Никој не ти мисли лошо туку сакаме да ти укажеме дека тоа не е у ред што го прави. Имав другарка у ваква токсична врска, едвај стави крај. Не е дете мало да се сомнева за ситници и глупости. На крајот, одлуката е твоја.
Истата бев и јас порано . Кога одевме на одмор трпев, или ќе го пратив во маркет, и тогаш не ми се одеше, кога ќе се вратеше баш тогаш. Прати го во маркет. Исто и кога сум одела кај другарки, никогаш не сум била во WC, си трпев. Или кога мм ми беше дечко, кога одев за викенди кај него, незгодно ми беше. Луда работа, ќе се навикнеш.
Јас обично не трпам. А не знам зошто вака. Се осеќам ко после да сум прљава ко кузнае шо да сум праела. А нема врска. Ќе мора да се опуштам. И он ме кара
Луѓе мои... Постов ќе е километарски, не ме ни интересира дали ќе ме препознае некој или не, ОЧАЈНО ми е потребно да разговарам со некого затоа што поглупава во живот никогаш не сум била. Не знам ни дали ми требаат совети, ми треба само душата да си ја искажам некаде... Почнавме пред скоро година дена, тој Германија, јас тука. Уште од почетокот ми изгледаше како на женкар, следеше буквално 1000 девојки на инстаграм, знаете колку е гадно кога ќе отвориш кај некој и буквално сè е само девојки, исто и кога ќе ми излезеше пост од некоја девојка, тој беше прв во лајкови. Нејсе, ми се допадна многу што беше отворен, се вклопивме буквално за се, иако не сакав и не очекував, се заљубив премногу. Дојде лето, беше тука 2 месеци. 3 недели ни беа како рај. Вие не сте свесни како тој човек ме гледаше мене, погледот му кажуваше како да ме сака премногу, како да гледа нешто свето. Беше премил, не се делеше од мене, се додека еден ден преку ноќ се оддалечи, 3 дена го молев да ми каже што му е, за на крај да ми каже дека не е спремен за врска. Ок, прифатив. Проаѓаат неколку дена, дознав дека е со друга. Ок. Патем, неколку пати ми пиша за да ми каже дека му е криво и дека не сакал да ме изгуби, дека го гризела совеста итн. 5 дена пред да си замине, ми пишува и ми кажа дека сака да се видиме. Се видовме вечерта пред да си замине, се смиривме (не знам ни зошто, глупава сум). После го прашав за другата девојка, кажа дека ја имал поминато пола град, не знаел дека е таква бла бла. Од кога се смиривме, 2 месеци мене душата не ми беше мирна. Знаете она, кога без причина имаш тежина на душа и вознемиреност. Се беше ок, ама не бев среќна, ме болеше душата. Патем, секој ден заследуваше се повеќе и повеќе девојки, каде и да отидеше, заследуваше по некоја од таму. Еднаш имаше ставено слика, го прашав дали може да му коментирам, рече не, не сакал никој да знае и да ни пика прсти, во живо ќе сме оделе кај сакам ама по овие гадниве страни шо знам. Имам лажен профил на инста, и си реков ајде баш да го проверам човеков. Веројатно претпоставувате, немам девојка, ајде да се видиме, сакам сериозна врска, барам нешто нормално. Му плеснав сè, човеков не знае ни да се кара ни па нешто да каже, јас реферати, тој само те молам не оставај ме. Не знам зошто не го оставив, стави слика со мене на стори као еве сега цел свет знае, одсега сум сериозен. Ок. Го натерав да избрише што може од девојките на инста, ок со молење некако избриша. Помина само една недела после тоа, другарка ми ми звони испаничена и ми кажува дека била на кафе со некое девојче, другарка на оваа со која бил тој летото. Зборувале за нив, и девојчево и рекло тој не знам кое лице го има кога летото беше со неа, а сега пред 2-3 недели мене ми пишува ти ми требаш не знам што. Се шокирав, и побарав скриншати, ми прати сè... Пак му кажав сè, као демек крај, е тогаш се заангажира малце, дојде на 2 дена као демек еве јас те сакам, не бегај од мене. Не знам ни тогаш зошто се смирив, како што кажав, глупава. После тоа месец ипол беше ок, освен тоа што сакаше да и пише на една со која се запозна летото, као да ја прашал за резервација за нова година. Дојде нова година, дојде и тој, ќе славиме во ресторан. На маса јас, тој, и негов другар со девојката. Не служеше една келнерка која му се упикаваше толку очигледно, а тој наместо да се тргне и да и даде до знаење дека му сум