Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Kiki_K

    Kiki_K Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Добра вечер. Ќе ве замолам за совет. Во врска сум со дечкото 2 ипол години скоро три. Типот има обичај да го нема со денови. Тоест да појаснам, ѕвонам не дига слушалка со денови или пак спушта(моменталната ситуација е двете и не дига и спушта) и не одговара на пораки. Вака почна да прави пред две години. После извесен период ќе заѕвони од нигде никаде ќе се појави и се е океј, си збориме нормално по телефон секој ден.Најмногу што не одговарал е 19 дена, скоро пола месец. Кога ќе го прашам зошто те немаше со денови ми вели дека имал маки, некои ситуации, нешто се има случувано тој период затоа ме тргал по страна(не ми обрнувал внимание). Ситуацијата е моментално дека тој повторно го прави истото, две недели се немаме слушнато. Во меѓувреме дреме активен на фб и не постира баш нешто, освен едно story во текот на една недела и активен е на whatsapp. Му пуштив две три пораки таму не ги отвара и смс му пишав да го прашам кај е што се случува ништо пак... без одговор. Моментално не знам што се случува дали има навистина мака или намерно вака прави( почнав да мислам дека намерно прави вака). Се осеќам на stand by дека сум, не знам што да правам, ситуацијава почнува да ме излудува... Ако ѕвонам пак се осеќам напорна ако не ѕвонам не можам да издржам. Блиска особа ми вика да го баталам и дека нема ни да се јави, , а јас кажувам дека низ ова сме поминале повеќе пати и дека ќе се јави. #oldnews Совет ве молам, што да правам? Не можам да издржам веќе. 24 часа има еден ден не може ли да се јави? :(
     
  2. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    2.348
    Пол:
    Женски
    Леле
    Како идете 3 години и типот да има обичај да го нема со денови?
    Не можам да замислам такво нешто
    Очигледно се подјебава со тебе, не си му приоритет
    Не му се замарај, батали го, не вреди
    Заслужуваш некој што ќе те цени доволно, нема да те става во мисла секое негово ,,исчезнување" каде е и што прави и ќе те смета за приоритет во животот
     
    Последна измена: 23 мај 2024
    На Mumoftwo30, Golden, Mazegin и 9 други им се допаѓа ова.
  3. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Батали го. Не само да го баталиш, туку да го блокираш секаде. А ако те побара кажи му дека имаш маки и го тргаш на страна. Кога ќе се средиш ќе го бараш.
    И не го барај НИКОГАШ.
    А во меѓувреме уживај си во животот. Денот има 24 саати и толку многу работи што може да се направат што нема време за вакви идиоти.
     
    На Mumoftwo30, mcokolada, Luna91 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    На стенд бај си дефинитивно, почитувај се повеке и прекини секаков контакт. Има мажи како капка вода си ги чуваат жените а не овој 19 дена не реагирал.
     
    На Mumoftwo30, mcokolada, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    42.372
    Пол:
    Машки
    Не сте вие во врска.
    Можеби ти мислиш дека сте, ама не и он.
     
    На jacqueline.s, Veta, Mumoftwo30 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.561
    Допаѓања:
    20.855
    Разговарајте. Кажи му дека ти пречи што исчезнува. Можеби има некакви психички проблеми, дешавки. Ако има, треба да ги сподели со тебе. За тоа сте заедно, можеби ќе можеш да му помогнеш. Целосно биди отворена и директно кажи му и инсистирај да ти каже што се дешава. Овака само ќе си правиш филмови, ќе се пулиш во телефон, ќе гледаш кога последен пат бил уклучен и слично.

    Не е во ред и да сте 24/7 заедно, залепени, без сопствен живот, ама и ова е тапа.

