Не значи дека ако има дечко сака да се мажи. Може сака да биде во врска со него и така да живеат. Не значи дека треба сите да се мажат што се во врска.
Ми е срам да му пишам на симпатијата. Не го познавам само го имам на инста, изгледа слободен. Не во смисла дека ќе ми падни круната, туку сигурна сум дека знај дека постојам па да сакал ќе пишел. Не знам шо да прам, давајте некој совет. Со шо се занимавам на 100 години, оф.
Пиши му, зошто да не, нема ништо лошо во тоа, ако ти е полесно реагирај на story, искоментирај. Или едноставно почни разговор. Пробај, ништо не губиш, само можи да добиеш. Држиме среќа
Како би му кажале на некој дека повеќе не сакате да се видувате, а да не се навреди или повреди? Се видуваме со еден дечко, од почеток сме на јасно дека не е ништо озбилно и двајцата сме ок со истото. Тој врти некои муабети за иднината, ама јас не реагирам. Повеќе не сакам да се гледаме, ем веќе некое време не ми е тоа тоа, ем не ми се допадна еден негов муабет и веќе сум сигурна дека не сакам ништо. Е сега пробувам индиректно да му ставам до знаење, ама не разбира очигледно упорен е. Како да му кажам, сигурно ке има прашања од типот што, како, зошто… Остави му лајк на слика, реагирај му на стори, и види дали ке некаков фидбек . И јас се моментално занимавам со глупости на 100 години, ама после многу време некогаш не знае како да се однесуваш .
Пробај си ја среќата, ништо не губиш. Па и да бидеш оставена без повратен одговор, нема да ти се намали вредноста. Според мене ментално заостанати се тие што мислат дека девојка прва ако пријде е брукање.
Немој индиректно, кажи му отворено не сакам повеќе да се гледаме, изгубив симпатии и тоа е тоа. Респект и спрема твоето и неговото време. И да те прашува што и како, кажи му. Многу повеќе ценам искреност отколку мачкање очи или па полошо ghosting.
Тој некој ако не разбира и ако е толку упорен ко шо велиш, како и да му кажеш ќе се навреди и налути. Кажи му како сакаш, само немој жал да ти паѓа и да останеш во врска во која не сакаш да бидеш.
Ни јас не сум за гоустинг секако, незрело е и грдо. Со муабет пробувам да му ставам до знаење секако, ама изгледа ке треба директна да сум, а мислев дека ке можам да ја избегнам ситуацијата зошто сепак не сме ништо озбилно.
Само директно, што се устручаваш, и онака само секс бади ти е. Луѓе веридба раскинуваат без да се мислат, ти за овој се туфкаш.
Јас прва му пишав на фб и сега тој истиот сопруг ми е, пиши му на детето ако ти врати супер ако не ти врати тој губи.
Здраво, би треба совет како да пристапам за да освојам машко што да правам кога излегуваме како да се однесувам додека пишуваме затоа што мислам дека сме во фенд зона мегутоа момчето ми се свиѓа и сакам да го освојам ве молам помош
Види, многу тешко можеш да направиш со сила некој да те сака. Нема везе однесувањето или пишувањето. Ако некој реши дека ќе бидете во friendzone, тогаш тоа е тоа. Мој совет е да не си тепаш време да менуваш нечии чувства.
Поздрав дечки. Веќе 4 месеци сум во врска со девојка ми, но имаме еден огромен проблем а тој проблем е тоа што таа живее многу далекy од мене. Таа е во Белград, Србија со мајка и, а татко и е во Македонија, таа моментално живее со мајка и' и многу ретко доаѓа во Македонија, така да имаме многу мал период за да го проведуваме нашето време заедно и големиот дел од врската ни е онлајн, што навистина мене ми смета бидејќи не ми личи на годините да водам "онлајн" врска. Јас својата иднина ја гледам со неа и навистина сакам да ни успее врската, но не знам како. Ве молам за корисни совети!
Па разговарај со неа Прашај што мисли за вас што понатака,? Ти можи сакаш нешто посериозно со неа но дали таа сака? И дали сака да живее мк? Значи совет само разговор и да прашаш што мисли за врската и што понатака
Таа не е заинтересирана за тебе. Многу ми е жал. Те разочарав. Си ја гледа работата во странство и љубовта поточно онаа еротската и е во втор план. Убаво и е таму и слободна. Ти си и само дел од секојдневието.
Значи како пишувате вакви глупости и се дрзнувате да додавате зборови кои не се кажани делувате глупаво. Белград и не е толку далеку, 5 часа со автобус. Тој може да оди на неколку дена и таа може, може девојчето има други проблеми и ради тоа не може да дојде. Нема потреба од додавање сол таму каде што нема.
Другарка запозна дечко од Нови сад, се гледаа два месеца, супер се согласуваа сега таа се пресели таму и заедно си живеат супер и е како што кажува, така да далечината е моментална ако знаете и двајцата што сакате. Со среќа