девојка, тој флертува со неа, а јас НА МАСА ДО НЕГО. Дочекав девојката што беше со нас да му каже да престане затоа што не е во ред спрема мене. Тој со смеење и рече "А што треба да правам, да се тргам да и викам не не бегај од мене?". Замислете. Ок, помина, си отиде после една недела, после тое еден месрц беше супер се додека еден ден не отиде да го менува бројот во телеком, и вечерта ми пушта слика од некоја и ми кажува дека ја аднал на инстаграм, мажена била со дете, пејачка била (тој е музичар). Реков само ништо ново, ме направи будала, да сум имала разбирање. Ок. После тоа, месец дена човеков буквално ГО СНЕМА. Ми пишуваше 3 пато дневно, за слушање да не зборувам, ги бркаше сите дома да бил сам со пејачката да снимале ковери пошто ако имало некој во близина се слушало на микрофонот. Ок, ајде таа мажена е со дете, веројатно не треба да се грижам, нели? Се додека не стана тоа почесто, а тој пооддалечен. Го имам со плачење молено да ми каже што е работата, ми викаше имал многу грижи и обврски, требало куќата да ја преправа Македонија, не знам што. Очигледно беше дека е залетан по неа, ама ајде. Не знам како, се поправи, се зближи пак, престана тој период. Иначе, таа работела во телеком, кога отишол да го смени бројот слушнал како зборувале дека пее убаво, и одма и побарал инстаграм да пеат заедно. Као демек не е очигледно дека се залетал по неа, само штета што кога ја адна виде дека е мажена со дете. Меѓутоа, човеков за мене не направил никогаш ништо, апсолутно, а за разлика од него јас имам направено СÈ, во 3 сабајле имам станувано, абе се се се... Еднаш уз муабет го прашав дали би направил се за мене, рече зависи што, не знам, ако морам. Ок, кога и да ми требаше нешто од него и го побарав, никогаш не го направил. Во последно сето тоа ми дојде преку глава, премногу ми е тешко, лошо и многу сум повредена и не можам да се понашам убаво, се само се караме, се слушаме еднаш неделно, се само пробувам да ставам крај а не ми успева.. Пукнав синоќа кога му пратив еден тикток (патем, на тикток следеше 300 девојки, му се налутив кога беше тука, ги избриша сите), го отвори и му влегов на профил, кога видов пак заследил 20 девојки деновиве... И за тоа го прашав зошто, па кога ми почна, ти живееш пред наша ера, проста, заостаната, многу ме ограничуваш, како само јас да сум на тикток што имам девојка, сум заследил за да има нешто да се врти онака. Му кажав дека мене ми се смеат што сум со таков човек, рече никој не е поарен, сите изневеруваат, сите гледаат по други, сите пишуваат по други па така и тој, никој не бил поарен, ни дечковците од другарките кои ми ја полнеле главата, сите мажи биле такви. Се огледува по неверни луѓе, луѓе кои прават секакви глупости и за него е тоа нормално, а јас кога ќе му кажам дека не е во ред, не сум нормална... Ова е само мал дел од тоа што го имам преживеано, ова не е ни пола... Не знам ни како да го завршам постов, душата ја преплакав додека го пишувам, потребна ми е некоја помош, знам ќе кажете бегај од човеков, но како? Имам пробано многу пати, не знам како да побегнам, сама сум на светов, апсолутно тотално сама, се плашам дека ако го изгубам него губам се, не знам што ми е, глупача. Многу голем манипулатор е и некако му успева да ме манипулира.
@Maylin Сега прочитај го напишаното како друга девојка да го има напишано и дај и совет. Ќе видиш колку е банално да си со таков. Реално, зошто се измачуваш самата себе? Тој не вреди ни 2 денари Верувам дека пребрзо си се приврзала, но за твое добро, најдобро е да го блокираш од секаде и главата горе Дај му време на времето, засакај се повеќе себеси и ќе дојде вистинското за тебе
@Maylin Зошто жено мислиш дека си сама жити се? Толку омаловажувања не сум видела некој да трпи. Земи блокирај го на сите страни и почни нов живот. Како? Од почетко тешко, ама ке навикнеш. За твое добро понатаму во животот БЛОК без објаснувања
Ти благодарам. Премногу ми е тешко да си заминам, а не знам зошто. Камо да можев и да ја имав таа храброст, јас знам дека најлошото нешто што можам да си го направам е да продолжам со него, но ете..
