Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Martina TT

    Martina TT Нов член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ужасно ми треба совет или мислење што вие би правеле?

    Имам 25 год, наскоро 26, исто и дечко ми. Заедно сме 4 год. Немаме никакви проблеми, се е преубаво. Знам дека до крајот на годината ќе ме запроси бидејќи неговите родители спремаат спрат за нив. Воопшто не се сомневам во љубовта негова кон мене или неговите намери. Предобар човек.

    Но... јас од секогаш сакав да живеам во странство. И живеев 5 години.. од 16-22 кога бевме пред 3 години на одмор во Шпанија јас се заљубив во таа држава и тоа место. Срцето и душата никогаш не ми биле посреќни.. но тој не може да се пресели поради работата. И јас имам работа овде и одлучна плата но можам веднаш да дадам отказ.

    Многу сакам да живеам таму, таа позитива, топлина, плажи, музика од секаде, навечер кафичи полни народ... но не сакам сама.. од друга страна веќе сакам и фамилијарен живот и за некоја година и дете... не знам што да правам. Тој ми кажа кога сакам ќе одиме на одмор Шпанија италија било каде, но за живеење не. Дали доколку не заминам ќе се каам цел живот? Дали доколку заминам ќе го барам цел живот овој човек кој толку многу ме сака ? Што ако останам сама? Што ако поминам цел живот барајќи го него во друг?

    Кога сум со него се чувствувам многу сигурно и сакано, но желбата за живот таму во мене се повеќе од ден на ден се зголемува... :(
     
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    13.505
    @Martina TT Според мене, не си 100% внесена во идејата за брак со него and that's okay.

    Мислам штом тој веќе со неговите одлучил каде ќе живеете, кога ќе те запроси и што уште не, валјда имаш и ти право на глас да кажеш што сакаш.

    Ја би да си го слушам срцето и што навистина сакам. Баш си млада, животот е пред тебе и би ти рекла убаво да размислиш пред да донесеш било каква одлука.

    Што навистина, длабоко сакаш? Без да се убедуваш и лажеш, дај си сама на себе одговор :*:
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.355
    Допаѓања:
    84.436
    Пол:
    Женски
    А зошто мора да се преселиш таму засекогаш?
    На крајот, сите различни работи сакаме и не знам баш колку нечиј совет ќе ти помогне. На пример, јас лично, попрво би одбрала да останам тука ако знам дека и тука ќе бидам среќна и ќе ми биде убаво со семејството. Никаква Шпанија, ни Италија ни не знам ти која држава нема да ми биде поважна од љубов и семејство. Ако овде не ти е убаво, тоа е друго. Но ако немаш проблем овде а сакаш да оставиш се' и да живееш некаде на друго место... ти си знаеш што ти е тебе поважно. Некој ќе ти рече оди, друг ќе ти рече не оди, што и да одлучиш, од нешто треба да се откажеш и само ти си знаеш како ќе се носиш со тоа. А можеби понатака и тој ќе прифати иако сега вели дека не сака да живее таму.
     
    На Unikat_1, Biljarkata и AAKG им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.672
    Допаѓања:
    9.588
    Пол:
    Женски
    @Martina TT, не е лесна дилемата ја имаш.
    Млади сте и двајцата, ако си сигурна дека дечкото е тој, тој што сакаш да го поминеш животот со него, ќе најдете начин да се организирате и твоите желби да се исполнат и неговите.

    Не е касно и на 30+ за преселба, и преселба со дете. Претпоставувам со твоите си живеела годините во странство.

    Нека не те води мислата на кафиќи, журки и слично бидејќи е многу поразлично кога си на одмор 15 дена и кога живееш, работиш таму се грижиш за дете. Ако веќе јас лично барам причина за преселба во Шпанија би бил почистиот воздух, животот за мене и децата т.е бенефити од животот покрај плажа, различните култури, можностите кои јас или децата би ги имале во иднина.

    За шетање финансиски ако сте потковани може и од тука цел свет да го вртите без проблем.
     
    На Cosmic Girl, oblace1, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.684
    Допаѓања:
    42.372
    Пол:
    Машки
    А имаш ли реални шанси да заминиш во Шпанија? Имаш ли пронајдено работа таму? Може ли тој да пронајде таму работа по струка?

    Едно е да сакаш, друго е да можеш да го оствариш.

    И јас сакам во Шпанија или Италија да живеам, ама моментално немам прилика за такво нешто.
    Ако ми се пружи, ќе размислам добро, ќе извагам се, и ако е подобро, ќе заминам.
     
