Марија, како прво: секој може без секого! човек се прилагодува на се'. Знам што значи љубов, навика...(некогаш и ги поистоветуваме тие 2 работи за жал..) како и да е, ко што можев да разберам, дечкото ти забранувал плажа, не сакал да одиш на факултет.... немој погрешно да ме сфатиш, ама од вакви типови бегај главом без обзира ќе направи се' да ти ги стесни видиците, а доколку не успее, вечно ќе бидеш крива што си поуспешна (интелектуално и духовно поизреализирана) од него. Љубовта не се темели на "вајање" на карактерот на партнерот според своите потреби, туку на меѓусебно прифаќање. Разбирам дека емоциите ви се силни, ама понекогаш љубовта не е доволна. Ниеден човек на овој свет (ниту дечко ти - во моментот бившиот, ниту твоите родители, НИКОЈ) нема право да те попречува во сопствената реализација. Тоа е крајно себично и одраз на непочитување кон твојата личност. Доколку стварно сакате да бидете заедно, мора сериозно да поразговарате на оваа тема и некои работи од корен да се менуваат (иако јас не верувам дека луѓето се менуваат, но ете може има исклучоци и дај Боже да има). Ако и понатаму ти поставува апсурдни услови, БЕГАЈ! Јас се ве сфаќам знам и дека не е за мене, ама што да правам ко јас го сакам. Еве 3 месеци кај што не сме заедно а јас не сум прекината да плачам, тој како за нешто да ми е лут ама никако да научам што е работата. Јас и луѓето што го познаваат за него можат да кажат дека беше мн добар дечко а сега не е веќе таков. Тој беше верен во врска а не ко сега со 3 што ојт во исто време. Стварно не знам што да правам :'(
А ако го сакаш што? Нели дојде по совет на темава? Совети ти дале, а ти упорно со тоа дека го сакаш и неможеш без него. Тогаш зошто дојде по совет? Можеше и да не поштедиш нас овде да не коментираме за џабе, зашто ти си си го ставила тоа во главата и несакаш да го тргнеш. Ајде сега ако неможеш без него стави се меѓу 4 ѕида и не излегувај, седни и тажи, додека тој има 3 девојки истовремено. Да ти кажам право, успеал во тоа што го намислил. Толку ти ги стеснил видиците, што очајно делуваш. Кој е поважен во твојот живот? Ти или тој? Седиш се нервираш, си го губиш здравјето поради НЕКОЈ. Мораш да се научиш да живееш без него, прави нешто што те исполнува, тргни ги мислите, а не упорно да седиш и кукаш што те снашло.Оди забавувај се, прави нешто во животот, зашто навистина очајно делуваш, како улета во темава како да е тој последното и најважно нешто во твојот живот. Не е! Ти си во твојот живот најважна.
здр. па вака сакам ве прашам за совет бидејќи стварно незз што да правам. Vака одиме со фраерот околу месец ипол и незз шо се дешава со него, значи стварно е ок се само ми изгледа чуден кога одиме во кафетерии кафичии и слично некако како да ме одбегнува како да не сака да с епоказе во друштво со мене кога и да му го спомнам тоа тој вика дека нема врска дека јас си правам филмови и секогаш другарите се на прво место инаку ставрно е озбилен тип или само лице ми праве сакам да бидам со него ама оваа соитуацијаа се повеке ме нервира де ве молам за совет плссс
Нормално дека другарите се на прво место! Зар очекуваш по месец дена врска да си му приоритет? Неможам баш да те сфатам као се понаша со тебе кога сте излезени, ама ќе претпоставам дека не те гушка и бацува пред другарите, што е многу нормално според мене, а исто и многу ви е тазе врската за покажување емоции пред јавност, што е сосема во ред. Затоа девојче не се замарај многу околу ова, you`ll get over it ако ти е убаво со дечкото терај си, се додека под ова што го напиша не подразбираш тотално игнорирање кога сте излезени, другото е сосема во ред според мене
За месец дена не можеш да очекуваш којзнае каква блискост и силни чувства. Вие сеуште се запознавате и можеби тој барем во периодов не се чувствува пријатно да ја експонира свежата врска во јавност. Ок, тоа ми беше дипломатскиот одговор. Во вакви ситуации имаш 2 сценарија: 1. Се плаши дека друштвото (читај момците) ќе го смета за папучар ако постојано се држите за рака, ако не искача без тебе, ако ти обраќа премногу внимание итн итн. Ако ова е случајот, типот и не е некој карактер. 2. Тек сте месец и нешто заедно, можеби и самиот ја преиспитува врската и неговиот дел од истата. Можеби и не е сигурен во сопствените чувства, ако воопшто ги има, или колку е воопшто спремен да се посвети. Тука лежи потенцијалниот проблем, а симптомите се во неговото однесување и избегнување директни одговори на твоите прашања. Препорачувам разговор, седни го и кажи му да употреби устата и за нешто друго. Без комуникација можете да се сликате само. Не исклучувај ниедна опција. Што и да се случи, подобро да се случи порано отколку подоцна.
