Јас не знаев дека е нервозен, откако го прашав се случи тоа, и бум - експлозија. Ниту знаев како да одговорам, ниту како да постапев. Не е лош, ова само не му чини. Чува многу во себе, сестра ми е таква, тешко се отвара, додека сум јас спротивно од тоа. Утрово е поинаков, посмирен, расположен, само му кажав дека кога е спремен да разговара за се што го мачи, ќе го ислушам, но да не се однесува со мене така. Ми се извини, знае дека претерал и ќе се потруди да го надокнади пропуштеното, но денес го гледам со други очи, ми треба време да се стабилизирам.
После ќе биде, жените не знаат да се однесуваат а всушност грото од мажите не знаат што сакаат и како да се однесуваат. Мене да ми рече така, последно ќе му биде.
@Mirinda_ Dali konstantno ste pod pritisok i raspravii makar i za vakvi raboti i se zacesteni periodov?
Контактирам со едно дете веќе година и пол значи најдобар пријател 24/7 сме на телефон (тој замина да работи во друга држава). Се смееме, пееме се совршено. Зачера се фатив како ми скролам низ слики и ги гледам, некое чудно убаво чувство, тој исто така завчера ми призна дека му се допаѓам ама е премногу резервиран како да се плаши. Ми кажа вчера дека на некоја пријателка за роденден му купил букет-полудев не му пишував, врескав низ дома што не личи тоа на мене.. Се зачудив. А и гледам тој почнува повеќе да се страми внимава што зборува.. Не сфаќам дали да го гледам само строго пријателски како досега и така да се однесувам? Оти неможиме да му наредиме на ова срцето глупо
Ние ретко се караме, само ова претставува проблем, неговата затвореност, проблемите ги чува во себе и речиси тешко се отвара. Немаме некој притисок, едноставно моето обично прашање свртено на шала, и тој се напна.
Si probala na razlicni nacini da komuniciras? Dali sekos otvoreno od dvete strani pristapuvate kon reshavanje ma problemite bez pritoa da se napagjate eden so drug ?
Па ако му е таков карактерот, нема потреба да трошиш зборови и енергија. Ако неќе да збори и се лути, неќе, нема да го молиш.
Ти ги прочитав сите одговори. Дај му време бидејќи минува низ тежок период. Остави тој да те бара, да ти пишува. Еве јас имам врска на далечина веќе скоро 5 години. Пред три години мајка ми се разболе и бев многу загрижена. Целиот фокус ми беше на неа. Со дечко ми нон стоп пишавме, се слушвме. И кога се деси тоа имаше денови кога не сакав да комуницирам со него. Бидејќи како што напишав целосно се фокусирав на мајка ми. Не знаевме што и е, читав многу по интернет сакав да и помогнам да помине се што побрзп и со тоа се намали мојата комуникација со дечко ми. Тој мислеше дека повеќе не го сакам му сметаше тоа што не му посветувам време и што немаме многу комуникација. Тоа беше одреден период ама тој беше трпелив и помина се. Истото треба и ти да го сториш. Да оставиш некое време он да те бара, да му оставиш простор и да знае дека го сфаќаш и му си поддршка. И не е тоа причина за оставање во никој случај.
Веројатно пријателството веќе прераснува во друго,нешто повеќе.Јас не гледам тука проблем,ако осеќаш дека и од другата страна има нешто повеќе кажи му не е страшно ниту срамно.Сигурно имате голема блискост штом комуницирате секој ден. Луѓе сме, можат разни чувства да се појават во секој од нас.
Здраво на сите, ве молам за совет и мислење без да ме осудувате бидејќи можеби моето размислување не е како што треба. Имам 25 години, уште малку 26. Со дечко ми сме заедно 4 години и 7 месеци. Со него немам реален проблем, се е во ред, исто и со неговата фамилија сум блиска. Всушност пред 2 месеци неговиот брат започна врска со девојка од соседниот град на околу 50 км од нашиот. Не запозна со неа и девојчето беше ептен океј и кул, почнавме да се дружиме да идеме чат пат на кафе, јас дека работам во нејзиниот град и кај неа некогаш одев на кафе. Но, последните 15 дена ми се чудни многу. Прво, секој викенд е овде од четврток до понеделник што мене не ми пречи воошто, само ме нервира што ми пишува "еве фамилијарно ќе ручаме, еве фамилијарно пиеме кафе итн.." како мене да ме нема во целосната слика. Мене односот со дечко ми и неговата фамилија не ми е сменет и сеуште сме блиски, само мислам за некои работи дека ме лаже девојчето. Пример пред една недела ми кажува како мајка му и татко му на дечко ми ка прашувале дане си бремена малку си здебелена дај боже да имам внуче ајде те молиме дојди со нас да живееш многу ни е убаво кога си ти овде те сакаме многу за снаа најубава си ... а реално луѓето не се такви многу се културни, воспитани и млади.... не знам што да мислам ми паѓа тешко секојпат кога ми кажува такви работи како сите и кажувале