Па за почеток, почни да резонираш дека не сте во врска уствари. Ти можда си во врска со него, тој со којзнае кого е, ваљда ни со сам себе. И пошто не е во врска, технички, не те изневерува. И ти технички нема од што да заминуваш, треба само да престанеш со комуникација и со трошење на животот. И што значи, сама си, и што значи дома си го донесла, не разбирам. Ниту е ова сериозна врска ни бутур, прочитај си го првото мислење на темава и ќе видиш.
Па не би рекол. Блокот е пола здравје што велат. Јас сум блокирал и ќе блокирам за да оздравам и за мир во душа. Сум направил се за неа, ми ветила брда и долини, на крај погазила се и што ќе ми е? Ќе бидеме пријатели? Не фала.
Девојче, бегај, петите во г**от да ти удираат. Тоа не е врска, тоа е дупка без дно. Секоја реченица во првиот пост после која ти пишуваш ок, ми иде да викнам НЕ Е ОК! Препрочитај се, како што викаат, ко да читаш некој друг и пробај да провериш дали е стварно ОК. Ништо од тоа не е ОК. А тоа брда и долини, па како те гледал, па дел од тебе бил, тоа душо се вика заљубеност, а малку подлабоко и проекција. Т.е гледаме што сакаме да видиме. Љубовта е пред се ' почитување, а овде тоа го немаш. Па, ако се почитуваш сама себе, бегај. Просто прекини контакт и не се објаснувај, и не се крсти дека ќе се промени, оти волкот влакното го менува ама не и наравта. Воошто не верувај на такви приказни и не биди наивна да остануваш со него заради тоа што знае да каже тоа што сакаш да слушнеш. Си се заљубила, нема зошто да се обвинуваш што си "паднала" на некои манипулаторски финти. Но, штом ти дошло и да побараш совет, верувам дека имаш во себе свесност, доволно самопочит и сила да го оставиш овој кретен да биде само лекција а не и доживотна казна Поддршка за тебе - ти си првата која треба добро да те сака. Сакај си се и продолжи понатаму..
За жал бев во слична ситуација и за среќа се свестив за неколку месеци. Човекот бившите дома ги носеше демек да си ги земеле работите мислиш 200 години живееле таму па секој ден нешто да земаат. Девојче тебе овој не те сака. Ти си му само сигурна карта. Кога ќе нема каде и со кој, остануваш ти. Никогаш нема да се смени. Уште 20 години да бидеш со него ќе го прави истото. Дури и да избрише социјални мрежи тоа ќе го прави на работа, на кафе, во маркет... секогаш ќе биде со една нога кај друга. Колку сакаш моли, плачи, пусти никогаш, апсолутно никогаш нема да имаш нормален однос со овој човек. Колку побрзо се тргнеш, толку повеќе ќе си го зачуваш здравјето. Замисли се за неколку години од сега со истиот тој човек да имаш деца и да живеете заедно. Дали би ти било убаво додека ти се пораѓаш тој со некоја мед сестра да се клеца во соседната соба? Додека ти имаш безброј не преспани ноќи тој да отиде до бензинска ама успат и да клецне било што? Доколку сето ова го прифаќаш и се навикнуваш, ти нема никогаш да бидеш со нормален човек бидејќи си навикната на токсичност и манипулација. имам пишано еден пост во групата поназад, прочитај го и размисли.
Драга, ова не е сериозна врска та дури и ако се запознале со родителите не се деградира како сериозна врска. Сериозна врска е таа која ќе се изборите со многу поголеми подеми и падови и на крајот се стремите да стапите во брак и да формирате семејство. Самата си свесна дека влегуваш во “игра” со човек во кој ти си вложила СЀ и си дозволила да се задоволиш со трошки, си ги спуштила стандардите за некој кој не те цени ниту почитува како човек пред сѐ, а потоа како девојка па и дама. Девојките,тикток,инстаграм тоа воопшто не е голем проблем, проблемот е ТОЈ! Тој постојано се навраќа кај тебе бидејќи ти секогаш го дочекуваш со раширени раце и му ги опростуваш неговите грешки. Тој и самиот ти го потенцирал тоа со други зборови, не го негирал фактот што е женкар. Си сака се што оди на две нозе и носи сукња, таков си е. И ти го имаш прифатено ко таков несвесно. Тој така те има освоено тебе со мали финти,а потоа со појаки манипулации и ти упорно му го дозволуваш тоа. Да, тој сака да е со тебе затоа и те држи тука затоа што ја имаш прифатено неговата природа да швалерисува. Секој пат кога ќе решиш да му се вратиш и да го правдаш со “ок” му даваш поголема сила и моќ над тебе. Каква слабост ти е тој, огромна. Затоа и кажуваш претешко ми е,сама сум. Сигурна сум дека не си сама, а кога ќе се ослободиш од овој “демон” кој те јаде ќе бидеш многу посреќна и поослободителна во себе. ТИ мораш да ја затвориш оваа фарса. Извини, така е. Можеби тој ќе се смири во иднина нема да е таков манипулатор но не со тебе. Можеби ќе најде некоја со посилен карактер од него што малку ќе го срамни од земја. Не ти го треба воопшто, ти треба човек кој внатрешно ќе те исполни и твојата среќа ќе се познава на твоето лице,ќе те претстави во јавност и твоето здравје ќе му е важно. Со овој веќе се губиш, се понижуваш и многу ниско паѓаш,а не вреди. Остави го ти денес, за подобро да ти е утре.
