Абе као осеќаш така, ти веќе си одлучила, што очекуваш некој да ти разубеди? Нема тука кажи ми што да направам, него како си се осеќаш ти сама.
Хемијата меѓу две личности е многу комплицирана. Некој може да биди најдобриот, најфин али ако ја нема таа хемија нема да успее врската, и не е секогаш до надворешниот изглед, туку едноставно треба да кликниш со некого, не преку социјална мрежа, туку во живо. И без разлика што ти кажуваат другите, важно е што осеќаш ти
И јас сум се почуствувала така, некој може да е најфин, културен ама да не ти е привлечен. Реално сите си имаме свој тип кој не привлекува, неможе да не привлекуваат сите…. Ако си дадеш време може нешто ќе се промени, ама на крај краева не треба ништо со сила да си правиш на себе, уживај од срце во животот
Сум била и му сум ставила до знаење дека го гледам само пријателски. Ден денес е еден од најдобрите луѓе кои ги познавам и пред се пријател
Многу поважно е како се однесува со тебе од колку дали е физички твој тип. Зошто пеперутките ќе умрат за 2-3 месеци ама ти ке мораш да живееш со тој човек. А доколку воопшто не ти е привлечен ниту 1% , тогаш не си го губи ни своето ни неговото време.
Партнер ако не ти е физички привлечен, како ќе ти биде сексуално привлечен. Не е поентата со "кеса на глава" или да избегнуваш контакт физички.. А за различното однесување, можеби е интроверт, па во живо е постегнат а на тастатура послободен. Има многу такви. Ако не ти се допаѓа, не си губете време двата. Не е можно со сила и труд да ти стане некој убав ако ти е неубав. Лугето што ги сакаме секако ќе ни изгледаат поубави од што се или најубави на свет, ама како воопшто ќе се заљубиш ако ти е некој грд, не знам.
Понекогаш треба да имаме самите осет за изгледите на иднината. Викни го кај тебе пуштете си музика или телевизија, понуди го пијачка, зготви му некое јадење бидејќи љубовта доаѓа преку стомакот...а, на секоја врска треба да се работи затоа што и ако не сакаш да биде прекината ако само едната страна се труди. И да не е љубовна врска остани му во добро сеќавање. Со среќа.
Не брзај за ништо со типот, излегувајте заедно запознај го, но ако сетиш дека не е тоа шо се претставува на тастатура нешто не штима, сите се појаки на тастатура но дали тебе тоа ќе ти смета пошто си отворена личност ти тоа со него ќе си го заклучиш, дали ти одговара или не. И физички треба да те привлечи за да бидеш со него и ако не е тоа така тебе ќе ти биди незгодно секој контакт кој ќе го имате оти ако си со некој кој ти е привлечен ти уживаш дури и во тишината и во тоа малце шо зборува тебе нема да ти смета до толку.
Дали мислите дека различно сексуално либидо е доволна причина за прекинување контакт? Потенцирање дека ми фали лижење и секс, а другата страна како тоа да е на втор план.
Како бе маж да неќе еве ја маж сум и не сваќам. Ќе имаш проблем да знаеш или ти или тој ќе треба да се смените, или ќе треба да бараш настрана а тоа е проблем подобро раскинд одколку да вараш. Земи разговарај најотворено мислам дека би требало да се радува типот а не да избегава
Фала ти на одговорот ама не се работи за маж, се работи за друга девојка Значи само шема сме и дали значи дека поради ова треба да ја сменам жената?
Ако е само шема терај си шема и барај си допуна. Ако си озбилно и го правиш ова ќе те тепам! Жена кога неможе да се разбере со жена можиш да замислиш нас мажите како ни е
Не знам зошто но, се малтретирам со обидите да си фатам дечко. Имав еден пред петнаесет години го сакав, тој мене едноставно, не. И само глупости правам со секој нов што ќе го фатам. Тој имаше си женска, алуваа, страдаа а, тој ја изневеруваше со мене. Некако не ми е до врска а, веќе сите на моја возраст имаат веќе нешто посериозно позади себе. Годините за љубов ми поминаа. Пробав неколку пати да го преболам не бидува. И со други дечковци пробав -не бива ништо.
Одење од врска во врска нема ништо да ти донесе. Дај си време на себе, работи на себе, најди си занимација како не би мислела на тоа. Годините за љубов немаат рок па да поминат. Почни да се сакаш себе си повеќе. Само на тој начин сами ке доаѓаат кај тебе без да трчкаш никој и ништо.
Благодарам за размислувањето и советот барем еден правец што често ми треба. Најверојатно долго време нема да бидам во врска а, кога ќе бидам нема да биде за долго време бидејќи ќе сум во поодминати години. Одам на работа да и си ја сакам работата битно ми прво домот. Се грижам за него. Па и ништо повеќе да не ми се случи на љубовен план епа сега здравје...
Се запознав со еден дечко од интернет, бевме на кафе и се беше ок. После тоа тој прв ми пиша и продолживме да комуницираме….има муабет во него се чини како да не сака да ја прекине комуникацијата ,но темите повеќе не му се врски и љубови и не флертува со мене повеќе. На неколку пати беше уклучен и не ми ги ни отвори пораките, дури следниот ден ми врати. П.с. знае дека сум заинтересирана за него. Што мислите која му е целта и што да правам?