Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    А зошто не и рече да си ја земе назад ако и била толку погодена?
     
    На Harley Quinn, eliesaab, Milaa111 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.542
    Допаѓања:
    33.970
    Пол:
    Женски
    Те заболе дундата ако она те мрази. :D
    Ти треба сега неа да ја мразиш. Не оди повеќе кај нив, да знае дека се лутиш и оти со тебе нема играчка.
     
    На Harley Quinn, raww, Milaa111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Pumpkin@

    Pumpkin@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Зборувај и ти за твојот бивш дечко,колку бил културен,убав,оти бил од богата фамилија,50-50 ќе сте барем :)
     
    На MarigoldA, Milaa111, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Broken heart

    Broken heart Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Те спрема психички те подготвува да и бидеш роб да и чистиш да бидеш одржувач на нивната куќа.а ти ќутеше а?арно шо не ја отера ма речи и ја сакам да се мажам свекрвата кафе во кревет да ми носи испробај ја речи ако се омажам за синот твој ќе ми ја средиш собата?ќе ми го чуваш детето?а?таа некоја од планина излегла кој век бевме чекај:wasntme:14 век о да

    И на двајцата расчисти од почетокот после е касно веќе избегавај ја кажи му на твојот дека неќеш контакт со неа чим мисли да замара и дека сакаш посебно и ти постави услов он така се прави додека не те стутка кај матичар и со бебе после ќе корнеш коси реши си оваа ситуација пред време ако мислиш да живееш.првата од што побегнала?ОД НЕА И ОД МАМИНО СИНЧЕ.
     
    На Milaa111, Gosh и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    50.872
    Значи девојчево прашуе уствари дали дечково е малце онака како (политички) да го опише, ГЕЈ, а не дали е смотан или неписмен.:rofl:

    Иначе, одговорот девојче, е не.:D
     
    На Nausicaa, butterfly6223, Stark и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Winter-girl02

    Winter-girl02 Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Пишувам во име на братучедка ми, бидејќи нема фемина а очајно и е потребно мислење *

    Започнавме да се допишуваме online , си реков конечно некој со исти сфаќања, мислења за иднина за се, едвај чекав да се видиме во живо да се запознаеме, муабет ко да се знаеме цел живот, дојде и тој ден, јас пресреќна излеговме супер си поминавме, вечера, кафе во ресторан, се прошетавме, но мојата среќа траеше до тука изгледа, ми рече, те гледам дека си ок, фина добра девојка, нема да те лажам, сакам да сум искрен со тебе бидејќи ова веќе почна да иде предалеку има хемија помеѓу нас и подобро би било да ти кажам уште додека е почеток, нема да кријам и покрај тоа што лесно би можел да сокријам , (не сме од исти градови) јас замислена му викам, кажи да, за што се работи...
    (Ќе Ве замолам Ваше мислење, искрено да сте на мое место што би правеле со човеков, бидејќи мене ми се засвиѓа и не можам да размислувам правилно, уште полошо да биде е тоа што и јас на него му се свиѓав, барем да кажеше дека не му се свиѓам, мислам подобро ќе беше)
    Ми рече, пред 6 години додека бил со другар во некое диско, вракајќи се за накај дома, он тргнал да го земе тел од полнач и во тој момент некој пијан ваљда не знам баш, почнал да го рчка и овој наводно со убаво му рекол не ме замарај, овој демек уште толку почнал нешто да го закача прво со што овој му вратил, па ги пријавиле сите тројца затоа што другар му сакал да ги раздвои како што разбрав завршиле на суд, не знам не сум паметна ниту пак запамтив и друго што ми кажуваше, ми рече дома ми дојде полиција, мајка ми срце ќе ја фатеше за малце, буквално хаос ми беше дома, сите ги разочарав а бев наместен, ај ок тоа, капак на се беше кога рече дека му стигнало дека можело да заврши една год во затвор, ама не му беше сеедно кога го кажуваше тоа се гледаше дека стварно не сака да ме лаже, јас имам голема фамилија и сите се оженети/омажени, утре ден да имам ваков маж што може да заврши во затвор искрено, не знам колку би го сакала тој циркус пред се поради себе па после поради тоа што имам нормална фамилија, можеби отидов предалеку со размислувањево, но не сум паметна, дечково по однесување е еден од ретките кои ми се допаѓа и физички и се, како се однесува со мене и преубаво си поминав, ама ова некако ми ги урна соништата кои ги имав, нормална девојка сум, повлечена и не знам како со ова што ми го кажа дали да продолжам да се гледам или што не знам.... Не сум паметна, не знам да размислувам.... Како што тој му било тешко кога ја видел реакцијата на мајка му кога му дошла полиција дома, јас такво нешто не сакам од моите да доживеам утре ден ако имам нешто со него, не би сакала да ги разочарам луѓето што ми го обезбедија целиот живот, како да постапам?
     
