Сокриено има статус од секогаш така , не можам да видам и на вибер, фб whatsapp се мислам да му заѕвонам ако е со некоја може ќе се зезне да се јави или нешто ќе дознаам, не знам а вака па да седам и да мислам не знам ни тоа
Нели размислуваш за опцијата да живеете заедно? Исклучи го телефонот за некое време. Биди божем недостапна...но, не биди премногу не претерувај за да не го изгуби целосно интересот за тебе...
Со нас жените стварно кој излегол на крај... И што ако му се јави од било кој број, тој ако е со некоја, сигурно нема на таа да и даде да се јави и да е друг број и баш нема да биде приметно непознат број во 23 ч. во работен ден му ѕвони а од друга страна @franca која глуми инспектор, не сум искусна со мажи ама мислам овој ако бил со некоја, нема да е ист односот утре ден со членкава која бара совет, се приметува тоа. Ако е активен, не сака да пишува, ја одбегнува ја излажал.. Ако не е активен, со друга е.. Вака замарајте се цел живот и во бардовци ќе отидете
Девојче, не си губи време. Пушти си серија и чекај утре да видиш како ќе се однесува. Ако е сменет односот, толку е. Не трчај по него, не му ѕвони.
И според мене, некој што има сокриено активен статус на секоја можна мрежа е скроз sneaky и малку ми е невкусно...као налик на red flag Не само за партнерски односи, општо... Секогаш кај такви особи нешто ми смрдело
Можеби заеднички сакаат да си помогнат, можеби не. Да, ако се договориле да си помогнат, ако им е јасно на двајцата какви се позициите, ок. Ама како е формулирано прашањето... Не личи дека станува збор за цимер. Личи дека тој ,,некој,, очекува да биде сакан. Личи како да од тој некој ќе биде зависна финансиски, јер ,,за работа тешко,,. . Не знам шо заминување ќе биде тоа, ми личи ко од една беља во друга..Јас лично не би, ни со ни без љубов. Просто толку доверба во некој- да заминам во странство, без бекап опција - немам. Сигурно има попаметни решенија за заминување од дома.
Па јави му се шо има врска ако му се јави ако не ти крене јасно ќе ти биде. Его, неего големо чудо. Ја би му се јавила веќе коа излагам и пробувам со некој да изградам нешто барем да знам на што сум.. сеа ќе се устручавам или цела вечер ќе чекам на него и ќе ме јаде јанза.. или утре, како да не. Јави му се.
Те молам. Да ти каже дека оди на состанок од работа и да не ѕвониш, е навистина фер и разбрано. Оди да игра сони кај другар. Јас би му ѕвонела за инат. Па после неговиот одговор, ќе ми биде одлучувачки дали ќе го отерам у п***у матер.
Заѕвонев до крај и ништо... Ми имаше пишано поручек пред да отиде пиши кога ќе идеш да спиеш па јас ќе ти вратам кога ќе идам накај дома... Не ми делува на некој кој би бил со некоја и вака да ме лаже рече дека никогаш во животот не изневерил некоја девојка и не ми се испонаша кога му реков дека можеби иде со некоја девојка туку рече дека сум претерала што сум му викала така цело време, инаку имам приметено дека и кога излегувавме на кафе ниту еднаш не зема тел да пишува или да гледа во тел не знам што да кажам
@franca душо, не си го мачи мозочето со глупости и иди да спиеш, утре ако ти пише и се однесува исто како и предходно со тебе, бил со другар и не те излажал, ако е сменет во однесувањето, тоа е затоа што бил со некоја, просто ко грав, не е единствениот маж на планетава Земја и следен пат не си земај све при срце, колку повеќе се замараш толку поголема будала ќе испаднеш на крај
Зошто тогаш бараш совет? Мислам не дека не треба, туку зошто се чувствуваш како да не е така како што он ти претставува? Јас не знам што се случува со вас, не го знам ни него. Ама си ја знам интуицијата. Верувам и ти својата. Ако сметаш дека нема простор за паника супер, но ако нешто ти вика од внатре дека можеби треба да се сомневаш, во право е 98% од времето.
Како би интерпретирале слаба комуникација после прв состанок? Мислам дека си поминавме убаво, беше многу фин со мене, го продолжи дејтот со тоа што предложи да отидеме и на друго место. Оттогаш си разменуваме само неколку пораки на ден, како ни поминал денот и слични баналности. Требаше да се видиме денес, но не ми го потврди планот и не испадна ништо. Дали да дадам шанса и да почекам уште неколку дена? Не сакам да наоѓам изговори, но рече дека деновиве му е хаос на работа, не знам што да правам...
Се јави да се изнасмее што сум му ѕвонела 3 пати и дека напишав една порака само, него му бев јас смешна. Уште ми вика што сум се секирала ок, немам коментар веќе
Индивидуално е, не објаснив, но кажав „само“ зашто повеќе зборувавме деновите пред да се видиме отколку сега.
Па ти рекоа да не драмиш, 3 пати да ми звони некој што сум му рекла да не звони, ќе збеснам, нема ич да се јавам. А па ок, мислам е нормално, особено за зафатени луге. Друго е ако некој работи, друго ако е на одмор.