Е добро де, памет за друг пат. Ти можеш најнормално да си пишуваш со него, само внимавај кога враќа, како враќа. Пошо реално треба прво на кафе да те покани па после да ти праи муабет за Италија одење
Си му го дигнала егото и тоа многу. Кој е тој да му кажуваш кои земји? Се чувствувал специјално па сега ќе се глумиме хард ту гет. Секој има 5 минути у денот да одговори на порака или може да се извини и да каже зошто го нема, едноставно е.
Знам дека му го дигнав егото многу. Тоа за патувањето “Можеби ќе патуваме заедно ” го кажал можеби на шала а јас одговорив како да го сфаќам сериозно, оти 5 дена е премал период за било што. Ќе почекам 2-3 дена па ќе му пишам оти ми е срам баш заради тоа, не сакам да испаднам очајна.
Девојче ако он тебе уопште не ти пише деновиве, треба да му туриш пепел а не да калкулираш кога ти да пишеш. Тој што е заинтересиран ќе најде најглупа причина за да иницира муабет
Девојче не знам веќе што да ти кажам. Извини ама делуваш очајно. Океј пиши уште вечерва. Не е проблем дали ќе пишеш или не. Следи го неговото однесување и така ќе видиш најдобар одговор
Е океј де, пиши но пази 5 дена е малку за каков било сигурен впечаток. Пиши му слободно, па види како ќе се однесува
Ќе му пишам после неколку дена а можеби и не , ќе чекам на него , оти срам ми е, се изглупирав скроз. Нему муабетот може на шала му беше а јас изреагирав како да го сфаќам сериозно а пишуваме само 5 дена.
Вака лабаво договарате шетање вон државава? Ај да е друг град некако ќе сфатам (можеби?), ама вон држава? Не го знаеш, како може да си очајна за некој што нема ни време ни простор да ти остави впечаток? Ако од два реда муабет ви остава некој впечаток..немам коментар.
Нели . До две години само се фраскаме, после две години можам да размислувам дали сум ти кажала нешто убаво или не.
Не договаравме за ние двајцата да шетаме заедно туку си правевме обичен муабет кој која држава сака да ја посети , и кога јас реков Италија тој со емотикон ми напиша “Можеби ќе патуваме заедно”. Пишуваме можеби повеќе од 5 дена не знам точно колку, но на почетокот пишувавме многу често и долго, после тоа почна да ми враќа поретко.
Малце е зелено девојчето.Се затрескала, па биднала очајна. А колкав е тој што се допишуваш?Си рекла Италија и овој сакал да ти направи филм демек и тебе ќе те земе.Млада си, ајде ќе научиш.Можеби ќе шетате, ако има пари, неговите исто така.Не летај, мој совет.Искочи на кафе првин, види каков е.Да не ти го скрши срцето.
Можеби погрешен збор употребив “очајна”. Зборот ми беше дека не сакам да го прекинам контактот со него. Инаку има 25 години.
Во ред е, те погодило тоа што сакал во Италија како и ти.Игра игри и знае како да те ‘фати‘ на муабет.Доколку работи, има пари тогаш може да шетате и да одите заедно.Не е ефтино, патот, трошоци за шетање, смештај. Не го прекинувај контактот.Очекувај се и сешто.Може да се распише, можеби ќе го снема(како што не ти враќал со часови).Размисли со своја глава.
Не ме погоди тоа за Италија ниту сакам да патувам со него, туку со тоа сакав да му ставам до знаење дека сум заинтересирана за него за да не го прекине муабетот со мене.