    Последна измена: 31 март 2024
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    Толку многуу објаснување, искрено единствено што сфатив е дека човекот ќе оди у затвор. Од кај знаеме зошто? Година дена не се оди затоа што се срчкал со некого само. Се нафта може со чудни дејствија. Нека си се тргне, ја никогаш не би била ни блиска со луѓе што ги брка полиција или потенцијални затвореници.
    Еднаш го видела, за цел живот муабет, прекрасотии - дај тргнете тоа розевите наочари
     
    Последна измена: 31 март 2024
    На oblace1, joy1 и злоба им се допаѓа ова.
  8. Broken heart

    Broken heart Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Одговорот самата си го напиша на крајот?!мада ја би одела до крај да истражам што точно се случува и на крај краева и со полиција нешто да има и што?не е убиец.никогаш неможеш да знаеш и тебе што може да ти се случи.али ај глеј си ги родителите.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  9. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.492
    Година дена се иде за тешки телесни повреди јас колку што сум упатена.
    Иначе, ајде еднаш да ти се случи ок на некој може да ни се случи да не наместат ама освен ако дечково не живее во некоја европска строга земја кај што ако некој те закачнал и ти одма си скокнал па да добие година дена казна е друго, што знам ја со вакви ликови не би имала работа исто членката над овој коментар што напишала дека не треба да се суди е во право, можеби не е за ништо крив ама.. Кој да знае, колку братучеди имам во фамилија и големи друштва и се, па не се случило вакво нешто, така да во голема мера е до човекот и секако со какво друштво е опкружен, ако некој не е таков ќе се тргне од такво друштво и чао пријатно, а овој кај дома му се секирале кај па уште не знам што...
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.920
    Пол:
    Женски
    Еднаш искочила со него...нема потреба волку трескање од земја. Колкава е братучетка ти?
     
    На Broken heart и Selena01 им се допаѓа ова.
  11. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Се зачленив само да ви кажам дека никогаш не треба да останете со некого доколку не се чувствувате сигурно, безбедно и сакано.

    Мојот бивш дечко беше тежок манипулатор, нарцист и лажго. Секогаш ме правеше да се чувствувам неубаво и несигурно во врска со мојот изглед, облека и тежина, иако имав само 60 кг. Изгубив целосна самодоверба, се затворив во себе и не разговарав со никого, се оддалечив од сите блиски луѓе бидејќи него не му се допаѓаше никого. Не излегував, не се дружев, по цел ден седев само во соба. Никогаш не излегувавме во јавност заедно бидејќи тоа го правеле само женети/мажени. Ми го испра мозокот и ме програмира по негови барања и стандарди. Секогаш ме повредуваше, нервираше и расплакуваше за на крај да биде само тој единсветната личност која ми остана и ми кажуваше како ме сака само тој никој друг, ми ги бришеше солзите што самиот тој ми ги предизвика. Внимание никакво, поклон за роденден, 8март, именден никаков. Од ист град се гледавме на 3-4 дена, иако и двајцата со премногу слободно време. Секоја вечер излезен со другари додека јас седев дома и чекав негова порака или повик. Време минуваше и "функциониравме" така. Јас не смеев да заследувам машки, да лајкнувам и да пишам со други, а тој го правеше сето тоа. Ми беше страв да раскинам бидејќи немав веќе никој, немаше со кој да излезам од дома. Но, фала му на Господ еден ден се одлучив на тоа. Се чудев како може да ми биде тешко што заминувам од човек кој ме исцрпи психички и ме остсви без самодоверба.

    Бев сама 1ипол година без контакт со машко лице. За таа 1ипол година научив како да се сакам себе си и како да уживам во времето сама и да сум среќна без никој. 1ипол година подоцна ја сретнав личноста што цел живот ја чекав, ја посакував. Баш таков како што ми треба, по сите "мерки". Не ми се веруваше дека постои таков човек, не ми се веруваше дека сеуште постојат нормални луѓе. 3 години подоцна сеуште во љубов, сеуште страст и сјај во очи како првиот ден. 3 години без караница, без тензија. Толку многу грижа, љубов и внимание што секоја личност на овој свет го заслужува. Милион цвеќиња од 50 денари купени без повод, милион те сакам на сред филм, во сон, во 3 на ручек, на сред работно време... милион спомени заедно, прошетки, кафиња, ноќни возења. И сето тоа од љубов, без притисок, без 7383 денови поминати во план за кога да се отиде на кафе.

    Сите го заслужувате ова и верувајте постојат такви луѓе. Постои човек што ќе ве сака само вас, постои човек што нема да заследува рандом девојки на инстаграм и да му срцнува стори, постои човек што ќе ви кажува каде е излезен и со кој без да мора да дознавате од други луѓе, човек што ќе ви се јави онака да ве праша како сте. Човек што во ресторан слави роденден на другар, но во 11ипол часот ти се јавува и кажува "Доста ми беше овде, доаѓам да те земам и одиме да спиеме кај мене" и потоа кај него ти го дава твојот омилен десерт за кој се сетил да ти го купи од ресторанот.

