Извини вака, немој да ме сфатиш грешно, ама не е толку сериозно ова воопшто. Се допишвате 5 дена, сигурно дека нема рандом за една недела Италија да замините...не разбирам
Не знам колку ми ги читаш постовите, муабетот не беше за да отпатуваме заедно…. а тоа што кажав “да” го кажав со цел да му ставам до знаење дека сум заинтересирана за него а не дека сакам да патувам.
Девојче отупе. Во ред е, пиши ти пак. Ако е заинтересиран за тебе ќе покаже самиот. Нема потреба толку да се потресуваш.
Не знам зошто мислиш дека се потресувам, можеби погрешни зборови употребив “очајна” , “заинтересирана”, а 5 дена е премал период за било што да кажам. Зборот ми беше дека не сакам да го прекинам контактот со него, од досегашниот муабет ми остави добар впечаток. Можеби ќе му пишам а можеби и не.
@jasjasjas3 совети бараш, сакаш да слушнеш мислења, ти кажуваат искрено луѓето што мислат за ситуацијата, тебе очигледно не ти одговараат советите зашто не ти се слуша и сакаш да си тераш по свое, терај си како мислиш. Барате мислења, па се буните дека не ви се по ќејф. И да, олабави и ама биди внимателна истовремено, следи како ќе се понаша наредно и биди умна колку што можеш.
Ајде, нема везе, не е касно, ништо не се ни десило, ама лекција нека ти биде, не се отварај премногу. На некои типови малку им треба за да им се крене егото. Нит го знаеш нит познаваш за одма да се опуштате со такви муабети. И да, моментот што враќа после 5-6 часа е чуден. Којзнае што праи и со што се занимава за тоа време. Сепак ако одлучиш да му вратиш, ако те побара, биди претпазлива. И не игнорирај црвени знаменца, само на твоја штета би било тоа.
Мене ич не ми делува очајно, ниту за срамење. Баш директно си му кажала дека ти се допаѓа, подобро така отколку да губиш време во допишување и сл. Вака барем побрзо ќе знаеш на што си. Може е нешто зафатен па поретко враќа, или игра мачка и глушец. Јас мислам дека е ова второто. Не е ништо страшно прва да му пишеш, со тек на време ќе видиш во која насока ќе одат работите. Сепак е рано за да оцениш дали е заинтересиран, уште се запознавате. Пиши му прва и ич не се замарај.
Се допишував со еден дечко, се убаво, се видовме во живо и тоа ок... Значи не знам, не сум паметна, зборевме на тел и почнавме нешто за лето, море, ќе ве замолам да не ме напаѓате му реков дека не ми е пријатно во бикини да идам на лето и ми вика а во што би идела ти и се смееше викам а? Вика ок, не мораме да идеме на море, после ми вика (од друг град е) јас тебе би те земал за сериозно блабла би дошла ли да живееш со мене некогаш? Викам да, ама во заедница ми вика нема шанси каква заедница, викам ок ај може и да не е заедница, вика на што би личело утре ден во заедница да се соблечам пред мајка ми сабајле кога е летно време ? Викам, а ја не сум таква не ми е пријатно ни дома да шетам полугола, вика епа кога ќе дојдеш со мене да живееш и тоа ќе биде, викам што??? Искрено се навредив, вака стварно и фин и културен ама ме изненади со муабетов, не знам што да кажам, пак ќе кажам ми делуваше искрен и сериозен се сложуваме за некои работи се супер, ама после ова не знам како да го сфатам...
Од начинот како што го кажа тоа не знам дали можам да му верувам, очигледно не го интересирам, сеедно и онака не сум спремна да бидам со некој како он што замислил, т. Е. Спремна сум јас и знам што сакам ама на ваков начин не знам не ми делува заинтересирано
Што кога родителите се против вашата врска? Да напоменам, се работи за токсична врска која била многу пати прекината, но овој пат сметам дека ќе биде поразлично.
Што би било поразлично? Може начинот на искажување на токсичноста да биде поразличен. За друго, се сомневам.
Претходно и јас не верував дека ќе се промени нешто, но сега навистина сметам во тоа. Само немам одобрение
Па можеби родителите сакат да те спасат од таква врска затоа и се против тоа . А инаку не нема да биде поразлично ништо, самата викаш била прекината многу пати тоа јас не го ни сметам за врска.