време ќе си ги трпиш! ако е доволно паметен, што воопшто бара со такви луѓе?, освен ако не е ист како нив. да го одделиш од тоа друштво би било тешко, ама верувај ќе си ги носиш на глава сите нив и допрва уште толку ќе си земаат за право да ти (ви) се мешаат. играј внимателно
Многу е грдо коа не ти даваат да одиш со тој што го сакаш ... Од лично искуство ти зборувам... Јас и дечко ми одиме веке три години и моите страшно се противеа на нашата врска,секако зборуваа за него ... и видоа дека нема ЧАРЕ и се откажаа... Бидејки јас не раскинав со дечко ми...продолжив да си одам со него и уште сме заедно .. А замисли уште на почетокот од врската беа против тоа ...после тоа се влоши ситуацијата ептен не го сакаа...ми викаа да му раскинам... ама јас пуста љубов си продолжив со него ... и сега веќе престанаа да ми викаат. Едноставно се помирија...само мајка ми рече Ти си бираш со кој ке бидеш.Ти сама си го креираш животот.Ако сакаш така да биде тоа си е твое...Ние зборуваме за твое добро. И стварно е така... Ама кој да слуша!!! Луда женска заљубена глава!!! Ако стварно многу го сакаш дечко ти бори се за него!!! Еве mysterious вели да повишеш тон ... јас на пример си ќутев и си терав по мое... Ти најдобро си ја знаеш твојата ситуацијата ... Ако вреди да се бориш за него и ако стварно те сака: Go ahead girl !! Имаш поддршка од мене !
дечки сите вие што се сомневате пријавете се на емисијата прељубници да видите што се дешава тогаш ке дознаете и се што не сакате ама пазете може се да ви се сруши.сепак луге истражете следете го факајте го на финти мислам дека не сте доволно храбри се плашитеод вистината ...поззз
Е ај сеа детективи ќе изигравме. Па што сака нека си прави, негов живот, тебе ако ти одговара прифати си го и сакај си го таков, што ќе ти е некој за да го шпиунираш! Опрајте се
Дечки, ај да ве замолам за совет.. Можда е малце смотано од моја страна ама.. Има еден дечко, веќе недела дена си правиме муабет Спојлер се запознавме на facebook и ептен ми е симпатичен,згоден и све тоа. Имавме добар почеток на запознавање, ептен е фин,културен и такви ствари.. Е сеа, пишува дека е во врска. Пред 4 дена ме праша дали имам дечко, па какви типови ми се допаѓаат, дали сум била некогаш вистински заљубена итн, АМА јас него не го прашав ништо во врска со љубовен живот зашто ми беше доволно тоа In relationship. Деновиве ми вртеше муабети за излегување, кафе и такви работи ама ништо конкретно. Денес конечно ме викна, и му реков дека ќе дојдам и се договоривме место и време.. Проблем бр. 1 - Не сакам да спаѓам во оние расипувачи на врски Спојлер доколку е во врска Проблем бр. 2 - Се мислам да не е малце прерано за да се видиме лично затоа што се знаеме само 1 недела..
па не се залетувај едноставно разговарај уште со него и ќе видиш дале е во врска или не и побарај да излезете ти кога сакаш а не тој. Така ќе видиш дали ќе најде изговор или не. Пред се тие што се во врска гледаат период од денот каде што можат да фатат кривина сигурно не се достапни 24/7 освен ако не се талент за лажење. Така да првин убаво запознај се па после во авантура