Не знам што ме тера да размислувам дека тој трча по неа можеби во право сум дека е затрескан во девојчето. Не знае ни таа на што се. А, не знам каков е тој посилен карактер каков да го замислам...веројатно со почисти, појасни, поостри црти на лицето од неа. Не дека поубава некоја туку со поостри на во цртите, линиите на лицето и карактерот, валјда.
@Stark ,@FridaodaMk па, не само мислев дека ммммм...никаде во никој пост не прочитав дека и машките можат да се заљубат затоа, не дека не сте во право...п.с.нека се склучи и некоја врска да се провесели е малку не само даун.
Луѓе јас знам дека не ме сака. Не може човек што те нема прашано ни како си, да те сака. Еднаш малце ме подчукна кола, после тоа 2 недели од страв не можев да спијам, ме гледаше будна во 4 5 сабајле и ни да ме праша зошто не спиеш. Јас му викам ме боли главата, наместо да добијам некој одговор, тој ми вика аа и мене пред 2 дена ме болеше. Не може човек кој не би направил ништо за тебе да те сака. Единствената работа заради која е со мене е тоа што очигледно сум му дала до знаење дека премногу го сакам и би направила се за него, а и имам направено. И тој, и мајка му и сестра му ми имаат кажано дека по нормално девојче никад не ќе најдел. Колку многу пати ми има кажано знам дека ме сакаш премногу, сфаќа и затоа си прави се што ќе си посака. Некој гнев од внатре ме тера да му дадам до знаење дека не е така, да се заплаши малце како што јас сум се плашела, да се запраша дали го сакам како јас што сум се прашувала, иако знам дека е тешко, ниту па знам што и како да направам. Веројатно не ни вреди. Ви благодарам на сите, многу ми помогнавте психички, досега се си мислев да не сум јас со преголеми очекувања
@Maylin Знаеш како најдобро да си го добие заслуженото? Сега да го блокнеш од секаде и никогаш повеќе да не слушне од тебе нешто Најдобра одмазда за такви е секогаш да ги блокираш, да си продолжиш со животот и да започнеш да блескаш од секој аспект Бидејќи тоа најмалку го очекуваат Верувај дека ништо нема да го заболи повеќе од тоа П.с Знам дека моментално ти се чини како невозможно, бидејќи како да се одвикнуваш од дрога. Па сега ти се чини дека треба да одлепиш фластер од рана наеднаш. Но, верувај камен од рамена ќе ти падне. Избори се за себе
Замини си од негов живот, почни од почеток, не нова страница, почни нова книга. Човек да шара наоколу и да се враќа кога му текне, па никад нема да ме види а не пак да дозволам да ме контактира, на слика бре нема да ме види. Разбирам дека го сакаш, но тој тоа не го заслужува колку и да е клише. Собери сила, храброст, не се плаши, туку направи го тоа што знаеш дека треба. Не му дозволувај да ти ги исцица емоциите, енергијата, сето она што го поседуваш. Нема да те лажам, ќе те боли, но време лечи се, и ќе биде подобро, ќе видиш.
Sosema korektno i ne baras premnogu, ne bidi protiv sebe. Ova treba sekoe normapno masko da go pravi, da se geizi za svoja zhenska, da bidi vnimatelen, da ti pomaga i poddrzhuva. A ne vaka...
Тој трча бидејќи таа го прифаќа со раширени раце и го трпи. Таа е лабилна,тоа е. За другото не коментирам а уште повеќе да замислувам некого.
Вака, не знам дали е за овде, најмалце што сакам е да си направам проблем, на самата себе и онака во последно време ги имам доста, случајно на еден лажен фб почна да ми пишува еден ај викам ќе го зезам, ми рече дека е оженет ама ја изневерува жена му веќе три години, јас намерно да дознаам што како, го прашував, ок небитно тоа, човеков се издаде за се буквално и со докази, ја најдов жена му на фб... Како објавувала каков маж има, колку ја цени ја сака, на кратко да кажам, ми падна жал за девојкава, мисли дека овој и е верен и најдобар на свет маж, знам дека не е моја работа и да се мешам, ама жал м ие за девојкава се гледа дека е ок и нормални слики и се, ама овој... Ненормален, иначе не се замарам со вакви работи, ама кога видов каква жена има, ми падна жал уште што све објавувала за него, светец го направи а овој... Што би направиле на мое место? Да не се мешам? Ама, ја жалам девојкава, овој ја прави будала 3 години...