Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Одговор бр. 1

    - Па не спаѓај де, едноставно е, излези на кафе и добра дружба, но на ништо повеќе, додека не знаеш за сигурно дали и во каква врска е!

    Одговор бр. 2

    - Ти повеќе знаеш од нас колку мислиш дека си го запознала во оваа една недела. Имате заеднички пријатели? Некаква гаранција дека се работи за сосема ок и пристоен дечко? Доколку ти треба нешто такво, барај додека не е доцна. Во спротивно, една недела може да е и доволно, и не... И во дискотека, клуб или кафич кога си излезена, може да се случи некој дечко да ти сврзи 5 реда муабет, за веќе потоа да те викне да излезете, нели? ;)
     
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ^^ Tи ја знаеш онаа сите се фини на почетокот? Па каков впечаток ќе ти остави на идиот уште од почетокот ли? Нема смисла. Ни луд не би го направил тоа, не пак маж шо се труди кај една девојка.

    Друга работа. Една недела. Презиме му знаеш? Да,не е ништо сериозно,кафе е нели,не е отров,али сепак е само фб. И башка,на фб да разлага муабети од типот какви типови ти се свиѓаат,бла бла бла мене ми нема смисла.

    Јас пишував скоро три месеци со еден тип,исто се запознавме преку фб,и само еднаш ми спомна да пиеме кафе,јас го излажав нешто и не пиевме,али не ни престана комуникацијата,ниту пак отиде до таму да си го разлагам јас мојот или тој неговиот приватен живот преку фб. :fubar: Муабетот ми е дека можеби ти некако преку муабетот си го навела типот да помисли дека со едно кафе ќе те смува,или барем да проба да ти понуди.

    Ти го имаш видено во живо? Од кај знаеш каков е во живо?

    И инаку,и мене ми пишува на фб дека сум вдовица,а не сум вдовица. Односно ми пишуваше,сега веќе не,но мислам дека ќе ми ја сватиш поентата. ;)
    Прави му муабет,а ако дојде тема кафе,кажи му имам друго обврски или ќе патувам на Марс,сеедно излажи го. Барем додека не провериш дали има женска,веќе ако толку сакаш да го лапаш.

    И убаво мислиш за тоа дека е прерано. ;) Поздрав.
     
    На EleMental и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Виновна или не?

    Значи вака...со дечко ми сме во врска околу 6 месеци но другар му се меша во се и на некој начин тој му е како 2 девојка :) Но во последно време како што гледам сака да не скара со дечко ми..праевме муабет и јас бев лута на дечко ми за ситница :D нвм и кажав дека не се интересира тој за мене другар му на тоа ми врати дека ако уште еднаш сум го кажела тоа дека ке ми удрел шамар :o ме навреди дека сум била смотана и бла бла ..Утредента јас му кажував ова на дечко ми он као лут бил изнервиран незнам што почна да го брани ниту му рече нешто.. ништо :) и сега излегува дека јас сум виновна за се..Советче :worried:
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Виновна или не?

