Ништо, ама се стаив на нејзино место, да веруваш на некој, да го објавуваш на фб ко совршен маж а те праи будала три години...
@franca Јас лично би го блокнала тој и толку, крај на приказната. Дефинитивно не би одела да кажувам и уште толку да се плеткам подалеку во приказна со непознати. Бидејќи на крај човек ни крив ни должен, може да го извлече подебелиот крај т.е да испаднеш виновна, а си сакала само да помогнеш. Исто така, ако веќе ја изневерува толку долго, жена му не верувам дека до толку ништо не знае.
Нели порано имаше едно balkanske prevare конкурирај ќе те вработат ако си невработена Шала на страна, јас не би се мешала.
Читам и се чудам малце... Замислете си стварно да сте и во кожа на таа девојка, да Ве изневерува мажот со секакви а Вие да живеете во некоја заблуда дека Ви е верен па уште утреден дете да му родите на таков... Јас би кажала, штом рече дека делува ок, жално е да верува на таков дебил, ќе покажеш пораки и нема зашто ти да бидеш крива, впрочем и онака е лажен профилот твој, како што имаш напишано? Женава ако е саглам ќе треба едно фала да ти каже, а ако почне да ти се понаша, блокирај ја само, очигледно си се нашле.
Ама стварно не е моја работа да се мешам. Еве лично пишувам како би постапила. И да се заедно и да имаат деца, нивно е. Јас одлучувам само дали ќе вратам на пораката на мажов или не. Може утре да ми пише комшијата дека земал дрога, и што да одам дома да го кажувам на неговите за да го "стегнат"?? За овој случај од кај да знам дека жената не знае? Тоа "ај ќе кажам па да знае жената", ми алудира на повредено его, особено ако на едната страна и биле симнувани ѕвезди а на крај ништо од тоа. Па ајде и они нека страдаат или нека раскинат. Не сме тинејџери, возрасни луѓе сме. И нема што да се замарам со туѓ живот.
Jас не би рекла дека женава незнае бидејки многу бракови живеат со тоа знаење, поточно женава мислам дека знај и си ќути, затоа можи и го фали јавно и ако е вака како што реков ти и да и кажеш со докази пак тебе ке те најди крива. Блокирај го и не се замарај. @franca
Ја би сакала да знам доколку мој партнер ме изневерува, но поткрпено со докази. Џабе се лупате тука у гради, секој сака.
Буквално! Башка членкава franca имаше пишано дека има докази дека и праќал слики со други девојки, жално да му верува некоја и да не се спаси на време, плус тоа навистина не знам која девојка би се испонашала лошо, јер и правиш услуга да знаеш што стока е, со докази секако, на зборови нема шанси.
Ретко која не знае и не осеќа поготово за ваков шврлач.Само некои од за нив познати причини негираат или не сакаат да прифатат дека се изневерени.Познавам доста и мажи и жени.Јас сама дознав колку и да се пазеше се приметува разлика во однесување кажување лаги гестакулации исл. Поготово женска интуиција е чудо.
Се согласувам дека женската интуиција е една страшна работа. Ако нешто правиш таква ствар не само што се менува однесување туку и самиот однос према другата личност. У право си дека колку и да се пазиш на крај на денот пак се дознава.
Еве јас како личност која беше изневерувана во претходната врска кажувам дека би сакала да знам доколку партнерот прави нешто. Ќе бев многу благодарна во тој период да се појавеше некој и да ми кажеше. Но, всушност ми кажаа откако раскинавме. Дали се сомневав додека бев во врска? Да. Дали имав интуиција? Да. Немав докази. Неговото однесување се промени. Не е возможно перфектно да имаш ист третман за две личности. Прво ми посветуваше да кажеме 3-5 часа дневно, потоа одеднаш станаа 1-2 часа. Одма се чувствува празнина, сомнеж, оддалеченост. Вниманието кое беше за мене до вчера, денес насочено на друго место. И точно, пишување со повеќе девојки, гледање, носење на жени кај него дома и што уште не.
Ваков случај знам едни познаници, имаат две деца, апла си оди во јавност со љубовницата, сите знаат, дури и неговите и жена му, а на ФБ го претставува како најидеалниот сопруг и татко. И јас не верувам дека жена му не знае, намерно така го претставува.
Да има чајре на терапија психијатар да се кажи проблемо и по неколку сиамси разговори ќе видите како делува да ли истиот случај нема доверба или е променет аби терапевтот ќе каже дали има резултати и сама ќе тестираш ама ова колку има ефект незнам оти има една поговорка кој се изгорел на млекото ќе дува не само на јогуртот дури и на водата така да дали се стекнува поверење тоа само психијатар може да кажи по што тоа е психологија психијатрија тука се може да се каже но стручно само доктор што е стручен за психологија