Дали ти имаш слушнато за "The Bro Code"? Епа тоа е код, според кој што се владеат сите машки... Сите овие правила се така убаво стокмени и објаснети, со доста добри примери, во една книга која што сите ние ја добиваме од кога ќе завршиме основно...Во случај да не си слушнала до сега, изгледа нешто вака Спојлер и штом ја отвориш книгата под ARTICLE 1 стои првото правило кое гласи: "BRO'S BEFORE HOE'S"!!!!!!! Жалам али тоа е
значи вака јас и дечко ми одиме веќе 6 месеци и се беше убаво мн се сакаме имавме за прв пат односи и слично. арно ама последниов месец не престануваме да се караме за се и сешто знам дека ме сака и јас го сакам него ненормално многу постојано сакам да си ја оправиме врската и ке се опраеме на ден два и после па од ново и секогаш се потсетуваме колку сме се смениле за овие 6 месеци незнам што да направам имам 17 години млади сме уште за толку нервози ама не можам да издржам без него. помогните ми што да направам
Проблемот и наједноставното решение се доста очигледни. Ти препорачувам да ја примениш древната уметност на разговор со партнерот. Без нервози, без напнувања и избувнувања. Седнете и разговарајте што сакате и што ви пречи. АКо се изведе добро, на крај ваков разговор завршува со прегратки и бакнежи . И признавање од двете страни колку се смотани и дека вакви глупости нема да се повторат.
Значи кој му е филмот?Се уклучувам на фејсбук после толку време,гледа дека не го барам и дека зборувам со други на зид и ми пишува значи се врати.Јас продолжувам со тоа да се вратив со добар тон.И му викам кога ке сакаш врати тој ми вели ако сакам на тоа му вракам ако не сакаш нема потреба твое право е.И на прашањата кои му ги поставив не ми одговара освен едно сиромашно океј.Виде дека не го молам како порано. Дали постапувам добро со ова однесување топло ладно иако не го оправдувам тоа однесување? Се водам по тоа како со мене така и јас со нив
Неможеш да издржиш без него? Знам дека на 17 години мислиш дека светот се врти околу тоа, зашто и јас мислев исто....мислев дека сум заљубен, мислев дека ако не е она нема никоја друга и тако даље, за да после тоа сфатам дека сум се зезнал онака баш поштено и сум бил и оргомна заблуда....Ќе тргнеш на факс, уште не си завршила средно, а верувај тоа е тотално нов свет таму, со милијарда нови можности, нови познанства, нови погледи кон светот...И баш е вака како што ти го кажувам буквално....сега да се навратам на проблемчето твое....Во секоја врска има падови, има монотони периоди кои што доаѓаат. Ова е пред се бидејќи како што напоменавме си 17 години...Ви врие крвта (така речено) и на двајцата, сакате да шетате, брзо си досадувате еден со друг и тоа е нормално верувај. Може и не е ова одговорот што сакаше да го добиеш, но ти кажувам најискрено како стојат работите....Затоа би ти препорачал да не се многу нервираш, уживај додека можеш и тоа е тоа...Времето ќе покаже што и како треба да биде и како ќе испадне....
Терај напред девојко со твојот „студен туш“, и ич да не ти чуе. Да те потсетам на твој пост пред неколку дена дека тој за тебе е мртов и ветуваш дека веќе нема да се навраќаш на него? Ете така, продолжи со исто темпо.
