Јас вака се влечкав две три години. Станавме двајцатњ многу љубоморми еден према друг. Си кажувавме дека се сакаме и сите такви работи но освем бакнеж на чело и прегратка немаше ништо. Буквално. Мене ми смачи како да се плашеше од мене па се гледав и со друг па и тој исто така, па пак почнавме да се движиме и да имаме комуникација и буквално јас го бакнав прва во уста па теравме така ама пак како да се плашеше од мене и така теравме па на крај бев иницијатор и за нешто повеќе. После тоа јас сфатив дека најдобро беше кога бевме само пријатели. Крај.
Дефинитивно беше најдобро кога бевме само пријатели, јас го запознав подобро на љубовна база и го баталив
Се разбираме. Затоа од старт не сме биле нешто поќе туку само пријатели. Да требало ќе било од сам почеток. Пример со сопругот од старт беше на љубовна база, љубов на прв поглед буквално.
Здраво луѓе! Поопширно ќе го затерам ова, најпрвин да кажам дека ако некој има нешто против, нема потреба да коментира а и не е дека и мене ми е сè уште нешто многу прифатено тоа, не сакам да ме опишува како личност ниту пак некој да замарам со тоа, моја интима е но морав во случајов да спомнам за да се разјаснам. Еве да почнам, да не вртам од околу, во последно време ми се допаѓа девојка која сигурно има преку 20 години и е вработена во едно кафуле кое често го посетувам, е сега, работата е што јас сè уште немам 18, а воглавно, тоа дека сум девојче. Ептен женствена сум што дури и самата не очекував да тргнам по тој пат, но да го оставиме тоа настрана. Работата е што сакам некако да се зближиме. Знаеме нешто да си искоментираме чат-пат затоа што веќе и таа и другите ме познаваат по моето често посетување, и за денот на жената оставив мал гест кој што и се допадна многу, но сакам да ја прашам за некоја социјална мрежа, да искоментирам нешто повеќе, или нешто слично- да направам некој малку поголем чекор. Воопшто не сметам дека таа е по девојки, но повторно се држам за тој % дека можеби грешам затоа што уште не ја знам лично, или дека можеби би можело тоа да се смени кај неа, како што се случи кај мене. Можеби залудно е, но многу сум упорна кога ми се допаѓа некоја личност, никогаш не е нешто casual кај мене, секогаш е огромно нешто и страствено Но, нормално ако не биде, тогаш барем да ми стане поблиска, и ситниците ми значат. За сега многу би ми значело ако слушнам некои повеќе tips, било какви, па се постепено.. Знам дека не е вообичаено да чуете вакви работи, но многу би ми значело ако барем една личност се потруди да има добра реакција на ова, но на крај краева форум е така да сè очекувам ( Не најдов друга категорија приближна за вакви нешта, се надевам не замерувате )
Јас сакам друго да ти кажам. Нема врска дали си женствена или не за да ти се допаѓа девојка (општо некој од твој пол). И не е страшно, ни срамно. Кога веќе ги идентификува чувствата, ќе се навикниш и на нив. А за девојката, ако не одиш дирек и крајна цел ти е да ја имаш како другар ако не успејш за поќе, прво напрај муабет со неа. Чим си редовна сигурно и те има запамтено, барем јас на места каде сум била редовна со вработените сум била на доста friendly односи. И ако стигниш до тие доста френдли односи - ептен е лесно да премини нешто онлајн.
Дали би се гледале со некој кои би Ви рекол од старт дека девојката треба да биде поубава од дечкото? И дека девојката не смее да допушти да има повеќе од 10 вишок кг? Исто така да има убави црти на лицето, уште ме праша јас дали сум имала и покрај тоа што ме виде на слика... Не знам дали вреди да излезам со ваков? Кој знае во живо што мани би ми нашол? Впрочем, вака за други работи се согласуваме и ок ми е дечково, ама после ова, не знам дали вреди
Ти кажи му оти сакаш твојот потенцијален дечко да вози бмв, и да заработува 6 нули во евра годишно. За последно, прашај го дали живее со мајка му.
Ти кажи му дека треба да биде како Бред Пит, треба да е милионер и треба да му е 25цм. Ако веќе поставувате стандарди.
Со родителите, ама наводно кога ќе се жени, ќе живее посебно со жена му, ама ова ми падна чудно, како да излегувањето на кафе ќе биде анализирање на мојот изглед уште ми рече демек на шала, би сакал некогаш да те измерам на вага да не случајно лажеш дека си покачила само 3кг... Ама ми се жалеше дека на фб му пишувале девојки кој го прашувале колку заработува и што вози , а он со ваквиве критериуми изгледа не е ништо поразлично од нив.
Не вреди. Таков не е ниту за да му објасниш нешто, само да му кажеш ајде поздрав и да не му се обратиш никогаш повеќе.