Jas ne bi ziveel so nekogo so ne go znam i ne sum pominal vreme ds go zapoznaam itn. Ne pa ushte da odam vo stranstvo.
Не ,особено не со веќе развиен МОЈ бизнис. Ќе си соберам парталчињата и под ќирија на најефтиното место шо ќе најдам.
Лично јас не би заминала со човек што не го сакам само за да извадам гз од проблемите дома. Проблемите не се решаваат со бегање туку со решавање, е сега ако не иде, ќе си барам стан, најевтиниот ако треба, ќе си најдам и работа, па што биде нека биде. Не ги знаеме намерите на човекот што ја повикал да замине со него, од каде да знаеме што се ја чека таму?
Без најдена работа не оди никаде, не сакаш да зависиш од некој во странство кадешто немаш никој друг. Ако си решила да одиш прво работа.
Може си млада многу па вака размислуваш. А може и па си во брак мада шо ова второто повеќе ми стои дека си па зато ако заминеш од дома ќе неможеш ни да работиш повеќе со бизнисот ваљда заеднички е. Претпоставувам си во однос fwb со типот, али ваљда го влечеш за нос зашо има тој нешто повеќе за тебе. Прво себично е да не седнеш да му ги отвориш картите и да го искористиш како кондом па да го фрлиш, секој не го може тоа, ако го можеш секоја чест. Второ ова нема да ти ги реши проблемите, верувај проблемот ќе си го носиш со тебе а и ќе си отвориш уште поголем проблем а не верувам дека би сакала да живееш и да бркаш кариера на ново место во таква атмосвера. Мој совет побарај цимерки за тука и продолжи да си работиш (некоја друга работа ако веќе неможеш со маж ти предпоставувам), или ако веќе си решила побарај си цимерки и за во странство, ќе ти биде многу подобро одколку да заглавиш со некој.
Вака... Почнав да се гледам со еден дечко, све ок ми одговара како што он ми кажуваше ваљда и јас на него му одговарам, ок функциониравме, освен ова денес што ме изненади сабајле ми пишува еве ќе идам со другар на кафе и викам ок, убав помин, сега пред малце ми вика ќе идам до кај другар да играме сони нема да пишувам вечер да знаеш да не се чудиш, ќе играме фудбал на сони и може ќе останам до покасно па ако не спиеш ќе ти пишам или ќе збориме утре... Искрено, ми стана сомнително, го прашав само дали стварно иде кај другар или? Ми рече демек да не сум претерувала, дека сум го вреѓала индиректно дека он лаже, не знам што да мислам, кој би идел кај другар да игра сони и да не користи телефон? Ми се испонаша дека јас претерувам и сум умислувала само дека он иде со која му се најде, за малце фалеше да се скараме, не знам што да кажам... Дали да го додадам од лажен инстаграм со цел да дознаам нешто или да не правам детски работи не знам како да постапам
Мила, ме потсети на бившиот Со тоа правењето лажни инста сум го поминала бидејќи бев со тежок манипулатор и во токсична врска, па морав да си докажам на себе дека треба да го шутнам. Кога открив дека се допишува со мене од лажниот, бев пред договарање средба и да му плукнам во лице, но не го направив, само го блокнав и раскинав. Имав премногу време за такви работи. Не прави лажен инста. Типот очигледно шврља на страна и сурово го кажувам бидејќи поминав низ тоа. Нејќе да му ѕвониш бидејќи ќе види другата. Мене мојот сегашен ми пишува од сегде. Не дека јас барам, туку е човечки да пише каде поминува ден и што прави. ПЛУС: прави да се чувствуваш виновна што он е сомнителен, префрла топка. Не претеруваш.
А ти мислиш дека нема да знае дека си ти? Врска со недоверба не се гради. Многу веројатно ќе биде со друга. И мојов игра сони па ми пишува и тогаш. Немој, не се понижувај.
А зошто би живеела некоја со мене ако не ме сака??? Голем дел овде го одговараат на нејзиниот проблем, ретко кој го зема во обзир дечкото. Кој како сака нека ме сфати, али ако нејзе животот не и е добар, нека си го реши тоа самата, а не да го користи дечкото кај вајлд карта и да му го сје*е животот и нему. #GrowUp #Ffs
Леле луѓе, нели мислите дека малце претерувате? Буквално девојкава се сомневала уште сабајлето кога и пишал дека е на кафе, не можеме да знаеме каква ситуација е, ама ми делува дека девојкава е љубоморна и секако на човек кога-тогаш ќе му пукне филм, не знам не мора да значи дека дечкото изневерува искрено и јас кога идам во кино, во театар не користам телефон ми е смачено и со другарки кога сум да ѕверам во телефон... Јас би ти рекла @franca да оставиш да видиш утре како ќе се однесува и наредни денови и да не правиш сцени.
Мене па многу ми е глуп моментот кога треба да се преиспитуваш на што си, па и уште да треба да преминуваш во фаза на љубомора. И да, јас би одела на ист начин ко неговиот. Ако нема време за тебе, и ти следниот пат немај за него (ама буквално да не се опсесираш). Прави си твои планови, организирај си го времето како тебе ти одговара и биди си доследна на испланираното. А за денови има доволно време да си се видите и друг пат, па ќе видиш дали стварно му е до тебе или не. Ама не мислам дека нешто ќе постигнеш и да пишиш од лажен профил, само ти самата би се испонижила. Башка тоа што треба да го дознаеш секогаш излегува на површина, порано или покасно - небитно.
Сигурно си малку помлада совет од мене да си поработиш на љубомората, добро е да ја имаш ама не премногу а ти ја имаш премногу по пишаното. У врска со типот ако некој сака да биде со тебе стварно, ќе најде време да ти пише или да се слушне со тебе, верувај и по 12 часа сум бил на работа па сум наоѓал момент да ја контактирам личноста шо сум ја сакал. На крајот како тој со тебе така и ти со него убаво ти кажала членката погоре. Профили и барања дека не е затебе кажува дека не е за тебе.