    Не премижувајте на еднаш ме навредени нема да му се повтори, ме излажа ама за мое добро, ме изневери ама ќе се смени кога ќе родам дете, пишува со други ама таков е дружељубив, не ми кажува каде излегува ама другаркитр ми кажуваат, не ми кажува дека ме сака и убави зборови ама заедно сме барем во ред е, не излегуваме заедно никаде но барем дома се гледаме кај него и слични работи кои и не се баш нормални.

    За крај сакам да кажам дека и мене да ми се случат некои од овие работи во сегашната врска, ќе заврши. Но сепак, длабоко во себе верувам дека го пронајдив мојот човек. А верувам дека секој од нас има човек кој не чека некаде, но за да допреме до тој човек прво треба сите токсични луѓе од животот да ги пуштиме да заминат.
     
    На Mrs.Precious, tanjita, злоба и 35 други им се допаѓа ова.
  12. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    прашањево можеби и не е баш за тука ама ќе си ја пробам среќата.

    на почетокот кога почнавме да се гледаме со сегашниот дечко немаше ден а да немаме односи, по неколку рунди во вечер (пакетче кондоми не не спасуваа)
    сега после година, тоа се намали на еднаш неделно, дури до две. зборувавме, му кажав дека ми смета што немаме толку односи (почнав да мислам дека до мене е проблемот и дека не сум му повеќе привлечна. ми долови дека не постои нешто поубаво и посекси од мене).

    ми призна дека намалено му е либидото поради маструбирање и реши дека нема веќе да го прави тоа, но еве поминати се неколку месеци а се нема баш многу променето. би сакала да се врати како што беше порано.

    ваше мислење и некој совет?
     
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Ако му е намалено либидото поради мастурбација, зошто продолжува и по разговорот? Зависен е од порничи? Разговарај повторно ... Нема како да се реши освен со компромис меѓу вас двајцата.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.423
    Пол:
    Женски
    Значи како да се пресрамам да идам во тоалет коа сме заедно негдд?
    Општо ми е срам со било кој и да сум, да идам во тоалет. Не знам зошто. Нормално е и физиолошка потреба е. Ама од него ми е многу срам. И кај и да идеме трпам, и после ме боли стомак. Не сме од вчера заедно. Ама ете срам ми е.
     
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.444
    Пол:
    Машки
    Аххх ами првио пат ко че прдниш пред него, ќе умриш од срам. :rofl:


    Јас имав случка таква, после можеби повеќе од пола година, си лежиме и некако превртување мрдање, тушнав... ај си реков настината е, затнат носот нема да сети.. и мириса под кебе ова она и ми вели тушна и така кисела фаца? Се смеевме со деној за ова! :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На sj *O* и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. sugarmama_

    sugarmama_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е ако ако не сакаш да се впушташ во нешто каде што немаш сигурност, играј и ти, забавувај се без емоции, не се врзувај ако не си спремна.
    Опушти се, дружете се, излегувајте, прави си муабет, едноставно остави времето да ти покаже. Колку и комплицирано да ти звучам, верувај ми дека ќе дојдеш до тој ден каде што навистина ќе имаш одговор на се. Не се оптеретувај, животот е краток за да се посветиш некому 100%. Сакај се себеси.
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.423
    Пол:
    Женски
    Абе добро нормално е
    Ама не знам ја се осеќам така. Срам ми е. И од други не само од дечко ми. А летово треба на одмор да идеме, мема теорија да трпам. И мн ми е срам да не се слуша.. ужас
     
    На Anyshka и Stark им се допаѓа ова.
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Здраво во врска сме скоро година и се функционира добро искрено. Има еден проблем кај него а тоа е дека бил изневерен во некоја предходна врска и сега како да паничи за ситни многу работи, поточно да прави како проблем кога го нема, се сомнева дека сум била во продавница и слични навистина ситни работи.. Му кажав разговараме дека не би го изневерила да се чуствуваме треба пријатно и со доверба, друго незнам што да преземам. Предлог?
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.449
    И коа си у кафич/ресторан не идеш у wc дека со луѓе си? :?:

    Нема логика срам да ти е, сама знаеш дека природна потреба е и нема друго освен да се опуштиш и да не се замараш. Не сте деца ко прво.
    Мислам, интимни да сте не ти е срам, ама срам ти е за ова. :D Сори ако не ми е на место муабетов ама така е.

    А за да не се слуша, еве ако толку ти е незгодно, пушти вода да тече, пушти музика, шо знам иако скроз треба да се ослободиш и да не ти е грижа. Ај ќе се опуштиш кад тад, ќе мораш.
     
    На Anyshka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Бегај. Одма.

    Што е проблемот ако идеш до продавница? Сакаш да кажеш ако идеш да си купиш тампони мора да му сликаш фискална за да се увери со саат и место?
     
    На eliesaab и Tinaaa им се допаѓа ова.