Si se razocarala za glupost ...da ti kazam sestra mi go fati decko I koj I bese se na svetot 4 godini ..so druga zenska ..pa 2 dena od krevet ne moze da stane ..pa ti vidi sto e privrzanost.
Немој толку брзо да се приврзуваш за никој. Уште не сте ни почнале нешто, сте комуницирале само неколку дена, а викаш не можеш да поверуваш, ко да си изгубила којзнае што. Не секој има добри, искрени, сериозни намери, затоа немај очекувања и не се приврзувај додека не сте ниту во врска.
Премногу брзо се поврзуваш и создаваш идеална слика дека би го видела во живо. Ништо страшно... И да не му се секираш не е ни прв ни последен, да требало че излезевте, а овој нешто мати. Ова ти го зборувам затоа што и јас имав девојка од интернет пронајдено и се океј си беше.
Еве на фб му пишав дека заслужувам барем причина да ми каже, наводно дека сум немала доверба во него и сум му викала дека лаже, тоа било причината за блок.
Не јас него, туку он мене дека реков не му верувам, што е и нормално да не верувам на некој што два дена збориме
Па реално за два дена не ни можеш да знаеш некој каков е. А стојам зад тоа дека го фатиле у среде разговор, затоа блокирал. И не пишувај на ФБ, не се брукај.
Не знам што да кажам, јас бев таа која исклучи дека снемав батерија, после кога сакав да му се јавам пак, приметив, вака ништо чудно не приметив кај него, дури ми рече можеш да дојдеш кај мене да седиш некое време да се увериш дека немам ништо, ајде јас претерав, ама да ме блокира тек така не знам, до мене е јас сум глупава што верувам на секој
Не е зрело ова како мало дете некое. А ти не си требала да му пишеш едноставно батали и продолжи си со живото не се разочарувај за глупости. Ќе дојде подобар.
Поминувам низ развод, со сопругот сме разделени, уште судски потпис да ставиме. Значи меѓу нас нема никакви емоции многу одамна, ниту било што. Пред некое време почнавме да се гледаме со еден маж, се видовме неколку пати, не планирам за сега ништо озбилно, секс, опуштен муабет и тоа е тоа. Сексот ни е супер, а и муабетот ни оди. Е сега се знам сама себе и ми е страв дека ке почнам да развивам емоции, сега за сега ми одговара ситуацијата, а што како за во иднина немаме ништо дефинирано. Знам дека, ако продолжиме да се гледаме ке посакам нешто повеќе од секс, а тој ми праќа некои сигнали, ама збунувачки. Тој ја знае мојата ситуација и двајцата сме возрасни и зрели луѓе. (30+ и 40+) Е сега сакам да ја започнам темата за што би било, кога би било, за нас двајцата, ама не сакам да испаднам очајна или заљубена зошто не сум, но од друга страна би сакала да знам на што сме за да знам дали да кренам рачна или не. Долги години не сум била во комуникација или било што со друг маж и малку се чувствувам изгубено па ми е потребен совет како да се поставам во ситуацијава.
Според мене мислам дека не треба толку да се оптоваруваш, ако вие убаво и на двајцата, зошто да не би прераснало во нешто поголемо? Кажа дека давал некој збунувачки сигнали. Ако не е тајна какви например? Сакаш да кажеш дека прави топло ладно со вашиот однос или? Бидејќи јас така разбрав според напишаното, а и со тоа што викаш дека незнаеш на што сте, мислам дека треба да седнете и отворено да разговарате бидејки само вие еден на друг би можеле да си одговорите на тоа прашање. Исто така кажа дека тој знае во каква ситуација си мегутоа ако некој работи не ти се допагаат во тој однос, ете како што кажа со сигналите што ги прави кажи му дека не сте деца и дека не тие дојдено едноставно до тинејџерска врска чим не ти одговара така.
Да тоа е, сакам да разговараме за иднината, на што сме и каков му е планот, а од друга страна не сакам да испаднам очајна или затрескана зошто не сум. А иако ми одговара сега да се видуваме само за секс, не би сакала да се вложувам на долг период ако немаме иднина. Инаку збунувачки сигнали од тип на на пример што би правеле во иднина, ке идеме онаму, оваму, кога ке се разведеш официјално ке биде она, ова и му кажувам дека коначно маж ми решил да престане да ме малтретира и ке се потпише, инаку ме живееме заедно подолго време, он ми изреагира онака, као супер, ама не како што очекував, не викам дека требаше да падне во несвест од среќа, ама пак… Неколку дена поминаа од тогаш зборуваме бош муабети само.
Аха, епа добро тогаш ако тие вака океј со него без обврски многу многу, тогаш терај те си иако мислам дека не е многу озбилен и зрел како што кажа ти. Ти си го знаеш најубаво јас кажувам само според ова што го прочитав. Сепак да би била јас на твое место би пробала уште еднаш да разговарам со него отворено.
Да, разговарајте. Нема што да испаднеш очајна, нормално е тоа да прашаш, кои му се плановите и да знаеш на што сте.
@Flowerbloom Може и едноставно во моментот давал некои лажни ветувања и илузии со цел да те заведе полесно и да си го оствари зацртаното во моментот. Неговата бош реакција баш е и некако потврда за ова. Но, од друга страна, и самата не си заљубена и ти одговара моменталниот однос - строго физички. Па така, не гледам зошто да се разговара на сериозни теми кога и двајцата не го гледате ова сериозно
Здраво, веќе подолго време сум сама од причина што брзо се приврзувам кога сум во врска, па сакав да ве прашам за совет како да избегнам нагло и интензивно приврзување. Работам во едно министерство и многу ми се допаѓа колегата од соседната канцеларија, но не можам да стапам во врска од причина што знам дека ќе се приврзам. Затоа мислев дека е подобро дека наместо само со него, да почнам да се гледам со 3 колеги, но од 3 различни сектори. Нашето министерство е од поголемите! Што мислите?