Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    435
    Здраво на сите, пред дс ја напишам приказнава да би кажам дека ние сме обични тинејџери од 19/20 години , за да имате слика за што станува збор.

    8 месеци бев со еден дечко, се беше добро и нормално. Во почетокот се гледавме секој ден но, подоцна како ни минуваше врската, а и самиот живот ( факултет,друштва ) се гледавме редовно но помалце. Последниве неколку месеца ( месец-месец ипол ) почнавме да се гледаме еднаш во 10-11-12 дена. Јас тоа го ставав на обврските, си велев ајде и двајцата студираме тешки факултети и немавме време едноставно. После некое време излеговме и тој ми раскина, без никаква позната причина од моја страна. Можеби некој ќе праша дали сме се карале, тоа не беа кавги туку имавме вкупно 2 несогласувања што на крајот завршувале со смешка. Кога го прашав зошто раскинуваме , тој ми одговори дека повеќе не можел, тој ме сакал многу ама не можел. Не ми даде никаков конкретен одговор, само се вртеше околу тоа дека работиве немале да бидат подобри и дека повеќе не можел. Јас не знам кои работи требаа да бидат подобри затоа што немаше лошо, не знам што повеќе не можеше.


    Јас го прифатив раскинувањето, си размислив можеби повеќе не му е тоа тоа, не ме сака и толку. Минаа околу 3-4 недели. Се сретнавме некаде во парк и мојата најдобра другарка која се знае со него околу 3-4 години го праша каде оди и тој и одговори дома, неговиот другар во тој момент одговори “аха дома”, и мојата другарка кажа “ зошто толку рано дома “ и тој одговори “ тенко се облеков, треба да одам” , другар му на тоа одговара “ како не, тебе љубовта те грее од саканата “ . Сите другари почнаа да се смеат, јас од тој момент мислам дека тој имал друга за целото време додека сме биле заедно или дека во овие 3 недели оформил некој однос со друга. Можеби и не е , можеби овие го кажале тоа на зезање, ама не знам што да мислам. Таму каде се сретнавме тој живее близу, од спротива и можевме да видиме дали стварно си отиде дома или не… не си отиде дома, другарите отидоа накај центар, тој отиде во спротивен правец ама не беше дома.


    Сакам ваше мислење оти ние сепак дме млади, 19 години и не можеме баш најзрело да размислуваме, во вакви ситуации си помислуваме се и сешто ❤️
     
  2. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    435
    Проблемот е тоа што тој пред мене не е имал ни една девојка, како бе сега најде да се прави мангуп?
    Јас не се секирам стварно, лесно се си поминав и раскинување и се, не се трескав ама ми е чудно од каде сега ова испадна и ме многу интересира дали има некоја или нема. (facepalm)
     
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.154
    Допаѓања:
    185.928
    Пол:
    Женски
    Прво мора да разграничиш: шо ти фали во врската, шо го добиваш од колегата? Дали партнерот знај шо ти фали? Дали фактот дека "нема прстен" те вознемирува? Дали мислиш дека прстен магично ќе реши проблем? Пошто најчесто е моментално решение дур трај еуфоријата.

    Гледај, пред се мора да имаш комуникација со партнерот. Како ја гледате иднината е дел од та комуникација (прстенот), како се чувствуваш и шо ти фали во врската е другиот дел кој се комуницира (внимание можеби). Обично ако втор човек те заинтересира можи да значи 1) дека првиот веќе не те влечи и е навика или 2) врвите низ потежок период. Лично, би се фокусирала да видам дали е тежок период во прашање и дали можи да се надмини и воедно да се врати страста и љубовта. Ако не можи, нема смисла да одбериш некој оти си подолго со него. Некои врски се само навика и греота е да се останва во такви.

