@natashaaz.09 не е како пред три сати да било океј и веќе не. Можеби само тогаш да сфатил дека веќе нема привлечност. Некои врски завршуваат зошто сфаќаме навреме дека другата страна веќе не не влечи така. И подобро да го сфатиме тоа пред да се влечиме до недоглед и да се повредуваме ( пример со изневерување иако си поминала преку тоа, но тоа беше можеби прв знак дека има голем проблем во врската). Навистина ми е жал и знам дека ти е тешко. Но, чим сте ја отвориле темата - мора и да ја затворите. Чисто да знајш на шо си пред се. Разговарајте шо после ова? Ќе се обидите да видите дали има некој проблем кој ве лади? Можеби некоја техника која би ве поврзала интимно ако има простор? Партнерска терапија можеби? Но, крајното е раскин. Во секој случај мора со сите карти отворено да зборате за шо после овој разговор. Оти не е разговор кој се прај и после кој се тера "по старо". @Bubbly-sugar можи да има и друг/и на фокус. Можи и да е вистина зафатена. Лично, во слични ситуации одам до одредена граница која јас ја тргам ментално. Ако стварно сакам да ја видам би пишала уште еднаш. Ако ме одбие пак - веќе нејзино е да ме викни. Ако не ме викни, полека ќе сфатам дека тоето. Ако сакаш да бидиш чиста пред себе дека ете си пробала - пиши. Ама не поќе од уште еднаш. @Бошковски возрасни сте? Врски на далечина не се само "онлајн" врски. Туку се врски кои мора многу рано да ги фокусирате кон одредена цел. Пример кога би се виделе и што е крајна цел како преселување заедно на едно од двете места или на некое трето место. Така да можеби ставете фокус на иднината и движете се кон исполнување на тие цели. @Curious cat лично со многу не познати не одам ако другата страна не ми е партнер/близок пријател. Исто така како би бил престојот, би делела соба со некој? Видов и после дека си параноична околу ситуацијата и разбирам. Дали он те свиѓа или не, можи да го раздлабите и тука. Не мора на мини одмор да биди тоа со другарите. Башка ако не знајш ни дал има женска - колку сте реално блиски? Сега вртам веќе малку на тоа дека се знајте два месеци само ама паузи заедно. Прашај го. Чим те бара да излегвате вон работа (на мини одмор) фер е и да прашаш нешто поќе како дали има женска за да знајш и ти како да се поставиш кон него (доколку си заинтересирана да му се приближиш, доколку не си да ставиш дистанца).
Сигурно и те изневерувал, штом си му фатила пораки со други девојки. Овој само времето си го пополнува со тебе. Ниту те сакал некогаш, ниту пак ќе се смени нешто ако продолжиш со врската.
Да се дистанцираш и да си земеш време за себе. Тоа што го кажал го гледам како глупост, а може и тогаш почувствувал дека е моментот да ти каже. Не толерирај глупости, сакај се себе. Не велам одма да прекинеш, само не покажувај емоции деновиве пред него зашто ќе ти биде искористено после. Инаку лично да сум јас не би одела на никакви договорени настани (без разлика колку биле претходно планирани), едноставно непочитување покажал према тебе (таков разговор дефинитивно не се прави пред друштво). А оваа прилика ти е да седнеш и убаво да размислиш за сите работи меѓу вас. Едит: ако ти треба разговор тука сум. Слободно пиши ми.
Мила цврст доказ дека ме изневерил немам, ама имам овие за потенцијални неверство шо е полошо и од физичко. Како и да е во право си , само мене ми е претешко катастрофа сум
@natashaaz.09 ама ти ги прочита така? Само сигурно не си ги сликала, па затоа излегува дека немаш доказ. Инаку секако ќе ти негира.
Не ми кажа пред друштво драга, откако ме врати у Ск ми пиша. На чат ми кажа. Благодарам у право си. Меѓутоа ако нема привлечност, теми за разговор , оддалечени сме, за шо да продолжиме, и зашо да одам ја со него у Солун , само за тој да не биде сам на прославата? Не знам и ако продочлжиме дали би успеало нешто. На толку срања шо сум му ги простила он ми најде мана дека он има причина да се преиспитува, и нешто не му валјало. А ја имав 1001 причина да раскинам, со сестра ми сум се карала за малце и тепала за него, со моите дома. Како и да е суму прашалници што понатаму.