    На H.VAGA, Luminary, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Martina TT

    Martina TT Нов член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас него го сакам и сакам да имам фамилија со него, секако имаме разговарано за ова. За преселба во друга држава било која не сака бидејќи работат му е само за овде. За на одмор вели и во Австралија ако сакаш утре ќе одиме, ама за преселба сега за сега не... Сакам да живеам во странство, но со него. Сама не би, бидејќи самата помисла да раскинам со него после толку години и планови и да заминам некаде каде што ќе бидам комлетно сама и ќе поминувам низ депресивна фаза... знам дека нема да помине добро тоа.


    имам можности и за работа и за стален престој, не ми е тоа проблем воопшто. За него е, бидејќи образованието и работата му се овде во државата само... и јас споредувам позитивни и негативни страни. Тешко е да замине човек туку да и да остсви се, 5 години бев настрана без фамилија и секој повод и празник бев сама без никој. И сега би било така. + доколку раскинам со него би заминала веднаш после 2 недели што уште би била во break up фаза + ново место + нова работа + без никој целосно сама = катастрофа...
     
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    42.312
    Пол:
    Женски
    @Martina TT што е неговата професија па да не може во странство да ја најде?
    Па мора ли истото да го работи?
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Martina TT

    Martina TT Нов член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    мвр
     
  9. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Машки
    Ти веќе имаш раскинато, само не сакаш да си признаеш самата на себе, а и да му кажеш нему. Тебе не ти е страв да го оставиш и да заминеш, тебе ти е страв од последиците кои ги носи прекинувањето на врската и тоа што ќе бидеш сама. Можеби ќе звучам сурово, али мислам дека доколку би била сигурна дека нема да те боли би го оставила уште утре. Како и да е, твој живот, твои правила и последиците од твојот избор исто ќе бидат само твои. Лично јас доколку сакам и ме сакаат не ми е битно кај би живеел со таа личност.
     
    На Purelove92, Dentina, carangigia и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    13.505
    @Martina TT И јас мислам дека не е проблем толку местото на живеење, колку што моментално не си спремна за брак или не си 100% сигурна за него.

    И нема ништо погрешно во тоа.

    Млада си, не избрзувај и не се терај на ништо дека мораш сега, одма, вака или така.

    За почеток може и само да живеете заедно да видиш како тоа би ви одело. Па отом потом останатото.
     
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    42.312
    Пол:
    Женски
    Не знам колку се точно платите у странство, но сигурно подобро ќе заработува и од тука, и можеби ќе најде далеку подобра работа, но негова желба е таа а ти имаш и свои желби па мора да се најде некоја златна средина доколку сакаш иднина со него, заедно да се приспособите на желбите кои ги имате.

    Но... мене ми се чини дека се двоумиш за заедничкиот живот со него, те копка и веќе си размислувала за живот во странство.
    Јас реално, не би стапувала во брак млада, несигурна во тој чекор, и недоволно подготвена.
    Но тоа сум јас, и нека твојата одлука зависи од тоа што навистина ти го сакаш а не да исполнуваш туѓи желби.
    Ти, самата себе треба да си бидеш приоритет на себе, а не туѓите желби.
     
  12. Martina TT

    Martina TT Нов член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Секако дека не е точно ова. Многу грешно проценуваш. Јас него го сакам, затоа во почетниот пост напишав убаво дека сакам да живеам таму, но не без него бидејќи мислам дека цел живот ќе го барам него во друга личност.


    Да се повторам по 10ти пат. Имаме зборено за брак и двајцата сме спремни, работиме и земаме добри плати може уште одма да се одделиме да не зависиме од фамилиите наши. И онака 99% од времето сме заедно и спијам кај него само формално на лист сеуште не сме заедно.


    па реално и двајцата заработуваме ептен добро овде, не се жалам воошто за тоа. А за тоа мои и негови желби секогаш се наоѓа средина за се, освен за ова се чувствувам малку чудно. Иако знам дека човекот би направил се да бидам среќна и сум 99% сигурна дека летово самиот тој ќе одлучи да одиме на одмор за Шпанија само за да ми се остави дел од желбата.
     
    На Unikat_1, Selena01, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    12.289
    Пол:
    Женски
    @Martina TT понекогаш во животот мора да направиш компромис, затоа што не може сите желби да ти бидат исполнети, а ако сметаш дека правиш жртва со тоа што остануваш во Македонија само поради тоа што тој нејќи убаво размисли. Мора самата да одлучиш, тука секој ќе ти кажи свое мислење, но на крај ти ќе си се сносиш со одлуката.
     