    Чим веќе раскинавте и го прифативте тој раскин, мој совет е да не се навраќаш назад. Под да не се навраќаш не мислам само физички со бившиот туку и со вакви прашања. Раскинавте, бидна шо бидна. Дур беше заедно со него не знаеше за изневервање. Остани незнајна и од после. Изневервање страшно знај да повреди и влијае на его. Поштеди се од болка ако испадни дека се десило дур сте биле заедно. Така да тури пепел и дејтај си друг ко ќе си спремна. :hug:
     
    На FridaodaMk, Stella1111200, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    476
    Се учи од врски. А и се сака да се пробаат повеќе работи додека се научиш и имаш искуство. Во следната ќе биде боље. Може требаше да го прашаш зошто толку ретко се гледате или да инсистираш да се видите. Како и да е...не е битно зошто сега.
     
    На Ane_na_Bisera16, Dentina, Stella1111200 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    @Stella1111200 не се секирај воопшто, а и нема зошто да се навраќаш. Дај си простор, дејтај асално дете и другото не го размислувај премногу. Некогаш е баш онака како што не очекуваме, ама не значи дека тоа е лошо само по себе. Дури мислам дека е подобро што порано излегло вака како што е и според мене не си изгубила ништо.
     
    На Ane_na_Bisera16, Cosmic Girl, Wh@tev3r и 2 други им се допаѓа ова.
  6. jasjasjas3

    jasjasjas3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2024
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски

    Пишувавме пак, но потоа наеднаш го снема и еве веќе 4ти ден како го нема да ми одговори на пораката, не ја ни отворил.
     
    Последна измена: 15 мај 2024
  7. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    435
    Да знам дека се учи од врски, сосема сте во право ,но моја пуста љубопитност нема да остане мирна додека не дознаам што се случило навистина. Погоре некоја членка напишала убав коментар дека не треба да се навраќам, тоа го немам во план.
    А во врска со гледањето, не знам, јас студирам медицина, бев преполнета со обрски и со материјали за учење, немав време ниту да јадам, знам дека некој сега ќе каже дека кога се сскс се се може и јас се согласувам, можеби требаше и јас повеќе да се потрудам, но тоа требаше да се искомуницира со убава комуникација и здрава… и да имал друга поубаво да ми кажеше а не дс ме прави будала по градот.
    Не знам стварно, се е можно, има и моја вина ама има и негова. Само затоа и пишав за да видам други мислења, кој како размислува.
     
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    42.313
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека го изгубил интересот откако си му покажала заинтересираност и ти.
    Пушти го, остави, на сила ништо не можеш.
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Секакви чудаци има. Мене врска ми се има разводнето ради селење преку океан, а као намерата беше "ќе опстанеме". То разговори за брак, то чуда|(.
    И фала богу што се деси така, инаку немаше маж ми да го запознаам.
    Боли, да, се чудиш зошто, но некогаш нема јасен одговор. И ти јунак, и дорчо јунак, и пак секоја војна не се добива..
    Барем ти кажал крај. Што му се мота низ глава, само тој си знае. Можно е да сретнал друга ( во мојот случај, по многу години ми кажа во суштина дека размислувал со половиот орган, и тоа пак ми предлагаше чуда врагови и бракови, му се изнасмејав во фаца:$)
    Не си ставај мисла во глава, посвети се на учење, млада си скроз, ехее(y)
     
    На Stella1111200, eliesaab и Wh@tev3r им се допаѓа ова.
  10. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Машки
    По некогаш е подобро да не бидеш толку радознал што велат старите, чисто за мир во душата.
    Таман ќе ти пишев дека тоа клишето: Не е до тебе, до мене е, најверојатно има име и презиме, видов дека неговите другари потврдиле. Искрено нема што да се замараш, не се разочарувај, plenty fish in the sea. И наредниот пат ако нешто ти се чини дека не е во ред, тогаш сигурно не е, и среди на време, не дозволувај да те влечат.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    435
    Да во право сте, но јас уште не знам дали причината за раскинувањето има име и презиме. Не знам уште дали другарите тоа го рекле на шала или стварно биле сериозни (facepalm)(facepalm)
     
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    42.313
    Пол:
    Женски
    А да го прашаш директно?
     
  13. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Машки
    Како беше таа: не слушај гаталец, туку паталец.

