Проблемот не е љубовен, но не знам каде да го сместам прашањето. Дали би заминале со некој што не го сакате само затоа што мора да заминете од дома? За работа ќе биде тешко, овде имав фамилијарен бизнис, ама од друга страна мора да заминам.
@devojkata1234 Добро размисли, да не испадне да заглавиш повеќе. Дали тоа е единствената опција, кој би ти бил планот Б, колку добро ја познаваш личноста со која планираш да заминеш? Дали е нешто импулсивно или добро размислено?
Не можам сама да опстанам под стан, а цимерки тешко дека ќе најдам, а и не се живее со секој. Со типот имам можност и во странство да заминам а тоа и го посакувам. Само што не го сакам. Не си одам заради кавга, имам други посериозни проблеми дома .
Девојче оди. Оди ама биди паметна. Немој со него да правиш деца и во брак да влегуваш. Кога ќе одиш, вработи се одма, и ќе видиш како ќе биде понатаму, ако го засакаш и ако е добар човек терајте. Ама ако не, бери пари да си најдеш сопствено живеалиште. Го имам истово поминато ко тебе, ама јас глупата влегов во брак.
Tvoeto sovetuvanje mi deluvase ladno i da iskoristi samo i posle udri mu klocite itn... zato te citirav.
Не, воопшто не мислев така. Мислев да оди со него, да проба, ако и се свиѓа арно, ако не не. Ама немора одма да значи дека мора во брак да стапат и деца да праат. Нема ништо лошо во тоа да живееш со некого.
Jas ne bi ziveel so nekogo so ne go znam i ne sum pominal vreme ds go zapoznaam itn. Ne pa ushte da odam vo stranstvo.
Не ,особено не со веќе развиен МОЈ бизнис. Ќе си соберам парталчињата и под ќирија на најефтиното место шо ќе најдам.
Лично јас не би заминала со човек што не го сакам само за да извадам гз од проблемите дома. Проблемите не се решаваат со бегање туку со решавање, е сега ако не иде, ќе си барам стан, најевтиниот ако треба, ќе си најдам и работа, па што биде нека биде. Не ги знаеме намерите на човекот што ја повикал да замине со него, од каде да знаеме што се ја чека таму?
Без најдена работа не оди никаде, не сакаш да зависиш од некој во странство кадешто немаш никој друг. Ако си решила да одиш прво работа.
Може си млада многу па вака размислуваш. А може и па си во брак мада шо ова второто повеќе ми стои дека си па зато ако заминеш од дома ќе неможеш ни да работиш повеќе со бизнисот ваљда заеднички е. Претпоставувам си во однос fwb со типот, али ваљда го влечеш за нос зашо има тој нешто повеќе за тебе. Прво себично е да не седнеш да му ги отвориш картите и да го искористиш како кондом па да го фрлиш, секој не го може тоа, ако го можеш секоја чест. Второ ова нема да ти ги реши проблемите, верувај проблемот ќе си го носиш со тебе а и ќе си отвориш уште поголем проблем а не верувам дека би сакала да живееш и да бркаш кариера на ново место во таква атмосвера. Мој совет побарај цимерки за тука и продолжи да си работиш (некоја друга работа ако веќе неможеш со маж ти предпоставувам), или ако веќе си решила побарај си цимерки и за во странство, ќе ти биде многу подобро одколку да заглавиш со некој.