Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    429
    Нема шанси да го застанам и да го прашам што е било и како е било. Секако или ќе излаже и ќе си помисли дека испаднал голем фраер затоа што демек сеуште ми е гајле и мислам на него или ќе ја каже вистината и пак ќе си мисли фека е фраер. Ова се претпоставки секако
    Секако се одвикнувам, пак ќе напоменам дека не ме погоди многу, некако се помирив и не дозволив да ме поремети на дневно ниво, ама пуста младост и љубопитност не ми дозволува да сум мирна. Повеќе од свесна сум дека многу поубаво ќе си минам во животот ако не пикам нос таму каде што не треба… и да, ништо нема да ми смени информацијата освен трач партија со другарките хахаха
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.724
    Пол:
    Женски
    Кога вака мислиш, нека ти текне само по кој пат мислиш дека ќе биде поразлично и ете ти го одговорот на твоето прашање.

    За 5 дена пишување одлучи дека е сериозен и дека нема подобар од него? Девојче, под итно размислување да смениш. Што стана со младинава…
     
    Последна измена од модератор: 18 мај 2024
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    487
    Типична девица. :DБегај додека те држат нозе.
    П.С. Ќе се врати (fingers)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
  5. Старо Градско 33

    Старо Градско 33 Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, во брак сум 7 години со две дечиња.Од скоро почнав на работа и тамо сретнав човек кој ама баш буквално со еден поглед разбуди нешто во мене и во истиот момент си реков беља работа. Утре дента типот ме прашува за име ме наоѓа на фб инстаграм и почнува да ми пишува секојдневни работи јас избезумена му враќам и така си разговараме за обични работи видов дека може далеку да отидеме и му велам толку веќе да не пишуваме јас сум во брак ми рече ок те разбирам и толку сопругот видел дека пишуваме и го блокирал после тоа типот ме прашува зошѕо сум го блолирала велам не сум јас и го одблокирав и пак го заследив тој тогаш се запали и виде дека нешто ми значи пак малку пишувавме и толку му објаснив дека сум во брак дека не сакам да имам со него ништо и ок. Секој пат кога го гледав на работа нозете и рацете ми се пресекуваа на секој поглед срцето ми чукаше забрзано тој тоа го примети ми кажува дека не може да ме извади од памет 2 3 пати ме има гушнато силно каде целата сум се губела на тоа убаво цврсто силно гушкање и ништо повеќе не имало, беше тој на одмор 3 недели го заборавив некако денеска пак се појави јас пак целата изгубена кога го видов ми вели да одлучам дали сакам да биде во мојот живот или не јас му реков не и тој само си замина мислам дека срцето ми се скрши во тој момент многу сум избезумена и измешана со мислите а и срцето.
    А сега да објаснам и за сопругот имавме добар брак на почетокот потоа дојде едно дете па друго дете почна да се кара многу со мене за децата да ме контролира буквално секој чекор ми го знаеше мораше за се да се објаснувам и мислам дека во тие ситуации се оладив од него и затоа ми се случи ова што ми се случи тој знае дека сум пишувала ао тој тип ама средивме некако ситуации мислам дека сум скроз оладена од сопругот...
    Дајте совет искуства нешто неможам ќе пукнам
     
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Леле бе, кога вака ке ги поставиш работите, каков совет очекуваш?
    "пробај го колегата, да ти мине меракот, ама спреми се за развод"
    Не знам што друго, какво срце, какви мисли..
    Страст единствено и на твоја и на негова страна.
    Не се избезумувај, зашто решението е едноставно но можеби тешко: среди проблемите со сопругот или почекај па ќе ти помине желбата за колегата..
    Ако велиш е тип што контролира маж ти, можам да замислам како ке реагира ако стварно го изневериш.
    Ако не го сакаш, остави го.
    А колегата е само епизодна улога засега.
     
    На Mumoftwo30, Anyshka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Заклучок: Жените најмногу изневеруваат на работа:lol:
     
    На Anyshka, elimkd, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    7.748
    Пол:
    Женски
    Каков совет? Не сакаш ништо ама си одблокирала? Зошто? Да бидеш културна не е причина, туку изговор.
    Сакаш да ти помине меракот? Досадно ти е? Биди си искрена спрема себе о фамилијата. Ако си оладена со сопругот, тоа ќе го решиш прво со него, па после ќе видиш кај ќе тераш со кого било друг
     
    На Mumoftwo30, Anyshka и capuchino им се допаѓа ова.
  9. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Машки
    гледај тебе мислам дека не ти е само...не знам чудно ми е како тоа на прв поглед или некој се допадне само поради изглед тоа ми звучи чудно. не знам мене барем тоа не ми се случува никогаш има некои што изгледаат убаво. некои што изгледаат океј но никогаш не на прв поглед.очигледно ти е до муабетот со него и дека ти е убаво и ти се свиѓа и ама ако знаеш дека тaa има шанси да во некаде не си требала воопшто да зборуваш со него.
     
