Му се здосадило или не знае што сака, не си тепај време на размислување. Може он да си држи само опции на страна
Љубовта не се само пеперутките во стомак. Љубовта е почит, разбирање, посветување, секојдневен избор, вложување, работа итн. Е сега, никој овде не може да ти помогне како што можеш ти самата да си помогнеш на себе. Нема поодминати години, биди си најдобар пријател себеси, ти сама ако не се цениш и почитуваш никој друг нема. И батали го другиот, оти се уништуваш за некој кој не те сакал? Застани сама пред огледало и запрашај се што правиш и зошто правиш. Не можеш цело време да правиш исти работи и да очекуваш различни резултати. Сакаш нешто да се смени, работи на тоа. И немој да се самосожалуваш, жалењето и барајќи вина во се и сите никаде нема да те одведе. Така да, види што сакаш од животот, запрчи ракавите и на работа, можеш! Со лесно и со среќа.
Јас внимавам на себе, се грижам за себе, се негувам...се шминкам и сакам да се дотерувам а, особено кога треба да освојам некого и да му се допадна некому...и да не се фалам ама лесно ми поаѓа од рака да наведам некого па дури и срцекршачка на машки срца да бидам. Сакам едноставни работи. Не ги изнасилувам нештата и правам работи што ме чинат среќна работата итн. Сакам да по шетам и можеби треба да побарам некој таков тип. И сакам да прашам ако некој знае да му пообјасни кога и зошто некој е љубоморен на девојката и како применувате?
Се допишувам со еден тип од поодамна, тогаш ме праша дали сакам да се запознаеме и јас се согласив и му реков да одредиме кој ден, тој ми вика ќе ти се најавам. Го немаше 2 месеци да ме викне. После тоа имаше настан во мојот град и тој сакаше да дојде на истиот и да се сретнеме, но јас му велам гужва е многу подобро друг ден да седнеме на раат. Пак го немаше цел месец да ме викне. После тоа ме покани да излеземе но јас се направив како да не сум му го приметила прашањето и не му одговорив ништо. Следен пат уз муабет ми спомна дека се плаши да не сум си нашла друг и дека нема друга девојка, се чува за мене. Пред 2 недели уз муабет му кажав дека ако со некого излезам тоа би било прво со него затоа што ми оставил најдобар впечаток од сите други со кои пишувам, не рече ништо. Неколку дена подоцна кога ми пиша ми вели да не ти сметам у терминот за чат ( не знам дали мислеше на тоа дали ми смета додека пишувам со други) Пред 2-3 дена на фб ставив стори од две кафиња а следниот ден јадење со две чаши ракија, па се плашам заради ракијата да не помислил дека сум излегла со некое машко. Од тој дена престана да ми пише. Дали е можно тоа да е причината? дали да го барам или да не му придавам толку важност?
Абе девојче со месеци не ти пишува, се чувал за тебе. Си брка овој опции па коа тие ќе го одјеб*т се враќа кај тебе да види дали си слободна сеуште.
Ако овој ти оставил најдобар впечаток, не сакам ни да помислам другите шо ти имаат праено. Бегај додека нозите те држат.
Биди малку таен агент. Дознај за работите што му се свиѓаат неговите хобија па, види дали се поклопуваат со твоите интереси. Ако ти се допаѓа типот малку направи акција види дали му се допаѓа и ти нему.
Се гледа типот се подј*бава, која заинтересираност да ја покаже она, за некој што си држи топли опции. Такви совети може да и се на одмет, се гледа дека нема многу искуство па овој ја матка со месеци. Да чека со месеци да и пише за евентуално кафе??? Што е она, жена што чека писмо од маж од фронт. Па и тогаш дали чекале толку.
Епа штом сите и велат си подиграва тогаш нека си најде некој што ќе ја заслужи. Секој заслужува да биде почитуван, сакан и ценет.
Ок, ќе го баталам, и онака не бев заинтересирана за него, ќе прифатев да излезам со него само затоа што се плашев дали ќе најдам друг, ко затупена бев во тој период само со него пишував. Покасно почнав да комуницирам и со други.
Не чекав јас на него, ако бев стварно заинтересирана јас сама ќе барав кафе средбата да се случи одма, во спротивно ќе го баталев до сега..ама јас не бев и затоа продолжив да се допишувам со него колку да ми помине времето само и затоа работите стигнаа до тука ( како што кажавте се подјебавал со мене цело време). Сега од скоро почнав да помислувам да излезам со него, но ќе го баталам, нема да дозволам да се подјебава со мене.
Се чувал бе за нејзе, јао боже… плус кој е и муабетов па дека со сите што пишувала он најдобар и бил…
Абе океј може нема мн искуство она, па и овој приметил и си користи. Затоа не треба да се биде очаен дај штаб даш, ама ај