    Имав другарка која исто се понашаше со дечко, а и со нас. Ќе исчезнеше по недела/две. Се изолираше од светот. Како да и здосадуваше се, исти луѓе, муабети. Се затвораше во себе. После пак како нова.
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.522
    Пол:
    Женски
    Ако си му битна нема тоа да го прави, те зема здраво за готово, дека може со тебе да прави што сака. И да има некаков проблем треба да го сподели со тебе, ама пак се враќаме на истото, очигледно ти си никаков фактор во неговиот живот, си изгубила и сеуште губиш драгоцено време со тотален идиот. Јас после 24 часа, со вакво понашање го бришам од листата на живите, а не па да го молам да крене слушалка. WTF |(
     
    На Mumoftwo30 и bicycle им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.356
    Допаѓања:
    84.440
    Пол:
    Женски
    Не си му приоритет и не сака да се замара. Се гледате повремено нему кога му одговара. Не е тоа врска. Ти да се измачуваш и да се прашуваш што е проблемот? Немој. Има друг што ќе те сака.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.543
    Допаѓања:
    33.980
    Пол:
    Женски
    Арно ти пишал членот горе. Вие не сте во врска, само ти си имаш умислено дека сте. Батали го.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.201
    Допаѓања:
    3.530
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто го трпиш вака 2 години или има друга или те мавта си шета со другари и си сака баги слобода како да не е во врска,нека ти кажи кој е проблемот и дека ова повеќе кај тебе не поминува.
     
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Уште на првото такво однесување би претпоставила дека сме раскинати т.е. ме гоустнал и готово. Крај ќе биде со нас. Какво повеќе пати па и трпиш и пак го примаш..... Сметај си раскинала и крај кога ќе те бара ти не одговарај...
     
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    42.313
    Пол:
    Женски

    Oва ме потсеќа на мој бивш дечко, да не беше женет, ќе помислив дека се работи за него.
    Know that feel, кога го снема еднаш на подолг период заминав кај него дома, да го барам, кога тој лабаво си уживаше, пиеше пиво и пратеше некој спорт, а јас дома загрижена, составувам реферати шо би му кажала кога ќе се појавеше, и често го правеше тоа.
    Ама јас млада, заљубена и наивна, прв дечко, поим немав како идеа тие работи, често попуштав па тој мислеше дека секогаш ќе се враќаше кога ќе посакаше.
    Постапката моја беше и добра и лоша, но барем собрав сила и ставив крај, нешто што требало уште од првиот пат да го сторам.
    Небитно, доста за мене, сакав само да ти доловам.
    Блокирај, не слушај изговори, не си го губи времето.
    Да сакал ќе ти врател и на првата порака а не да му пишаш пораки безброј.
    Биди сигурна дека ги чита пораките, само што сега има други приоритети а ти очигледни не си во тие.
     
    На Mumoftwo30, FridaodaMk и Elenpelen им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.156
    Допаѓања:
    185.931
    Пол:
    Женски
    Каков совет би сакала?
    Глеј ако си оладена кон сопругот и знај за колегата, да пробате партнерска терапија? Ќе видите зошто in the first place ви зашарало вниманието кај друга особа, како да вратите страст и сл. Ако не функционира, лично, не би останала во таков брак. Ама можи ќе вроди со плод.
    Шо вели дека е нејзина причина за вака да прај?
    Како и да е ова е насилно и контролирачко од нејзина страна. Уште колку имаш од факултетот? Во смисла, дали имаш шанса on the down low да ја држиш врската дур завршиш факултет? Нема да се смири мајка ти. Ама за мала нијанса помалку ќе те малтретира со тек на време. Надежно.
    Прочитав до дека го немало еднаш 19 дена. И таму преќинав. Партнер е достапен. Да имаме секакви ситуации каде не можи да сме достапни ама то е некој сат до ден. И после, оти сме партнери, објаснуваме зошто било така и си даваме поддршка ако е лош период. Тука не мислам дека е лош период. Тука мислам дека имате многу еднострана врска. Т.е. ти си во врска. Тој е само "на хартија" во врска.
     