    Бтв, ете веќе не сте заедно, и искрено кое фајде да речеме ако ти каже: добро, те изневерив? Не вреди да си го трошиш времето на некој кој не те сака повеќе во неговиот живот, ако тој може без тебе, можеш и ти без него. Се е навика, а ако има навика, има и одвика ;)
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    435
    Нема шанси да го застанам и да го прашам што е било и како е било. Секако или ќе излаже и ќе си помисли дека испаднал голем фраер затоа што демек сеуште ми е гајле и мислам на него или ќе ја каже вистината и пак ќе си мисли фека е фраер. Ова се претпоставки секако
    Секако се одвикнувам, пак ќе напоменам дека не ме погоди многу, некако се помирив и не дозволив да ме поремети на дневно ниво, ама пуста младост и љубопитност не ми дозволува да сум мирна. Повеќе од свесна сум дека многу поубаво ќе си минам во животот ако не пикам нос таму каде што не треба… и да, ништо нема да ми смени информацијата освен трач партија со другарките хахаха
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.463
    Допаѓања:
    15.865
    Пол:
    Женски
    Кога вака мислиш, нека ти текне само по кој пат мислиш дека ќе биде поразлично и ете ти го одговорот на твоето прашање.

    За 5 дена пишување одлучи дека е сериозен и дека нема подобар од него? Девојче, под итно размислување да смениш. Што стана со младинава…
     
    Последна измена од модератор: 18 мај 2024
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    487
    Типична девица. :DБегај додека те држат нозе.
    П.С. Ќе се врати (fingers)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.423
    Пол:
    Женски
  18. Старо Градско 33

    Старо Градско 33 Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, во брак сум 7 години со две дечиња.Од скоро почнав на работа и тамо сретнав човек кој ама баш буквално со еден поглед разбуди нешто во мене и во истиот момент си реков беља работа. Утре дента типот ме прашува за име ме наоѓа на фб инстаграм и почнува да ми пишува секојдневни работи јас избезумена му враќам и така си разговараме за обични работи видов дека може далеку да отидеме и му велам толку веќе да не пишуваме јас сум во брак ми рече ок те разбирам и толку сопругот видел дека пишуваме и го блокирал после тоа типот ме прашува зошѕо сум го блолирала велам не сум јас и го одблокирав и пак го заследив тој тогаш се запали и виде дека нешто ми значи пак малку пишувавме и толку му објаснив дека сум во брак дека не сакам да имам со него ништо и ок. Секој пат кога го гледав на работа нозете и рацете ми се пресекуваа на секој поглед срцето ми чукаше забрзано тој тоа го примети ми кажува дека не може да ме извади од памет 2 3 пати ме има гушнато силно каде целата сум се губела на тоа убаво цврсто силно гушкање и ништо повеќе не имало, беше тој на одмор 3 недели го заборавив некако денеска пак се појави јас пак целата изгубена кога го видов ми вели да одлучам дали сакам да биде во мојот живот или не јас му реков не и тој само си замина мислам дека срцето ми се скрши во тој момент многу сум избезумена и измешана со мислите а и срцето.
    А сега да објаснам и за сопругот имавме добар брак на почетокот потоа дојде едно дете па друго дете почна да се кара многу со мене за децата да ме контролира буквално секој чекор ми го знаеше мораше за се да се објаснувам и мислам дека во тие ситуации се оладив од него и затоа ми се случи ова што ми се случи тој знае дека сум пишувала ао тој тип ама средивме некако ситуации мислам дека сум скроз оладена од сопругот...
    Дајте совет искуства нешто неможам ќе пукнам
     
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Леле бе, кога вака ке ги поставиш работите, каков совет очекуваш?
    "пробај го колегата, да ти мине меракот, ама спреми се за развод"
    Не знам што друго, какво срце, какви мисли..
    Страст единствено и на твоја и на негова страна.
    Не се избезумувај, зашто решението е едноставно но можеби тешко: среди проблемите со сопругот или почекај па ќе ти помине желбата за колегата..
    Ако велиш е тип што контролира маж ти, можам да замислам како ке реагира ако стварно го изневериш.
    Ако не го сакаш, остави го.
    А колегата е само епизодна улога засега.
     
    На Mumoftwo30, Anyshka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Заклучок: Жените најмногу изневеруваат на работа:lol:
     
    На Anyshka, elimkd, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.