Чек чек, како она крива дека тој е курва ко што пиша членов погоре Дека му велиш ДА, те цитирав. Неа и е монотоно, тоа е јасно ама за срцето и пенисот на овој, не одговара таа. Он уште малку кутар ќе испадне
Е ова е искреност. Во принцип, кога знаеш дека некој е во врска и почнуваш да го облетуваш, особено ако облетувачот е маж, све е јасно. Не, нема да заврши со форевер тугедер, тоа е обично женска фантазија.
Значи вака ако таа чека прстен од својот дечко, треба да е верна лојална и да не се доведува до ситуации вакви како што ја кажа, да не речам одма рипа в скут кај ДРУГ. Не ми оди во иста реченица здрава, искрена и лојална врска со вакви работи ама ајде, можеби фантазирам многу.
Абе по кој пат да ти кажуваме? Ја имам дечко и ако некој друг мене ми се пушта и ми пишува нон стоп, а јас му враќам на тоа, па уште и развивам симпатии кон него, наместо јасно да му ставам до знаење дека не сум заинтересирана за него, јас сум си самата крива за срањето во кое се наоѓам. Не е крив он, јас сум си крива што сум дозволила таков тек на нештата и треба да се носам со последиците.
Фантазираш. Ама дали прстен "се чека". Не мора да се чека. Понуди му ти "прстен" место он. Ама прстенот е за пред народ. Досадата за по дома.
Маж што е заинтересиран за тебе, те сака и почитува, никогаш нема да те остави во прашалници. Ќе знаеш каде е, ќе ти пише, ќе се јави, нема топло ладно да си игра. И нема освен. Нема ни ама. Барем имајте трошка почит за себе и не се трудете да сфатите нешто, што не вреди да се сфати. Секогаш има некој што е единствен од толпата. За тој вреди да се замараш. Се друго, не вреди ни солза, ни нервоза. На крајот, некогаш и тие не се криви, не му се свиѓаш и толку. Почитувај го туѓото, за тебе да не те напнуваат други кои не се во твој интерес.
Во дилема сум…дали со срце или ум? Срцето во оваа ситуација и е збунето, јас мислам со ум да го реши проблемот.
Фала на сите за мислењата што ги споделивте. Јас побарав само совет, во животот никогаш ништо не се знае некад чувствата неможеш да ги контролираш. И него не го оправдувам што ми пришол а сум зафатена и му го реков тоа, тој само ми кажа дека многу сум го привлекла и ме праша дали сум среќна и дали го сакам дечко ми. Исто така сме збореле за прстен и брак со дечко ми и на тоа одговорот бил ќе биде. Несум во 20 тите имам 30 години се плашам некој да не ми го губи само времето зошо 5 години не се малку.
А колегава е спремен за брак? Оти и со него може да е *ќе биде ' отпосле. Одлучи ТИ што сакаш, а не тие двајца што сакаат. Ако не си му одговорила дека си среќна, знае дека има подотворена врата
Па седни бе човек и направи си отворено муабет со човекот со кој што си во врска пет години и ќе ти се разјаснат некои работи. Ваљда доволно си го запознала за тоа време за да знаеш со кого си имаш работа. И мене дечко ми за прстен така ми викаше ќе биде, и кога најмалку очекував бидна. Не форсирај, ама некаков муабет отприлика мора да си имате направено за вашата иднина. Ама прво раскрсти со себе .
Таман ќе пишев мислиш ли дека таа е целосно искрена за ситуацијава? И видов Ваљда Иако овде сме под псевдоними, луѓето се плашат од осуда. 99% остануваат, годините ги "прегазиле", што ќе речат комшиите, колегите итн. Мислиш ли дека тој бил гром од ведро небо, туку така рекол, те сакам, тури му пепел на твојов? Гарант има кафиња, ручеци, можеби и вечери со долги допишувања кај што таа го фали него, а дечко и е лош.
Секако дека не мислам така. Не сум вчерашна Од приказнава јас сфатив дека таа сака повеќе commitment од 'бојфрендот' и мисли дека е 'due time'.. А колегава е интересен оти е нешто свежо и потенцијал за NRE, new relationship energy. Заносно на старт, нели. Не можам да ја плукам, оти, things happen. Ни први ни последни ако се остават. Ни први ни последни ако се земат. Сепак таа ќе си живее со изборот. Не знаеме дали дечкото е мамин син, или колегата е Бред Пит. Или обратно. Нема врз што да се плука.. Повеќето се прашуваме некогаш дали изборите ни се вистински. И грешиме. И погодуваме. Не сум сигурна дека ја преминала границата ( се разбира дека во очите на дечкото, да) ;ако сепак премногу уживала во внимание за балкански вкус, и ако типов само ја мота, таа ќе си пати, не ние.. Нема доволно инфо за да седнеме околу ко порота на темава...
Прашањето е што сакаш ти. Ми изгледа ко да сакаш брак по секоја цена, јер да не ти го губи времето...а од друга страна, неодамна сте почнале да живеете заедно и веќе сте ко стар брачен пар. Можеби динамиката за секс не ви е погодена, можеби нешто друго нема да штима, допрва сте почнале заеднички живот, никој тоа не може да знае. Возбудата дека некој нов е заинтересиран ја разбирам, ако ако некој ти го троши времето, статистички поверојатно би бил тој новиот. Кога би те освоил би изгубил интерес, така ми стои сценариово. Најпаметно-расчисти со двајцата и барај трет Преодно решение - види дали нешто може да се поправи со дечко ти, јер не разбирам што е проблемот. Ама прстенот не гледам како би ја решил досадата.
Не, не, далеку од порота. Секој си кажува мислење и тоа е тоа. Не за плукање, нејзин живот, нејзини избори и таа ќе си живее со тоа. Само зборот ми беше прво да среди самата со себе пред да го остави првиот и почне со вториот. Јас искрено не можам да разберам како од првиов чека прстен, а има чувства кон вториот? Anyway таа.на крајот од ова ќе има дечко/маж, а едниов од другарите ќе страда.