Што толку го стигматизирате затворот ко да е нешто најлошо што може да се деси? Дечко ми беше наместен и лежеше невин и се докажа дека е невин. Им кажав на моите и беа со целосна поддршка и за мене и за него. Верував во неговата невиност. Во затвор лежат невини и не можете да замислите колку многу ги има. Кажи и на братучедка ти дека и затвор е за луѓе. Познавам луѓе што лежеле и лежат, па не ги третирам како г*мна. Јас моето искушение сум го поминала и тоа што го издржав за него и тоа што останав со дечко ми покрај сè, денес он ме гледа како кралица, божица, како капка на дланка и ми е преблагодарен. Зависи од нејзините родители какви се и она како стои со тоа. Моите се либерални и се отворени за разговор и многу разбирливи.. Ако не и смета минатото на типот и ако е спремна на такви животни предизвици, нека тера.
Како што би рекол еден мој професор по кривично право Некој мора да го јаде !! Во затворите лежат невини или некој за друг
Неможам да го најдам мислењето на @Winter-girl02 , па затоа така ќе напишам. Јас мислам дека типот те лаже. Дома полиција не ти иде за тепачка, може покана да ти пуштат право за на суд или покана за разговор во полиција. Знам ова оти иам многу другари така шо имат напраено и дирекно покана за на суд им стигна. Најубаво е ти да ја испиташ ситуацијата од некои луѓе шо го познаваат него, значии сите да ги прашаш каков е он. Да не излезе оти продавал дрога. Остај чувствата настрана малку и запрашај се дали сакаш со таков човек да бидеш во врска или во брак. Јас не ги судам луѓето според тоа дали се биле во затвор или не, ама животот е многу потежок за човек шо бил во затвор а богами и за неговиот партнер. Цел живот ќе бидеш означена како жена на затвореник, и многу шанси за работа ќе ги испуштите и двајцата. Дури и во странство бараат документ за неосудуваност. Ќе бидете во тешка позиција. Ова од искуство ти го зборам оти бившиот ми маж беше затвореник.
Се сложувам со апсолутно се што пиша. Ја памтам членката со приказнава. Прво акање од земја за некого што тек сега го запознала. Технички не го ни знае. И е многу наивно да се верува во такви приказни дека он ни крив ни дужен у затвор ќе оди. Малку отворање очи, вајда не се тинејџери. Не можам да ги сварам тие огромни чувства после неколку дејтс па дури и погледот за реалноста се менува. До толку им е страв на некои луѓе да се сами??
Како би реагирале ако човек што го знаете 2 месеци ве покани да идете во странство 3 дена со друштво? Не знам дали ме свиѓа, имам чувство дека има женска ама на работа не пропушта прилика да ги поминува сите паузи со мене. Ај ем конфјузд. Ја го одбегнувам он ми се доближува. Плус реков не идам со нив али он инсистираше да одам затоа што "што повеќе луѓе толку поинтересно" ќе е.
Друштвото сте колеги на работа? Ако сте колеги и се знаете сите не мора да значи дека те свиѓа. Зошто не го прашаш дали има женска?
Зависи ти како гледаш на него. Ако го гледаш како потенцијален иден дечко и ако мислиш дека има женска, не оди. А ако го гледаш како ебач само, оди. Ќе си поминете убаво. Ама прво запознај ги и другите со кои планирате да одите.
Не од работа. Само 1 другар иде уште 5 други души што не ги знам. Он вика зборел со некоја и ако не им иде убаво до тогаш ќе ја тргнел. Викаш иницира на тоа? Не можам да согледам дали ме свиѓа, дали не, на било каков начин. Јас не би идела ама од друга страна мислам убаво ќе поминеме на самиот трип.
Не оди со толку луѓе што не ги познаваш на подолг период. Да е еднодневно негде во Мк ок ама вака не. Ако ти се свиѓа и не сакаш да го откачиш само речи би идела ама со познато друштво.
И да иницира на тоа немора да имате ако не сакаш. Ама ти викам, настојувај прво да ги запознаеш и другите, да видиш шо тип на луѓе се. Да не се некои забегани.
Ќе спомнам утре. Параноична сум и така. Веќе потврдив за превоз и престој али ако не можам ќе им откажам. Али знам дека он ептен настојува да идам.