дојди да ни бидеш снаа само тебе те сакаме јас секојдневно се гледам со дечко ми и неговите, чудно ми е како кога сме сите заедно никој ништо не и кажува а демек јас кога не сум таму таа била снаа за пример, за внуци, најпаметна, најубава. Имам чувство како да пробува да ме оддалечи и од дечко ми и од неговата фамилија. Не сум љубоморна, пресреќна сум што конечно имам друштво на семејни собиранки... но зарем вака заслужив? На никој ништо му немам преречено, посебно неа се однесувам со неа предобро. На моменти чувствувам анксиозност, како да сум веќе одтргната од секој нивни план. Пред 2 недели кога беше овде требаше да одат на шопинг за Скопје и ми кажа како еве ние ќе одиме фамилијарно ама за тебе нема место и дури ми пишува, а дечко ми ми се јави да ме праша дали сакам да одиме со друга кола и му кажав не сакам и ми кажа епа и јас не одам тогаш ќе излеземе овде јас и ти. Во четврток ми звони ми кажува дека ќе се селела кај нив за 1 месец многу неубаво чувство ми ствара... дали е во ред да разговарам со дечко ми за ова и да му ги кажам работите што наводно мајка му и татко му ги кажале? Или да не се замарам? (Барем да пробам )
Види кога ќе се соберат повеќе луѓе во фамилијарни работи, нормално е некој да ствара рчки. Погледни ја темава за снаи и свекрви, и за брачни проблеми. Ако тебе дечко ти ништо не ти има згрешено, не се карате. Ако он лично не те отрга од фамилијарни настани, не се грижи. Самиот не сакал да оди со нив во Солун без тебе. Ако продолжи да те провоцира, намали на комуникација, не си венчана со девојката. Гајле ти е што збори, се додека дечко ти е на твоја страна. Е сега ако те оддалечат скроз, пример да одат сите некаде на ручек, да се договорат без тебе. Тогаш да време е за разговор, зошто така.
@AnastasijaIc12 мое мислење е дека намерно те рчка, мислам дека нема ништо точно од тоа што го кажва, најверојатно сака да те напрај љубоморна, ептен незрело се однесува. Дистанцирај се од неа, помалку комуникација
Благодарам за одговорт. Дечко ми не ме од тргнува ... од прв ден секогаш ме планира за сите фамилијарни прослави. Некогаш одам, некогаш не зависи од работа, обврски дома и слично. Важно сум поканета и планирана за се. Кога со запознав девојчето многу се израдував дека ќе имам друштво... 99% од времето јас им велам абе ајде да ја викнеме и нес за таму.. за ова.. за она. Но сега се чувствувам како кловн јасно ми е дека сум подолго време таму и сакав девојчето да не се чувствува како странец, за на крај јас да сум странец..
Искрено го делам мислењето со тебе. Иако нема за што да љубомори... не делиме ист дечко или нешто друго. Јас би била пресреќна да се сложувам добро со девојка на мојот дечко брат. Многу сакав девојчето да се чувствува прифатено и да не биде како странец, бидејќи реално јас 4 години сум секој ден со нив, неговите ме викаат Анче, знаат за мене многу работи што ми е убаво што не, но не сакав тоа да дојде толку до израз за да не се чувствува "отфрлено"
Реално, ти многу се замараш. Ти потребале и родителите и брат му и таа другата снаа. Гледи си тамо дечко ти, ако се венчате најубаво да си живеете посебно а не со нив. Сега може и најдобри на свет да се ама во брак се менат 360. Остави ја неа, она нека им мени пелени кога ќе им падне газот, ти уживај си настрана.
@AnastasijaIc12 Ти не си во врска со неговата фамилија, и со таа девојка, туку со дечко ти. Не ја ставај во мисла, игнорирај и дистанцирај се. Успеала да ти скока на нерви и да те доведе до степен да се прашуваш шо улога имаш и ти, ко да сака да се натпреварува со тебе. Шо повеќе дистанца со неа, тоа подобро.
Мудри и искусни женски/машки, на мака сум и не знам што да правам. Кој е во можност нека ми пише лична порака, многу ќе ми значи. Не би сакала да пишам за ова тука..
Сеуште не можам да поверувам Се зближив со еден дечко демек фин добар ајде пишувавме еден ден, два дена супер се ми одговара, сега пред малце ми рече да збориме ајде викам важи, се договаравме да се запознаеме, да дојде во мојот град, ми викаше фина добра се по ред, буквално да се зближиме, бев среќна што конечно се појави некој во мојот живот!!!!! За сега кога зборевме, во сред зборење ми спушти и гледам ме блокирал од инстаграм, не знам која причина зашто???? Многу се приврзав некако, мислев дека најдов некој искрен делуваше за да добијам блок без причина??? Не знам, многу сум разочарана Ваше мислење??? Ништо чудно немаше во муабетот, најнормално зборевме.
Што ги знаеш, можно да имал замисла само да си најде забава. Па видел дека не добива, или можеби има и девојка па го фатила среде повик па да исчисти се сомнително. Друго не гледам.