Еве, јас да ти кажам. Цел живот откако пораснав, сакав да се иселам од Мк, човекот што го сретнав и го одбрав да ми биде маж, немаше абер од селење. Ама никогаш не сум ги ставала тие две работи на кантар, а по некое време и него му созреа идејата за селидба, па се преселивме. Луѓе од секакви професии и со секакви семејни ситуации, вклучително и мали деца, се иселија исто така. Дали е Шпанија идеална или подобра за живот, не знам, и дали би била за вас, исто не може да знаете. И јас имав идеја за омилено место за живот, па се најдов на сосем трето место и којзнае каде уште може да ме однесе животот.Нема универзален одговор на твоето прашање, само да знаеш дека погледите на светот се менуваат а исто е променливо и тоа што некој сака сега и што ќе сака подоцна.
Се додека снаата не затрудни, секогаш тече мед и млеко Ако де, нека си види, немам против. Јас не би сакала.
Еве у конкретен пример, свекрвата на другарка ми која инааку има две деца, секогаш се договараат за прошетки, за децата, ручек и вечера и други работи. Секогаш за празници си даваат најуубави подароци, една за друга лош збор немаат кажано, аа во мал град живеемме. Ај да не избегаме од темата.
Тоа што неговите си спремаат спрат не значи дека таму ќе живееме. И татко ми има спрат во куќата на баба ми па никогаш не сме живееле таму. Што не ти е јасно? Едноставно кажав дека имам желба да живеам во странство но сама не би заминала бидејќи знам дека ќе ми е тешко без него и ќе се каам цел живот. предобро кажано ... истото и тој го вели сега за сега не сака, за 2-3-5 години не се знае можеби ќе сака. Од една страна го сфаќам дека платите што ги земаме овде се добри и може да си овозможиме се, доколку заминеме нема веднаш да ха имаме таа работа и таа позиција. Иако мое последно мислење е дека не би го оставила за да заминам да живеам во странство, но доколку еден ден нешто лошо се случи меѓу нас би заминала и на 40 години...
Стварно не ве сфаќам кога барате мислење, а после секое кажано се тепате за истото ако не ви чини. Мартина ти си решена да останеш тука со него, дали сама себе се убедуваш дека ќе ти е супер и ти одговара или стварно тоа го мислиш не знам, ама очигледно бараше потврда тука за таа опција. Како и да е среќно понатака.
Тогаш што ти е поентава со реченицава и каква улога игра тоа што неговите спремале спрат со тоа дека ќе те запросел? Зошто мислиш дека ќе те побара ако спремаат спрат неговите?
Лол, прашуваш, не ти чини, па сите овде ти се виновни... Чиллл, ние овде не можеме ништо да ти направиме, твое е да си избереш, кај сакаш, со кој сакаш, како сакаш. Имај убав ден, а и убав живот, али прво среди си ги сметките самата со себе, пред да го заглавиш и него.
Истово сакав да го пишам, последната порака е многу пасивно агресивна. Што барате совети, ако после не сакате да слушнете мислење? Пасивна агресивност е ова, а доби многу културни совети Сепак мислењата се базирани и на субјективно оценување/искуство. Факт е дека во заедница е потешко.
Здраво Дали би биле во врска со човек кој бил разведен и нема деца... Знам дека, не е тоа страшно итн итн ама, никогаш не замислував дека ќе ми одговара некој таков по однесување, карактер, сакам да кажам дека, сум доста повлечена девојка и не сум имала до сега ваков случај, повеќето со кој сум пишувала и запознавала биле слободни, исто така кај мене во фамилија не бил некој со некој разведен, ќе ве замолам без непотребни коментари.
Лошо се изразив... Слободен е, туку мислев на тоа дека не сум имала прилика со некој што имал жена да се гледам...
Е добро де, што ако имал. Жена или девојка, што има врска? Тебе прв ти е? Ваљда не. Ако расчистил со неа и си одговарате, why not
Бараш мислење од околината за дали да бидеш среќна и да уживаш? Прво самата имаш предрасуди. Тргни ги тие и нема да ти значи ничие друго мислење.
@Tih-ana Ја спомна фамилијата, па претпоставувам те кочи тоа што ќе кажат домашните. Едноставно може и да го одминеш тој дел т.е не мора да знаат, ако веќе те загрижува тоа И уживај, кога веќе сте се поклопиле со партнерот
Зависи која е причината за развод со бившата сопруга, ако го оставила поради изневерување, пиење, коцка, дрога, алкохол, лажење, неплодност итн., не би била со него.. А ако причината не е проблем кај него, него од другата страна, би била, зашто да не..
Здраво дечки, нов сум на форумов сакам да ве прашам и да ве замолам за совет, запознав едно девојче премногу се вљубив во неа девојчево ми е другарка од факс еве веке една година се дружиме дружбата започна чудно малку нема врска излегуваме на кафе се пишуваме по цел ден но има еден проблем девојчево не знае дека ја сакам но има дечко мегутоа ми е малку чудна нивната врска затоа што таа вели нема да се мажи со ни еден а има дечко. Незнам дали е правилна одлука да и кажам дека ја сакам имам забележано како ме гледа во очи повеќе време не сум сигурен дали и таа има чуства кон мене или јас така си фантазирам ве молам секој совет е добредојден ви благодарам однапред... Убав ден на сите
Види и да беше со обратно улоги, пр женско да бараше ваков совет истово ќе го пишев. Нема шанса да не приметила дека ти се допаѓа. А ако она е во врска а се однесува како да не е тогаш е shit person. И тоа делот со не ни се мажела со никого, не ни го сфаќал сериозно, пошо сите знаеме да кажеме нешто такво Повеќе ми боде очи делот дека е во врска, можеби е среќна во врската, и сега ти ќе се најдеш на средина, и може само да испаднеш повреден ако она сепак си се реши за дечкото. А да пробуваш да ги раскинуваш тоа не би препорачала Мое е да си се потргнеш на страна, пошо сепак не е single девојката.