    Неблагодарно е да му поставуваш ултиматуми на дечко ти, да бира помеѓу тебе и другарот, ама па од друга страна не си должна да трпиш навреди од некој Х фактор. Поразговарај со дечкото на само и кажи му дека ти пречи таквото однесување; ако свати - свати, ако не да си жива и здрава, море од дечковци е пред тебе :f: Остај ги нека си се дружат кога толку си уживаат во взаемното друштво :D
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Седни и разговарај со дечко ти. Не прави вакви детски работи со лутење за ситници и сл. Само ќе го растревожиш уште толку, и никако не му поставувај услови да бира. Здрав разговор, во 4 очи без околишање и се ќе се реши. И не да настојуваш и упорно да го напаѓаш другар му, туку ќе седнеш и ќе му кажеш дека одредени работи ти сметаат во врска со него, дека сакаш тоа да се среди на некој начин и.т.н.
    Со среќа :)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Ти си виновна, што има пред другар му да кажуваш што ти смета и да исправаш криви дрини? Тоа на само се прави. Ни па тој изгледа те поднесува штом ти вратил така. А и зошто мора тројцата да бидете заедно? нека има време за другар му и нека има време за тебе и сите среќни и задоволни.
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Знам дека грешив, ама му кажав на партнерот дека го изневерив. Ми беше многу тешко, но сепак го прифатив сето тоа.... И му кажав. ;( Не можев да издржав и му признав, обвинувај те ме колку сакате ама морав да му кажам. Ми рече дека му треба време да размисли, да го прифати сето тоа. Што да правам? Знам дека он моја страна се е направено, но сепак... Како да се однесувам сега?
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Немој да му досадуваш извесен период. Остави го да размисли. Ако не ти се врати тогаш, тука патиштата ви се делат, виновна си и готово, ако тој одлучи да не ти пружи друга шанса. Ако ти пружи уште една шанса се знае - друг пат со памет. Но во овој период немој да му вршиш притисоци, остави го доколку има надеж за вас двајцата. Можеби ќе ти се врати и ќе прифати тоа да го оставите во минатото. Но сепак немој премногу да се надеваш.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Крејзи штом си му кажала веќе нема назад, не го барај и пробај да го заборавиш. Затоа што верувај дека нема веќе да биде исто, ни ти нема да го сакаш назад затоа што нема да биде истиот, сега ќе те гледа со резерва, секогаш ќе му биде таа слика во глава, секогаш ќе мисли кај си сега со кој си, пак да не го изневеруваш.... и тебе ќе ти биде тешко ако тој одлучи пак да биде со тебе.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Немора да значи, мислам дека имав читано некаде по форумов една девојка со слична случка, како му признала на дечко и дека го изневерила и тој после некој период размислување решил да и пружи уште една шанса и го оставиле тоа во минатото никогаш повеќе не и спомнал за тоа. Чак што и врската им се зацврстила од тогаш. Не се сеќавам која беше, но имам читано. Затоа и напишав, нека му остави период и нека не му врши притисок но и нека не се надева на премногу :)
     
    На mysterious и sesilija им се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ми рече дека му треба извесно време за да размисли, но сепак го цени тоа што бев искрена со него.
    Не сме раскинале, но сепак го боли моето неверство. И мене ме боли. Би сакала да го вратам времето. ;(
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Искрено Крејзи, може ќе се навредиш, ама ако толку го сакаш ти си таа што треба да го оставиш и да му раскинеш откако ова си му го признала, зашто ти си кривата и ти си го повредила.На твое место, ако веќе се правам толку силна, ќе му кажам дека заслужувам да ме мачи со тоа што ќе ме остави и игнорира барем одреден период.И да бидеме реални, ако ти се смири за два дена тоа ќе биде само глума, за навистина да му помине ќе треба да помине подолго време или пак да ти врати со тоа што ќе те изневери :|
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Па тој се меша во се се го интересира за нас ..бтв фала девојки :*
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да така е и во право си...ама верувај дека не е лесно затоа што со него сум поминала долго време, и убави и лоши моменти а тоа сепак беше само момент на страст, а не беше направено од љубов. Мојата љубов сеуште гори за него. ;( Не би сакала сето ова да заврши вака, јас бев искрена затоа што неможев да молчам, имав грижа на совест и сега ќе го плаќам тоа... Сепак ги сакала да го задржам затоа што искрено го сакам со цело срце. :(
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Знаеш какви муабети ми вртеле девојки во врска, памет да ти застане :lol:. Јас веќе тоа во врска ништо не верувам затоа што заљубен тип што ја сака девојката нема со тебе да чатува секој ден на ФБ и сосема другарски ќе ви бидат муабетите.

    Јас сум баш поборник на брзо видување затоа што од искуство знам колку е тупо да се попалите двајцата по муабет и кога ќе се видите после 2 месеца еден е разочаран зашто немало врска со личноста од нет.

    Јас канам доста бргу на кафе ако ми личи девојката ок па ако помине успешно знам дека барем не ми е загубено време а дали има дечко не ме интересира зашто да го сака (ако воопшто постои) нема да флерта ниту пак ќе ме прашува дали имам или немам женска ниту пак бргу ќе се сложи за кафе. Барем 2/3 лажат дека некого имаат колку да си дигнат вредност или пак имаат некој колку да не седат сами.