Ма јас не знам зашто воопшто си му одговорила?! Нели се договоривме дека ќе расчистиш со него, а ти сепак потајно се надеваш на нешто. Џабе е драга, ти треба еднаш засекогаш да сфатиш дека не вреди. Не гледаш нема никаков однос со тебе, само те проверува ... па си полни его. Знае дека си слаба на него. Немој, немој и немој. Почни да забораваш почни да игнорираш. Почни да гледаш нови машки лица околу себе.
Секако дека и тоа го правам Џули,тој е на тотален игнор,не го барам,не му пишувам ама му вратиив од чиста култура зошто не сум како него да бегам и да се кријам а подоцна да навредувам.Јас почнувам да ја сервирам одмаздата а тоа е потполна рамнодушност од моја страна во стил ако ми пишаш супер ако не пак супер кој те е*е.И му реков како сакаш прави си,ти си знаеш и му плеснав:Не сакам да додевам како што викаш.Не ти се мешам повеке Најти ке продолжам така,да тој е мртов за мене,односно се однесувам како да не постои Време е да си ги засукам ракавите,а тој тек има да се запознае со мојот игнор. Фала ви на советите навистина ми знаачт и почнав да ги употребувам
Јас би ве замолила да ми дадете ваше мислење на следната ситуација.... Мојот симпатија иначе братучед на мојата другарка му рекол дека ќе ми пише на фб, ама не пиша јас му пишав и не врати ние си се симпатизираме ама тој многу е ваков што сака од мене тогаш не го разбирам
Рано е да бараш конкретно мислење. Знаеш и четот каков е катастрофален, може не ни прочитал што си му пишала. А ако е многу срамежлив, а ти по секоја цена сакаш да издејствуваш реакција кај него, биди ти подиректната. Пиши му приватна порака на ФБ (не чет), онака општо почни муабет, што прави, како е, ова-она, или пак почни со добро познатото „мањачење“ профили. Лајкни му некоја слика/статус, коментирај му на некој линк, нешто во тој стил... Може па така ќе тргне работата. Среќно!
Nightwalker фала за мислењето имам предност што лично го познавам нема каде да ми бега само да пресрами треба хахахааха
'If a guy likes you, he will make it happen'. Ако е срамежлив, можеби му треба малку повеќе време. Ако е така, преземи малку иницијатива. Каков poke, каков like , за што служи таа другарка? Договорете кафе или излегување, не мора да сте само вие тројца за почеток. Викнете уште неколкумина блиски, излезете и забавувајте се. Ако има навистина нешто повеќе, неминовно ќе се одвоите од топлата и секако ќе падне договор за повторна средба, овојпат САМИ. Ако не е срамежлив, само глуметара, се прави фраер и чека многу типки да му се стават на тацна, па затоа не им пишува прв. Ти си го знаеш. Во секој случај, не се задоволувај со трошки како лајк на ФБ. Дајте бе луѓе, до кога љубовта и убавите нешта во животот ќе се вртат само со помош на семоќниот ФБ? That's lame.
Тоа што не ти вратил не мора ништо да значи. Како што кажаа и пред мене, може и да не му стигнало Значи се е можно, и немој многу да се надеваш на разговори по фејсбук, коментари, лајкови. Едноставно договорете се и излезете заедно, па види како ќе стојат работите.
Друкарка или дечко ? имам ваков проблем со дечко ми се знаеме три години а веќе една година сме заедно супер ни е преубаво поубаво здравје. но имам една другарка која постојано ни го диктира времето, иако има таа дечко таа сака да биди како што сака по нејзино и постојано ми кажува што да правам и кога таа ќе можи да излези со нејзиниот дечко тогаш и јас можам. многу во последно време беше сменета и мислам дека поради љубомора мислам затоа што нејзе во врската не и е така убаво како мене сака да не скара. јас не сакам да се карам ни со дечкото па ни со неа па затоа во последно време си правам како што мене ми е одговара и повеќе време сум со него отколку со неа, но сепак најдувам време и неа да ја посетам но мислам дека никогаш нема да биди како порано затоа што многу ме изнервираа нејзините постапки дали добро постапувам ? иии дали вреди да му одиш по кевот на некој друг и тој да ти управува со животот ??