@natashaaz.09 тури му пепел ајде. Помини време со твоите, излези со друштво, пешачи, само не паѓај со мислите. Ќе биде добро!
Види, тоа што сте раскинувале, си наоѓала пораки со други. И плус еднаш неделно сте се гледале, значи - не било супер. Може за тебе било, бидејќи си барала bare minimum, а на него веќе му се смучило и тоа да го дава. Не си тепај време со него, и цени си го effort-ot што го даваш. Мора реципроцитет во врската. Не може некој да дава 90% а за возврат другиот да не знае ни што сака.
Здраво девојки нова сум на форумот. Сакам да споделам еден проблем со вас. Се наоѓам во недвоумица дали да раскинам со дечкото. Имено во одредени моменти се е супер. Се сакаме, се подржуваме за ова немам збор. Но многу често се караме, не се согласуваме ако јас речам нештото дека е бело тој вели дека е црно. Многу често ми се лути за некои глупости. Вчера бевме излезени со пријатели и разговаравме дојдовме на тема како сме се запознале ние и јас им кажав и ми пиша на телефон да сум прекинела што ги засегало нив како сме се запознале. Потоа се лутеше. Во вакви ситуации како да немам слобода се гушам.
Во секоја врска има проблеми, важно е да си поставиш црвени знамиња преку кои не можеш да поминеш.. Ако караниците се толку голем проблем за тебе и сметаш дека не можеш да поминеш преку постојани караници, раскини му, ама јас тоа го прифаќам како сосема нормален дел од една врска, ќе се скараме, па ќе се смириме, па пак ќе се скараме, сите сме ние различни.. Самата треба да знаеш што каде и колку можеш да издржиш и преку што можеш да пројдеш..
Нормално е да се карате, ама да не е тоа пречесто. Сепак и караниците се нормален дел од врската. Мислам дека нешто ти фали, дека нешто не те исполнува, не е само до каранициве. Треба да си размислиш дали сакаш да бидеш со него, може да седнете да разговарате сепак сте заедно. Можеби има и на него нешто што му смета. Па може така ќе сфатите на што сте. Поразговарај со него што те мачи.
Ти благодарам на одговорот. Порано имаше кавги скоро секој ден и ми се смачи од тоа. Сега е поразлично, но пак ги има може да се помине преку нив. Точно дел од нас се. Јас во такви ситуации плачам и се држам во мене само со него разговараме не сакам да го споделам тоа со други околу мене за да не ги загрижувам. Се плашам да не се изгубам самата во ова. Не ме исполнува фактот што секогаш сакам да му угодам дури и за нешта што јас не ги сакам. Не можам да се налутам и да се подналутам веднаш се смирувам што не е слушај со него ќе се мршти додека не му помине. Се плашам ако го изгубам дека нема да можам да продолжам сама.
Имаш само 24 години, цел живот е пред тебе. Верувај сите сме мислеле вака и после кога ќе го најдеш вистинскиот ќе си речеш ауу каква будала сум била. Само разговор, компромис прават двајца, не само еден во врската.