    Ако идете на кафе само на јавно место за ако испадне идиот да можеш елегантно да си отидеш без да те замара.
     
    На DirtyQueen и simoncelicius им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Крејзи фер од твоја страна што си му кажала и штом не сте раскинале сигурна сум дека ќе ти прости. Остави го ден , два псоле тоа јави му се прашај го како е, што прави. На другар девојката му кажа дека го изневерила и прости и сега уште се заедно. Другарите негови беа ко не го заслужува затоа што откога му призна не се потруди околу него. Не мислам сега ти да се преправаш ама пак посветувај му внимание, да види дека ти е жал и дека сеуште го сакаш него.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Крејзи, те разбирам он сигурно тоа го знае, но кога му призна беше сигурна свесна дека нема да те изнагушка.
    Јас да бев машко и да ме изневереше девојката, искрено ти кажувам, ќе и дадев еден таков третман за да помисли два пати пред да погледне друг, а не пак да ме изневери :D Дечко ти е многу благ, верувај ми.Замисли ја твојата реакција на негово место.
    Сепак, според мене, за од ова да излезе нешто добро, е потребно време.Ако сега го притискаш, може ќе се гледа со теба и ќе ти збори, ама ќе биде само глума и на првата караница се ќе ти префрли.
     
    На zhap4e и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    викита,според тоа шо го пиша испага не дека другар му му е втора девојка,туку дека ти си втората а другарму му е првата девојка :) се надевам дека не се лутиш,ама стварно..не ми е сфатливо како може другарму како прво да се меша во ваша љубовна расправија,требало да излезе да ве остави на само или барем да не се меша,а тој отишол дотаму шо дури и ти рекол шамар ке ти удрам???дечко не би требал да ти каже такво нешо а камоли другар на дечкото.. :o дечко ти требал во самиот тој момент да реагира да рече-чекај како разговараш со девојками и слично а не да си кути,па одозгора и да го правда..колку и да бил налутен тоа не е никакво оправдување за неговата постапка..мора да разговараш за тоа со дечкоти и да му кажеш како се осекаш..а најдобро да не сте заедно,кога ке е со другар му ти биди со другарките пример ама кога ке си ти со него,другар му нема шо да ви виси,и така нема да се срекавате и немора да го трпиш..заедно тојцата не..а ако другар му му е побитен од тебе и повеке сака да е со него неголи со тебе пример па не ти ни треба таков,ке си најдеш некој на кого ке си му на прво место,а не после другарите. ;)
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    крејзи зошто ако го сакаш ја правиш грешката да го изгубиш, зошто ако некој ти значи го отргаш од себе. Сметам дека колкава и да е љубовта помеѓу двајца сепак после неверство никогаш не е исто. За него секогаш ќе бидеш таа што изневерува знаеш како викаат повеќето ако имало прв пат ќе има и втор пат, меѓутоа ете ти како повредена може би веќе пред него нема да искоментираш ни види го дечково но во неговото срце секогаш ќе има бариера во поглед на тебе, во поглед на тоа каде си, што правиш, со кого си........
    Во животот е многу убаво да си искрена тоа најмногу се цени но треба да сватиш дека околу нас има и многу зли луѓе кој поради таа искреност ќе те изедат. Зар мислиш дека некој од нас не прикрива нешто ако смета дека тоа би го повредило партнерот? Едноставно има некој работи кој ете немора да ги знае за добро на двајцата
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Крејзи искрено направи голема грешка немаше меѓу вас интима огромна што си ја стави цела врска на коцка несакам да те растажвам но не верувам дека дечкоти пофторно ќе има доверба во тебе се стави во мн.тешка ситуација јас на твое место никогаш не би кажала и со тек на време ќе поминеше
    зарем вреди една минута страст да ја изгубиш цела врска?НЕ
    сега дај све од себе и вратија твојата љубов и неговата доверба назад можеби ќе биде тешко но ако се сака вистински вреди да се бориш
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.