Манипулатор и тоааа голем,остави го,во некои редови од напишаното,ја пронајдов и една личност од минатото,истотоооо ми го правеше и мене,затоа тргни се додека ти е време. Го сакаш тоа знам,и е повеќе од очигледно,ама заборави го,ќе видиш како универзумот ќе ти даде одма нова шанса со некој КОЈ Е ЗА ТЕБЕ. (си знам по мене)
@Maylin Би ти препорачала да прочиташ на Интернет малку повеќе за trauma bond кон нарцис и како да си помогнеш на самата себе. Ако сметаш дека сама не можеш, слободно поразговарај си со психолог. Верувај дека ако сега не го направиш потребното, потоа ќе ти биде потешко. Воедно, со таков стрес и непотребна личност во животот, само ќе си ги изгубиш најубавите години, младоста и убавината за НИШТО. И на крај тој ќе биде што ќе те откачи преку ноќ, да те истрауматизира, па само додатно ќе ти биде полошо. Посвети се на себе, засакај се многу повеќе и се ќе се среди
А да прашам, вака ултра феминистички- ви текнало дека може да имате секс без да се заљубите и да паѓате во несвест по секакви будали? Еден став отприлика ко што имаат овие будаливе по кои паѓате во несвест. Не ми се верува што све читам, ама олку забегани курајбери на метар квадратен нема во ниедна друга земја ми се чини. Шо да дадам совет? Разбуди се утре и напрај компани ресет на телефонот. И толку, немаш веќе контакт.
Ти буквално човекот го молиш да е со тебе Значи се прифаќаш и премижуваш на секоја негова грешка и пак го молиш да сте заедно Ни мажена ни верена каков е а замисли понатака каков би бил . Со деца ќе си шеташ по патишта.
Јас би рекла:" и на најголемиот фраер може да му се случи да се заљуби и да изгуби глава по некоја девојка"...на секој подеднакво не му оди љубовта. Сакам да речам на некој не му оди љубовта. Јас се пронајдов во тие и сум сосредоточена на успехот на други полиња. Кариерата и работата ми се на прво место. Впрочем здравјето. Зборот ми беше слушај музика, шетај, читај и најди си некои активности што ќе ти го разубават секојдневието. Верувам дека ти е убаво. Кај мене случајот е што тој ме блокираше не јас него но, моево е друга приказна. Блокирај го и ти...сѐ ќе се смени...ќе ти се смени животот може...
Ова да ти го кажеше другарка што ќе и кажеше? Девојче батали го. Си требала од одма, ама ај боље икад него никад спаси се на време. Гледаш каков манипулатор е, не те заслужува. Посвети се на себеси, батали го. Биди свесна за својата вредност, за неколку месеци ќе се смееш на ова.
Tezok zenkar i manipulator, zagreota probaj da isklucis kontakt ni obiasnuvsnje ni nish , pobaraj poddrska od orijatelki neshto so nekogo razgovaraj i izleguvaj ce bidi tesko ama barem ce se oslobodis. Veruvaj so ovaj nemas svetla idnina
Да, сум ебавала матер, ама многу суптилно. Сега кога ќе ги видам некои уште ми паѓа незгодно. Многу незгодно! Да тие си се пеплосани, ама има и Карма. Што не врати дечкото, запишува и спроведува Карма.
Ви благодарам на сите. Знам дека треба да си заминам, работата е што ми е претешко и како што кажав сама сум, плус прв пат имам вака посериозна врска, дома го донесов, и тој ме однесе дома и се тоа, знам дека ништо не значи ама се приврзав, го осетив како дел од себе. Тресам глупости ама да се сакав малце повеќе себеси ќе го оставев уште првиот момент. Јас бев личност која секогаш кажуваше дека никогаш не би трпела неверство и вакви глупости, а сега кога го доживувам тоа, не сум паметна. Тежок манипулатор е, до степен што не можам ни да ви објаснам. Од една страна те убедува дека којзнае колку те сака, од друга те изневерува по 100000ти пат. Вие не сте свесни колку многу пати е зборувано со него за се ова, секогаш испаѓав јас крива. Пред некој ден ми спомна за запросување, е тогаш покажав заби и му го кажав сето ова што го пишав во првиот пост и дека никогаш не би се омажила ако не се промени, на крај јас бев крива а тој беше лутиот пошто сум го направила подолу од магаре и сега се премислил. Леле не можам ни да си поверувам што пишувам, во право е дека сум простотилук, не знам како да излезам од ситуацијава и што да направам веќе.
Сите сме имале некакви срање ситуации во животот, нема зошто да не ти се верува и да се оптеретуваш. Секогаш прво глеј си твоето здравје.
@Maylin Не биди престрога или толку самокритична кон себе. Така е кога си со нарцисодиен манипулатор. Доброто е што секогаш можеш да се промениш и да си го средиш животот. Само посвети се на љубовта кон себе и се ќе си дојде на свое место
Абе како да се промени ало? Да си до мене ќе ти залепам шамар жими се . Тој е таква личност и никогаш нема да се промени. Тој е профил на мажи што се ебаваат на страна додека жената седи дома трудна или со мали деца... Таков живот сакаш? Како да излезеш од ситуацијата? Многу едноставно-раскини со таа будала и најди некој нормален.