Ова болдираново! Тоа ти е проблемот зошто си фина со него. Како тоа се поистоветуваш со него? Ти и тој немате ништо заедничко. Голема грешка е да му придаваш квалитети што тој реално ги нема. Ти имаш емоции кон некоја твоја претстава за него а не во човекот каков што е реално. За почеток постави си граници до каде си ти, до каде е тој. И цврсто држи се до нив, секогаш, со секој што ќе се обиде да ги помести. Ај да не речам дека уште кога си видела дека демне по инста девојки си требала да се одалечиш од таков и да го избегнуваш. Луѓето не се менуваат ако не сакаат. Не можеш да го смениш другиот да се вклопи во твоите претстави и по твоите очекувања. Ајде тоа, ете сте почнале врска, си му дала шанса. (уште овде своите принципи си ги погазила) После првиот негов црвен картон ти што направи? Уште првиот пат кога си го фатила дека е со друга додека е со тебе и кога ти се правдал зошто неа ја откачил си требала да ставиш точка и да не го слушаш понатаму. Убаво да му кажеш зошто го оставаш, зошто тоа тебе те повредува и да го ОСТАВИШ. Зошто си му ги слушала оправданијата, кога тој признал дека е неверен? Неверен бил. Те повредил. Нека последното што ќе го разговарате биде тоа како ТИ се осеќаш, како ТЕБЕ ти ја изиграл довербата и како ТИ нема да бидеш со него заради тоа.. Со самото тоа што разговорот бил за неговите оправдувања и изговори ти си ги прегазила своите граници и си ги обезвреднила своите емоции на сметка на неговите. Не си требала да му дозволиш да зборува за тоа што тој мислел, што тој правел и зошто. Ти него си го преварила или тој него?! Тоа се тие превртувања, игри и финти со кои манипулаторите се служат. Престани да се идентификуваш со него, да му даваш епитети кои ги нема. Неговите зборови само ти си ги протолкувала како израз на вистинска љубов, додека тој тоа најверојатно на уште 10 други го зборел. Подобро да ги слушнеш тие зборови подоцна од некој друг ама да се искрени, него ли од некој ваков, само зошто ти е сега при рака. Отворено те омаловажувал па уште и ти си крива што си се осеќала така. Мааа немој, мооолим те? Тоа е груминг, те вари на тивок оган а ти не приметуваш! Тоа требало само да ти докаже со кого си имаш работа и да те потсети дека ако така прави кога е со тебе, пред тебе, кој знае што прави кога е во друга држава. Не губи енергија и време на вакви!
Мислиш дека не сум го нашла вистинскиот ? Како да разговараме кога за се сме спротивни мора некој од нас да се согласи за нештото на другиот иако не го сака тоа
Еве ќе ти кажам за мене, со бившиот имав добра врска, нормално сме имале караници како и секој нормален пар, и сум мислела дека тој е тој. Додека не сфатив дека нешто фали дека нешто не ме исполнува, седнавме разговаравме и се разделивме како пријатели. И знаеш што денес маж ми направи да заборавам дека некогаш сум била со некој пред него, а јас мислев дека тогаш ми е преубаво, сеа сфаќам дека ништо посебно не ми било. Буквално заборавам дека сум била со некој пред него, не ни памтам. И ние сме толку различни а толку слични, совршено се надополнуваме. Сакам да ти кажам дека понекогаш не е така како што изгледа. Мислам дека нешто не те исполнува.
Не се овие караници нормални според мене не може секој ден да се караш за глупост. Што откри дека ти фали во првата врска ? Мене многу негативно ми влијаат вакви ситуации и многу ми паѓа расположението не сакам да си штетам самата мислам дека се разбираме.
Искрено, почна премногу монотоно. Некако се едно исто, никаде не мрдавме, а живеевме заедно. Почнавме и да се караме, ама не беше тоа страшно. Не беа којзнае какви караници. Почнав да се осеќам ко цимер да имам. Почна веќе ни секс да не ми се сака, пошо и тоа беше колку да се рече. За на крај да седнам со него и да му кажам како се осеќам и искрено и него почнало така да му биде. Пет години бевме заедно. И одлучивме да се разделиме пријателски, еве и денес се имам на социјални мрежи, и немам никакво лошо мислење спрема него. Коа прекинавме еден период си мислев дека згрешив, дека тешко се наоѓа таков човек како него, зашто искрено стварно беше океј. Додека не го сретнав маж ми, и сфатив дека и не било така сјајно како што сум мислела, маж ми ми го сврте светот наопаку и ми прави да се осеќам како цел свет да не постои. И стварно не ми ни текнува на времето коа сум била со друг, како заборавено ми е. Се осеќам ко цел живот да сум со маж ми. Ме исполнува на секој можен начин, од интима од чувства, од се. Совршено се надополнуваме. Да се разбереме, далеку од тоа дека не се караме, боже мој нормално е да се скараш. Ама тоа завршува одма. И не е често. И да ти кажам искрено еве лежи до мене сега и како го гледам не ми се верува колку ја сакам оваа будала моја. Затоа ти викам мислам дека нешто не те исполнува. Разговарај со него. И на крајот на крајот ќе знаеш на што си. Да се надополнам за бившиот, не можев ни да се отворам со него некако, да си кажам што ме мачи и сл. Се осеќав ко да не ме слуша. А тоа многу значи да имаш партнер на кој можеш да се потпреш.