    На Mumoftwo30 и Anomys им се допаѓа ова.
  14. Ana_003

    Ana_003 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, пред да почнам би ми било мило ако нема осуди за ова што ќе го пишам а мило би ми било да ги слушнам вашите мислења затоа што и самата не знам што да правам.:|
    Прво би сакала да кажам дека никогаш до сега не сум била во врска(ми се допаѓале неколку момчиња но тоа било се, немало никакви излегувања ниту физички контакт со било кој и не сум тинеџерка па работава е малку покомплицирана).
    Се запознавме со еден дечко преку заедничка другарка пред скоро два месеци. Човекот е навистина фин и се однесува многу зрело за своите години, всушност не сум ни сретнала до сега некој како него. Тој ми пиша прв па така почнавме да се допишуваме и се имаме видено 3 пати до сега (живее далеку). Проблемот е што не е мој тип ако зборуваме за изгледот и тоа што го приметив до сега е дека различно се однесува кога ќе се видиме во живо од тоа кога зборуваме на телефон или кога се допишуваме (не во лоша смисла само многу малку зборува и на двајцата ни е неугодно). Дел од моето друштво што го има запознаено ми кажуваат да продолжам со него бидејќи е добар човек а другиот дел да не губам време затоа што сме сосема различни во се што правиме и работите што ги сакаме и дека не е мој тип. Моментално навистина не знам што да правам затоа што од една страна е најдобриот човек што сум го запознала до сега, но од друга страна не ми е привлечен физички.
    Дали некој од вас бил во ваква ситуација и потоа одеднаш почнал да ви се допаѓа неговиот изглед и сте продолжиле во сериозна врска со некого?:)
     
  15. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Женска никој не е совршен, физичкиот изглед не е нешто пресудно најважно е како ти се чувствуваш до него. Ако те прави среќна продолжи да се гледаш. Колку што сфатив не сте во врска, времето ќе ви покаже дали сте еден за друг или не сте.
     
    На Mumoftwo30, raww и Ana_003 им се допаѓа ова.
  16. Ana_003

    Ana_003 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Благодарам на мислењето и само сакам да додадам дека мене највеќе ме плаши дека можеби му давам лажна надеж на човекот и не сакам да го повредам ниту да му го губам времето ако ништо не излезе од ова меѓу нас.

    Затоа и го поставив моето прашање тука.
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.448
    Пол:
    Машки
    Daj mu sansa zapoznajte se, fizickata ubavina e minliva, mozebi karakterno bi se pogodile..
     
    На Mumoftwo30, Ana_003 и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    По колку години сте ?
    Нема за што да му даваш лажна надеж, прво самата одлучи дали сакаш да излегуваш со него и според тоа делувај. Нема за што. :D
     
  19. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    @Ana_003 да гледаш на комуникацијата, треба да имате доста теми на разговор. Тоа што молчи премногу може да е проблем ако ти драстично се разликуваш од него. Повеќе цели кон теми што тебе ти се битни или барај некои негови ставови што тебе ти се некој приближен модел со твои ставови. Убаво е да има различности во ставовите, но секогаш да се наоѓате на некои заеднички точки. Тоа што физички не ти се допаѓа е дискутабилно, па ако тебе лично толку ти е битен изгледот мислам дека колку и типот да е супер ти пак нема да се најдеш со него.

    Не слушај друштво, не слушај луѓе зашто можеш самата да си процениш (ако земам предвид годините). Ама ако веќе не се пронаоѓаш со него и ако е стварно добар човек не му го губи времето, зашто чим сте далеку тоа си бара свои жртви/трошоци и сл.

    Јас сум за да дадеш шанса и да пробаш да го запознаеш повеќе. И не барај совети од друштво, пробај да не го етикетираш предвреме како личност и иницирај повеќе дружење, разговори и ќе го запознаеш подобро.

    Ако те загрижува фактот дали ќе се пронајдеш со него, дај му до знаење дека сакаш да го запознаеш пред да се донесе некоја одлука. Ама барем да знае, зашто во спротивно нема да е фер од твоја страна.
     
    На Mumoftwo30, Ana_003 и FlowerMarija им се допаѓа ова.
  20. Ana_003

    Ana_003 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    20 :)
     
    На FlowerMarija и eliesaab им се допаѓа ова.