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.453
    Допаѓања:
    22.253
    Пол:
    Машки

    Разведи се, изеби се и госпо да им е напомош на децата и да ги одрасните и одгледате ко шо треба со сопругот. Веројатно нешто ти фалело кај сопругот што го наоѓаш кај друг. Просечност, само то че речам. :)
     
    На Mumoftwo30 и capuchino им се допаѓа ова.
  11. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Разговарај со сопругот и ако не разведете се.Друго чаре не постои од тоа што го имаш кажано.
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Старо Градско 33

    Старо Градско 33 Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    На прв поглед можеби не толку ама со разговорот уште толку.
    Можеби е само некоја страст за него нешто минливо ама дефинитиво знам дека имам чувства за него и неможам да го извадам од памет
    А можеби и тоа што знам дека сум во брак и дека несмеам ништо да направам за да си ја спасам фамилијата, чувствата ми се посилни за него секој ден се ми е измешано дефинитивно ми е тешко тоа сум сигурна
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.939
    Допаѓања:
    203.223
    Пол:
    Женски
    Ти годи вниманието од друг човек, немаш баш такви чувства како што мислиш. Во бракот знае да има монотони периоди, па кога некој друг ќе почне да ти обрнува внимание и да ри симнува ѕвезди, мислиш дека развиваш чувства. А не е така, едноставно ти годи што некој друг те гледа како жена. Кога колегата ќе го добие тоа што го сака, ќе те шутне. За жал, тоа најчесто е реалноста, мажите често сакаат само секс со мажени жени, без обврски, баш тоа им е интересното, не се замараат што после, не им е гајле за туѓиот живот.
    Ако вреди да си го расипеш бракот за него, повели.
     
    На Nausicaa, Mumoftwo30, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Машки
    Јас сум маж и сум во брак. Гледам таа не сака да ме изневери. И јас сум решил да не го правам истото. Имам другарки и со некои од нив си правам долги разговори. Некои се убави и сингл. 2-3 ме викаат на само да се видиме и ми беше јасно барем за 2 дека сакаат со мене. Јас веднаш ги одбив. Може за што сакаат да разговараат ама физички нема ништо да имаат. Тоа сум го решил. И во разговорите со другарките сум нашол доста работи кои не ми се допаѓаат кај нив и ако имав некоја желба таа ми згасна. А и чисто од рационално не мислам не мислев ништо да правам. Прво треба да се кријам и да лажам што ме нервира и ми е напорно. Второ кога тогаш ќе ме фатат и ќе има расправии и можеби развод трето ќе се чуствувам многу лошо зошто сум ја повредил жена ми. Четврто треба да ја поврдам фамилијата на жена ми која е добра со мене и ја ценам. Пето ќе добијам сам неколку пати секс со некоја од нив а имам дома доволно и ок е. Шесто со ниедна од нив не мислам дека би имал подобра врска. Седмо сум внесол многу напор време и јас и сопругата за да изградиме добра врска меѓу нас и сето тоа би пропаднало. Осмо задоволен сум од изборот не е идеален ама е солиден. Едноставно немам есап. А чуства се трудам да немам го никој друг зошто тоа би било лошо за мене. Имам среќа што сум научил да се контролирам себе доста лесно. Треба тоа да се вежба.
     
    На sj *O*, Mumoftwo30, makakosi и 4 други им се допаѓа ова.
  15. capuchino

    capuchino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    251
    Дали вреди нешто што си го градела со некој со години, да го уништиш за некој што малку ти обрнал внимание? Доколку мислиш ти фали внимание од сопругот, седни разговарај со него и реши го проблемот...
     
    На Mumoftwo30 и Старо Градско 33 им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Толку рационализација дури во 8 точки..
    А ако имавте "hall pass"? Исто ќе размислуваше и немаше да го употребиш?
     
    На Gosh и Selena01 им се допаѓа ова.
  17. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски

    Дај си некој период да видиш дали чувствата ти се константни и исто размисли дали и колегата исто се чувствува и не променува емоции спрема тебе за време на тој период. Ако подолг период ништо не се промени кај тебе и кај него, најдобро за сите ќе биде да се разведеш. Штом маж ти не ти верува и те контролира, тука нема доверба во врската што одма имплицира на фактот дека не сте силно компатибилни. Луѓето треба да си одговараат многу карактерно за да има простор за чувство на безбедност, а потоа и љубов. Секој греши и нормално е да се греши. Размисли и за тоа дали колегата е спремен да те прифати со две деца, емоционално и финансиски. Ич да не ти е гајле за туѓото мислење и со среќа, можда си ја пронашла вистинската љубов, а можда е само монотонија во прашање.
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.453
    Допаѓања:
    22.253
    Пол:
    Машки

    Znaci na ovaa treba slepo da i veruva? :rofl:
     
    На Trexane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Машки
    Се трудам за сите битни одлуки да измерам и да ги разгледам сите аспекти. На пример кога менував работно место направив листа според битност на сите аспекти на промената. Имаше 25 категори со оценка за секоја и ги споредував сите. Мене ми е забавно да мерам и споредувам. Не дека за се правам така и дека не мерам и чуства. Не е вообичаено тоа за Македонија ама мене ми функционира одлично. Сите аспекти ако ми се разгледани и оценети се чуствувам најсигурно. Кога имам слободно време размислувам за хипотетички ситуации понекогаш. Така и оваа. Кај нас вообичаено е да се даде една причина за делувањето јас размислувам за некои ситуации од повеќе аспекти.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    E па точно тоа, хипотетички те прашав, ако имаше дозвола еве за еден излет, don't ask don't tell, пак немаше ништо да направиш со двете другарки? Или со третата?