Ти станало досадно, но тоа не треба да стане изговор за да даваш внимание на другиот дечко. Тој и покрај што знае дека си во врска, треба усул да има. И ако веќе ти е монотоно во врската и чекаш прстен од дечко ти, треба со него отворено да зборуваш. Пошо вака на крајот нема да е фер спрема него.
Вчера што пишав за дечкото, денес не ми пишува а се беше ок, од вчера го снема, а толку многу ми ветуваше и имаше планови, првиот тој почна да ми пишува и да ме завлекува за сега да го снема, ме остави така да исчезне, зашто викаше дека е сериозен не знам, стално ми се случува ова, ќе најдам некој се ок и исчезнуваат, многу ми е тешко Се ми одговараше кај него, подобар очигледно никогаш нема да најдам, ќе останам така цел живот
Не брзај и не форсирај ништо остави да биде така како е најдобро да биде. Во иднина дозволи машкото да се труди повече нека те освојува они повече сакаат да освојуваат отколку да им е речиси се сервирано на тацна.
Ова не е врска, туку веројатно двајцата си пополнувате време еден со друг. Ни се сакате, ни се поднесувате. Што совет бараш? Дали да имаш секс иако ,,дечко" ти не те сака и само му се клеца? Советот ти е, откачи го и најди си друг што ќе го гледаш во живо и нема да ти збори глупости во стилот дека е со тебе само затоа што се плаши сам да остане. Најди си некој што ќе те сака и ќе го сакаш. А твоево моментално не е ни блиску до врска.
Не му го прави каша попара животот на колегата, додека си не си ја средиш ситуацијата со првиот. Сакаш прстен разговарај, сакаш деца разговарај, се што сакаш разговарај. Комуницирајте бе луѓе, колку и да сте долго со некој, колку и да мислите дека се познавате, луѓето не можат да читаат мисли. Така да работите кои ги туркате под тепих на крај ќе се насоберат и ќе почнат да смрдат.
Колку побрзо велгуваат во филм, ти кажуваат секакви планови, на сѐ што ќе кажеш ти се надоврзуваат со сериозен план и цели за иднината, ти кажуваат што сакаат со тебе, односно ти прават love bombing толку помалку треба да ги сфаќаш сериозно. Тешко е било кој за толку краток период вистински да се заљуби во некого, поточно за толку време не може ни да го запознае па за да стане толку сериозно. Сѐ ова е за да ти провлече внимание и да се закачиш за фората
Се гледа дека ти годи вниманието од колегата, но одлуката сепак е твоја. Нема да ти речам да прекинеш затоа што чекаш затоа што ти е монотоно и да пробаш со другиот пошто ако правиш зад грб работи биди сигурна дека на крај е можно и да останеш сама. Сaмо искрен разговор со твојот партнер и отварање на картите, ќе ти даде одговор на проблемот. Ќе најдеш, биди сигурна, не е ниту прв ниту последен. Не е крај на светот доколку не успее со овој. Не ти недостига тој, ти недостига замислата за него. И во иднина, не се залетувај толку брзо, остави да се потруди малку.
Му дава лажна надеж, седи на две столчиња. Ако продолжи така кај и да е ќе почне да се гледа со него, и после филмот е: те сакам, ама не можам да го оставам, 5г. е со мене, и ете ја со прстенот, а колегава ќе го читаме овде на форум.
Ако таа му стави до знаење дека не е достапна и се дистанцира, ликот нема да и кажува дека треба да бира, туку ќе си го фати патот. Не е работата кој е наивен кој не е. Туку дека таа на една страна има сигурност, а колегата е резервна гума.
Ова е и неверство од нејзина страна. Емоционално, не физичко, но овие ваквите неверства се дури и полоши. Во многу врски се случуваат, а посебно во тие што траат повеќе време и се доаѓа до некоја монотоност, па се бара внимание од трета страна преку флертување и држење блиску на трети личности за внимание. Епилогот се знае. Нема да го остави дечко и. Сигурен и е.
Она мисли дека е така. Ако дечко и дознае за целата оваа ситуација тогаш и пет годишната врска е на стаклени нозе. Така да најдобро е да си биде искрена прво сама со себе, а после и со дечко и, па и со колегата секако и да си ја реши ситуацијата.
Премногу ги преценувате некои луѓе и не знаете какви машки гнасни створења има. Од типот да речам машки курви. Кур го боли него дали е во врска или не.