Епа ти настојувај да ги запознаеш другите прво. Кажи му ако не ги запознаеш дека нема да одиш. Па така ќе мора да те запознае со нив
Еве вака накратко Со една девојка се запознавме во 2020та година на пијачка. Двете бевме млади ама имавме сексуална привлечност. Излегувавме во 2021ва неколку месеци (околу шест), се лапавме ова она ама ништо озбилно. После тоа се скаравме нешто и продолживме се контакт во 2022ра и излеговме пак на пијачка После тоа пак се скаравме нешто за банална работа и по некој месец јас си фатив девојка и бевме во врска година ипол. Немавме никаков контакт освен додека бев во врска ми пиша еднаш за кафе ама одбив. Јас раскинав со девојката и пак ја контактирав пред некој период и си имавме комуникација. Излеговме на пијачка ова она, четири пати се видовме, преубава комуникација, бевме интимни два-три пати, орал ова она Пред неколку денови, три-четири денови вака како да престана дс ми пишува, демек излезена, немала батерија, недостапна по цел ден. Денеска ми пиша наутро и после околу 4 часот, имам работа ќе излегувам ќе се чуеме и толку Прашањето ми е, дали треба јас да исконтактирам и да прашам еј како си што има ова она или едноставно да пуштам? Преубаво поминавме, феноменално и си пишувавме еден месец константно. Кратко инфо: Кога излеговме првиот пат бевме 21 година, сега двете имаме по 25 години, значи муабетот е различен. Двете сме bisex Што мислите што е причината?
Си нашла друга занимација па не си и веќе интересна. Апла се гледа дека те избегнува. Let it go, доволно си сторила. Сега е нејзин ред.
@Curious cat гледам дека си потврдила со одењето, но не стоиш доволно сигурна за таков чекор. Не давај инсистирањето да те збуни и да влечеш импулсивни одлуки. Плус ликот воопшто не е стабилен и сепак мислам дека (ве) има веќе неколку во опциите.
Здраво совет, со дечко ми сум скоро 3 год у врска. Денеска бевме на Козјак на Мај друштво, парови. Цел ден поминавме заедно, ама некако ми беше ладен. Во Сабота му е роденден, недела одиме на викенд во Солун а во понеделник сме на прослава за веридба кај негова братучедка. ( Во солун) Нешто денес се издува за една шега со негов другар, и некако и пред шалата и после тоа ми шправеше некои фаци неубави. Сега пред пола саат го прашувам шо е работава за шегата ли е лут вика не нема врска, него општо. Прашав зашо шо е работа, ми кажа некако бил онака чудно му било, немало привлечност, блискост, не знаел ни што не врзувало. И ја као шок почнав да се тресам, до пред 3часа се беше супер, претходно заедно супер се, ништо мне кажал, сега искочи нешо не му било ок со мене. Го прашав како тоа мисли се беше до вчера супер, како струја да пројде низ мене плачев у вц до сега, и вика демек ја само кажав како се осетив, зашо драмиш. А ја у неверување значи за 2 демна со човеков планирано викенди, Велигден после тоа патување. И сега ми е претешко не знам ни дали сме раскинати, дали треба да одам со него за празникот прославата како мини свадба ќе биде. Претешко ми е. А досега сум му наоѓала јас пораки, снапови, лајкови на сториња кај др девојки, сме раскинувале зашо ја сум го фаќала како прави глупости и сестра му знае шо се правеше порано, таман мислев се управи се ни е сега супер сјајно и бајно он ми го кажа воа. И сега не знам дали ми раскина или што понатаму. Пишувам и плачам. И незнам како да постапам, мислам ми се урна се, с и дома моите ме спремаат купено се , облека , до пред 3 денас се беше супер, а стварно многу ретко се гледавме 1 неделно од различни градови сме, немавме блискост. Ама и кога бевме заедно мене ми беше преубаво, кога конечно мислев профункциониравме он ова ми го кажа. Што се не сум направила за него, низ шо све не сум прошла, простила, дома сум се тепала со моите со сестра ми за него. За 180 степени ме шекна. Како ке спијам ноќеска ве молам за мислење девојки. Шо се не направив, не простив толку труд и он ова ми го кажа. Не знам дали само потенцира шо му пречи, онака номншалантен ми беше некако,
Мислам дека со ова се е јасно. Очигледно е дека не е заинтересиран, нема емоции, а и не те почитува. Не си го троши времето со овој.
Знам, ама многу ми е тешко. Ќе пукнам, он кажа демек муабет било кажал како се осетил, ја сум преиначила, ама стартно почна прелошо па после ублажи. Што све не планиравме, ќе идевме у Франција сега на 17ти Мај, заедно се, а и најкриво ми е шо се си беше таман до вчера. Шо да правам уф ќе ми прсне душава.
Душо, штом те изневерувал во врската никогаш не ви било сјајно When the dog is barking at you, somebody else is feeding it. Според мене, не вреди да плачеш и да се трескаш за овој тип на мушкарац. Сигурно си пишува со некоја или спие, па расположението му варира врз база на тоа. Ти не си виновна во овој случај воопшто. Заљубен маж не постапува вака. Јас веднаш би го откачила