    На Cosmic Girl, Anettta, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Машки
    Јас не реков дека не го сакаш. Ама кога тој е на една страна на кантарот, а на другата страна е Шпанија, што мислиш? Ете речеме останеш со него, колку и да се сакате, ништо не е мед и млеко и кога тогаш ќе има кавга и ти ќе си речеш како не те оставив и не заминав во Шпанија. Од друга страна идеш таму, ама не можеш да најдеш некој кој ќе те сака така и ќе си речеш, да ти ебам Шпанија, што не си останав таму? Јас живеам во странство и имав 2 врски, не ги терав да дојдат кај мене, али јас бев спремен да се вратам во Македонија за нив, т.е бев спремен да идам да живеам во Зимбабве во колиба ако треба за да бидеме заедно, али тие не беа и тоа е тоа, јбг.
     
    На Luminary, bicycle, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    10.496
    Пол:
    Женски
    Си во тешка ситуација. Многу е битно, ако не и најбитно, во еден брак, гледиштата да ви се на исто ниво за иднината. Кај мене во ситуацијата, двајцата се гледавме како сакаме да живееме во странство.

    За жал, нема некој да ти даде полезен совет. Ми изгледа дека ти ќе мора да бираш меѓу твојот дечко и твојата огромна желба да живееш на друго место.

    Од друга страна, родителите на дечко ти спремаат спрат за него. Значи ќе живеете на исто место? Ако е така, отвори ја темата снаи и свекрви и види колку тоа ќе ти се исплати на долг рок. Љубовта тогаш нема да ви биде толку слатка. Колку и да мислиш дека ќе се согласуваш со нив, нема. Две жени ако не се во крвна врска, под ист кров, не градат добри односи. Тука ти треба да размислиш што понатака.

    И исто така размисли, зошто ти да бидеш таа што ќе мора да седи во МК поради него. Зошто тој не се жртвува да живее некаде затоа што ти сакаш. Не дека нема да може да најде работа. Само може да му биде испод част да работи нешто друго. Тоа му е сигурно на него болката.

    Тоа е. Нема кој совет да ти даде. Или следиш свој сон или живееш туѓа замисла за твојот живот.
     
    На Billy Idol, Wh@tev3r, Manako2 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Martina TT

    Martina TT Нов член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Штом навлеговме во архитектура да разјаснам еве дека куќата е со три влеза - три спрата и дворот е поделен на три дела излегува на две улици. Така да доколку не отидсм во нивни двор, т.е во на идната свекрва дворот, нит ќе на видам, нит ќе ме види. :) А и никој не кажа дека ќе живееме таму?? Спратот е негов, дали ќе го користеме или не е наша работа. Иако интензивно си бараме станче моментално.

    Не сум со него за пари, би живеела и во 15 квадрати. Се знам со него и неговите од пред 15 години, бевме школски во основно.

    Не ми беше муабетот за тоа кој кај ќе живее, кажав само што е "планот". Од друга страна, никој не ми гарантира мед и млеко во друга држава. Од една страна работата што ја имам овде, таму би ја имала после 6-7 години можеби, можеби не.

    Сепак фала во на сите за вашите мислења! Поздрав
     
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    42.312
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека сите снаи и свекрви што живеат под исти кров не се сакаат?
    И зошто секогаш свекрвата мора да биде лоша а не и снаата?
     
    На H.VAGA и oblace1 им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    10.496
    Пол:
    Женски
    Самата го наведе тоа за спратот. Јас само ти прокоментирав дека такво живеење не е идеалистично. На крај ти си одлучуваш. Но, 10 влеза да има куќата, пак сте во една на куп. Ако мислиш дека ти го кажувам ова со лоша намера, немам никаква корист од тебе. Самата ќе си ја увидиш грешката. А и самата пиша дека дечко ти ќе те бара зашто го спремаат спратот. Значи очекува да живееш со него таму.

    Не те сфаќам. Пишуваш сон ти е да живееш надвор од МК, сега кој ти гарантира дека ќе успеам таму.

    Што совет и мислење бараш?
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    10.496
    Пол:
    Женски
    Не е тоа темата, но знаеш снаа и свекрва што многу се сакаат под ист кров?
     
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    42.312
    Пол:
    Женски
    Да, познавам.
    Неколку и тоа.
    Ако темана за снаи и свекрви е полна со такви приказни, не мора да е секаде така.
     
    На Anaroz1 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.